1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Штедливи ЛЕД сијалици искуства

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од eX3v1l, 27 Март 2015.

  1. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,305
    711
    9 Мај 2012
    Машко
    Како и да е, и јас си купив сијалица како сите вие форумџии и само што сменив сијалица и има можност за ,,оверклок” и со Аура ефект само што не е Асус
    [​IMG]



    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
    Tomislav96, Dave1 и на tamamuzicar им се допаѓа ова.
  2. CBB_6

    CBB_6
    On your way to fame

    139
    507
    9 Декември 2016
    Машко
    Видов ефтинка понуда за Лед сијалици штипско-кинески Селена. Ме интересира дали некој има користено од овие и како се покажале?
    Се нуди една година гаранција, 10W за 99 денари, а 12W за 119 денари.

    Selena.jpg

    Селената ги има во скопски Лед Маркет, а како прва опција ми се турскo-кинеските Horoz Electric кои ги има во Алфа Електроник во Битола:

    Хороз.jpg

    Ми се чини дека и Хорозот имаат една год. гаранција, 18W/1600 lum. за 150 ден, и 15W/1400 lum. за 130 ден.
    А изглеа најпаметно ќе ми биди да поминам и до Електроелемент да видам шо понуда ќе има тука локално од Хјундаито.

    Дома имам 14 сијалици, од кои две се лед цевки-арматури (купатило), а останатите се сите спирални Це Еф Ел - ки.
    Оќоревме на 6500 келвини сите подома, стерилна атмосфера у п.м. Па решен сум све да заменам со 4000-4200 келвини ЛЕД.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mak

    mak
    Intern

    66
    26
    15 Април 2009
    Природна светлина за око за вечерно време е 2700-3000К. 4000 е добра за работилница, и работна атмосфера. Но за дома само 2700-3000К.

    За жал луѓето што продаваат сијалици и трговците се многу БОСИ и снабдуваат 90 посто со 6400К, што е еднакво на вистинска катастрофа.
     
    toplel, RoninMK, PC_GAMER и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. stranger777

    stranger777
    Gaining Experience

    336
    115
    27 oктомври 2013
    Машко
    За дома користам само 4300к :)
     
  5. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,479
    3,204
    24 Септември 2012
    Многу точно. За домашни услови само 2700-3000К смее да се користи. 4000к за канцеларии, гаражи и работилници.

    5000-6500к за мртовечници, фрижидери за умрени, самици во затвори и слично.
     
    На Tomislav96, toplel, RoninMK и уште 4 други им се допаѓа ова.
  6. mak

    mak
    Intern

    66
    26
    15 Април 2009
    Проблемот е што доста луѓе не ни знаат дека постои нешто различно од 6400К. За нив штедлива = на бели/сина светлина. Со овие макароните беше така, иако и макарони имаше 2700К. А продавачите се многу боси да ги спроведат на пазарот и да ги научат купувачите дека постои и нешто друго.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,479
    3,204
    24 Септември 2012
    Треба да се регулира пазарот и да се забрани увоз и продажба на сијалици над 4001к, општо секаде во светот. Сите улици и куќи се исрани со 6500к сијалици, наместо 3000к и личат ПРЕОДВРАТНО.
     
    На mnikolce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. stranger777

    stranger777
    Gaining Experience

    336
    115
    27 oктомври 2013
    Машко
    До 5000к е ок, треба да се забрани особено на колите што клават над 6500к
     
  9. bakigvg

    bakigvg
    Intern

    85
    31
    28 Јуни 2016
    Машко
    Како си задоволен со оваа сијалица, ја чекам и јас па дали вреди ?
     
  10. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,305
    711
    9 Мај 2012
    Машко
    Задоволен сум и не е лош , доста врши работа и и а таква опција што кога подесуваш тајмерот како будилник и сам се пали тоа е добро за тие со оштетен слух . И го има во Mi Store во гтц


    Sent from my iPad using Tapatalk
     
    На bakigvg му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bakigvg

    bakigvg
    Intern

    85
    31
    28 Јуни 2016
    Машко
    Работи со Mi Home апликацијата ?
     
  12. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,305
    711
    9 Мај 2012
    Машко
    Да да со Mi Home и преку ова ќе правиш што сакаш инаку без тоа ќе биде како обична сијалица


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  13. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,293
    616
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Најздраво е да користиш парафински свеќи или фенер.
     
    На Deksa и bicikle им се допаѓа ова.
  14. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,121
    2,382
    19 Јули 2013
    Види во електроелемент дали имаат уште од Филипсот што им беше на акција.
     
  15. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,806
    866
    3 Март 2018
    Зедов филипс жолта, очај и депресии ми беше, па да не одат фира ги кладов на тараса.

    Денската светлина (ако е точен гугл) баш е поизразита кај плавиот спектар, оти имаме армосфера колку што разбрав.
    Ув спектарот се дели на 3 сегмети (ув А,ув Б, ув Ц) и ув А нема ништо да ти направи пошти нема енергија или сме се навикнале. Башка тој дел е со нал интензитет од ледот, далеку помал од денска светлина.
    Всушност, лед сијалиците светат плаво, но имаат флуоресцентен слој што ја "претвара" светлината во видлива, и во голем дел си безбеден. Мислам дека уствари ледовите се исти, тој слој е различен.
    И ја смислев така, види го спектарот на јаглеводородите кога оксидираат :)
    Нај зрраво е да си легниш по мое :)
    А дали фенр, дали лед, дали неонка по мое има мноогу мала разлика така да што ти е убаво и пријатно, тоа стај си :)
    Кај деците исто така имам стаено 3000К сијалица, (ко да по природна) моќна, е има лумени но сепак некако ми е "ќора". Може сум навикнал на овие со поќе келвини.
     
    На artweb и moongose им се допаѓа ова.
  16. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,293
    616
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Се шалам за свеќите и фенерот. :)
    На нет еден куп текст прочитав за тоа дали 6500к е штетна како што тврдат другарчињата на форумот.
    Излегува дека ептен се грешка.
    За окото најприродна светлина е токму 6500к, односно дневната светлина.
    И јас имам пробано со по жолтим бои, толку депресивно ми делуваат, глава ме боли, очи ме болат итн.
    Па уште некој вика 2500-3000к било најдобро и најприродно за очите, просто не можам да се изначудам.
     
    На bakigvg, Daniel86, moongose и уште 3 други им се допаѓа ова.
  17. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,889
    1,458
    10 Август 2010
    Машко
    Секој со различен вкус.

    Мене пак се што е над 4000к ми е ептен не комфортно да седам во просторија подолго време. Плус мразам плафонско осветлување дома, и го палам многу редко (15-20 мин во неделата дали работи), а во останатото време столни/подни лампи наместени по разни ќошеви ја осветлуваат собата. Така добивам не така силно осветлена соба (dimmed), кои светат со 2500к-3000к.

    Така да, за мене ладно светло е депресивно, а топлите - комфорт.
     
    PC_GAMER, RoninMK, mdeni и на уште 1 им се допаѓа ова.
  18. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,637
    3,652
    12 Јануари 2016
    Машко
    Повеќе пати пишувавме за поврзаноста на топлината на светлото, со нејзиното влијание врз регулацијата на одредени биомеханизми во организмот (да не се повторуваме пак). Но овде упорно се зборува за „расположенија“ и „вкусови“... Потоа чудење и неразбирање зошто денес има толку нарушување на спиењето кај еден куп луѓе.
     
    mnikolce, RoninMK, mdeni и на уште 1 им се допаѓа ова.
  19. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    621
    634
    15 Септември 2012
    Машко
    Да се приклучам кон дискусијата само со една слика од интернет која ги споредува вештачки добиените со природните температури на светлината, а сите вие што во претходните страни изнесувавте мислење за температурата на светлината најдете се во природата прикажана на сликава:
    upload_2020-1-6_2-33-13.png

    Да дополнам, на која и да се наоѓате хемисфера на земјата, светлината од нашата ѕвезда доаѓа од ГОРЕ. Вие распоредувајте ги вештачките светилки во затворен простор за да ви го симулираат осветлувањето на отворен простор како сакате - да светат према горе, према лево, према ПМ, ама имајте во предвид дека телото во еден момент ќе ви реагира. Прашање е дали медицината ќе може да одговори на таа реакција???
     
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,439
    27,115
    4 Септември 2008
    Што ќе се случи ако дома користиш 4K?
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  21. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    621
    634
    15 Септември 2012
    Машко
    Подолго време ја пишував мојата порака (која е веднаш после твојата), ама поентата на двете е мнооогу слична.
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,637
    3,652
    12 Јануари 2016
    Машко
    Позицијата на светлото е друг муабет. Работата е во тоа што колку е поладно светлото толку повеќе се спречува лачење на хормони кои стимулираат спиење и заспивање. Тоа е она што не го разбираат луѓето.

    Има ситуации кои повикуваат на будност навечер, на пример кога навечер се работи, треба да се сработи нешто. Но во обична вечер кога луѓето треба да се релаксираат и да заспијат на време за да ги фатат потребните часови сон - ладна светлина е последното нешто што е потребно. Сеедно што на некој му се допаѓа ладно светло. На крај секој за себе си одлучува, проблемот е што повеќето не ги разбираат работите и не носат едуцирана одлука.
     
    PC_GAMER, RoninMK, flashgordon007 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  23. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,618
    1,708
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Тоа значи дека немаш закачено слика од Тито во ходник :)
     
    На bicikle и psyside им се допаѓа ова.
  24. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    621
    634
    15 Септември 2012
    Машко
    Тебе нема да те разберат, оти им објаснуваш на локален, мајчин јазик, а кон таквите се нема доверба. Затоа, еве им на српски па нека те сфатат што им збориш.
    Е, ама ова треба да се изгледа од почеток до крај.
    View: https://www.youtube.com/watch?v=S5tg86yIgGo
     
    goceiva, RoninMK и на mdeni им се допаѓа ова.
  25. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,479
    3,204
    24 Септември 2012
    Казна 150еур за 6500к, за 4000к само 30еур.
     
    На damil и stefan_off им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. the G man
    Одговори:
    7
    Прегледи:
    4,459
  2. hmmm
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    890
  3. FLEGMA
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    905
  4. skullmonkey
    Одговори:
    24
    Прегледи:
    1,900
  5. darko_989
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    850
Вчитување...

Сподели

Вчитување...