• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

“Сенки” на Манчевски во конкуренција со уште 30 европски филмови за Оscаr

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

sonic

Intern
13 ноември 2007
529
5
За изборот на најдобар филм надвор од американските филмови за Оscar од секоја земја е побарано да пријави еден фил кој има играно во кината во периодот од 1 октомври 2006 до 30 септември 2007 во својата држава.Направена е листа и е официјално објавена од страна на Академијата за Филмски Науки на 18-ти октомври.Потесните номинации ќе бидат пак објавени на 22-ри јануари 2008,а спектакуларниот Oscar ќе биде одржан на 24-ти февруари.
Само 5 филма ќе бидат номинирани во оваа конкуренција “Најдобар Странски Филм” изберени во конкуренција од филмови од целиот свет.​




Еве кои се филмовите од Европа :


# Ireland - Kings from Tom Collins
# Iceland – Myrin (Jar City) from Baltasar Kormákur
# Norway – Tatt av kvinnen (Gone with the Woman) from Petter Næss
# Denmark – Kunsten at græde i kor (The Art of Crying) from Peter Schønau Fog (the film and director's blog, in English)
# Sweden – Du levande (You, the Living) from Roy Andersson
# Finland – Miehen Työ (A Man's Job) from Aleksi Salmenperä
# Estonia –Klass (The Class) from Ilmar Raag
# Germany – Auf der andere Seite (The Edge of Heaven) from Fatik Akin
# Netherlands – Duska from Jos Stelling
# Belgium – Ben X from Nic Balthazar
# Luxembourg – Perl oder Pica (Little Secrets) from Pol Cruchten
# France – Persepolis from Marjane Satrapi and Vincent Paronnaud
# Spain – El orfanato (The Orphange) from Juan Antonio Bayona
# Portugal – Belle toujours from Manoel de Oliveira
# Italy – La sconosciuta (The Unknown Woman) from Giuseppe Tornatore
# Slovenia – Kratki stiki (Short Circuits) from Janez Lapajne
# Austria – Die Fälscher (The Counterfeiters) from Stefan Ruzowitzky (read our q&a with the team of Die Fälscher)
# Switzerland – Die Herbstzeitlosen (Late Bloomers) from Bettina Oberli
# Czech Republic – Obsluhoval jsem anglického krále (I Served the King of England) from Jirí Menzel
# Slovakia - Návrat bocianov (Return of the Storks) from Martin Repka
# Hungary – Taxidermia from György Pálfi
# Russia – 12 from Nikita Mikhalkov
# Poland – Katyn from Andrzej Wajda
# Bulgaria – Pazachyt na myrtvite (Warden of the Dead) from Ilian Simeonov
# Romania – 4 luni, 3 saptamini si 2 zile (4 Months, 3 Weeks and 2 Days) from Cristian Mungiu (read our interview with Cristian Mungiu)
# Croatia – Armin from Ognjen Svilicic
# Serbia and Montenegro – Klopka (The Trap) from Srdjan Golubovic
# Macedonia – Senki (Shadows) from Milco Mancevski
# Bosnia and Herzegovina – Teško je biti fin (It's Hard to Be Nice) from Srdjan Vuletic
# Greece – Eduart from Angeliki Antoniou
# Turkey – Takva from Özer Kiziltan​


извори : FilmJournal.net и European-Films.net
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Манчевски доста добро ја претставува нашата земја со неговите филмови. Секоја чест.
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Секоја чест за Манчевски. Првиот пат "Пред дождот" беше номиниран за Оскар. По втор пат со "Сенки" успева да дојде до номинација за Оскар. :bravo::bravo:
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Update:
СЕНКИ на Милчо Манчевски, не успеа да се номинира за престижната филмска награда ОСКАР за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. Според USA Today, од 63-те кандидати за номинација во потесниот круг во оваа категорија се пласирале: Австрискиот Кантерфајтерс, Бразилскиот The Year my parents went on vacation, Days of darknes од Канада, како и филмовите од Израел и Италија, Казахстанскиот Монгол, Катин од Полска, 12 на Русија и Српскиот Стапица.
Кој од овие 9 филмови ќе влезе во 5 номинирани ќе биде познато во вторник кога ќе бидат објавени номинациите за сите категории.
Сенки и покрај кампањата финансирана од Владата не успеа да се избори за номинација во трката со 63 филмови од целиот свет.
Доделувањето на Оскарите по традиција е последниот вторник од февруари месец.
:plachko2:
Извор: Сител
 

Marko

Баниран/a
16 јануари 2008
106
1
Во Македонија се снимени филмови кои биле хит во холивуд пред 20тина години. Така да не се ни надевајте дали ќе се номинираме за оскар некад.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Не е до Манчевски, други работи се во прашање.
А "Сенки" е феноменално остварување, браво за Милчо. Верувам дека сепак еднаш ќе му се посреќи!
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

sonic

Intern
13 ноември 2007
529
5
Ок сепак филмот е феноменален а тоа е доволно за мене и верувам и за сите вас :)
и онака Оскар за мене не е толку веродостоен за избор на филмови :)
 

dani_janev

Intern
19 април 2007
280
7
Aj malce i od mene za Senki.
Spored mene najlos film na Mancevski koga ke go sporedam so Pred dozdot ili Prasina. Moze Milcho si postavi visoki standardi pa sea barame mnogu poveke...kako i da e.
Eve nekolku pricini zosto:
1. Prikaznata na celiot film e tolku povrsna...ne tolku scenarioto kolku akterite ne uspevaat da ja dolovat.
2. Dodeka sme kaj akterite...glumata bese tolku plitka...nemase nikakva dlabocina...slabi i mlitavi dijalozi...(sporedete samo so Pred Dozdot)...posebno glavnite ulogi...ne znam koi akteri se...sekoja cest na Sabina Ajrula i Salaetin Bilal ...t.e. postarite akteri
3.Koja politicka konotacija ja imashe filmot? stvarno ne znam...egejcite...vo isti kosh so erotika i detski horor ?!
4. Za kraj mislam celata tema na filmot e neobrabotena kako so Milcho toa znael.
 

DynamicMK

Gaining Experience
11 април 2007
1,635
181
Не сум го гледал филмов и нема да коментирам. Ќе кажам само дека ми е жал и ќе беше добра промоција на Македонија доколу беше номиниран...
 
M

Mr.Alien

Гостин
@dani_janev

Секој има свое видување, секој гледа на работите од свој агол, па е нормално да има и спротивставени мислења. Тоа е ОК, и го поздравувам.
Што се однесува до дијалозите и глумата...сметам дека тука улога игра и искуството на актерите и самото сценарио, нели?
Сепак, треба да се пружи шанса и на младите актери да се искалат и докажат.
А самата приказна таква каква е не остава некој простор за длабоки мисли и дијалози. Сметам дека тука истите се добро одмерени...поискусен глумец МОЖЕБИ тоа би го направил подобро...но тоа не можеме да го знаеме, така?
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Самиот Милчо имаше изјавено дека филмот нема да им се допадне на американската академија и дека не очекува кандидатура за оскар. Човекот не прави комерцијални филмови...
 

drowsy

Intern
11 април 2007
229
6
Во Македонија се снимени филмови кои биле хит во холивуд пред 20тина години. Така да не се ни надевајте дали ќе се номинираме за оскар некад.
Ne se soglasuvam so tebe. Kako prvo filmovite shto se pravat u makedonija imaat malce poinakva struktura i toa ne samo vo makedonija tuku i vo ostanatite bivshi jugoslovenski republiki.Znachi shto sakam da kazham... Skoro 90% od filmovite napraveni tuka se so voena sodrzhina... znachi mnogu monotonost i vekje videni temi.
Moe mislenje: Za da napreduvame u filmskata industrija mora da bideme originalni i da se otrgneme od prikazhuvanje voeni temi na filmovi.
A za Milcho Manchevski mozham da kazham deka e megju najdobrite svetski rezhiseri i ima postignato mnogu vo svojata kariera.

P.S Za da bide filmot dobar treba da se odraboti originalno.Sakam da kazham toa shto spomna za Hollywood nema vrska.Tie mozhebi imaat najgolemi finanski sredstva i najdobra oprema, no ima 100 pati podobri evropski filmovi snimeni so amaterska kamera. (zavisi na koj nachin gi gledash ti filmovite)
Na kraj se e do vkusot. Srpska Pogovorka: O ukusima se neraspravlja. :)
 
M

Mr.Alien

Гостин
Во секој случај, СЕНКИ многу повеќе ми се допадна од ПРЕВРТЕНО.
 

jpetrov

Intern
19 мај 2007
136
0
Самиот Милчо имаше изјавено дека филмот нема да им се допадне на американската академија и дека не очекува кандидатура за оскар. Човекот не прави комерцијални филмови...
Па зошто побогу побара буџетски пари за промоција на избор на Оскар?
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Па зошто побогу побара буџетски пари за промоција на избор на Оскар?
Не знам :) Прашајте го него :)
Инаку во дневник имаше интервју и имаше кажано нешто во стилот - познавајќи го жирито мислам дека Сенки нема да влезе во конкуренција за оскар...
 

Marko

Баниран/a
16 јануари 2008
106
1
Ne se soglasuvam so tebe. Kako prvo filmovite shto se pravat u makedonija imaat malce poinakva struktura i toa ne samo vo makedonija tuku i vo ostanatite bivshi jugoslovenski republiki.Znachi shto sakam da kazham... Skoro 90% od filmovite napraveni tuka se so voena sodrzhina... znachi mnogu monotonost i vekje videni temi.
Moe mislenje: Za da napreduvame u filmskata industrija mora da bideme originalni i da se otrgneme od prikazhuvanje voeni temi na filmovi.
A za Milcho Manchevski mozham da kazham deka e megju najdobrite svetski rezhiseri i ima postignato mnogu vo svojata kariera.

P.S Za da bide filmot dobar treba da se odraboti originalno.Sakam da kazham toa shto spomna za Hollywood nema vrska.Tie mozhebi imaat najgolemi finanski sredstva i najdobra oprema, no ima 100 pati podobri evropski filmovi snimeni so amaterska kamera. (zavisi na koj nachin gi gledash ti filmovite)
Na kraj se e do vkusot. Srpska Pogovorka: O ukusima se neraspravlja. :)
Па, ок, на некој начин и јас го мислев истото ама поинаку го кажав. :))

:bravo:
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Оф топик::tainstven:
Само колку за информација денес беа објавени се номинациите со имињата на кандидатите за Оскар кој ќе се одржи на 24 февруари:

Најдобар главен актер:
Џорџ Клуни (Мајкл Клејтон)
Даниел Деј-Луис (Ќе падне крв)
Џони Деп (Свини Тод)
Томи Ли Џонс (Во долината на Елах)
Виго Мортенсен (Источни ветувања)

Најдобар спореден актер:
Кеси Афлек (Убиството на Џеси Џејмс од кукавицата Роберт Форд)
Хавиер Бардем (Нема земја за старци)
Филип Сејмур Хофман (Војната на Чарли Вилсон)
Хал Холбрук (Во дивината)
Том Вилкинсон (Мајкл Клејтон)

Најдобра главна актерка:

Кејт Бланшет (Златните години на кралицата Елизабета)
Џули Кристи (Подалеку од неа)
Мерион Котијар (Животот во розово)
Лора Лини (Дивјаците)
Елен Пејџ (Џуно)

Најдобра споредна актерка:
Кејт Бланшет (Не сум таму)
Руби Ди (Американски гангстер)
Сеарс Ронан (Покајание)
Еми Рајан (Крај маче крај)
Тилда Свинтон (Мајкл Клејтон)

Најдобар цртан филм:

Персеполис
Рататуј
Напред сурфери

Најдобар режисер:
Џулијан Шнабел (Скафандерот и пеперутката)
Џејсон Рајтман (Џуно)
Тони Гилрој (Мајкл Клејтон)
Џоел Коен и Итан Коен (Нема земја за старци)
Пол Томас Андерсон (Ќе падне крв)

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје:
Бофор (Израел)
Фалсификатори (Австрија)
Катин (Полска)
Монгол (Казахстан)
12 (Русија)

Најдобар филм:
Покајание
Џуно
Мајкл Клејтон
Нема земја за старци
Ќе падне крв

Адаптирано сценарио:
Кристофер Хемптон (Покајание)
Сара Поли (Далеку од неа)
Роналд Харвуд (Скафандерот и пеперутката)
Џоел Коен и Итан Коен (Нема земја за старци)
Пол Томас Андерсон (Ќе падне крв)

Оригинално сценарио:
Диабло Коди (Џуно)
Ненси Оливер (Ларс и вистинската девојка)
Тони Гилрој (Мајкл Клејтон)
Бред Брд, Јан Пинкава, Џим Капобјанко (Јуху-ху)
Тамара Џенкинс (Дивјаците)

Повеќе: Oscar nominees 2008
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,572
Мислења
820,929
Членови
28,236
Најнов член
Bubce30
На врв Дно