• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Се појави првиот тројанец за iPhone

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

hmmm

Gaining Experience
30 ноември 2007
1,242
80
hmmm's setup  
Processor & Cooler
i5 3570k @4.2GHz & CM Hyper 212+
Motherboard
AsRock Z77 Pro3
Storage
Samsung 840 EVO 120GB + WD Black 1TB
PSU
Corsair CX600
RAM
2x4GB G.Skill Sniper 1600MHz
Video card
HD4000
Case
Custom
Mouse
Gigabyte GM-M7000
Keyboard
Generic
Audio
Asus Xonar DG
Monitor
Compaq Q2159
OS
Windows 8 64bit
Хакерите го создадоа првиот малициозен код наменет за популарниот iPhone од Apple, кој за среќа на сите корисници, и не претставува толку критичен штетник.




Овој штетник се прикажува под името "iPhone firmware 1.1.3 prep" и е опишан како важна системска надградба која треба да се инсталира, пред iPhone корисниците да ги надградат своите телефоните на firmware-от 1.1.3.

Интересно е што овој малициозен пакет нема некоја критично штетна функција која ќе му наштети на вашиот телефон. Проблемите се појавуваат дури по неговото одинсталирање, кое автоматски потегнува и бришење на "Erica's Utilities" (колекција на услужни програми за iPhone) и OpenSSH.

Според Орла Кокс од Symantec, ова претставува првиот тројанец забележан на популарниот iPhone, кој за среќа на милионите корисници - не претставува критична закана. Проблемот се решава со одинсталирање на пакетот "iPhone firmware 1.1.3 prep" и повторно инсталирање на "Erica's Utilities" и "OpenSSH".

Извор:Кајгана
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Ајде нека му е честито на iPhone, се најубаво со вирусите да дочека уште позезнати вируси. Затоа си постојат антивирусни решенија за мобилен телефон така да ќе си купуваме и такви чуда за мобилни :))
 

sonic

Intern
13 ноември 2007
529
5
Абе неможе да се куртули од нови вируси никогаш, затоа останува на нас да се информираме на време :)
 

DaciSS

Gaining Experience
3 јануари 2008
949
288
San Francisco
www.linkedin.com
каков сака нека искочи малициозен софтвер за iPhone, доколку не направи некои хардверски проблеми, во секое време можеш да си напраиш restore (нешто слично како format на pc) и мобче ке ти биде како нов од продавница :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,623
Мислења
821,917
Членови
28,268
Најнов член
cufta78
На врв Дно