• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

SEO (Search Engine Optimization)

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
SEO значи да ја оптимизирате Вашата веб страница, за да може лесно да ја најдат пребарувачите (Yahoo, Google...), а кај многу бројните резултати од пребарувањето Вашата страница да се наоѓа што погоре, односно помеѓу првите.
Тоа е многу сложен процес кој бара многу познавања, истражувања, активности.
Една од најважните работи кои треба да се знаат е дека пребарувачите многу често ја менуваат логиката за избор на резултатите, односно цело време ги надоградуваат правилата и додаваат нови. Проблемот е што тие јавно не кажуваат што промениле туку тоа се дознава со истражување и цело време пратење на случувањата со резултатите од пребарувањата. Но со тоа Вие не треба да се замарате премногу бидејќи има доволно луѓе што ги истражуваат и пратат тие работи и доволно е да ги читате новите истражувања кои ги објавуваат одвреме навреме и да се апдејтовате со нови информации.
На следниов линк http://www.trendmx.com има детално информации, алатки, книги кои се бесплатни (има и со пари) и може да ги искористите.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #2

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Лекција бр.1 - Подготовка на сајтот

Ова се главните работи кои треба да ги обрнете во изработката на сајтот.
* Менито односно интерната навигација треба да е со статичен текст. Употребете CSS место image roolover, flash button, java. За мени може да се употреби и DHTML.
* Рамките (frames) треба да ги избегнувате, пребарувачите веќе напредуваат во поглед на добри резултати на сајтови кои се со фрејмови но не сите.
* Flash анимации користите умерено. Проблемот кај страниците кои се изработени во Flash е тоа што неможе да се користи bold, heading, italicize keywords со што на search енџините им помагаме подобро да ја разберат страницата и подобро да ја инкедсираат.
* Сликите треба да се користат за илустрација, а не за главна навигација или за прикажување на текст.
* Големината на страницата и времето на отворање не е битно за SEO но битно е за корисниците, бидејќи немаат сите брз интернет и може да се случи да излезат од страницата пред таа целосно да се вчита.
* Користете валидатор http://validator.w3.org за да бидете сигурни дека кодот Ви е без грешка. Search engine-ите ги опростуваат овие грешки, но Вие секогаш трудете се тие да се минимални.
* Користење на CSS е препорачано со цел да се направи HTML кодот што повеќе читлив.
* Broken link до страниците и сликите несмее да има. Тие им кажуваат на Search engine-ите дека е неквалитетен сајтот, плус и срамота е.
* Image maps не се Search Engine Friendly, бидејќи во главно не се во можност да ги следат линковите.
* На крај ставете Site Map, но внимавајте, на една страница не смее да има повеќе од 50 линка.
* Ако сте во можност додате Site Search Tool на вашиот сајт. Преку него исто така ќе можете да пратите што сакаат да најдат корисниците на Вашиот сајт.
* Внимавајте на хостинг компанијата, не смеете да дозволите да се случи цел ден или повеќе денови сајтот да е DOWN. Може Search Engine-ите да исклучат некои страници или цел сајт од нивните резултати.

Тоа е се за првата лекција, се надевам дека ќе помогне на некого, наскоро ќе следува лекција 2 - оптимизација на сајтот.
 

Vavo

Intern
20 октомври 2007
270
15
Skopje
Добро е. Не сите од овие влијаат на рангот на страната но и квалитетот на страните си имаат своја улога во успехот на сајтот..и да ...флеш фанатици..сфатете дека флеш е за анимирање на одредени работи кои мора такви да бидат..а не цел сајт еден дебел мрсен swf фајл да биде. :))
 

Voya

Intern
11 април 2008
96
8
Забелешки

Google НЕ парсира CSS. Дали ке користиш onmouseover ili css a:hover е сосема исто, и нема ефект фрз сео.

Не е проблем и да користиш нормално слики за мени/навигација, доколку ставиш и текст на нив и притоа го скриеш со CSS ili DHTML ( display:none; *visibility:hidden прави проблеми со маргините )

Google парсира (чита) флеш. Се разбира, доколку текстот шо го ставаш е динамички, а не статички. Разбира исто како и нормален хтмл, мислам на стронг, емфазис и слично.

Позз
 

Vavo

Intern
20 октомври 2007
270
15
Skopje
Разбираат флеш ама тоа не е тоа. Не е тоа формат за да презентираш текст содржина.

Флеш треба само за одредени типови сајтови..и има сајтови кај што не треба да го има воопшто.

Ова е мој став и на повеќето луѓе што им треба сајт со кој ќе заработат нешто преку него..не луѓе кои сакаат посетителите да чекаат 2 мин на некоја анимација за да стигнат до контакт страната и таму телефонот да не можеш да му направиш copy/paste за да го ставиш во адресар. Имам многу глупости видено вакви така да ако нема потреба ...не се мачи со флеш
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Меѓу лекција

На еден веб сајт сретнав дека Favicon(favorites icon) било важно за СЕО, дека пребарувачите "давале поени" за оние страници кои го имаат односно ги сметале како поквалитетни страници. Favicon е иначе она мало иконче кое се јавува пред местото каде се пишува http или на почеток од табовите.
За да вметнете Favicon на вашите страници треба во head делот да го додадете следниов код:
<link rel="shortcut icon" href="favicon.ico" type="image/x-icon" />
Икончето, ако немате некое програмче со кое можете да го направите, има on-line генератори колку што сакате. Јас го користам овој: http://www.favicon.cc брз, едноставен, практичен.

Друга работа е дека search enginite гледаат колку е стар домеинот, и "даваат поени" за што постар домеин.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Не е проблем и да користиш нормално слики за мени/навигација, доколку ставиш и текст на нив и притоа го скриеш со CSS ili DHTML ( display:none; *visibility:hidden прави проблеми со маргините )
Битна работа е линкот да биде на текстот, а не на сликата. Search enginite не можат да го читаат текстот кој е вметнат како линк па така да го следат.
 

Voya

Intern
11 април 2008
96
8
Битна работа е линкот да биде на текстот, а не на сликата. Search enginite не можат да го читаат текстот кој е вметнат како линк па така да го следат.
Па батка, и онака го криеш текстот, така да ни најмалку не е проблем за да го ставиш и него во линк.

Што се однесува до флеш, се согласувам со Vavo. Не можеш да идеш на блогинг и со флеш, али моментално е, и станува уште популарен, поради интерактивноста која ја има. Овде ние ке чекаме по 1-2 мин за анимација, али на запад фурат бе братче со брз интернет, нема чекање. Кога јас би бирал, нормално би бирал нормален сајт, но еве, има утеха и за флешерите сега.:bravo:
 

Пеон

Intern
13 март 2008
75
1
E super za temava bas sakav da prasam neso. Znaci, momentalno sreduvam eden template kojsto e tocno kako so kaza Vavo "еден дебел мрсен swf фајл". Mu sugerirav tocno toa na klientot, no toj zapnal da e toj sajt i toa e. Barav nekakvi informacii po net za optimizacija na Flash strana ama pak nekako ne mi e jasno. Moze nekoj ako znae nesto poveke da pomogne.
Fala pozdrav
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,560
Мислења
823,349
Членови
28,067
Најнов член
Dacmac92
На врв Дно