1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Сетек клуб картички и привилегии.

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од steelseries, 16 Декември 2019.

  1. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    829
    528
    20 Декември 2015
    Машко
    Ми треба објаснување околу нивните картички, поени cashback системот итн.

    Според нивниот сајт јас треба да сум premium член со бенефиции, 2 год не ми ја даваа картичката, е сега дали има разлика во изгледот на картичките или не?

    Поен системот попустите од кога им е имплементирано?
    Најскапите работи што сум ги купил лани летото во вредност измеѓу 250.000-300.000 денари ми вика вработениот не се важат тие поени немало таков систем.

    Побарав да ми ја покажи листата на мое име се што е пазарено, за на крај од 2016 се до денес да испадни дека имам купено над 300 400 продукти што е лага. Како коминтенти беа запишани беа сите вработени касиери во мојот документ и без да спомнам нешто вика : па системов нз зошто нас не покажува овде намерно е вака направено за да неможиме да манипулираме со поените и ги користиме за нас. Чоеков почна да се поти ко да е абу даби ко ги виде нивните имиња како коминтенти во моето досие..

    Едит: cashback било 3% според продавачот а не минимум 3% според нивната страна(не знаел кога повеќе од 3%), и ако си земел cashback ти се тргале поените(одреден бр поени), а тоа според нивниот сајт објаснува дека поените и cashback се 2 разл работи и дека нема никаква релација измеѓу.

    Ајде споделете искуства и објаснете го системот на Сетек.
     
    Последна промена: 16 Декември 2019
  2. Mr.47

    Mr.47
    Intern

    48
    41
    13 Февруари 2018
    Машко
    Купив графичка по клуб цена од 32999. Ме праша типот, дали сакам да ги искористам поените одма и да имам попуст, или да ги остаам за наредно купување, па тоа да ми испадне поефтино. Побарав, се искористија одма, ја платив 31500. Тоа се 1500 денари „попуст“.

    После одредено време, одам да ја активирам картичката(3 пати), за да имам преглед на купување и кешбек или поени(зависи дали е исто или не). 2 пати пробаа, ама демек неуспешно, а трет пат кога пробав(друго место), типот ми вика ние не можеме тука, види на меил нa customer, bla bla.
    Прашувам за тие 3% дали можам да ги искористам дома, ми вика не може, мора 10-15 дена да почекаш за да имаш попуст*

    Поените имаат рок од 1 година за искористување, после истекуваат.
    Е сеа, дали cashback и тие 3% како поени се иста ствар, или пак различна, појма неам.

    п.с. Се што сум купил со картичка, ми стои кај нив у систем. Сеа ваљда иам околу 1100-1200 денари кои би можел да ги искористам во ограничен период.
    ASUS ROG RX 5700 XT
    EVO 860 500GB
    Razer Mouse(не ми текнуе кој)



    *читај прв дел.
     
    На steelseries му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Astro

    Astro
    Guru

    6,167
    8,558
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    За да имаш бенефити од таа картичка треба многу да купуваш од СЕТ. За да купуваш многу од Сет ти требаат живци како гасеници од тенк, отпорни на нагазни мини. Плус и минус се кратат, останува Картичка од Сет = Живци како гасеници.

    Не се исплати да се замараш, енергијата потроши ја на попаметна работа :suprised:
     
    На Pane-G му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Arabian

    Arabian
    Gaining Experience

    539
    301
    5 ноември 2013
    Машко
    Сет = шит ствар
    Е сега ке ти кажам како функционира. Таа картичка ама ништо нема функција освен **
    * да пазаруваш по ,,акциска" цена
    * имаш 3% од сумата од што си купил, но ти ги даваат ако пазаруваш по таа акциската цена. Е сега на пр. ако купиш нешто од 1000денари, ке ти вратат 30 поени. Кога ке собереш 500 поени, имаш ваучер Да ти легнат поените треба да поминат 15дена. За да си ги проверуваш нема да можеш пошто серверите и се срање
    Ако има некој некое прашање бујрум
     
    На steelseries му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...