1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Semos Microsoft Web Developer

Дискусија во форумот 'ИТ Сертификација' започната од NIKIHACK, 2 Јуни 2012.

  1. NIKIHACK

    NIKIHACK
    Intern

    438
    27
    10 Февруари 2008
    Машко
    Информатичар со стил :)
    Здраво на сите,
    Значи одлучив летово да одвојам кој денар, да одам на некој курс од нашава свера на интереси, и некако најдобра ми изгледаше понудата за Microsoft Web Developer во Семос, нешто ко демек стипендија некоја од нив 900е и си доплаќаш 1128е , 4 курса се се на се.
    Е сеа со оглед на тоа дека сум на УГД студент 3та година, фајде за работа од таа диплома многу многу не гледам, а според мене мислам дека сум доволно навлезен во овие програмерски води, па според вас, колкави се шансите за успех, и наогање на работа по завршување на курсот, и евентуално полагање за сертификатите за истите?
    Значи трупа сумарум:
    1) Дали нешто може да се научи на курсевите
    2) Дали шансите за вработување се зголемува од истиот
     
  2. Fearless

    Fearless
    Gaining Experience

    748
    179
    22 Јули 2009
    Машко
    1. Да
    2: Да, ако квалитетно ги следиш, се усовршуваш самостојно и не работиш на памет

    И со семос имам многу квалитетно и позитивно искуство, така да во врска со ова ако ти треба нешто дополнително можеш да ме прашаш.
     
  3. DaciSS

    DaciSS
    Gaining Experience

    949
    286
    3 Јануари 2008
    Машко
    Systems and Network Administrator
    Нема зијан од знаење, така да и за 1 и за 2 одговорот ти е ДА.

    Не сум запознаен конкретно со програмерски сертификати, ама во глобала селдам сертификати за мрежи.

    Сертификатите во глобала се многу добра работа, не учиш само теорија, него буквално учиш да направиш нешто, ја учиш праксата, со други зборови да имаш 0 искуство од програмирање, за 1 месец ќе се осеќаш ко веќе година дена да си во тие води.

    Битна ствар, таа изгор цена од 1000+ евра, тоа е цена што си ја плаќаш ти за обуката и во секоја школа си е различна, тоа ти е спремањето, за завршена обука ќе добиеш некоја неважечка диплома, после тоа си полагаш индустриски сертификат, цената на тој сертификат е иста во секоја школа, и дипломата не ти ја дава школата, него микрософт директно по пошта ти ја праќа.

    Микрософт се најевтини сертификати, 70-130$ по испит, така мислам нешто беа цените, може овие 4 испити да ти се вклучени во тие 1000евра горе, а може и не, тоа да си се распрашаш.

    Ако можеш сам да учиш , најдобро е земи си ги книгите научи си дома плати си го само испитот и ќе имаш валиден сертификат за многу по ефтини пари.

    Исто битно е колку време траат сертификатите, гледам често се убрзани курсеви во 2 недели т.е. книга од 700 страни за 2 недели, значи само ќе те истрчаат и пак се дома сам ќе учиш, каде дома да речеме 1-3 месеци ќе ти требаат ако си ептен загреан.

    Незнам колку време траат сертификативе од МС, мислам додека им важи технологијата, а обично животниот век на мс технологија е 10 години.

    Сам да учиш, да ги купиш книгите оригинали и да си ги платиш испитите ќе те кошта да речеме околу 300 евра, за школа со попуст плаќаш 1000+ евра, па види дали ти се исплати.

    Конкретно јас Циско терам. 1 курс да слушаш кошта 1000евра, а 250$ за испит . Првиот сертификат го слушав на курс за да се уходам како идат стварите (мада и тогаш како студент на пмф имав попуст, па 350евра платив), после тоа се само selfstudy терам бидејќи е многу многу поевтино.
     
    StalkeR, IntelAmd и на Pinceta им се допаѓа ова.
  4. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,558
    1,296
    27 Јануари 2011
    Машко
    Со СЕМОС има позитивно искуство. Кога ги полагав испитите на Microsoft не ги слушав сите само некои. И ја видов разликата помеѓу учење дома и следење на курс. Предност на учење дома е заштеда на пари и тоа огромна. А за следење на курс имаш други предности, се разгледуваат вистински сценарија, доколку работиш или имаш познавање од таа облас поставуваш прашања т.е. проблеми со кои си се сретнал и една од најбитни работи е комуникација со курсисти кои работат во разнични фирми и работат на различни околини и размена на информации е од огромна важност за твојот напредок ( можеби и вработување :) )
    Нормално по завршување на курсот продолжуваш комуникација со предавчите и може да ги контактираш за некој проблем кој ке ти искрсне при имплементација на Microsoft продукти.
    Инаку во цена на курсот вледува и курсот, се добива ваучер и го користиш кога сакаш во наредните 6 месеци ( така беше, сега можсеби е променето).
    Како што кажаа погоре се што е вложено во едукација не е вишок.
    Сертификатите на Microsoft се меѓународно признаени и се ценети.
     
  5. NIKIHACK

    NIKIHACK
    Intern

    438
    27
    10 Февруари 2008
    Машко
    Информатичар со стил :)
    фала на искрените одговори, и мило ке ми биде уште некој да го сподели своето мислење. Инаку бев во семос на разговор, и за сертификатите се доплака плус, мислам 70 долари рекоа. За дипломата ко диплома мислам нема везе кој ја дава, али ми рекоа дека и дипломата за ислушан курс не е од нив туку и таа е од микрософт исто.
    Е сега за програмирање мислам дека сум доволно поткован, иако студирам на УГД, и искрено предностите на угд се многу поголеми доколку имаш воља за учење. Моабето е дека, на УГД ништо нема да научиш, а сепак ке земеш диплома (иако има некој доста ценети професори, секоја чест за нив), но предноста е, што не си воопшто оптеретен да учиш нешто што несакаш, туку колку да поминеш, а остатокот од времето го пренасочиш во учење на нешто што сакаш утре да го работиш. И сега сето тоа го подзачиниш со некој курс/сертификат, и мислам дека се води до одлична кариера.
    *сори малку шо отидов во офтопик :)
     
  6. vlatkorun

    vlatkorun
    Intern

    633
    14
    8 Јуни 2007
    Израчунај колку ќе те чине у Семос да ги слушаш курсевите, плус патни трошоци до Скопје или да плаќаѓ стан додека траат предавањата = 1500 евра најмалце.

    Microsoft материјали имаш насекаде на Интернет, симни си книги, видео туторијали, дури и материјалите за секој курс шо ќе ти ги дадат од Семос можеш да ги најдеш, седни дома преку лето и сам се спремај.

    Ниеден инструктор неможе да те научи повеќе од тоа ако ти сам ги поминеш сите овие работи, верувај ми сум поминал и обуки и сум учел дома, Знам....
     
  7. Fearless

    Fearless
    Gaining Experience

    748
    179
    22 Јули 2009
    Машко
    Аха поздрав !
     
  8. NIKIHACK

    NIKIHACK
    Intern

    438
    27
    10 Февруари 2008
    Машко
    Информатичар со стил :)
    сум учел и учел доста работи сам, и додуша 60% од тоа што се уче на курсо свесен су дека веќе го знам, али финтата е да запознаеш луге, споделиш мислење ... па пари нек идат у кур*ц :)
     
  9. SNACHG

    SNACHG
    Intern

    177
    17
    23 Февруари 2010
    ДЕФИНИТИВНО СЕРТИФИКАТ!

    Да би се вратил некаде 2000-2001 година никогаш не би ги дал тие 5-те поминати години на факултет.СЕРТИФИКАТ ти е парата и знаењето во денешно време.Моментално работам во САД со сертификат за мрежи и 5+ работно искуство, мојата диплома од тогашен ЕТФ стои некаде дома во МАКЕДОНИЈА залутена во некоја фијока, и како за поголема беља никоја не ми ја побарал.Не велам дека факултетот не вреди, вреди во смисла на размислување и сваќање на работите во идинина, али некое подефинирано и специјализирано знаење нема барем немаше во тоа време, моменатално не знам.позз терај со сертификати и не се замарај.
     
  10. DaciSS

    DaciSS
    Gaining Experience

    949
    286
    3 Јануари 2008
    Машко
    Systems and Network Administrator
    NIKIHACK, се двоуми дали сам да учи или па да слуша курс, како и да е 2та пата водат до сертификат :)

    Имаше нели некојa друга тема што е подобро сертифиакти или факс, така да да не ја отвараме истата тема тука :)
    Многу комбинации разни постојат, ама еве конкретно за УСА, мора да ги имате и 2те. т.е. во УСА никој не ве прашува дали имате факс, сите ве прашуваат кои сертификати ги поседувате, битно е дали си ја знаеш струката, од друга страна па, компанија да може да аплицира за тебе за работна виза условот на амбасадата е да имате факс завршено т.е. bachelours degree еквивалентно со америчкото образование (3 Годишни од ПМФ го исполнува условот, проверено од прва рака)

    @SNACHG
    Честитки за УСА, на H1B виза си?

    Јас исто ко тебе, моментално имам факс и 4 (за месец здравје 5тиот, прикрај сум со selfstudy) cisco сертификати.
    Многу повеќе го ценам знаењето што сум го стекнал од сертификати одколку од факс, ама па да не беше факсот немаше да ја стекнам навиката за учење, немаше да ги имам контактите гикови :) од факс околу мене, на некој начин факсот беше рутината и општи навлегување во ИТ областa, додека сертификатите беа hard core знаењето и самодовербата за да бараш подобра работа и да не се ценкаш и да прифатиш минимална плата, него да можеш да бараш повеќе и и да те одбијат да можеш комотно да си искочиш знаејки дека во друга компанија ќе најдеш сигурно работа без проблем.

    Во уса Cisco CCIE (највисоко ниво, експерт) зема и до 3 пати повеќе плата од обичен ИТ во било која област.
    Да не учиш факс, за тоа исто време можеш CCIE да станеш (3-4год, 6-8 сертификати зависи во кој правец одиш, само околу 4000 старници од книги кои ги полагаш наеднаш и на секои 3 год ги обновуваш :)), во MK бар до лани само 3 CCIE имаше и тоа сите во Routing and Switching, а постојат и други правци, како Security, VOIP,Wireless,Design...
    И си викам еее да го знаев ова пред да се запишам на факс никогаш немаше на факс да се запишам и ќе терав кон CCIE, ама па еве од друга страна да ја немав факс дипломата па ќе неможев да добијам асална работан виза за УСА (значи незборам, за работни визи од типот размена на студенти 4 месеци, пракса 1 год, или па зелена карта добиена на лотарија)
     
  11. SNACHG

    SNACHG
    Intern

    177
    17
    23 Февруари 2010
    Ееее и јас да знаев ке терав со CCIE, кај нас во фирмата имаме 3-ца кои зимаат повеке од 150,000 на година.

    Здравје има време и за CCIE!
     
    На DaciSS му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DaciSS

    DaciSS
    Gaining Experience

    949
    286
    3 Јануари 2008
    Машко
    Systems and Network Administrator
    Ние немаме CCIE вработени пошто нели скапи се а не ни требаат full time, кога ни требаат (по неколку саати недело, а некад и по цела недела работат ако се мигрира дата центар) по 150$ од саат си прават, е сега види ти која пара е да си CCIE консултант (па и freelancer) и да работиш од МК, значи комотно можеш да ја бутнеш цената на било кој америкаец, да работш неколку саати месечно од мк а да земаш плата поголема одколку секој ден 8-10h во локална фирма :)

    Ама здравје за тоа, се треба многу искуство.

    До душа овие цени звучат астрономски и звучи дека во уса секој може да стане милионер за 10 год, ама не е баш така :) Сите цени тука се пред данок рачунати, башка животот е скап, во старт 50% од тие пари ти се потрошени одма.
     
  13. NIKIHACK

    NIKIHACK
    Intern

    438
    27
    10 Февруари 2008
    Машко
    Информатичар со стил :)
    интересна дискусија се развлекла, не бев во мк, а од понеделник почнувам на семос, па ке ви пишам што како е, а во меѓувреме барам пракса некаде да одам како Web Developer :)

    *и малку офтопик прашање, бидејки уште сум редовен студент, дали преку летото можам да барам работа по струката, или мора да бидам вонреден?
     
Слични теми
  1. Tina
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    2,174
  2. vlatkorun
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    948
  3. Recruitment
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    892
  4. Recruitment
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    902
  5. aspekt
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    805
Вчитување...

Сподели

Вчитување...