1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Seavus академија за Web Developer - мислења, совети, искуства

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од SYM_J, 29 Март 2017.

  1. SYM_J

    SYM_J
    Intern

    29
    13
    3 Декември 2012
    Машко
    Заинтересиран сум за запишување на академијата од Сивус за веб девелопер, па сакам да слушнам мислење од поискусни. Ме интересира дали некој од форумов ја посетувал, какво искуство има, дали може да се научи доволно за после тоа да се почне со работа, било во македонскиве ИТ фирми или како фриленсер?

    Јас конкретно немам познавања од таа материја, имам завршено факултет од општествени науки кој нема допирна точка со програмирањево :) Кога ги прашав во Сивус, ми рекоа дека тоа воопшто не е проблем и дека целта на академијата е преквалификација.

    Доколку има некој работодавач на форумов, ме интересира дали би вработил некој кој ја завршил оваа академија, конкретно веб девелопер? Или пак ако сте вработен некаде по ИТ фирмиве, дали газдите ваши би ме вработиле откако ќе ја завршам академијава?

    Еве за што поточно станува збор Web Developer – Seavus Education Center . Цената е 2550 евра, со попуст доколку се плати до одредени датуми.

    Сите мислења, совети, искуства и критики се добредојдени.
     
    На dimsa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kebe

    kebe
    Gaining Experience

    216
    173
    29 Март 2012
    Абе ако е популарно програмирање не значи дека секој може да рипне во него. Ај сега јас сум инженер и да се преориентирам во правник или судија. Ама ете многу мина рипаат. Ете има и такви што не ги бива ама директно одат на инженерски факултет, информатика ова она. Популарно било, имало работни места.

    Главнава цел ми е, прво ти да си видиш дали те бива за оваа работа или не. Има едно движење кое вели секој може да биде програмер. Според истатата логика треба да сметаме и дека секој може да биде возач во Формула 1. ЈАс сметам дека секој човек го бива за одредени работи ама иза некои други не го бива.

    Е сега како да видиш дали те бива, земи и обиди се да програмираш. Има сега програмски јазици што се лесни за учење. Земи Питон (Python) и обиди се со следново:
    1. Печање на екран
    2. Аритметички операции
    3. Условно извршување (If)
    4. Циклуси (for while)
    5. Функции.
    итн итн. Најди туторијал или книга, горе долу овој редослед треба да се следи. Ако ти прави кеиф да ги направиш тие работи, во ред продолжи со ете посложени курсеви.

    Можеш да чепнеш тука некаде и ХТМЛ.

    Значи програмирањето ти е управување со компјутер, машина за обработка на податоци (броеви, текст). Како што некој вози трактор, некој друг камион, некој трет работи со моторна пила, некој со полесни машини, и ова е ете уште една машина.

    За почеток сам види дали можеш да се справуваш со оваа машина и дали ти е кеиф.
     
    На Krkac, Дибидус, DarkDeFnx и уште 5 други им се допаѓа ова.
  3. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,234
    1,283
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Да се надоврзам на членот над мене...

    веб девелопментот е разгранет на 2 поголеми гранки да кажам, frontend и backend.

    Frontend ти е UI/UX или преведено кориснички интерфејс/корисничко искуство.
    Backend-од ти е позадинскиот дел на „нештото“, функции, класи, алгоритми итн итн итн.

    Земи чепни за почеток и од двете, и зависи што би ти идело и што би сакал да го работиш, па тогаш ќе се определиш со кои програмски јазици да идеш.

    За frontend за почеток би ти препорачал bootstrap 3.
    За backend PHP синтаксата и основни функции, for, while, foreach и сл.
    После во PHP некој фрејмворк.
     
    На Krkac му/ѝ се допаѓа ова.
  4. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,784
    3,245
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    прво основи друже пулсовиќу, основа, прво сѕѕ3, html5, па тек после тоа bootstrap3. ако нема основа од ова, џабе му е ако сака фронтенд (т.е. до некаде, со тоа шо ако иде директно на бутстрап до некаде ќе ја свати суштината на некои работи, до некаде нема, и ќе заглавува константно). за РНР фрејмворк, опет, прво основи на ООР РНР па после фрејмворк. џабе ти е се ако немаш основа. башка, треба да учи бази на податоци(MySQL, PostgreSQL, mongo, cassandra итн). почни си сивус, мислам дека имаат добар кадар шо ќе те научи од основи па се до понапредните. и си сака време нормално, неможеш сево ова во 2-3 месеци да научиш.
     
    Krkac, Fatal1ty_, Harrabed и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. Multipass

    Multipass
    Gaining Experience

    161
    293
    1 ноември 2015
    Машко
    Еден мој другар го има завршено курсот за веб девелопер во Seavus, дечкото беше само со средно школо. Но додека го посетуваше курсот, знам многу напорно учеше, кога и да одев до кај него дома беше пред компјутер и програмираше. Веднаш најде работа после курсот, сега не ми текнува точно колку му беше почетна плата, ама беше околу 20.000 денари мислам.

    Ако планираш да се запишуваш на курсот биди подготвен целосно да навлезеш во проблематиката, бидејќи во спротивно само си ги трошиш парите.

    Споредбата ти е лоша, не можеш да споредуваш formula 1 пилот со програмер. Да возиш во formula 1 е врвот што еден професионален возач на трки може да го постигне.

    Тука збориме за да бидеш просечен програмер. И со просечно знаење можеш да заработуваш солидна плата. Башка збориме за веб програмирање, насока која се смета дека е најлесна во програмерските специјализации за изучување и работење.

    Поздрав.
     
    Annnnna, SYM_J, SaraPikseli и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. SYM_J

    SYM_J
    Intern

    29
    13
    3 Декември 2012
    Машко
    Најпрво ви благодарам на сите за одговорите.

    @bibil јас не очекувам да станам најдобар програмер откако ќе ја завршам академијата, но се надевам на солидно знаење за да почнам да работам за "солидна" плата. Сепак некој завршил факултет за тоа и посветил повеќе од 4 години. Ова што се добива во Сивус е приучено знаење па треба многу да се потрудам за да стекнам нешто повеќе, барем јас така мислам. А за тоа дали ме бива или не, ќе видам откако ќе се запишам на академија или барем откако ќе пробам да ги следам насоките што ми ги даде ти и другите членови.

    @Multipass другарот што ја има завршено академијата да не е член на форумов случајно? За да ми кажи поконкретно искуство со услови за учење, предавачи и сл.

    Предавањата се три пати неделно по 4 часа. Академијата трае цела година, почнува во октомври, а завршува наредната година во септември. Вака на муабет делува добро и имам слушнато добри искуства, но од другар, другар братучед :D . Па затоа сакав да слушнам и некое конкретно искуство. Се надевам ќе се јави некој таков на форумов.
     
  7. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,288
    615
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    По мое мислење во оваа програма на Seavus се опфатени само општи работи, само со таа програма мислам дека нема да бидеш способен да можеш да работиш и заработуваш, ти треба многу повеќе.
    Во тој пакет имаат ставено све на куп, од кои некои работи воопшто нема да ти требаат.
    Подобро е да се посветиш само на еден програмски јазик, отколку на 2 во исто време па на крај резултатот да испадне ништо.
    Пример ако ти лежи PHP посвети се на учење PHP, не ти треба .net. или пак ако ти лежи Javascript, не ти треба Angular.
    Ако имаш предзнаења избери некој понапреден курс, потопик така да го наречам, овој е основен.
     
  8. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,644
    1,429
    27 Јануари 2011
    Машко
    Членот пишал погоре, ама изгледа никој не чита.
    Првин треба основи да научи, како се програмира. А после он да се определи што и како. Далеку е членот од PHP или JAVA, а да не правиме муабет за MySQL.

    Секоја едукација е добредојдена и не е вишок за почетници. Ама не терба да се осавиш само на тие предавања, ке треба цело вреем паралелно и сам да си работиш и доусовршуваш.
    Па здравје кога ке завршиш тогаш ке размислуваш за работа, а не уште не си почнал со обука а бараш работа.
    Ако имаш сретства и желба слободно плати си ја обуката и загреј си го столчето.

    EDIT: Заборавив да прашам каде има курс за да станам просечен гинеколог. И мормално вработување во Ремедика или Систина се разбира.
     
    Последна промена: 29 Март 2017
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,485
    1,936
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    Ме интересира што спаѓа под таа цена од 2550€? Дали имаат некаков сертифициран тест?
    Доколку не, т.е. продаваат само обука, не се исплати за цената.
     
  10. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,518
    14 Мај 2008
    Машко
    Јас бев на академијата 2014/2015, се изборив за полустипендија и студирав за 1200 евра. Бевме околу 40 луѓе во генерација, 2 групи по 20. Имаше фаци од финки со предзнаење, на кои им одеше лесно, имаше фаци без искуство на кои не им одеше ич. Имаше фаци кои на час ќе се појавеа еднаш месечно, а после плачеа дека академијата била крива што не знаат.

    Јас од друга страна, си ја сфатив академијата сериозно, и секој ебан ден учев, вежбав и куцав по 5-6 саати + 3-4 саати што посетував часови. Буквално една година јадев, спиев и програмирав. Ама затоа работодавците не дочекаа да ми заврши годината, и ми понудија работа после 7-миот месец, некаде во јуни.

    Кога заврши академијата во октомври, од 40 луѓе, 6-7 луѓе беа веќе вработени со искуство од кои 4-ца ѕверови со предзнаење и 2-3-ца како мене што ептен се потрудија. По октомври, работа најдоа уште 3-4-ца. Другите не.

    1 година не е доволна за да се оспособи програмер само од часови. Треба макотрпна континурана работа надвор од академијата за да се постигне значаен успех. Јас ја жртвував 4-та година на факултет и повеќето социјални контакти со луѓе за да успеам, и да станам одличен програмер.

    А ако идете на академија да џаболебарите или само колку да земете папир, ништо нема да направите и 2500 евра во вода ќе ги фрлите.
     
    На igor_xxxx, Necromancer, xenon и уште 10 други им се допаѓа ова.
  11. Multipass

    Multipass
    Gaining Experience

    161
    293
    1 ноември 2015
    Машко
    Ако си ја сфати работата озбилно, не му е потребно некое претходно знаење. Другаров за којшто зборев не ни беше некој ентузијаст за компјутери како ние што сме овде на форумов, но имаше желба да научи веб програмирање и да заработува од тоа и со напорен труд од 1-2 години го постигна тоа.

    Прво 6 години тука, па 6 години тука, и во меѓувреме 3 државни испити тука. :)
    Поентата ми е, за да станеш програмер не е потребен државно регулиран испит и образование.

    За да бидеш програмер во фирма не ти е потребно ниту образование, ниту курсеви, ниту државен испит, треба да си го имаш знаењето и да си ја знаеш работата.

    Поздрав.
     
  12. SYM_J

    SYM_J
    Intern

    29
    13
    3 Декември 2012
    Машко
    @Sephiroth баш очекував одговор од некој кој ја посетувал академијава. Значи се учи, но без дополнително учење дома нема напредок, како и што очекував. Сум со план да се посветам целосно бидејќи 2500 евра не се заработуваат баш лесно. А процентот на вработени сепак не е како што им пишува на страната од Сивус, дека 75% од тие кои завршиле на академијата се вработиле:) ? Како и да е, фала, ако имам некое дополнително прашање ќе ти пишам.


    Се ок што пиша, ама споредбава за гинеколог и програмер не ми е баш соодветна. Ако си гинеколог тогаш си доктор од чии постапки зависат човечки животи секојдневно:) . Со програмирањево не верувам дека е така.

    @tupacan еве што ми одговорија кога ги контактирав: "По завршување на академијата сите учесници добиваат СЕДЦ дипломи за завршена академија за веб програмирање. На академијата ги изучувате сите програмски јазици (backend и fontend) на Microsoft и стекнувате знаење и назив - Microsoft full stack web developer".
    Е сеа вели дека се добива СЕДЦ диплома (така им е називот на академијата), а се спомнува и Мајкрософт назив.
     
    На tupacan му/ѝ се допаѓа ова.
  13. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,784
    3,245
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    fullstack...wau ... многу бе??!
     
  14. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,518
    14 Мај 2008
    Машко
    Се учи 3 месеци фронтенд, 3 месеци .Net бекенд и SQL бази, 3 месеци интересни теми како nodejs или разни APi-ја и 1 месец Azure Cloud. Затоа е демек fullstack, од све по малце и на крај ништо. Мора здраво да се учи и дома.

    Дипломата што ќе ти ја дадат можеш слободно да ја користиш место тоалетна хартија, но затоа те частат еден ваучер (во вредност од 50 евра) за да полагаш еден од трите Microsoft испити, со кои се стекнуваш со сертификат за Microsoft Solution Developer ако ги спукаш сите три. Првиот испит е HTML/CSS/Javascript со голем акцент на Javascript и неговите финти, вториот испит е ASP.Net, третиот испит е Azure. Јас го положив само првиот и не се замарав со другите, бидејќи примарно работам како fullstack javascript dev.

    И заборавив нешто да напоменам во предходниот пост. Да, од програмирање се заработува убаво и луѓето знаат да се мотивираат примарно од тоа, но е многу специфична професија која мораш 100% да ја сакаш за да можеш да ја работиш. Ако работиш со сила, после одредено време ќе ти пукне филм и нема никогаш да сакаш да седнеш пред компјутер веќе. Без љубов ништо не праиме.
     
    artweb, Krkac и на Psycore им се допаѓа ова.
  15. SYM_J

    SYM_J
    Intern

    29
    13
    3 Декември 2012
    Машко
    Факултетот што го учеше беше поврзан со програмирањево или и ти ко мене со општествени науки се едуцираше? Чисто информативно прашувам.

    Друго нешто што сега ми текна, дали треба да имам некоја посебна конфигурација додека го изучувам програмирањево или ќе ми брка работа 16,1''лаптоп со core 2 duo procesor? Да знам дали треба да планирам средства и за подобра конфигурација или може да почека тоа.
     
  16. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    497
    449
    12 ноември 2013
    Според ова Sephiroth што го наброја не би ти требало којзнае каква машина.

    Upgrade на rаm и ssd на лаптоп е секогаш многу добродојдено. Ќе поминеш со 100тина евра. За секој случај пиши ни цела конфигурација и модел.
     
  17. dimsa

    dimsa
    Gaining Experience

    246
    276
    9 Јануари 2015
    Приказни за мали деца се тие муабети дека треба да завршиш не знам си каква школа, медитација у тибет и после си спремен момак за web development. Според мене пресудно е да имаш желба и мотивација да го научиш тоа што си замислил. Затоа не би те охрабрил да одиш веднаш на толку скапи курсеви. Прво види основи на html, css за структура и дизајн па javascript за функционалност (тако званите frontend дисциплини) :). Па ако видиш дека ти лежи таа тематика и имаш кеф да расправаш тагови, елементи и сл. тогаш оди подлабоко со backend делот. Имаш еден куп ресурси за учење, ако немаш самодисциплина да одвоиш неколку саати да следиш курс тогаш посетувај во училница ама по редослед. Целта е да работиш нешто што ти е мерак, така лесно се абсорбира знаење и се напредува.

    п.с советов ти е од колега по општествени науки без ден работно искуство со нив :)
    Низ биографиите на многу познати личности ќе најдеш дека она во што се најдобри им е втора "професија/занимање/whatever". Жижек сакал да биде режисер, Клод-Леви Строс сакал да биде композитор, Кафка продавал осигурителни полиси, така што може ова ќе биде супер за тебе :) Само напред @SYM_J
     
    На VladimirB и ekonomist им се допаѓа ова.
  18. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,784
    3,245
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    малку офтопик, ме заинтригира, како тоа fullstack javascript dev?

    edit: под fullstack се знае што се работи - фронт, бек, бази. неможеш да си само фронт и да си фулстак...ме збуни ...
     
    На artweb и tupacan им се допаѓа ова.
  19. petre.dimov

    petre.dimov
    Gaining Experience

    918
    234
    27 ноември 2008
    Машко
    Software developer
    На dimsa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SYM_J

    SYM_J
    Intern

    29
    13
    3 Декември 2012
    Машко
    @Psycore Лаптопот ми е Асус, core 2 duo 2.20GHz, 16.1" екран, 500гб хард диск, 4гб рам, 1гб geforce графичка. Добро тера за секојдневно користење на фб, форум, јутјуб, офис програмите и за кантер одвреме навреме:) Дали за почеток и за учење ќе брка работа оваа конфигурација или сепак ќе треба да се подновам со нешто појако? Или пак на овој да му купам ссд и рам?
     
  21. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,623
    4,565
    23 Јуни 2015
    Машко
    Ново + ссд+ 8ГБ рам.
     
  22. drown

    drown
    Master

    1,454
    208
    8 Март 2007
    Машко
    Нинџа
    Ќе ти тера другарче лаптопот, немаш потреба да се замараш со апгрејд ако си тесно со финансии. Битно да почнеш и да видиш како ти иде. Моја препорака е да пробаш сам некоја недела/месец да видиш дали би ти легнала оваа професија. 2550е не се малку да ги дадеш во празно.
     
    На artweb и dimsa им се допаѓа ова.
  23. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    1,088
    970
    4 Февруари 2014
    Машко
    0-100 лол
     
  24. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,518
    14 Мај 2008
    Машко
    фронтенд - јаваскрипт (jQuery, Angular и тако даље)
    бекенд - јаваскрипт (NodeJS, Meteor, Express, Kraken, SailsJS и тако даље)
    база - јаваскрипт (Mongo, Redis и тако даље)

    Работам све што е на база на јаваскрипт
     
    artweb, tupacan и на spiritBreaker им се допаѓа ова.
  25. AnetaMK

    AnetaMK
    Gaining Experience

    75
    64
    16 oктомври 2016
    Женско
    Startup Founder
    Jas kako raboyodavac definitvo bi vrabotila nekoj so kurs za web development. Ako go imas zavrseno kursot I baras rabota pisi mi vo PM
     

Сподели

Вчитување...