1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

SEO - Q&A // Трикови // White Hat // Black Hat // генерална дискусија

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од Fatal1ty_, 17 Јули 2013.

  1. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,446
    25,338
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Веќе некое време се занимамвам со проблематиката на оптимизација на сајт и индексирање од страна на пребарувачите. Па инспириран од таа цел ја отварам официјална тема за SEO оптимизација каде ќе можеме да си дискутираме на ова прашање, да споделуваме искуства, трикови, софтвер, да поставуваме прашања и даваме одговори.

    Доколку има заинтересираност спремен сум да направам и туторијал за да го олесниме оптимизирањето.

    Едно прашање од мене дали вреди да се вложува во SEM?

    Поздрав
     
  2. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,038
    6,877
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    SEM - Зависи од таргетот, од контекстот и слично. Имав една страна за OpenSource Symbian софтвер пред некој 4 години, имаше доста материјал. Пуштив реклама преку AdWords и видов огромен трафик во тие 3 месеци, меѓутоа само околу 10% од тие нови корисници се навраќаа и покасно, останатите претпоставувам нашле што им треба и заборавиле на сајтот.

    Од друга страна кога имав пуштено на Фејсбук реклама со специфичен таргет на Американци и Европјани видов многу повеќе корист. Тоа фејсбукот се шири како мрежа од пајак па и откако заврши рекламата гледав како иде нов трафик од пријатели на тие што ја лајкнале страната.

    SEO - И да и не. Ако страната има добар original content, дури и да нема некои специјални оптимизации, ќе добие добар Page rank со тек на време. Ако е нова страна ондак е паметно да се прави, rich snippets, structured data, metalink, opengraph сето тоа придонесува кон појасно индексирање. Едно нешто што ми станало јасно само по себе е дека неможеш да го натераш google да те индексира побрзо, ма што сакаш прави тоа е тоа. Google Page Rank > се друго, па дури и страни без SEO url форматирање ќе искачаат многу погоре во срчот ако имаат поголем ранг. Барем јас такво искуство сум имал.

    Фејсбук, твитер, гугл+ - сите овие ќе придонесат кон зголемување на pagerank ако страната е поврзана со нив и автоматски (или рачно) паралелно се постираат новите постови од страната. Гугл мери линкови кои водат кон страната и на тоа дава поени.

    Opengraph е важен за фејсбук пошто одделот за девелопмент го водат морони. Еве пред некое време решија да ако сликата во OG:Image тагот е помала од 200х200 пиксели, комплетно ја игнорира и влече некоја рандом слика на која што ќе налета при шерување (со кој памет еееј рандом). Дури и да користиш OG:Image 1, OG:Image 2 итн, ако првата е со помали димензии ги игнорира сите комплет и пак влече некоја рандом слика (логото на сајтот на пример). Ова е проблем ако години уназад си користел featured image со димензии да речеме 100х100 од типот на икона пред секој артикл. Еве едноставен пример за ова, користејќи го дебагерот на фејсбук ставаме една рандом страна од it.com.mk, истиот наоѓа 3 грешки од кои едната е og:image should be larger иако сликата во тагот е 536х354 пиксели, доволно поголема од наложените 200х200. Идиотски е.

    Среќа што it.com.mk нема големо лого иначе можеше и тоа да се погоди како replacement наместо втората слика од артиклот.

    Google+ го нема овој проблем, уредно си превзема една слика од артиклот дури и да немаш Opengraph.

    [Едит]
    Да додадам, гугл од пред извесно време почна да ја зима в предвид и брзината на веб сајтот кога прави скорови и ранкови. Ова би било добро да на пример не зависиш од нивните реклами, amazon рекламите и слично кои се хостирани кај нив и сите се javascript а несмееш буквално ништо во кодот да смениш. Користејќи го нивниот Google Page Speed тест, на една моја веб страна, ми сугерира да направам DeferLoading JS, на скриптите за реклами на adsense. Ако го додадам тоа што го сугерира Google во <script> </script>, ќе попијам бан од адсенсе. И сега гугл дава пејџ спид ранк од 66/100 заради јаваскриптите од адсенс и амазон, и сугерира измени што се противречат со нивните правила. Глупости.

    [Едит2]
    Ај пошто се распишав да наведам линкови што секој вебмастер мора да ги знае и работи.
    Google Analytics
    Google WebMaster Tools
    Webpagetest.org
    Google Page Speed
    Facebook developers
    Twitter developers
    Firebug
     
    SiPy`, Necromancer и на Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  3. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,446
    25,338
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Одличен елаборат ARMac. Јас еве некое време интензивно (по 4-5саати) дневно работам на SEO на http://itberza.mk и можам да ти кажам дека осеќам мала разлика во трефик. SEO е работа која бара време и упорност. Истражувањето е клучно за успех во индексирањето на страниците на гугл и другите прбарувачи.
    Фејзбук исто така ми донесе многу постојани корисници...но сепак бара финансии.
     
  4. Smoking4e

    Smoking4e
    Gaining Experience

    372
    51
    19 ноември 2008
    иако темава е стара, БАРАМ оптимизатор (wordpress plugin), со кој ке ги средам проблемите што ги имам.

    секоја помош е добродојдена.
     
  5. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,603
    4,519
    23 Јуни 2015
    Машко
    Има воља да се оживее темава?
     
  6. Piwcho

    Piwcho
    Gaining Experience

    394
    254
    13 Јули 2015
    Машко
    Жaлнo е вaквa темa дa немa ниту еднa стрaнa

    Sent from my LG-D855 using Tapatalk
     
    На SiPy` му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,603
    4,519
    23 Јуни 2015
    Машко
    Сликава е од 2013, ја прикачив бидејќи можеби ќе му помогне на некого. Знам дека има работи кои што се изменети и нон-стоп еволвираат и се прават нови приоритети. SearchEngineLand-Periodic-Table-of-SEO-2013-large.png
     
  8. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    892
    1,070
    9 Јуни 2011
    Машко
    Daааamn момци, ИТ форум, а немаме тема (коментари) на тема SEO ?
    Веројатно работите се смениле доста од 2013-та кога @Fatal1ty_ ја има започнато темава, но ако заинтересирани - ајде да ја живнеме темава, м?
     
  9. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,446
    25,338
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Нормално дека нема, во ваква тема трeба да се води нормална дискусија, тука не може да си ги мерат и да тролаат...уште помалку да пукаат сеир. Што не е јасно? Нормални теми губат популарност на форумов после 24 часа од нивно отварање, дедека се останато е вечно!
    За жал :(
     
    На pipelin, DonFrozex, DareDevil и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...