• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Семос - Академија за Графички дизајн

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Teodosija

Intern
23 мај 2017
1
0
Здраво,
подолго време размислувам да се запишам на академија за графички дизајн во Семос.
- Дали некој е бил на истата, и може да ми каже нешто повеќе околу неа?;
- Дали воопшто вреди да се запишеш, и дали дипломата што ја добиваш на крај вреди во МК/странство?;

- Која академија според Вас е најдобра (Semos, Seavus, или Brainster)?

Еве линк од академијата
Семос Едукација
 

Diablo

Intern
5 ноември 2014
15
15
Мислам дека Семос не е шала. Досега некако најпрофесионални ми изгледале.
Е сега кои се професори и тоа, ќе мораш да си истражиш дополнително.
 

100JKO

Gaining Experience
27 јуни 2018
58
178
Скопје
Здраво,
подолго време размислувам да се запишам на академија за графички дизајн во Семос.
- Дали некој е бил на истата, и може да ми каже нешто повеќе околу неа?;
- Дали воопшто вреди да се запишеш, и дали дипломата што ја добиваш на крај вреди во МК/странство?;

- Која академија според Вас е најдобра (Semos, Seavus, или Brainster)?

Еве линк од академијата
Семос Едукација
Не сум бил на академијата, но сум бил на неколку курсеви (Основен и Напреден C++, HTML и CSS...) и мислам дека од трите академии што ги наведе, Семос е најдобрата опција.
 

NikolovskiM

Gaining Experience
20 април 2019
71
119
Конкретно за графички дизајн, имам еден колега од факултет што сега заврши академија во Сивус (кај и да е ќе организираат изложба). Тој е задоволен од знаењето што го добил, сепак се работи за скоро цела година учење.

Јас имам завршено три курса во Семос пред 3 години и сум задоволен, ама беа поврзани со програмирање, не со графички дизајн.

Диполмата не ти вреди нешто многу у оваа професија, нити таа од факс нити таа од академија. Најважно е знаењето што ќе го стекнеш. И секако, да знаеш тоа знаење добро да го испрезентираш на интервју :)

Инаку, како човек кој „утепал“ 4 години на факултет, мислам дека ИТ академиите се добра и брза алтернатива за дечките што не им се иде на факултет. За 9-12 месеци се стекнуваат со доволно знаење да работат у индустрија. Е сеа, за колку долго ќе биде тоа знаење „доволно“, зависи од самите нив т.е. од тоа колку добро го сфатиле тоа што го учеле, дали ќе продолжат да се унапредуваат и да учат во тек на кариерата, дали им работи црпката итд :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,526
Мислења
822,618
Членови
28,051
Најнов член
Marko Janevski
На врв Дно