1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Штедливи ЛЕД сијалици искуства

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од eX3v1l, 27 Март 2015.

  1. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,439
    27,115
    4 Септември 2008
    :)
     
  2. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,121
    2,382
    19 Јули 2013
    А мене ме интересира што ако работиш нешто дома? Дали канцелариска работа, дали занаетчиска, какво ќе треба да е тогаш светлото?

    Инаку уште ги чекам графиците од лобистиве за штетноста на дневното светло.
     
    artweb, bicikle, Daniel86 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,637
    3,652
    12 Јануари 2016
    Машко
    За голем дел од овие џабе се објаснува на било кој јазик. Отпор и контрашење без да се провери за што се зборува, па сеедно што тоа е на нивна (здравствена) штета. Поважно е да не се признае незнаење и да се кака за „теоретичарите на заговори“ кои замараат со работи кои се непријатни за размислување.

    „Понуден како почастен“, како што би рекле спомнатите Срби. ;)


    Eве нешто на Англиски, иако уште помалку ќе се прочита отколку што ќе се погледа/послуша твоето видео на Српски: Effects of light on human circadian rhythms, sleep and mood

    Не само долготрајни, туку и кратки и повремени изложувања на светло со сличен спектар како дневната светлина - го ресетираат циркадискиот часовник:
    Dynamic resetting of the human circadian pacemaker by intermittent bright light. - PubMed - NCBI
    Efficacy of a single sequence of intermittent bright light pulses for delaying circadian phase in humans
    Quantifying human circadian pacemaker response to brief, extended, and repeated light stimuli over the phototopic range. - PubMed - NCBI


    Баш како што на сите повремено ни се случиле „и после не можев веќе да презаспијам“ моменти, во ситуации кога мора да се разбудиш и да направиш нешто во посилно осветлена просторија со поладна светлина... На крај, знаењето денес е достапно на сите, и сите си ја имаат одговорноста за себе да бидат паметни (или глупи).
     
    -={K-O-R-U-N}=-, farkizz, Chicco69 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,479
    3,204
    24 Септември 2012
    Јас сакав да си направам Deep Red светло за ноќно време кога станува некој низ дома, баш од тие причини.
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,637
    3,652
    12 Јануари 2016
    Машко
    Ништо премногу сложено за правење, сигурно Кинезите нудат готови решенија/светла/лампи со црвена боја. Инаку и јас сакам едно такво ноќно светло, ама во DIY изведба заради поголема трајност на решението, иако сеуште го немам реализирано од немукает. Се што треба е AC/DC адаптер, мал хитсинк, и лед со црвено светло (и да се намести позади некој заслон, да свети индиректно со рефлексија од ѕид).
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,806
    866
    3 Март 2018
    Колку има удел светлото на здравјето?
    Види, не негирам дека светлото влијае на сонот(пак ќе прашам колку) ама чим сум пуштил треба да сум буден и сконцентриран. А тоа што општо животот ни е изреметен, најмаце ќе се среди со топло светло :) ќешки да беше толку едноставно.


    Покрај тоа, цфл имаат доста неприроден спектар, и не ти треба истражувања за да се посомневаш дека не се добри да ги користиш(ради шпицовите), а најмалце во работилница. Неонките трепкаат и исто така не се погодни ни за работилница ни за дневен престој. Хид и тие содиумските сијалици навлагаат длабоко во ув спектарот и да, може да предизвикаат оштетувања, зато се користат нанместа кај што не си директно и долготрајно изложен на ними.
     
  7. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,637
    3,652
    12 Јануари 2016
    Машко
    Да не ги мешаме работите. Не зборуваме дека топлината на светлото е штетна сама по себе, зборуваме дека топлината на светлото влијае врз спиењето и заспивањето, со што посредно се влијае на здравјето. Прочитај ги посочените студии и истражувања, макар само абстрактите пролистај ги...

    Или најкратко кажано: Секогаш топла светлина за навечер, освен во ситуациите кога обврските навечер бараат работење/учење/итн.

    Тоа го кажува здравиот разум, а секогаш има мноштво такви на кои кеифи и вкусови им се поважни од здравјето. Секој со својот ум, нели.



    US $1.77 14% OFF|20PCS 1W High Power LED Diodes White Red Green Blue Orange Yellow Light Emitting Diode 1Watt Chip LED Diodo Lampada Beads 1 Watt-in Diodes from Electronic Components & Supplies on AliExpress
    US $1.65 / lot (20 pieces)
    Shipping: US $0.42 to Macedonia via 4PX Singapore Post OM Pro

    @mdeni eве ледчиња од 1 ват, 20 комада од црвените се ~$2 заедно се поштарината. Со малку импровизација може директно на хитсинк (со или без термален лепак, со малку умешност не мора ни базни плочки). Овие се 2.2-2.4V што значи дека 5 во серија се таман за 12V AC/DC адаптер. Или можеби 2 комада во серија на 5V AC/DC адаптер, само треба да се провери точно колку ампери ќе влечат на 2.5V а колку може да даде адаптерот што се нашол по дома.
     
  8. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,479
    3,204
    24 Септември 2012
  9. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,637
    3,652
    12 Јануари 2016
    Машко
    Повеќе би идел со целосен DIY пристап, пошто сакам да претерам со хитсинкот и долгорочно да заборавам на проблематиката. Она со 18 вати ми делува пресилно за ноќно светло (велат дека е над 1000 лумени). Вака со моите 3-5 вати ќе имам помалку лумени а сепак доволно за потребите.

    Инаку за топлината на црвеното светло, за финеси зборуваме. Се што е над ~625nm е повеќе од доволно за да не го поремети циркадискиот часовник/ритам. Дури и warm white е многу подобро од 4.5К white во тој поглед... Но кој вели дека ако веќе си правиш кастом проект дека не можеш да идеш со најдлабокото црвено што можеш да го најдеш, ако така сакаш. :)

    Веројатно поважно е лумените да се минимум од потребното за движење по ходниците до тоалетот, итн.
     
  10. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,479
    3,204
    24 Септември 2012
    Ова се многу слаби ледови за кои нема потреба да се замараш со ладењето. Со ѕвезда не се ни загреваат за да се замараш. Ова не се hi-power ледови со 20+ вати па да се ладат. Ова се старинскине ледови на ѕвезда со смешни лумени и 3w преку сила.

    А за јачината на ледовите можеш само да ги симнеш на 2/3 јачина и да се мраз ладни без никаков ладилник.
     
  11. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,293
    616
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Извини вака, вие по цел ден спите?
    Во спална ќе си ставиш столна лаба со пригушено светло и решен проблем.
    Во, ходник, WC, кујна, дневна 6500к.
    Ладна светлина ти последно нешто, но дневната светлина е тоа што е најпотребно.
     
    Последна промена: 6 Јануари 2020
  12. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,637
    3,652
    12 Јануари 2016
    Машко
    Друже, нели рековме разни ситуации - разни потреби?
    Не зборуваме за лумени, туку за топлината на светлината. Дневна светлина треба дење, а навечер само ако се работи нешто.

    Инаку ако инсистираш баш за кај мене дома да дискутираме, ајде. Во дневната соба, ДЕЊЕ имам и повеќе од доволно ДНЕВНА светлина. За навечер имам сетови и од топло светло (2.7-3К) и од 4.5К светла за ситуациите кои го бараат тоа. Во кујна се 4.5К лампите, со висок CRI. Исто и во работилницата/визбата.

    CRI не го спомнувате, а треба. Светлина со 6.5К топлина не може да има висок CRI. Единствена предност на светлина со 6.5К топлина е што дава најногу лумени на ват, и што е најевтина за производство... И повторно, ако некој сака никој не му забранува да користи 6.5К па и поладна светлост. Само ги истакнуваме последиците.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,806
    866
    3 Март 2018
    Ами ако имам услови да легнам да спијам, ќе ги изгаснам сите сијалици и ќе си заспијам, така би требало да е најдобро за спиење :)
    И ја би да спија, ама шефов репат дисциплински, инаку светлото најмал проблем ми е :) и дејлајт има испод 90 цри...
    4500к е поблиску до апсолутно бело него до тоа жутото.
    Рендингот за ковање шајки и за лемење ич не ти е битен, за фарбаее или видео продукција/едитирање ти е битен.
    Поарно да се расона него да се испотепа навечер од што е темно инод слани лумени :)
     
    Последна промена: 6 Јануари 2020
  14. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,302
    1,594
    5 oктомври 2007
    Машко
    [QUOTE="Lokvan, post: 1189190, member: 19232"
    CRI не го спомнувате, а треба. Светлина со 6.5К топлина не може да има висок CRI. Единствена предност на светлина со 6.5К топлина е што дава најногу лумени на ват, и што е најевтина за производство...[/QUOTE]
    Само исправка на неточни факти. Неонатални или оперативни на пример лед или флуоресцентни светилки имаат од 6-8000К и при тоа по дефиниција мора да се со CRI од 90+. Даунсајд е што коштаат од 50еур до ... по комад.
    И не, не е најевтино да направиш 6.5К светлина може сакаше да кажеш дека е поевтино да направиш светилКа на 6.5К, ама и ова незнам од кај го извади. На пример најевтино моментално се обичните старински сијалици со влакно кои па генерално вадат од 2.7-4К.
    Иначе се слагам со доброто планирање и потребата ако е можно во домот да има мешавина од добро бело плафонско светло со жолтеникаво да речам на амбиентални лампи. Немора навечер да ни е дома операциона сала, ама па немора да се ќоравиме ни у темница.

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,806
    866
    3 Март 2018
    Кри греат најмалку и даваат најмногу лумени по ват, во сиот спектар шѕо го нудат. На пример 100w кри лед било која ќе грее најмалце споредено со било која 100w кинеска. Така да кој знае како е технологијата за да свети а да не грее, односно да биде поефикасна. Капак кинеската нема да свети комку таа од кри, или некоја друга брен марка, како ничија.
     
  16. CBB_6

    CBB_6
    On your way to fame

    139
    507
    9 Декември 2016
    Машко
    Во новата година влегов со целосно лед осветлување со боја од 4000-4200 келвини дома, ми останаа уште неколку сијалични места да докупам и за нив соодветна лед замена. Кога ќе најдам. Многу тешко се наоѓа 4000К над 15W лед сијалица кај нас низ продавници.

    1.jpg

    Сите овие флуоресцентните спирали од 6500К шо отпаднаа беа Volta и работеа 1 година без проблем, некои и година и пол. Ќе светат сега по подруми, на скали, на плоштатки, на влез надвор пред врата, в гаража, на сите ќе им најдам место.

    2.jpg

    Зедов две филамент крушки за во ѕидни фенери (190 ден.), и само тие се малку по слаби (8W), а сите други се најголема ватажа шо најдов.
    V-Tac Pro серија од 15W ги зедов последните две парчиња од Сет (150 ден.), педерско е шо идат со 5 годишна фабричка гаранција а сетовци даваат само 1 година.
    Horoz исто нуди 2 години фабричка гаранција, а овде ги продаваат со 1 година. Овие 18W (чинат 150 ден.) се сериозно силни во светлото и само тие им парираат на спирална CFL-ка од 24W во јачина.

    DSC_9729.jpg DSC_9731.jpg DSC_9736.jpg DSC_9741.jpg

    Сите се со CRI >80 и како шо веќе реков од 4000-4200К и кога ги запаливме вечерта вервајте како да ми се стопли куќата. Поќе никогаш 6500К дома во дневна, детска, спална.

    Единствена работа е шо не очекував до тој степен да греат. Филаментите не, но овие од 15W и 18W греат до степен да не можиш да ги фатиш во основата кај фасонката со рака! Искрено, скептик сум дека ќе тераат долго. Имено, на V-Tac е назначено на пакувањето дека гаранцијата не важи ако сијалицата има повеќе од 8-10 работни часови дневно, ете од фабрика колку предвиделе да свети на ден, шо реално е тамам ако се употребува само ноќе.
     
    moongose, PC_GAMER и на Chicco69 им се допаѓа ова.
  17. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,051
    2,572
    21 Јануари 2011
    Машко
    20200105_013025.jpg
    Рок на траење на горниве?
     
  18. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,806
    866
    3 Март 2018
    имав од тие со тесно грло, 2/6 за 3-4 месеци откажа... :(
     
  19. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    408
    312
    1 Февруари 2017
    Машко
    Vo kam imase Philips 4000Ki. 100den. Jacina mislam 8-9w
     
    На bicikle и CBB_6 им се допаѓа ова.
  20. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,121
    2,382
    19 Јули 2013
    Еве ги проверив студииве што си ги постирал и во ниедна од нив не се ни спомнува температура на бојата.
    Уште повеќе едната од нив вели:
    што е спротивно на тезите што ги застапувате. Другите пак не се ни однесуваат на нив.

    Дај започни веќе еднаш да ги читаш содржините од линковите што ги постираш и престани да ни го губиш времето со ширење на дезинформации.
     
    На bicikle му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Astro

    Astro
    Guru

    6,429
    8,907
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    А?
     
    -={K-O-R-U-N}=-, marv и на artweb им се допаѓа ова.
  22. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,637
    3,652
    12 Јануари 2016
    Машко
    Студиите не се наменети за интелектуално предизвикани. Не знам што си „проверил“ ама никој нема да ти нацрта боенка за ти полесно да разбереш. Потруди се повеќе, прочитај повнимателно, наместо да замараш со неконструктивни дофрлања.

    Ако не се согласуваш со напишаното, изнеси противаргументи да видиме што сакаш да кажеш. Имаш ваљда нешто да кажеш... Или ти не си овде за дискусија?


    Имаш игнор опција, можеш да останеш игнорантен и неук. Никој не те тера да читаш материјали кои не можеш да ги разбереш... И не ме цитирај освен ако немаш нешто паметно да кажеш (што во превод би му дошло - не ме цитирај).
     
  23. Astro

    Astro
    Guru

    6,429
    8,907
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Битно не ме цитирај, освен ако... ма не ме цитирај уопште.

    [​IMG]
     
    stefan_off, mdeni и на artweb им се допаѓа ова.
  24. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,637
    3,652
    12 Јануари 2016
    Машко
    Темата на дискусијава е за искуства со лед сијалици, а мојата теза за „заштедата“ од евтините лед сијалици со ладно светло - е дека таа заштеда ќе се наплати (и преплати) со лекување на здравствените проблеми од несоница.


    Заморно е кога смарачи замараат во стилот на политичарите и адвокатите, без аргументи за нивниот став, и само со некои квази-технички замерки во стилот „таму во студиите не се кажува конкретно тоа што јас сакам да го прочитам“.

    Сите посочени студии го покажуваат влијанието на светлото врз циркадискиот часовник. Ама за Мунгосот тоа не е доволно, на Мунгосот треба некој да му покаже со слики објаснето и евентуално која сијалица да ја купи со топлината изразена во келвини. Само резултатите мора и да се поклопат со сијалиците кои тој ВЕЌЕ ГИ КУПИЛ. Инаку не се признава ништо.


    Епа ова овде е толку елаборирана проблематика, што постојат студии дури и во формата која Мунгусот ја посакува: Effects of Lights of Different Color Temperature on the Nocturnal Changes in Core Temperature and Melatonin in Humans

    „A variety of types of artificial illumination has recently become available, differing in the quality of illumination and range of color temperature. In our previous studies we found that in subjects with normal color vision the nocturnal fall in core temperature and the increase of urinary melatonin excretion were suppressed by bright blue or green light, but not by bright red or dim lights. The aim of our present study was to examine from the view point of chronobiology whether the lights of different color temperature often used in everyday life may affect core temperature and urinary melatonin secretion differently. Experiments were carried out on five subjects with normal color vision. They were exposed for 5 hr (from 21:00 h to 2:00 h) to two kinds of bright (1000 lx) light of different color temperature (6500 K, 3000K) with dim (50 lx) light as a control; after exposure they slept in darkness. Our main results were as follows: The light with a high color temperature of 6500 K more strongly suppressed the nocturnal fall of the core temperature and the nocturnal increase of melatonin secretion than the light with a low color temperature of 3000 K. This difference was particularly evident for core temperature during the sleep period following experimental illumination.“



    Во исчекување на некоја следна смарачка реплика (веројатно нешто со побарување на сликовница за објаснување на функцијата на мелатонинот) еве followup студија од истиот автор, д-р Такеши Морита, каде истото истражување е направено со луѓе кои не разликуваат бои. Резултатите биле целосно отсуство на промени во мелатонинот и температурата, што укажува на тоа дека фоторецепторите за боја се тие посредно влијаат, поточно фоторецепторите за светлина со бранова должина на плавата и зелената боја (ладно светло).

    https://www.researchgate.net/public...latonin_Secretion_in_Color-Deficient_Subjects
    In previous studies we found that in subjects with normal color vision the nocturnal fall in core temperature and increase of urinary melatonin excretion were suppressed by bright blue or green, but not by bright red or dim light. Thus, it is possible that the human photoreceptor concerned with the entrainment of circadian rhythms has a wavelength specificity. Sensitivity to blue and green light is almost entirely due to the M-cones. The aim of our present study was to investigate the role of the M-cone as a transmitter involved in human circadian rhythmicity. Four color-deficient subjects were exposed for 5 h (from 21:00 h to 2:00 h) to three different wavelengths of bright (1,000 lux) light (blue, green and red). Dim (50 lux) light was used as a control. After exposure the subjects slept in darkness. There were no significant differences in the time courses of rectal temperature and urinary melatonin under the three different light color conditions. These results were different from those in subjects with normal color vision, suggesting a possible role of M-cones.




    Илустрација во една од претходно посочените студии каде се гледаат Rods и M-cones во Макулата:
    [​IMG]



    И уште нешто: https://www.jstage.jst.go.jp/article/ahs/17/3/17_3_91/_pdf
    За сликовницата на Мунгусот.
    upload_2020-1-9_10-20-34.png
     

    Прикачени датотеки:

    • 17_91.pdf
      Големина:
      54.8 KB
      Прегледи:
      0
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  25. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,293
    616
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Користам 6500 и не можам да се изнаспијам, изгледа јас сум феномен. :)
    П.С. гаси светло кога спиеш.
     
    bicikle, -={K-O-R-U-N}=-, marv и на уште 1 им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. the G man
    Одговори:
    7
    Прегледи:
    4,459
  2. hmmm
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    890
  3. FLEGMA
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    905
  4. skullmonkey
    Одговори:
    24
    Прегледи:
    1,900
  5. darko_989
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    850
Вчитување...

Сподели

Вчитување...