1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Seavus академија за CLOUDOPS NETWORK ENGINEER

Дискусија во форумот 'ИТ Сертификација' започната од pooop, 17 Август 2019.

  1. pooop

    pooop
    Intern

    2
    0
    9 Февруари 2019
    Дали некој посетувал курс за CLOUDOPS NETWORK ENGINEER или било кој друг( SECURITY SPECIALIST,web developer или некој друг курс поврзан со програмирање) во Seavus?
    Дали сте задоволни од курсот , дали вреди или некој предлог за курс во друга академија (пример Semos) ?
    Јас сега ќе бидам 4та година на ФЕИТ (телекомуникации) и сакам да се запишам на курсов еве линк CloudOps Network Engineer – Seavus Education Center
    Секоја информација е добродојдена.
     
  2. martinmax

    martinmax
    Intern

    50
    27
    1 Март 2013
    Машко
    Каде и да одиш, биди спремен да вложиш 150%. Менторите во било кој едукациски центар се тие, на крај се зависи ти дали сакаш да научиш.
    Ако сакаш да учиш можеш и од јутуб, накрај твојот успех(дали си научил нешто или не) ќе зависи само од тебе.
     
    На pavlestyle му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pooop

    pooop
    Intern

    2
    0
    9 Февруари 2019
    Благодарам :). Учам и на youtube а и се измачив со факултетот доста а тоа ми помогна на издржливост и трпение ..Курсот не е баш евтин 3000е чини.. секако дека мора да вложам многу труд ... Сакам да знам дали се тоа ќе вреди и дали понатаму ќе можам да напредувам во кариерата (доста ме советуваат дека телекомуникации не се исплатливи во државава) па затоа и прашувам . Многу постари колеги што се вработија во ВИП или Телеком не се воопшто задоволни (тешко се напредува во голема фирма викаат ) па не сакам и јас да завшам така
     
  4. martinmax

    martinmax
    Intern

    50
    27
    1 Март 2013
    Машко
    Во првиот пост имаш спомнато cloudops, што верувам дека е еквивалентно на devops или во истата насока. Тоа не гледам зашто би те лимитирало во компании како вип или телеком.

    My point ако бидеш упорен во тоа што сакаш да го работиш, ќе имаш преголем избор на компании дали кај нас или во странство.

    Така да види што највеќе те интересира, вложи во тоа, биди упорен и на крај ќе ти се исплати.
     
  5. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    448
    349
    26 Јуни 2012
    Машко
    Колку што ја видов програмата, микс е на Azure, CCNA и MCSA обуки. Мој совет ти е да одиш едно по едно и истите самостојно да си ги изучуваш.

    За 3000еу можеш цела лабараторија дома да направиш со сервер, рутери, свичеви,уплата на cloud, уплата за видеоклипови и туторијали... и да добиеш каков таков hands-on наместо фул виртуелно и лимитирано како на обуката. Мој совет наместо Azure, замени го со AWS. Исто имаш избор и со GCP, изборот е сепак твој.

    Се ова самостојно ти е далеку подобро и ќе можеш по твој терк да си учиш, што сакаш и колку сакаш.
    Да резимирам:
    -(Cloud) AWS Free Tier, дури и нешто месечно да треба да платиш е макс 5-10$ и видео клипови од a cloud guru или linux academy. Мој предлог, обука за Solutions Architect Associate видеата.
    -(Mрежи) CCNA, изгледај од CBT Nuggets+додатно по Udemy/Youtube ако ти треба по специфично. Имаш избор на виртуелни лаб-ови, Packet Tracer од Cisco кој е бесплатен, GNS3 исто бесплатен само треба малку замарање да бараш image-и од рутери и свичеви ама е врв. И трета опција повторно од Cisco, VIRL 200$ годишно.
    -(Системска администрација) MCSA, покрени 2 виртуелки со windows server и тестирај. За клипови CBT Nuggets/Pluralsight/Udemy

    Нај добронамерен совет е да си ги заштедиш тие 3000еу или барем да ти бидат за да се издржуваш додека го изучиш се ова погоре. Не заборавај дека од Seavus ти даваат обична диплома дека си ја поминал обуката, а не си сертифициран за ништо (доколку тоа ти е целта).

    My 2 cents :)
     
    На Zippo, shifty, HardCorec и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...