1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Шаблон/прашалник за одбирање на телефон

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од psyside, 19 Јануари 2020.

  1. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,970
    26,670
    4 Септември 2008
    Бидејќи цело време гледам отварање на теми кои се нејасни, и недоволно конкретни, ќе направам еден збир на карактеристики со опции кои можете да ги копирате - одговорите во вашата или во оваа тема, и со тоа полесно да ви дадеме предлог за најдобар избор според вашите критериуми. Едноставно под секоја точка, наведете информации.


    1. Кој телефон сте го користеле претходно, и дали сте задоволни од него?


    2. Од што бевте задоволни од претходниот телефон, од што не, и дали некоја функција од стариот би сакале да ја добиете со новиот, пример долга батерија?

    3. Кои аспекти од мобилните телефони ви се најбитни пример - софтверски апдејти а со тоа и долговечни перформанси и поддршка на уредот, камера, да има кастом ромови достапни и добра поддршка од заедницата, (GCAM - кастом апликации за камера) поддршка за бендови во државава, каков е OS-то, од естетски и функционален аспект.

    4. Кои аспекти од мобилните телефони ви се најбитни од хардверски аспект, камера, дисплеј (да биде амолед?) изработка, капацитет на батерија, екран (дали е херцажата можеби битна) отпорност на падови, отпорност на гребаници, достапност на футроли и маски, 3.5mm џек (дали?) сд карта, сертификат за отпорност на вода, бежично полнење, брзо полнење, (колку брзо?) NFC, дали можеби имате бренд кој го преферирате и зошто, дали сакате најнов чипсет, и наведете кој, дали брзината е и колку битна итн.

    4. Дали уредот ќе биде купен од мобилара, од провајдер, на рати, во готово, на старо, компензација, и пред се кој ви е максимален буџет, колку време ќе се користи?

    Тоа би било се.
     
    На Molec, ivan88, RoninMK и уште 16 други им се допаѓа ова.
  2. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,434
    3,156
    24 Септември 2012
    1. Кој телефон сте го користеле претходно, и дали сте задоволни од него?
    - Iphone
    - Galaxy Note 4
    - Oneplus 7

    2. Од што бевте задоволни од претходниот телефон, од што не, и дали некоја функција од стариот би сакале да ја добиете со новиот, пример долга батерија?
    - Одлична камера.
    - Одличен екран.
    - Лош СОТ после 5.0.1 испод 6 часа. Потребни ми се најмалку 6 за да е океј за 1 ден телефонот.
    - јаки звучници но насочени наназад што е безвезно, треба да е на страна или нанапред.
    - предобар хаптички одзив на ајфонот. Предобар.

    3. Кои аспекти од мобилните телефони ви се најбитни пример - софтверски апдејти а со тоа и долговечни перформанси и поддршка на уредот, камера, да има кастом ромови достапни и добра поддршка од заедницата, (GCAM - кастом апликации за камера) поддршка за бендови во државава, каков е OS-то, од естетски и функционален аспект.
    - стендбај одличен
    - да е мраз ладен при нормална употреба
    - да е што е можно помоќен
    - софтверот да е оптимизиран и релативно пристоен со апдејти



    4. Кои аспекти од мобилните телефони ви се најбитни од хардверски аспект, камера, дисплеј (да биде амолед?) изработка, капацитет на батерија, екран (дали е херцажата можеби битна) отпорност на падови, отпорност на гребаници, достапност на футроли и маски, 3.5mm џек (дали?) сд карта, сертификат за отпорност на вода, бежично полнење, брзо полнење, (колку брзо?) NFC, дали можеби имате бренд кој го преферирате и зошто, дали сакате најнов чипсет, и наведете кој, дали брзината е и колку битна итн.
    - амолед екран, по можност рамен е круцијално
    - главна камера да е врвна со или без гкам сеедно
    - брзо полнење да има и да не намалува брзина на полнење ако се користи (Ноте 4 намалува)
    - батерија што поголема тоа подобро.
    - две картички да има

    4. Дали уредот ќе биде купен од мобилара, од провајдер, на рати, во готово, на старо, компензација, и пред се кој ви е максимален буџет, колку време ќе се користи?
    - да има две картички и да не над рецимо 500евра, докај 700еур ако ептен е нешто посебно.
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Delta111

    Delta111
    Gaining Experience

    112
    115
    23 Мај 2010
    Темава ми доаѓа како порачана, планирам деновиве да купам мобилен за татко ми пензионер.

    Сега користи обичен Нокиа така да ова би бил прв смарт телефон. Мене ми е битно да има што поголем екран, стабилен софтвер (пензионер е и како ќе го земе првиот пат така и ќе остане), добар и јасен звук, брз интернет. Камерата да прави солидни фотки но не се бара ништо спектакуларно. Игри не се битни. Батеријата да трае што подолго (битен критериум). По можност NFC, dual sim и 3,5 mm џек.

    Буџет некаде до 12000 сеедно е од каде ќе биде купен, во секој случај главно ќе се користи за зборење, смс и вибер.
     
  4. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,147
    4,856
    8 Април 2011
    Машко
    Сум користел повеќе но ке ги наведам овие 4

    Samsung s4-прв хај енд телефон, голем хајп,
    екран камера и брзина супер за тоа време а батерија и дизајн просечни.

    Mi4- прекрасен дизајн, добар екран, батерија просечна и камера ништо посебно.

    Samsung s6- хајп врв, прекрасен екран,предобра камера, солидни перформанси и дизајн, батерија слаба страна.

    Mi mix2s- Дизајн перфектен, екран солиден батерија и камера на високо ниво, перформанси предобри.

    Мене најбитно од смартфон ми е дизајн, камера,екран на прво место, на Второ место батерија и перформанси. Аудио не толку битно. Водоотпорност пожелно но никогаш пресудно.
     
    Последна промена: 19 Јануари 2020
    На GGTT1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,700
    7,040
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Како би било кул да има форма/прашалник за пополнување и без комплетно негово пополнување да не може да се креира тема.. Исто и за телевизори, лаптопи, аудио опрема, проблем со нешто итн итн.. @Fatal1ty_ ?
     
    На Ljupco94, Pane-G, 1s3ct0wN и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,970
    26,670
    4 Септември 2008
    Не сум седнал на PC ќе ви одговарам.
     
  7. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,970
    26,670
    4 Септември 2008
    Не знам новите S20 дали ќе идат со дупли сим ама мислам да. Проблем што ќе бидат заоблени сем можеби најмалиот, GCAM поддршка за Exynos е прилично послаба него Snapdragon, камерата ќе биде фантастична и без GCAM но ако сакаш експериментирање, онда само да увезеш од надвор.

    За полнење како што треба при употреба мора да чекаме да искочат новиве уреди да видиме како ќе биде тоа решено, мислам дека at this point нема соодветен уред за тебе, и мора да чекаш нова генерација. Дури и да има сем во камера, во ништо нема да биде голем апгрејд од твојот сегашен уред, а тој уред што има килер камера, има послaб SOC од оној што го имаш во моментов, така да само чекање
    Деки темава не си ја сфатил како треба, не беше да се пренесе искуство, него ако зимаш уред да објасниш што сакаш за да ти предложиме :D

    Со тебе ја разрешивме дилемата на телефон, така да тоа е тоа.
     
  8. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,285
    699
    9 Мај 2012
    Машко
    Јас сакам смартфон таков каков што ниеден смартфон го нема опција и останува само фантазија


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  9. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,464
    1,153
    2 Јануари 2012
    Машко
    Дали да менувам Ноте 9 за с10+ или да чекам следнава ген да излезе? :D
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  10. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,970
    26,670
    4 Септември 2008
  11. Avid

    Avid
    Guru

    4,154
    6,192
    21 Јануари 2009
    Не треба да има прашалници, треба да има ГАЈД кој редовно ќе се ажурира. Се знае што најчесто бараат конзументите.
    И правиш гајд. Од толку до толку кеш, овој телефон.
    Ако сакаш боље камера/дисплеј овој телефон за толку кеш.
    Ако сакаш за гејминг овој телефон
    Ако сакаш сториџ овој телефон
    Ако сакаш ол раунд овој телефон
    Ако сакаш стабилност овој телефон
    Ако сакаш батерија овој телефон
    ...
    Наместо да гледате да скратите време вие правите повеќе време да се губи.
     
    На CBB_6, Pane-G, Скоти и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,464
    1,153
    2 Јануари 2012
    Машко
    Што ако треба да доплатам некоја смешна сума за да земам с10+?
     
  13. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,970
    26,670
    4 Септември 2008
    Смешна значи?
     
  14. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,464
    1,153
    2 Јануари 2012
    Машко
    околу 5000.
     
  15. Avid

    Avid
    Guru

    4,154
    6,192
    21 Јануари 2009
    [​IMG]
     
  16. it_boy

    it_boy
    Gaining Experience

    297
    268
    9 Јули 2018
    Машко
    Искрено мислам дека добро е да го замениш со с10+ посебно дека доплаќаш само 5к
     
    mdeni, DaVoRkNe и на DarthJe5us им се допаѓа ова.
  17. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unstoppable

    3,810
    3,973
    1 Септември 2011
    Машко
    Јас би го заменил,ако е доплатата 5000 денари.Затоа што при следен абдејт на телефон,повеќе ке вреди s10+,него ли Ноте 9.
     
    На mdeni и DarthJe5us им се допаѓа ова.
  18. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,970
    26,670
    4 Септември 2008
    Тоа дека не си препорачувал телефони до сега, и не ти викале абе ја мислев тоа и тоа откако ќе го земат, вака ќе потрошат некоја минута ама ќе знаеме точно што сакаат и очекуваат.

    Иначе не мора секој да одговори на сите прашања, него да избере што него му е битно од нив, па тоа да го наведе.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Avid

    Avid
    Guru

    4,154
    6,192
    21 Јануари 2009
    Па гајдот ќе биде комплетен и ќе ги има сите детаљи. Не ја гледам предноста на шаблонов пред гајд?
     
  20. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,970
    26,670
    4 Септември 2008
    1. Главниот пост не може да се менува (едитира)

    2. Ако постираш подоле не секој ќе ги чита последните страни него само првите, и може да купи (стар најдобар)

    3. Одговорив претходно, вака се минимизира шанса за нешто да не е по кеиф, затоа што самиот купец бира од лоши и добри страни.
     
  21. Avid

    Avid
    Guru

    4,154
    6,192
    21 Јануари 2009
    1. Ќе се ангажира некој модератор, тоа нема да има апдејти којзнае колку често па да треба секој ден да замараш модератор да едитира.
    2. Не го разбирам ова. Кога и да праша некој неук што нема да го провери гајдот, ќе му биде само пуштен линк до гајдот и толку.
    3. Не се минимизира никаква шанса затоа што се што би одговорил некој, ќе има во гајдот.
     
    На moongose му/ѝ се допаѓа ова.
  22. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    491
    430
    26 Јуни 2012
    Машко
    Сакам да земам нов телефон, но се двоумам околу буџет(ите). Не сум некој што сака да „фрли“ премногу пари на телефон но од друга страна се мислам да инвестирам за што подолго да е futureproof.

    1. Redmi Note 4X, задоволен но веќе почна да се успорува, камерата не е баш нај нај и нема повеќе апдејти. Купен е пред околу 3год.
    2. Цената, батерија, и веќе сите нови телефони што имаат ама фингерпринт сензорот.
    3.Сега кога би зимал би одел како прво камера>батерија-нешто како претходниов>апдејти. Бренд/OS и слично не ме интересира може да е било кој.
    4.Слично ми е прашањево како прошлото ама еве повторно вака од примерите:
    1. Камера
    2. Батерија
    3. Апдејти/ако е стриктно хардверски тогаш на ова место екран
    4. 3.5мм обавезно
    5. За брзина на телефонот секако би сакал, но не би ни рендерирал на него. Само да имам smooth experience да не кочи/глави/сецка да мора да го оправам.
    6. Отпорност на вода/удари може но не е задолжително.
    7. Quickcharge исто доколку има супер, но не би било ептен пресудно.
    5. Како што спомнав погоре, доколку може да добијам некои сугестии за телефон до 300евра и второ до 500евра.
    Телефонот би го земал во готово, не е битно од која мобилара/оператор.
    Можно е да влезе во игра и телефон на старо но не премногу користен. Или пак како што нудат некои со буџети од телеком па за одредена пониска сума.

    Генерално тоа, се надевам не личи постов на choosing beggars :D
     
  23. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,970
    26,670
    4 Септември 2008
    S10 plus used/Mi Note 10

    Mi note 10 камера значајно подобра, и батерија со апдејти (да се доиспегла) и на 4G би имал предност од аспект на батерија, се друго S10 plus.
     
    На G4M3R му/ѝ се допаѓа ова.
  24. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    491
    430
    26 Јуни 2012
    Машко
    Фала на инфо.
    Гледам во ледиком Mi Note 10 e 28.700 а S10+ e 10000ден повеќе. Од математикава, доколку има да се продава која цена се движи Mi-то на старо?
     
  25. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,970
    26,670
    4 Септември 2008
    Нема да најдеш на старо Mi Note 10, ако ти се чека 3 месеци јас ќе ти го дадам мојот :D

    Иначе 24K
     
    На Маша и G4M3R им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...