AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139
Изградба на голем ИТ-центар во Скопје, каде што долгорочно ќе се вработат 1.500 лица, најави денеска Компанијата за висока информатичка технологија „Сеавус “.
Раководството на компанијата за своите планови денеска го запозна и премиерот Никола Груевски, кој денеска ги посети просториите на „Сеавус “.
„Во општина Кисела Вода планираме за една година да изградиме центар за ИТ-технологија и долгорочно да го зголемиме бројот на вработувањата на 1500. Со овој центар, Македонија ќе стане центар за ИТ-технологија во Југоисточна Европа, изјави главниот извршен директор на „Сеавус “, Игор Лештар.
Технолошкиот центар сам по себе претставува значаен инфраструктурен и технолошки напредок како за македонската, така и за регионалната ИТ индустрија. Истиот е резултат на преговори со неколку светски реномирани ИТ корпорации кои ќе бидат партнери во проектот, појаснува раководството на компанија
Предвидено е технолошкиот центар да се простира на површина од 20 000 квадратни метри, а во него освен лаборатории за истражувања ќе содржи и ИТ инкубатор како и центар за едукација за технолошките линии на големите ИТ корпорации, како што се Мајкрософт, Оракл, Ериксон...
Целта на овој образовен центар е да биде комплементарен на новите ИТ високообразовни институции и да нуди стручна наобразба и специјализација на кадри од Македонија и пошироко.
Сеавус е меѓународна корпорација основана во 1999 година, а освен во Македонија има истражувачко развојни центри во Србија и Белорусија. Сеавус има продажни центри во
Шведска, Америка, Англија, Холандија и Латвија, а во Индија има ресурсно- регрутен центар за кадри. Во моментов компанијата брои над 400 вработени.
Извор: Макфакс