• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Се воведува Министерство за информатичко општество

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Новата македонска Влада ќе биде проширена за уште едно министерство, откако денеска во Собранието по забрзана процедура се изгласа воведување на ресор за информатичко општество.

Како прва точка на дневниот ред на денешната седница, на барања на Владата беше ставен предлог законот за измена и дополнување на Законот за влада, во чии рамки е предвидено формирање на наведеното министерство.

Опозицијата реагираше на, според нив, избрзаната процедура, без претходно да биде образложена потребата од измените и без да биде направена проекција за тоа колку пари ќе чини новото министерство.

Во рамки на претходниот владин состав, функцијата министер без ресор задолжен за информатичко општество ја извршуваше Иво Ивановски.

Извор: А1
 

vik

Intern
14 април 2007
1,936
31
Ммм... баш ме интересира како ќе се покажат овие. Или ќе бидат како другите - бескорисни.:)
 

mac-ufs

Intern
23 април 2008
611
19

Опозицијата реагираше на, според нив, избрзаната процедура, без претходно да биде образложена потребата од измените и без да биде направена проекција за тоа колку пари ќе чини новото министерство.


a ovaa opozicija vise sve kocat....grujo rulez...barem se obiduva neso da naprai a ne kako drugite :D
 

milevskiz

Intern
9 април 2007
214
5
Ај да видиме што ке биде од тоа министерство, дали ке може да направе нешто реално или само фиктивно како нешто дека се работе(ло)!
 

mac-ufs

Intern
23 април 2008
611
19
Ај да видиме што ке биде од тоа министерство, дали ке може да направе нешто реално или само фиктивно како нешто дека се работе(ло)!
Де бе малце ли ви направила оваа влада во план на информатичката технологија. До сега тоа го правеше владата од сега владата одредува луѓе кои ке се грижат за информатиката. Направи бесплатини интенет кафиња имаше и бесплатен интернет значајно се намалија цените исто на интернетот,го донесоа Џонсон Контрол кој ветува дека ке вработи повеќе од 150 електро инжињери и доста се веќе вработени али како што кажаа се уште нема доволно стручен кадар,Како што слушам у план се и уште некои такви фирми,даваа ваучери на апсолвенти и тие како се викаа 100 $ лаптоп на децата у секој случај поентата ми е дека таа работа цела мора да ја врши одредено министерство така да на Грујо му паднало на памет да направи министерство за информатика...а до сега што и да паднеше на памет го исполнуваше ке видиме натака што како ќе биде

у секој случај давам подршка за ова министерство
 

milevskiz

Intern
9 април 2007
214
5
да нме бидам разбран лошо, дефинитивно и јас како студент на информатика давам целосна поддршка за министерство за информатика.
п.с ке даваат ли ваучерии оваа година?
 

mac-ufs

Intern
23 април 2008
611
19
да нме бидам разбран лошо, дефинитивно и јас како студент на информатика давам целосна поддршка за министерство за информатика.
п.с ке даваат ли ваучерии оваа година?
хахаха не знам нека каже тоа некој друг...апсолвент да не си? :D
 

Laki Luciano

Intern
27 мај 2008
332
3
@mac-ufs мислам дека премногу забега со фалење на Владата што направила и што планирала да направи.

Поддршка за ова министерство и да се стави некој ред и во оваа сфера во нашата држава.
 

DaDo|BT

Intern
21 септември 2007
258
13
dad0bt.blogspot.com
ова БИ МОЖЕЛО да функционира , само ако нема корупции , местени тендери , давање на работа на по партиска или пријателска/роднинска линија а не по ЗНАЕЊЕ и најважно од се , да не слуша нас .... луѓето кој 24/7 седат на компјутер ...
да направат некоја добра web страна за ова министерство и редовно да се ажурира да има место за прашања ....

искрено се сомневам дека се способни да го направат ова ... но ДАЈБОЖЕ да биди се како шо треба , а не само нови министерства шо лапат државни пари за бадијала
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Update:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО ОДОБРЕНО ПО ИТНА ПОСТАПКА

Пратениците денеска на петтата Собраниска седница го изгласаа владиниот предлог за формирање на министерство за информатичко општество, кој што помина со забрзана процедура.

Барањето за ставање на овој предлог како прва точка од денешниот дневен ред, предизвика реакции кај опозицијата која се спротивстави на избрзаните измени и на, како што беше речено, измени во законот без објаснување и проекција за тоа колку пари ќе бидат потрошени за формирање на оваа министерство.

Парламентарното мнозинство, сепак, дозволи да се формира новото министерство што премиерот Никола Груевски во изминатите две години, и покрај најавите, не усоеа да го направи поради што во рамките на владата функционираше сектор за информатичко општество на чело со министерот без ресор Иво Ивановски.

Извор: Сител
 

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
ова БИ МОЖЕЛО да функционира , само ако нема корупции , местени тендери , давање на работа на по партиска или пријателска/роднинска линија а не по ЗНАЕЊЕ и најважно од се , да не слуша нас ....
ni na son druze... vo najkorumpiranata drzava vo svetot ne moze da funkcionira vakvo nesto
 

WhizKid

Intern
23 јуни 2008
27
0
На оваа држава и е потребно само едно министерство. Министерство за здравство. Зошто целиов народ е нездрав.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,729
Мислења
831,474
Членови
28,721
Најнов член
AIRTC
На врв Дно