1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Seavus vs Brainster

Дискусија во форумот 'Дизајн и графика' започната од MaggieXX, 26 Август 2019.

  1. MaggieXX

    MaggieXX
    Intern

    3
    1
    20 ноември 2018
    Женско
    Сакам да се запишам на една од академиите за графички дизајн и се двоумам помеѓу Seavus и Brainster. Ако има некој кој учел ве молам споделете искуства.
     
  2. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,728
    1,801
    8 Мај 2007
    Машко
    Академија??
    Курсеви се тоа.
    Во изборот стави го и Семос и creative hub.
     
    На Banjifiko му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    353
    159
    20 Април 2008
    Машко
    менувам Lynda Ps, Ai курсеви за нова добра музика...
    шала на страна (иако имам некоја архива на курсеви)...

    Одличен избор!!! ако нешто вреди за парите тоа е менторство...

    Разгледај кои се предавачите и каде е најквалитетниот
    и кој има најблизок "стил" до твојот (доколку е тоа можно) според тебе...
    Што и да одбереш од менторство нема да погрешиш многу,
    колку поквалитетен изборот, толку побрз напредокот...

    Забелешка: Доколку ја плианираш и професијата Графички Дизајнер во некоја фирма конкратно,
    провери на сите каква им е "Алумни програмата"
    (доколку така се именуваше оној дел каде
    ти бараат работа по фирми или те препорачуваат на фирми како добар обучен Графичар-Дизајнер)
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  4. liduda

    liduda
    Intern

    1
    0
    9 Јули 2019
    Seavus не би ти ги препорачал. А по искуството со нив за тие пари што ќе ги дадеш мислам дека не вредат ниедни "академии".

    Испратено од SM-A520F преку IT.mk форум апликација
     
  5. spytronicmk

    spytronicmk
    Intern

    14
    4
    4 Август 2017
    Браинстер ги менуваат предавачите/асистентите како чорапи и немаат баш константни предавачи кои ќе пренесат знаење (секако има исклучоци). Менторство навистина вреди и си има своја цена, но не се залажувај со рекламите ... на крај ќе дојде да ти предава или да ти биде ментор некој што завршил минатата генерација.
     
  6. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,034
    3,344
    7 ноември 2014
    Машко
    Имам контакт со дигитални маркетинг експерти излезени од Brainster, кои потоа веднаш си ја ставаат истата титула како мене пример (со скоро 10 години искуство) и сум имал можност да видам што прават - една реклама на Facebook не знаат да ја истаргетираат (18-65 и People who like this page & friends), да не збориме за понапредни работи.

    Од моиве контакти со дечки запишани на Сивус имам позитивно искуство, има и некои на форумов што и претходно ги фалеле.
     
    На farkizz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. da900

    da900
    Intern

    9
    3
    4 Март 2015
    Машко
    Seavus? - Измамници!

    Тоа го знам од луѓе директни учесници. Пред некоја година, со пари добиени од државата и од Европа организирале обуки. Предавачи биле некои локални асистенти. После неколку месечни предавања, без никакво исвестување, на сите учесници им биле испратени e-mail-и со линкови кои воделе кон некакви форми за пополнување.

    Бидејќи содржината на формите изгледала сомнителна голем дел не ги пополниле и мислеле дека е некаков спам или интернет измама. Откако од Seavus увиделе дека голем дел од учесниците не ги пополнуваат формите им испратиле еден вид заканувачки имеил „Ако не ги пополните формите нема да добиете диплома!“, без никакви други објаснувања.

    А што всушност пополниле? Биле натерани да пополнат 4 форми во кои изјавиле дека од тој до тој датум во текот на сите месеци наназад предавања им држел некој експерт (чие име прв пат го виделе во изјавите) од една друга земја, па дури давале и оценка за предавачот кого не го ни виделе.
     
    На farkizz му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...