Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Segway Ninebot Max G30LE II тротинет

Томислав

Practice makes perfect
7 февруари 2013
925
1.042
Здраво на сите, сакам да споделам едно искуство, воедно и да отворам тема, за следниов скутер. Link до Нептун

Како личност со 105кг, и локација околу Панорама водно ( една од најголемите угорници во Скопје ) бев многу скептичен за зимање тротинет, и сакав да се осигурам дека ако земам, тој ќе си ја заврши работата и ќе ме искачи. Тоа е токму тоа што овој тротинет го направи!
Овој Max е најновиот модел од серијата Max на Ninebot, доаѓа со последната верзија на мотор и воедно е и најмоќниот мотор од тротинетите на Ninebot и Xiaomi. Има помала батерија од стандардниот постар Max, 40km vs 65km, но посилен и поиздржлив мотор, понапредни features како звонче, светла и слично.

Max. slope од 20%' е многу Downplayed, во реалност е повисок број.

Доаѓа со 10' тркала, кои на многу места пишува дека се self healing при дупнување, појма немам дали е вистина.

2bThzAMwsDochQkrIsmVwh_JNBBdN9__ZUZ5jQwCOX8pJIQYM65iENWptwXGv_sdhEcix1sfHOdrFikfZvjZL77AZ3ml8SgshJunPekTpbPK7pO00YhODivJvYTRUOBSx2eRMkb3TakfSv4MScLgwvk1xrxXNBfKA4yySD_lWca9oAXWDX_CNifXJbTwb2ZzLdCsh9MTeu3JO1YNC5pyj3QnzxZb4QgH0GMXWYe0Q8_idIh-SLRfj0Cjy2kXUHHoM1L8ETJSOfBiWdU23Itgnlfqq0fPrblrJ8SKx2WTathJmIMINBl_SkKAkjIZl_jZYLyWNV1LG72S7fiBcpqClh1sF45L1dLKlYlOaSPH8JTeNpdEGOhRIkpSk_LvrCHqvjA9iJhkLzVzVFUf3KwIQaD6Lc4M5ZxKHsRDBLL_8T8XiwpqQmxD52yArXweczOJW5lHX8AxgKBfJwSDz7NMXAzzSJpYQHXyvFW3fAM3aQU3C2uS0Et-CiFkEAfS50sUBNa2Bw5dDfqpdjqFnNPQz3yqUiIdY8etiDa9KMUG19kElnih2p0eYQcEHnq3YTvZcnV8qhOYRsU8Y_TJLYcaQneHcSgAV3WZ-ijd6PCIuOzL46VHsipb9oq5eKYrpeTpTyXEfLYvgLZ0jPVHml1mRNRe74sLBsWSk4DeO4Z1sCjVD583NHVaCAnQqbQD_g9kU-_W6r2VuxX2viZ2h06j4aU4=w1354-h929-no


44_0651521f-5ef4-4158-9b81-c04cb2780d84.jpg

61ILi7uaLwS._AC_SL1500_.jpg
 

Goku

Intern
10 април 2022
29
5
Дали го купи? како си задоволен од издржливост на батерија? проблеми и макс брзина?
 

Томислав

Practice makes perfect
7 февруари 2013
925
1.042
Дали го купи? како си задоволен од издржливост на батерија? проблеми и макс брзина?
Цел реферат ти напишав, ама од ова ДДоС нападиве неможев да ти пратам, и заборавив да ја save пораката ...

Подобар тротинет не сум пробал до сега. Другари имаат Ф25, Xiaomi 3, 2 Pro.
Мојот, префрлен на УСА регион ( за 32км топ спид ) влече далеку повеќе од нивните.
Еве го користам секојдневно од дента на постов тука на форумот, презадоволен сум.
Имав 105 кг, и Водњанска, до Панорама, најстрмното, со полна батерија и до 18км на час иде нагоре. :)
Прелетувам играчки :D

Батерија ми трае едни 8км на 25%, тоа ми е од работа до дома и од дома до работа. ( Центар - Водно и Водно - Центар ),
во Спорт и брзо возење, цело време до крај, поготово водњанска цела.
На право само, е прилично поекономичен.
Гумата сум ја возел доста време со 0.6 бари, и пак непукнала, заразлика од овие на Xiaomi нонстоп што се жалат, на Нинебот не се дупнуваат. Многу по крути, 10ки, имаат и внатрешна или незнам што, и затоа траат.

Бест бај е. ( барем од брендовиве како Xiaomi и Ninebot, за другиве сум скептик, што не се масовно прозиведувани )
 

Goku

Intern
10 април 2022
29
5
како се префрла на уса регион? и што значи 8км на 25 %? поминуваш 8 км со 25% батерија?
 

Томислав

Practice makes perfect
7 февруари 2013
925
1.042
како се префрла на уса регион? и што значи 8км на 25 %? поминуваш 8 км со 25% батерија?
https://utility.cfw.sh/ се користи, симнуваш апликација на телефон и за 30 секунди со 2 клика му менува регион, и се исклучува лимитерот за ЕУ регулатива правила на 25км на час.

Да, значи во просек поминувам 32км со 100% батерија, на угорница и Спорт до крај. ( 40 се рекламирани со нормално возење, мислам дека повеќе тера од ова на Еко, го немам возено така )
 

despotovikj

On your way to fame
7 март 2014
1.240
679
Skopje
despotovikj's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 5 5600X + AMD Ryzen Wraith Prism RGB
Motherboard
ASUS TUF GAMING ATX B550-PLUS
Storage
500GB Samsung 980 NVMe M.2 + ADATA LEGEND 710 512GB
PSU
CoolerMaster Elite V3 500W
RAM
x2 Kingston 8GB 3200MHz DDR4 CL16 DIMM FURY Beast RGB
Video card
GeForce® GTX 1660 SUPER™ OC 6G
Case
ATX Midi Tower Case Deepcool CC560 Black
Mouse
ASUS ROG Strix Impact II Wireless
Keyboard
AOC GK500 Gaming Full RGB Mechanical Keyboard
Audio
AOC GH300 USB Gaming Headset
Monitor
AOC Gaming Monitor 24G2SAE 1080p/VA/165 Hz
OS
Windows 11 PRO
Јас го земав F25, се мислев во тој момент за г30 макс али ми се видоа многу у тој момент +230-250е.Моментално сум задоволен од F25, обично го возам од к.вода до сити мол, али стазите ни се ужааас.Поминато имам околу 700км и не сум имал никаков проблем до сега. Се рекламира на 25км домет, меѓутоа поминувам околу 15-17км макс.. тоа е веројатно дека има многу тргни и застани, ветер и сл.
 

Jovan123

Intern
6 декември 2012
29
33
Малку офтопик но битно е многу повеќе од што се споделува. Одржувајте соодветен притисок во гумите според упатство, екстремна е разликата луѓе мои. :) Пумпајте ги почесто во летно време. Разликата во домет е огромна.
 

DrMTR

Guru
27 март 2014
7.394
7.600
mikrotikmacedonia.online
Малку офтопик но битно е многу повеќе од што се споделува. Одржувајте соодветен притисок во гумите според упатство, екстремна е разликата луѓе мои. :) Пумпајте ги почесто во летно време. Разликата во домет е огромна.
логички. со понапумпана гума ке поминеш повеќе км поради помалиот rolling resistance.
 

gdamjan

Unstoppable
3 април 2008
3.605
2.624
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
логички. со понапумпана гума ке поминеш повеќе км поради помалиот rolling resistance.
интересна дебата е ова :)

новите истражувања покажуваат дека тоа така (тврда гума, мал rolling resistance) важи за идеално мазна подлога.
за возење во реален свет, малку мекост („compliance“) на гумата помага да се адаптира на нерамниот терен и всушност го намалува и отпорот на тркалање, бидејќи random силите на ударите со нерамнини ги амортизира гумата и не се пренесуваат во сили на возилото.

Тоа теоријатата.

Али секако, притисок како во упатството, па за полесни луѓе може да пробате 3-5 PSI помалку.
 

petkotrajko

Practice makes perfect
16 јуни 2017
1.596
1.727
Здраво,
гледам дека поодамна нема ништо пишано на темава, па да ја живнам со прашање (пишав и во друга тема со тротинети, па да видиме дали некој ќе одговори):
Имате некакво искуство со грешка (error code) Е5 на електричен тротинет TopLife MAX... (копија на Segway Ninebot MAX G30D)?
Грешката се појави прв пат минатата недела, и после полнење на батеријата ја снема до утрово, кога прилично нагло изгасна во возење, не успеав да видам на екранчето дали истиот код беше или не...
Од последното полнење некни, па до денес едвај 20 km има поминато, батеријата на апликацијата на мобилен покажва дека е на околу 70% полна (на екранче имаше 3 полни цртки од 5).
А инаку без проблем го возев околу 40 до 45 km со едно полнење (со максималната брзина од 30km/h), од предвидените 60 km за овој модел, што е разбирливо намалување на капацитетот на батеријата, пошто го купив јули 2021 година.
Колку е ова поправливо, се сервисира ли лесно, односно дали имате сознанија за добри сервисери кои ја познаваат оваа проблематика?
 

petkotrajko

Practice makes perfect
16 јуни 2017
1.596
1.727
Ќе се самоцитирам, со цел да ја затворам приказната:
бев во сервисот/дуќанот на БидиФит, го оставив во вторник, по два дена во четвртокот утрото (01.06.2023) ми се јавија дека можи да си го земам, пошто го поправиле.
Ми рекоа дека неколку батерии/ќелии биле расипани (имало 10 комплети од по 6 батерии/ќелии во пакет, вкупно 60), па еден од тие пакетите го замениле со нов сет, и сега за сега добро се однесува тротинето, како што си работеше пред да се расипи.
Задоволен сум, од услугата, ОК беа луѓето, сметам дека позитивно беше искуството.
Гледам ми го подстегнале малце, рачките кај зглобот ми беа лабави, па ги подсуредиле да не тресат толку.

Ми наплатија 2.500 денари за целокупново искуство.
 

Delicon

On your way to fame
10 јуни 2007
1.210
718
delicon.mk
Има ли официјален сервис за Segway Ninebot тротинетите во МК?
Се мислам за Ninebot MAX G2 E, но битен ми е и официјален сервис. На Нептун, Сетек кој им ги сервисира Ninebot?
 

Томислав

Practice makes perfect
7 февруари 2013
925
1.042
Има ли официјален сервис за Segway Ninebot тротинетите во МК?
Се мислам за Ninebot MAX G2 E, но битен ми е и официјален сервис. На Нептун, Сетек кој им ги сервисира Ninebot?
Comtrade. Али јас втора година, сервис не сум посетил :D
Ниту за гума, за ништо!
 

ImTheDude

Careful man, there’s a beverage here!
31 октомври 2011
734
1.213
ImTheDude's setup  
Processor & Cooler
i7 11700KF
Motherboard
ROG STRIX Z590-E
Storage
512GB M.2 NVMe™ PCIe® 3.0 SSD + 8TB HDD
PSU
750W 80+ Gold
RAM
2x16GB DDR4
Video card
AMD RX 6900 XT RedDevil
Case
Asus ROG GC35
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Gigabyte K83, Logitech F710, XBox 360
Audio
Focusrite Scarlett 2i2 2nd
Monitor
AOC AG241QX @ 144Hz & Asus VS247H 24" @ 60Hz
OS
Win 10
Има ли официјален сервис за Segway Ninebot тротинетите во МК?
Се мислам за Ninebot MAX G2 E, но битен ми е и официјален сервис. На Нептун, Сетек кој им ги сервисира Ninebot?
Го имам Ninebot MAX G2 E веќе околу 2 месеци, презадоволен сум, никаков проблем до сега, возењето е многу удобно, амортизацијата си го прави своето.
За сервис не знам, не ми притребал до сега.
 

Томислав

Practice makes perfect
7 февруари 2013
925
1.042
Го имам Ninebot MAX G2 E веќе околу 2 месеци, презадоволен сум, никаков проблем до сега, возењето е многу удобно, амортизацијата си го прави своето.
За сервис не знам, не ми притребал до сега.
Од кај го зема? Си пробал Find my network за лоирање, мислење за хорната? :) јас пошто сум многу задоволен од мојот, би сакал и апгрејд да направам
 

despotovikj

On your way to fame
7 март 2014
1.240
679
Skopje
despotovikj's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 5 5600X + AMD Ryzen Wraith Prism RGB
Motherboard
ASUS TUF GAMING ATX B550-PLUS
Storage
500GB Samsung 980 NVMe M.2 + ADATA LEGEND 710 512GB
PSU
CoolerMaster Elite V3 500W
RAM
x2 Kingston 8GB 3200MHz DDR4 CL16 DIMM FURY Beast RGB
Video card
GeForce® GTX 1660 SUPER™ OC 6G
Case
ATX Midi Tower Case Deepcool CC560 Black
Mouse
ASUS ROG Strix Impact II Wireless
Keyboard
AOC GK500 Gaming Full RGB Mechanical Keyboard
Audio
AOC GH300 USB Gaming Headset
Monitor
AOC Gaming Monitor 24G2SAE 1080p/VA/165 Hz
OS
Windows 11 PRO
Паком е, не е Комтрејд, одлично искуство имам и јас со Segway но со F25 моделот, веќе поминати 4.000 километри, единствено задна гума што му сменив, само 300 денари трошок пошто си следуваше резерва гума со него.
 

ImTheDude

Careful man, there’s a beverage here!
31 октомври 2011
734
1.213
ImTheDude's setup  
Processor & Cooler
i7 11700KF
Motherboard
ROG STRIX Z590-E
Storage
512GB M.2 NVMe™ PCIe® 3.0 SSD + 8TB HDD
PSU
750W 80+ Gold
RAM
2x16GB DDR4
Video card
AMD RX 6900 XT RedDevil
Case
Asus ROG GC35
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Gigabyte K83, Logitech F710, XBox 360
Audio
Focusrite Scarlett 2i2 2nd
Monitor
AOC AG241QX @ 144Hz & Asus VS247H 24" @ 60Hz
OS
Win 10
Од кај го зема? Си пробал Find my network за лоирање, мислење за хорната? :) јас пошто сум многу задоволен од мојот, би сакал и апгрејд да направам
Од велосипеди.мк го зедов. Да, сум пробал FindMy, функционира супер. На пример, ако некој го земе да го провози и се оддалечи од тебе ти кажува веднаш. Исто така, има да си ставиш код за unlock и мало движење без искуцан код (се куца со жмигавците и кочницата), ќе почне да свири алармот. Прво потивко, после тоа пишти силно.
Свирката е многу смешна ама функционира да те приметат и да се тргнат, и секако за алармот е корисна.

нека не ве лаже "попустов" зошто и кога го донесоја, од прв ден беше 51500, толку го зедов и јас.
 

Delicon

On your way to fame
10 јуни 2007
1.210
718
delicon.mk
Го имам Ninebot MAX G2 E веќе околу 2 месеци, презадоволен сум, никаков проблем до сега, возењето е многу удобно, амортизацијата си го прави своето.
За сервис не знам, не ми притребал до сега.
Колку километри реално поминуваш со едно полнење?
 

ImTheDude

Careful man, there’s a beverage here!
31 октомври 2011
734
1.213
ImTheDude's setup  
Processor & Cooler
i7 11700KF
Motherboard
ROG STRIX Z590-E
Storage
512GB M.2 NVMe™ PCIe® 3.0 SSD + 8TB HDD
PSU
750W 80+ Gold
RAM
2x16GB DDR4
Video card
AMD RX 6900 XT RedDevil
Case
Asus ROG GC35
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Gigabyte K83, Logitech F710, XBox 360
Audio
Focusrite Scarlett 2i2 2nd
Monitor
AOC AG241QX @ 144Hz & Asus VS247H 24" @ 60Hz
OS
Win 10
Колку километри реално поминуваш со едно полнење?
На спорт, 25мк/ч, до 35-40тина километри максимум, ама јас сум тежок поприлично :) За некој што би бил околу 80кг претпоставувам близу 50км би можел.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.260
Мислења
977.624
Членови
35.570
Најнов член
arbenneziri
На врв Дно