Денеска Sennheiser ги најавија новите HD560S Over ear Open back слушалки, и според досегашниве првични рецензии изгледаат како најдобра опција во рангот на слушалки до 200 Евра (во моментот на ова пишување), дури според реакциите би рекол дека дури и во повисоките ценовни рангови добро се носат и со поскапи слушалки.
Чим DMS ги пушти низ вода неговите омилени Bayerdynamics DT880 600 Ohm, тоа кажува се, туку кај и на мене ми ги поремети плановите да правам комбинација на истите DT880 600 Ohm со Emotiva BasX A-100 (50W по канал појачало со фабрички свич целата снага да ја испорачува на излезот за слушалките, каде само појачалото чини колку HD560S). Туку сега што да правам со HD660S што ги земав во април истава година, HD560S се 40% од цената на HD660S со слични перформанси. Ако frequency response им е сличен како на DT 880 600Ohm, AKG 702 и HD660S тогаш HD560S како изразено нај неутрални слушалки ќе бидат и најоптимален избор (иако се за околу 60~70 Евра поскапи од DT880 и AKG702) за најразновидни Gaming ситуации.
Она што останува да се види во следниот период е што ќе покаже frequency response графата кај најновиот модел на слушалки од Sennheiser, доколку биде слична на следниве графи:
Ќе чекаме резултати од innerfidelity, но доклку е слична на овие погоренаведените тогаш ќе имаме добитна комбинација за одлична слушалка како за уживање во музика така и со големи можности за дополнително тјунирање за гејминг во различни жанрови.
Една специфична намена на пример, за мене и зошто се одлучив да ги земам на времето Sennheiser HD660S, е флексибилноста со APO Equalizer и со HeSuVi плугинот за APO да се исфилтрираат „непотребните“ звуци во FPS игри. Длабоките и превисоките тонови да се намалат или дури и комплетно да се изолираат, специфично за мене најмногу бенефит имам во Escape from Tarkov што кога имам слободно време многу го играм, и да се добие компететивна предност против противниците.
На пример моите поддесувања се следните, во APO Equalizer првично го поддесувам според innerfidelity over ear Harman таргетот.
После тоа во HeSuVi следат подесувањата, во Virtualization табот одам со Atmos- (минусот е за означување дека е без reverb опцијата) за да го елиминирам ехото во затворени простори.
Под Equalizer табот, веќе кога ми се „неутрализирани“ HD660S со innerfidelity EQ-то од погоре, тука веќе почнувам да си играм со „филтрирање“ на звукот во играта со аплицирање на frequency response од посолидните IEM слушалки на Sennheiser, најдобар резултат до сега имам забележано со IE 8 HP и IE 80 S o90 профилите. Според графата можете да видите дека Најдлабоките и Највисоките тонови понираат драстично и во играта се добива ефект на затишување на позадинските звуци како шумолење на гранките на дрвата и грмушките, или на позадинскиот шум на електричната опрема во затворените мапи во Тарков, што кога не се третирани на ваков начин на моменти можат комплетно да ги надјачаат побитните звуци во играта. Од друга страна говорот и чекорите стануваат толку јасни што можете да одредите насоката, дистанцата и елевацијата на противникот далеку пред тој да ве чуе вас.
Една од причините за изборот на HD660S беше токму широкиот sound stage и imaging што го обезбедуваат и во комбинација со погоренаведените поставки се ненадминливи за вакви Custom поддесувања во различни комбинации за различни звучни решенија. (На пример со HE 60 IF профилот може да го симулирате звукот на Baby Orpheus слушалките од Sennheiser, резултатот е по „сочен“ звук за поголем immersion во игрите и за по „топол“ звук во музиката)
Искрено се надевам дека HD560S се на добар пат да ги заменат HD660S (за 60% пониска цена) и постои голема веројатност да станат златен стандард во иднина за "Go to" слушалки за сите што се заинтересирани од medium до high end gaming слушали во тој ценовен ранг.
Посебна благодарност до @Андреј @TheMarshal @InSides и останатите членови на аудиофилските муабети кои со совите дискусии ми дадоа идеи и сугестии директно и индиректно за одредени решенија кои ги применив за да дојдам до саканиот резултат во секојдневната употреба на моите решенија за уживање во музиката и генерално звукот кој излегува од опремата што ја користам.