1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Широкоаголен објектив за Canon 1200D

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од spiritBreaker, 15 Декември 2015.

  1. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,675
    3,002
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Здраво дечки, имам апарат од насловот. кој широкоаголен објектив би ми го препорачале да го земам ? гледав нешто објективи во ова во беверли до логинг продавницата (не ми текнува како се вика) ама би сакал да слушнам и ваше мислење
     
  2. smole

    smole
    Unstoppable

    2,951
    3,292
    18 Април 2007
    Колкав буџет имаш?

    Што би сликал (ентериери, пејзажи или нешто друго)?
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  3. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,675
    3,002
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    буџет до кај 30-35к. за сликање, ентериери - луѓе, чат пат и по некој пејсаж
     
  4. smole

    smole
    Unstoppable

    2,951
    3,292
    18 Април 2007
    Најефтин ти е 10-18 канон, после иде сигма 10-20 со варијабилна бленда, па сигма 10-20 3.5 бленда, па токина 11-18 2.8, па сигма 8-16.

    Јас ја имам сигмата 10-20 со варијабилна бленда, супер си работи.
     
    На flashgordon007 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    480
    515
    15 Септември 2012
    Машко
    Ене ти го Аксел го објави пред 1 час Canon 10-18mm f/4.5-5.6 IS STM за 275 евра
     
  6. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,520
    15 Јануари 2011
    Машко
    Tokina 11-16mm 2.8. Друго не гледај.
    Имам еден, состојба како нов, пиши ако ти брка работа ќе се договориме, јас сакам FX верзијата да ја земам или евентуално Tamron 15-30mm новиот.
     
    На Војвода му/ѝ се допаѓа ова.
  7. smole

    smole
    Unstoppable

    2,951
    3,292
    18 Април 2007
    Canon 10-18 - 259 евра , после поврат на ДДВ околу 210 евра.

    Истиов објектив во пиксплус е 250 евра, што е коректна цена.

    За разликата во цена до поскапите објективи можеш уште пар работи да си докупиш (филтри/блиц).
     
  8. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,520
    15 Јануари 2011
    Машко
    Математики со поврат на ддв функционираат само за некој кој често патува без да вади пари од џеб (или парите се оправдани пр. такси превозник). Вака е инаку 2 пати, еднаш до таму, па еднаш назад до ХХХ локација во Грција во случајов за да се подигнат средствата (под услов да не ви е првпат па да сте запазиле од старт цела папирологија и ХХХ печати на сите можни места, затоа што ако фали едно документче или печатче кои намерно или ненамерно ги забораваат да ги стават, аш, немет ддв). Не е урда поврат на ддв, посебно не за оние кои не ја направиле процедурата претходно..


     
  9. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,209
    3,561
    26 oктомври 2012
    Машко
    Дечкото Аксел од каде што ја купив мојата токина 11-16 2.8, ми кажа дека објективот е супер решение за никон, бидејќи нивните широкоаголни објективи се многу скапи.
    Но канон се попаметни и веќе имаат широкоаголен објектив, по многу пристапна цена.. Ако кај нас е 250 евра, не ти се исплаќа од друго место да купуваш, освен ако го најдеш за 150евра, па да ти се исплати малтретирањето + превозот. Ма да и така не е многу паметно.
    Ако планираш некои креативни слики со луѓе, можеш, но типични портрети никако.
    Со останатите пари земи некој друг дополнителен објектив.
    Фиксна 35ка, или 17-50 2.8, или некој телефото објектив, на што имаш мерак тоа.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  10. smole

    smole
    Unstoppable

    2,951
    3,292
    18 Април 2007
    Сме го праеле муабетот и порано.

    Математиките со поврат на ДДВ се исплатливи за секоја разлика од над 13 евра (толку е саботен бус до Солун). Со 4ца во кола испаѓа по 500 денари од човек, со 5ца уште помалце. А и не гледам зашто не би фукнционирала за некој кој патот си го плаќа сам.

    Овој ДДВ што јас го постирав незнам дали е тој кај што се враќаш во продавницата или парите ги зимаш во фришопот.

    Тие муабети дека нема да ти дадат поврат на ДДВ пошто намерно не ти стаиле печат или нешто друго немаат врска. Претпоследниов пат ми го дадоа само белиот лист, розевиот (кој инаку останува во царина) остана во продавница, и пак ми дадоа печат. А ДДВ имам зимано мноогу пати.

    Проста е процедурата, незнам зашто на форумов некои упорно настојуваат да го прикажат како некоја страшна и непозната процедура.

    Од друга страна опцијата со пост рестант на српска граница, под услов цената да е слична со солунската е исто ок, но јас лично претпочитам да отидам до Солун во продавница, ем ќе видам што имаат ново, ем муабет ќе си поправиш ем ќе се прошеташ и ќе каснеш гирце или морско.

     
    На Teget, mmm121, mdeni и уште 4 други им се допаѓа ова.
  11. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    650
    2,185
    27 Јануари 2014
    Машко
    Од која продавница точно купувате во Грција ? Фото маркет ? И ако е од таму некое објаснување каде точно се наоѓа ? Иначе малце оф топик, 5д марк 3ка у pix+ е 3000, а на фотомаркет 3800. Некоја грешка има или ?
     
  12. smole

    smole
    Unstoppable

    2,951
    3,292
    18 Април 2007
    Јас купувам од Repella.gr , локација . Сајтот им е стар па затоа ги контактирам по мејл за цени, ми ги пишува со ДДВ и без ДДВ.

    Најчесто цените ако не им се идентични со фото маркет им се слични, затоа нив ги зимам како ориентир.

    Adorama има најбољи цени, ама од Атина се за жал.

    Edit: 3799 е со 24-105 објектив, 2749 ти е само телото. 2749 x 0.81 = 2226 еур (после поврат на ДДВ).
     
    Последна промена: 16 Декември 2015
    На M.Pix му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,209
    3,561
    26 oктомври 2012
    Машко
    Многу ретко и тешко да се погоди некој консензус па да се соберат 3-4ца во кола, и да отидат на 2пати... па и да се погоди личноста што има кола да има зелен картон, пошто не купуваат сите...
    што значи останува другата варијанта со автобус...
    Но автобусите тргаат 2-3 ноќта, за накај 7-8 да се во Солун. И после тргаат тек во 5 назад за Скопје.. 9-10 часа, да се чека автобус... е нешто ненормално досадно, поготово ако одиш сам... и поготово на Ладново...
    И ако се земе фактот дека 2пати треба да се помине низ истата процедура... Незнам дали некој од вас чекал толку време, али тоа е ненормално многу досадно. Искрено радо би изгубил 50 евра отколку да чекам толку време автобус... 2пати...
    Што значи, најиедално е со кола. Со автобус, сам ? Никако. Освен ако одите со пријатели, па да утепате време. Мада и тоа во овој период не е многу паметно пошто ладно, и ќе треба да се седи по кафичи, ресторани, што значи дополнителни трошкови за јадење/пиење.
    Што значи или со Кола, или никако.
    Jaс патував со автобус сам, и знам како е да се чека 8 саати... и покрај тоа што 6 часа од тие 8 ги поминав со луѓето од кои купив.. и тие 2 саати на автобуска едвај ги издржав, времето не мрда, како да стои цело време.... Мислам дека самиот себе се пцуев повеќе отколку сите досега што ме опцуле, заедно.
    И би отишол ако морам да чекам максимум 2часа, повеќе од тоа... Мислам многу лесно е да се каже, али да се направи... тоа е неиздржливо.
     
  14. smole

    smole
    Unstoppable

    2,951
    3,292
    18 Април 2007
    Во Солун бев во вторникот, со уште 7 души (2 коли). Времето беше сончево, за по блузон. Едно кафе, малце низ продавници, на ручек и помина денот. И со шопингашкиот сум бил, малце е малтретирање ама не е страшно.

    Ти до Солун немораше ни да идеш двапати бидејќи јас сам ти се понудив да ти го земам ДДВ-то кога ќе идам пред нова година, така да нема да мораше дупло да се малтретираш.Али ок, твоја одлука. У краен случај неморав ни јас да ти го земам ДДВ-то, секој што ќе идеше накај Солун ќе ти завршеше работа, ем продавницата е во центар ем луѓето се фини и излагаат во пресрет (даваат поврат на ДДВ и на некој на кој си му го дал лифчето).

    Во Белград дека е ладно, е ладно, затоа избегавам да идам таму во зима. И патот јас лично не сум спремен да го тепам со бус, а уште помалце без преспивање. Едноставно ништо не ми вреди толку да се клацкам со автобус 6-7 саати во еден правец (само Млаз Богданци се сеќавам не застанува на секој дупка и бандера по пат).

    Една побитна работа што сите ја заборавија е што ако (недај Боже) треба купената ствар да се сервисира? Тогаш пак бус до Белград? Или бус до Солун? Што е поблиску/поефтино :)
     
    На mdeni и Oktar им се допаѓа ова.
  15. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,209
    3,561
    26 oктомври 2012
    Машко
    Па Србите ќе кажат, доџите брача Македонци, ни вас волимо.. И патот за назад ќе ти го платат. А Грците ќе речат Охи..Македонија, нема сервис... Сервис.. Скопје... Смени име.. Па после ќе ти сменам дел..
    :)
    Малце шала. :)
    Поблиску е за сервис во Солун. Али објектив нема да има никогаш потреба за сервис..
    Како и да е купување од странство е заебано, баш ради тој сервис. Два слободни дена треба да утепаш за да завршиш нешто што кај нас ќе го завршиш за два часа максимум.
    Знам дека се понуди али ете, ми испадна поефтин објективот во Белград, и тоа е. А и кога видов дека треба да дремам од 7 до 5... Си реков кај ќе одам.. Ќе умрам од досада. Али ми испадна слично и со Белград али ајде, еднаш се греши. :)
     
    На flashgordon007 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    480
    515
    15 Септември 2012
    Машко
    А кој од „големите“ (читај најзастапените) препродавачи на Никон или Канон имаат свој официјален сервис физички лоциран во Македонија?

    или поглупаво прашање:

    Која осигурителна компанија во Македонија осигурува фото опрема?

    да не прашувам која од овие осигурителниве компании во Македонија осигурува компјутер, лаптоп или ...
     
  17. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,209
    3,561
    26 oктомври 2012
    Машко
    За Канон незнам, за Никон официјален сервис имаат, Refot. Све што е никон во државава и се продава легално, е преку Refot.
     
  18. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    480
    515
    15 Септември 2012
    Машко
    Никон (РефотМ) има сервис во бг. Колку што знам, они ги земаат предметите за сервис и ги носат во бг во нивниот сервис и потоа ги враќаат назад.
    Имам слушнато дека нивни сервисери доаѓаат неколку пати годишно во Скопје и тука вршат поправка, чистење, баждарење...

    Физички лоциран официјален сервис во МК за Никон не сум слушнал дека постои... За Канон исто така. Сони има соработка со фирма која сервисира во Скопје.

    Или не сум доволно информиран?
     
  19. smole

    smole
    Unstoppable

    2,951
    3,292
    18 Април 2007
    Сосема добро си информиран.

    На ФБ има некој фото сервис од Ченто, ама не е официјален за ниеден бренд.
     
    На Војвода му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,264
    2,298
    9 Февруари 2011
    Ја до Солун до скоро често одев, на кафе, на ручек, без некоја посебна потреба нешто да купам, еднаш до два пати месечно, па ќе се понудев да купам што сакате и да ви вратам ДДВ. Сега више не сум во состојба да тркнувам до Солун кога ќе ми текне, пошто ми се сменија обврските.
    Поврат на ДДВ е peace of cake (само што не е целата сума, туку делумно задржува сефот на фрисоп, ела ела мора земе), сервис исто така нема проблем, на сите гарантни листови ставаат Macedonia, никој до сеа не ми пишал fyrom, ги заболе таквото за политика обичните луѓе.

    Што се однесува до Nikon од бивша ЈУ е останат Белград како центар за Nikon на овие простори, имаат добра мрежа со доста искусни сервисери.
    Во тоа време беа фино поделени работите, на пример Скопје (Технометал) беше центар/претставништво за Toshiba и Marshall за цела Југославија, нашите сервисери се шетаа низ цела бивша држава за сервис и одржување.
    Е сеа што србите си ги одбрале поуносните брендови као Nikon и сл. што да се каже. Ама еве на пример претставништвото на Acoustic Research, во тоа време најголема фирма во свет за звучки беше у Белград исто, ама фирмата пропадна, така да и на нив не им се погодило све.
     
    xenon, smole и на omegaRED им се допаѓа ова.
  21. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,675
    3,002
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    дечки, ви благодарам за инфото, за производите, ги разгледав, читкав ривјуа и гледав семплови, сепак ќе идам со токината, само да се ослободам малку од работа и глупости и идам и го земам објективот :) @smole со остатокот, земам блиц и нешто ако достигне за филтри ... или за макро објективче...хммм ќе треба да размислам
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,209
    3,561
    26 oктомври 2012
    Машко
    Читав нешто за UWA објективи, на страната на Ken Rockwell, познат фотограф кој прави ривјуа, и според него, за Canon APS-C, најдобар објектив e Canon 10-18mm 4.5-5.6, не поради фактот што е најефтин, туку и најостар. Вели дека е поостар од 5-6 пати поскапиот професионален 16-35мм LII!
    Ти го велам ова, за да не се расфрлаш безпотребно повеќе пари, за да купиш нешто инфериорно, или слично.
    Истото ми го кажа и човекот од кој што го купив мојот објектив, дека најдобро решение за APS-C камерите на канон, е тој објектив, и плус е најефтин.
    И да не заборавиме, има нешто што токината ја нема... Стабилизација, со подобрување од 4 стапки!
    Што значи дека на 10мм ( 16 на FX), ќе можеш да сликаш со shutter speed од 1 секунда, и притоа да извадиш остри слики! Додуша не треба да се верува дека навистина подобрувањето е 4 стапки, туку повеќе накај 3. Пак 1/2 т.е. половина секунда е импресивно! Се разбира на места каде што нема движења, или пак движењата се 20-30 метри подалеку од камерата.
    Еве и ривју од него, размисли убаво! :)
     
    На spiritBreaker му/ѝ се допаѓа ова.
  23. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,520
    15 Јануари 2011
    Машко
    Ken Rockwell искусни фотографи го сметаат за зајак од калибар на ЈЈБ (џанго јаде бурек) и Лајнотас.

    Типот е трговец, гледа да продаде и ували, заработува 150000 усд месечно од сајтот. Ако сакате сајтови за фотографија со неутрални и избалансирани мислења одете на:

    - photo.net
    - http://photozone.de/
    - http://www.fredmiranda.com/
    - http://blog.mingthein.com/
    - http://diglloyd.com/

    и форуми нормално. Рок Коквел се чита само меѓу редови, никако неговите заклучоци и препораки.
     
    Војвода, gokica и на smole им се допаѓа ова.
  24. smole

    smole
    Unstoppable

    2,951
    3,292
    18 Април 2007
    Се слагам со Xenon.
     
  25. gokica

    gokica
    Модератор

    8,389
    10,193
    13 Јуни 2009
    Се согласувам за Кен. Уште од неколку читања на негови мислења за кит објективите сватив дека неговите заклучоци не се исти со оние од членови на форуми за фотографија и дека ептен е насочен комерцијално.
     

Сподели

Вчитување...