1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Сервер со SSD Raid 5

Дискусија во форумот 'Конфигурации' започната од andsa, 15 ноември 2019.

  1. andsa

    andsa
    Intern

    9
    0
    11 Декември 2009
    Дали има некој искуство со користење на SSD дискови во raid5
     
  2. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,072
    12,643
    23 Јануари 2008
    Манга
    RAID5 е сосема непотребна конфигурација за SSD. Ќе добиеш перформанси само на секвенционални читања и запишувања додека на 4К ќе имаш исти или помали перформанси. А ако ти се битни секвенционалните запишувања тогаш наместо да правиш RAID 5 со SATA SSD-а ќе направиш RAID 1 со брзи NVMe.

    Сепак имај на ум дека во RAID нема да ти функционираат драјверите за SSD-ата и можеби ќе изгубиш некоја функција. Од лично искуство со 2x Samsung 970 Evo 500GB во RAID 0 практично изгубив на 4К, а добив практично само побрзи секвенционални записи. Не ретко системот знаеше да се збуни кога пристапував до партиции на RAID ареата, поточно да чекам неколку секунди да влезам во C:\. Затоа ја растурив ареата и ги заменив тие две за едно 970 Evo Plus 1TB кое работи доста подобро од двете 500-ки 970 Evo во RAID 0.
     
    Последна промена: 15 ноември 2019
    GGTT1, Ace Lud, andsa и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,365
    3,074
    24 Септември 2012
    Пред се RAID5 има премногу запишувања за да е корисен за SSD. Ќе ги гњави непотребно. Која е воопшто идејата за таков систем? Да се добие простор? И порано и сега се знае дека не се меша брзина и простор. RAID5 се користи за сториџ обично, пришто главната работа се работи на RAID1. Во случајот со SSD тоа е уште поизразено и може да се дозабрза тој RAID1 момент и да се побрзи програмите. Веќе има 1TB дискови SSD и доколку ти треба ултрабрз пристап од SSD за нешто што е повеќе од 1TB, а неможе да се подели на 2-3 диска треба сериозно да се размисли логиката на тој систем. Понатаму е прашањето за колкав број на дискови се работи?

    Треба да се размислува во насока на RAID 1 0 пред се со SSD дискови, а од страна да дремат 5-6 говеда 3.5инчни во RAID6.
     
    olikomerc, andsa и на Astro им се допаѓа ова.
  4. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,628
    1,398
    27 Јануари 2011
    Машко
    RAID 5 се користи за редундантност, за сигурност на податоци.
    ОП да напише поубав посто со објаснување што планира да работи, каква конфигуравија сака итн итн.
    Во спротивно ке се развие дискусија која не води никаде т.е. што би било ако си мислел на ова или она.
     
    На Astro, itstheigyg, moongose и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. andsa

    andsa
    Intern

    9
    0
    11 Декември 2009
    Планот е да се купи нов сервер кој е планиран за DC, а поради тоа што на претходниот дисковите многу често му кородираа да се земе сега со SSD дискови и да се конфигурира во RAID
     
  6. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    921
    463
    5 Јуни 2007
    Машко
    У подрум ли е чуван серверот па кородирале дисковите или "кородирале дисковите" значи нешто друго у ИТ термин ?
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    433
    1,278
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    Интел има специјализирани ССД дискови за DC, лично имам користено Intel S3700 околу 3 години без никакви проблеми. Тогаш Интел гарантираше дека S3700 може комотно да издржи 10 записи дневно цели 5 години односно околу ~18.000 записи или од 5 до 7 петабајти.

    Новите серии S4xxx (D3-S4610) веќе гарантираат 22 петабајти или нешто малце над 70 илјади записи.

    Една многу битна работа е дека кога се работи за DC не се штеди и не се зима колку да се земе.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  8. andsa

    andsa
    Intern

    9
    0
    11 Декември 2009
    Не него зидовите се од гипс и некоја хемикалија ... чисто како опција го размислуваме ова со SSD . Дали се исплати и кој е бенефитот, дали е голема разликата во цена,дали е безбедно, дали е добра замена и слично..
     
  9. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,628
    1,398
    27 Јануари 2011
    Машко
    Прво премачкајте ги ѕидовите со некоја боја која нам да дозволи понатамошно трошење на гипс во воздух. Како само ХДД биле зафатени со корозија а не идругите компоненти?
    Ке конфигурирате РАИД 1 т.е. мирор од 2 ССД диска.
     
    На andsa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,072
    12,643
    23 Јануари 2008
    Манга
    Проблемот со гипсот и хард-дисковите е со стари модели на хард-дискови при што им кородираа плочите со електроника. Кај новите тој проблем е надминат. Инаку нема никаква разлика меѓу ССД и ХДД од тој аспект, и двата имаат плочи со електроника.
     
  11. Astro

    Astro
    Guru

    6,178
    8,518
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Извадете ги неквалитетните УПС-и од сервер ракот и нема да ви кородираат дисковите.
    Ќе ти пратам трансакциска сметка во ПП да ми пуштите 200 евра за советов. Read The Fucking Manual
     
    На HocusPocus му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. Freaker
    Одговори:
    21
    Прегледи:
    2,290
  2. prichina
    Одговори:
    21
    Прегледи:
    2,492
  3. Veljance
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    1,288
  4. Глупав
    Одговори:
    22
    Прегледи:
    1,242
  5. philldm
    Одговори:
    14
    Прегледи:
    473
Вчитување...

Сподели

Вчитување...