1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија Sapphire Radeon R9 290 (Non X)

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од Fatal1ty_, 5 ноември 2013.

  1. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,827
    26,018
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    На 4 Ноември во 00:00 по локално време беше лансириањето на рефенрентната картичка од R9 серијалот на Sapphire. За среќа на сите ентузијасти и љубители на јаки перформанси на графички картички, Ќе можеме да се пофалиме и со наш официјален тест.

    Како што веќе знаеме дека AMD со својата нова „Volcanic Islands“ серија го загрозува владеењето на Nvidia GeForce. Произведени се чистокрвки гејмерски графички картички кои ги подржуваат сите игри, вклучувајќи True Audio, API Mantle како и компатаилност со 4k мониторите. Базиранни на најјаките модели на графички процесори од Hawaii серијалот.
    Моделот кој го добивме на тестирање е Sapphire Radeon R9 290, модел кој не спаќа во X сериалот и со тоа има нешто послаби фабрички фрекфенции од неговиот „појак брат“.
    R9 290 е базирана на CGN архитектира и изработувана по 28nm технологија.

    Неколку зборови околу технологојата

    Да видиме како изгледа структурата на јадрото.
    [​IMG]

    Најјакоот модел од серијата има 2816 унифицирани процеси кои се групирани во 44 единици за обработка. Бројот на shader зголемен на 4 парчиња.

    [​IMG]
    Секоја група на извршување на одредена единица се става на векторски процесор (4 групи од 16 парчиња) и еден скаларен процес
    ор.

    [​IMG]

    Мемориските контролери сега заземаат помалку простор (20% помалку одколку кај Tahiti), со што ја имаат поддршката за 512-битно мемориско адресирање.

    [​IMG]

    Карактеристики

    • Модел и Призовдител Sapphire Radeon R9 290
    • GPU Up to 1000 MHz Core Clock 28 nm Chip 2560 x Stream Processors
    • Меморија 4096MB 512 -bit GDDR5
    • Интерфејс 1 x HDMI (with 3D) 1 x DisplayPort 1.2 2 x Dual-Link DVI-D
    • Поддрша за монитор Максимум 4 монитор
    • Димензии 277X104X31 mm 2 слота
    • Цена Непозната (сеуште)
    Пакување

    За разлика од конкуренцијта, Sapphire нема обрнато премногу внимание на пакувањето на производот. Картонска кутија на која се наоќат сите важни детали за картичката, модел, производител и ренденр од игра на предната страна... Без луксуз.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Во внатрешноста освен самата картичка се наоќаат цд со драјвери, две кабелчиња за дополнително напојување и HDMI кабел.

    [​IMG]

    Дизајн

    На прво поглед картата има идентичен изглед со нереферентниот модел. Карактеристичен ладилник со турбински вентилатор и специјално дизајниран оклоп со црвени пруги.

    [​IMG]

    На горниот дел се наоќаат конекторите за дополнително напојување на процеосрот кои се 8-пински и 6-пински.

    [​IMG]

    Тука е сместено и RADEON логото кое е испишано централно на горнаата страна.

    [​IMG]

    Уште еден детал кој е вреден да се спомне е и микро порекидачот кој има две положби, за тивок и забрзан режим на работа. „Quiet mode“ служи за корисници кои сакаат да уживаат во тишината и кои сакаат да уживаат во амбиенталниот мир. Во овој режим картичката е речици нечујна а намалувањето на перформансите речиси минимална. „Uber mode“ е другата позиција која е задолжена за обезбедување на максимални перофроманаси на картичката. Дополнителната негова функција е и овозможување на работа на картичакта во CrossFIre.

    [​IMG]

    Распоредот на конекторите е останат ист како и кај нереферентниот модел 290x (2xDVI, едне HDMI и еден DisplayPort) со кој може да се обезбеди поддршка за работа во Eyefinity и новите 4K монитори.

    [​IMG]

    PCB-то исто така е исто и препознатливо како и кај останатите модели. Со црна позадина и распоред на елементите.
    [​IMG]


    Турбинскиот вентилатор има голема способност на го изнасе топлиот воздоух надвор. Поради добара ергономија и изведба тој има три „каналчиња“ низ кои го спроведува топлиот воздух.

    [​IMG]
    [​IMG]

    Картичката иако е подолга од претходниците, таа воопшто не делува гломазно. Има должина од 30мм и зафаќа само 2 слота.

    [​IMG]

    Функционалност

    Позади секој добар хардвер стои и соодветен софтвер кој добрите перформанси ги прави уште подобри. Па затоа Radeon R9 290 доби нова верзија Catalyst 13.11 Beta V5. Catalyst Control Center е редизајниран со цел успешно користење на новата Power Tune функција која е достапна за R9 290 серијата на графички картички.

    [​IMG]

    Она што прво ни падна во очи е 2D топлотниот приказот на Overclocking и Power опциите. Со оваа 2D шема можете рачно да си подесите на колку и како ќе ви работи гарфичкиот процесор.

    Она што е ново кај R9 290 серијата на графички картички е тоа што поддршува Ultra HD и 4к монотиро. Кога сме кај оваа технолигја R9 290 поддржува висока резолуција преку HDMI 1.4b и Display Port 1.2 при што овозможува автомацко конфигурирање на Ultra HD 4K монитори.

    [​IMG]

    Исто така R9 290 серијата е способна да поддржува до три HDMI/DVI монитори истовремено.

    Тестови

    Она што на секој потенцијален корисник на графичките карти му е најважно се поерформансите. Графичката картичка е тестирана локално и сите разулатати се споредени со графички со слични перформанси.

    При тестирањето следена е температурата на графичката и бучавата што ја создава, на стандардна фрекфенција и оверклкувана.

    Тест конфигурација

    • МАтична ASUS P9X79 Pro
    • CPU Intel Core 3930k
    • RAM DDR3 Kingston HyperX 2x4 @ 1600 Mhz, 9-9-9
    • Storage Samsung 840 PRo
    • PSU Corsair AX1200i
    • Монитор Dell u2713HM 2560 x 1440
    • Оперативен Windows 7 Ultimate X64 Service Pack 1
    • Драјвери AMD Catalyst 13.11 Beta 5 + Catalyst Application Profiles 13.5 CAP1
    Програми и игри на кои се направени тестовите

    • 3DMark Fire Strike
    • 3DMark 11
    • Heaven 4.0
    • Crysis 3
    • Tomb Raider (2013)
    • Metro Last Light
    • Batman: Arkham City
    • Sniper Elite V2
    • Far Cry 3
    • Battlefield 3
    Картички со кои се споредуваат резултатите

    • AMD Radeon R9 290X
    • GeForce GTX 780
    • GeForce GTX 770
    • AMD Radeon 7950
    Метода на тестирање

    Сите тестови се пуштени на две резолуции 1920х1080/2560х1440, на секоја резолуција е мерено stock и overclock резултат при автоматски подесена вртежна моќ на кулер + два теста со мануелно подесен кулер. При тестирањто е мерена темпаратура, потрошувачка и бучава.

    Stock Подесувања

    [​IMG]

    Overclock На кој стабилно работеше картичката и на која беа пуштани тестовите

    [​IMG]

    3DMark Fire Strike

    [​IMG]

    3DMark 11

    [​IMG]

    Heaven 4.0

    [​IMG]

    Тестовите на игри се сетирани на High се што е можно.

    Crysis 3

    [​IMG]

    Tomb Raider (2013)

    [​IMG]

    Metro Last Light

    [​IMG]

    Мануелно подесување на кулер на 60%, се изгубија 1-2 фрејмови

    [​IMG]

    Batman: Arkham City

    [​IMG]

    Мануелно подесување на кулер на 60%, не се почуствуваа поголеми пормени во FPS

    [​IMG]

    Sniper Elite V2

    [​IMG]

    Far Cry 3

    [​IMG]

    Battlefield 3

    [​IMG]

    Максималната потрошувачка на енергија при голема оптеретеност е просечно/висока. Во споредба со појакио X модел е нешто помала за ~7w

    [​IMG]

    Температурата во uber mode е застрашувачка. Таа достигнува и до 97 степени при оверклок и максимална оптеретеност, за споредба е поставена температируата на 290x при 100% RPM

    [​IMG]

    Да ги сумираме резултатите: Radeon R9 290 го победи конкурентниот GeForce GTX 780. Ако ги сумираме резултатите ќе видиме дека ја победува 780-та во 4 тестови, а во 3 се многу блиску со резултатите, а во три изгуби. Неизбежно да се каже дека се љути ривали. Она што го приметивме при тестирањето е дека картата не е воопшто тивка кога е преоптоварена, дека троши струја и грее многу повеќе од ривалот GeForce GTX 780.

    Заклучок

    Кога станува збор за споредба со неговата целосно отклучена верзија 290Х, можеме да приметиме дека не надминува 10-15% во перформанси. па затоа можеме да констатираме дека 290 има огромен плус во односот на цена/перформанси.

    За да се одлучите дали Radeon 290 е вашиот вистински избор ќе морате да се одлучите што е најважно за вас. цена/перформанси или Тишина/потрошувачка на енергија, и врз оваа основа да се направи избор.

    Нема сомнение дека за страствени гејмери картичката е она што мора да го поседуваат.

    [​IMG]

    Позитивно

    • Цена
    • Пероформанси
    • Одлични оверклок способности
    • Дизајн
    • Начин на кој се истиснува топлиот воздух
    Негативно

    • Висока температура
    • Голема потрошувача
    • Голема бучава при оптеретеност
    • Недостаток на VGA криклучок
    Голема благодарност до Anhoch кои први ни ја остапија картичката за тест.
     
    На Zombie, Necromancer, Woofer и уште 24 други им се допаѓа ова.
  2. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,827
    26,018
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ќе следат уште неколку тестови во продолжение...
     
    На vukasin, koki, uwemi и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. xhktw

    xhktw
    Practice makes perfect

    1,225
    1,272
    2 Август 2009
    ОДЛИЧНО!!!!!!!! Секоја чест. Мерак за очите ми е кога ќе прочитам вака стокмено постче. Keep it up.
     
    На dejan_str му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,974
    2,947
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Одлична рецензија браво како и секогаш од Калчо. Картата е сон за перформанси, но тоа што троши како спонзоруша со туѓа картица, и грее 94 и 97... па што се вика 6 серијата не беше толку жешка. Огромен сетбек за ати овде. Со такви температури и бучава ништо не прават разочарувачки. Ако би требало да бирам сепак би дал малку повеќе пари и би одел со зелените. Ати имаат уште ногу леб да јадат да им се доближат на нвидиа.
     
  5. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,726
    27,400
    4 Септември 2008
    Благодарност и од мене до Анхоч за одстапената карта, а исто така и голема благодарност до тебе за трудот, и ривјуто, едвај чекам да искочат кастом модели :)
     
  6. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,839
    3,951
    5 Јули 2013
    not bad not bad :)

    Не ми е јасно - како во одредени тестови( исклучиво на резолуција 1920x1080), разликата помеѓу 7950 и најновите ѕверови е околу 10%-20%. A 7950 е картичка која веројатно(бидејќи не е наведено поинаку) работи на пропишани фреквеции (810/5000). Зарем кога ќе се оверклокува на 1150/6000 (откако ќе добие приближно 25% на перформанси плус!) ќе биде рамо до рамо со R9 290 без OC? Забелешката ми се однесува првенствено на бројките.Премногу се блиску ( Battlefield,FarCry,Batman,Tomb Raider). Во Metro/Sniper Elite и останатите ми изгледа реална разликата. Зарем навистина е толку мала разликата?

    Благодарност и до тебе за времето и трудот ;)
     
  7. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,726
    27,400
    4 Септември 2008

    Грешка си, AMD веќе ги престигна Nvidia, сега Nvidia се чека да ги престигнe AMD, со GTX780 Ti, она што намерно или ненамерно го игнорирате е фактот дека,

    1. Има луѓе на кои не им смета бука.

    2. Картава е точно, 25K поефтина од 780-та кај нас.

    3. Картата е дизјанирана да работи на високи температури, а драјверите/vBIOS-от со кои е тестирана фенот е заглавен на 40% при што температурите се несоодветни.

    4. За неполн месец ќе искочат кастом карти со 15c + пониски температури, и ~10+ dB потивок режим на работа, за 10 - 20 долари/евра плус, а воедно цели 80 евра како минимум пониска цена кај нас од 780-те и тоа во следните пратки, која е сегашната цена на 780-те види под 2.
    Згора на тоа добиваш и 1GB повеќе Vram, со 290-те, за каков леб ќе зборите после исфрлањето на кастом моделите? :oh:
     
  8. alumen :)

    alumen :)
    On your way to fame

    1,122
    587
    6 Јануари 2012
    Машко
    Аууууу какво по*но.
     
  9. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,974
    2,947
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    За ценава си апсолутно во право што е многу поскапа 780 поскаоа е. Ама не ми се верува дека има некој на кого не би му сметала бучава. А и не викам дека нема да работи нормално, верувам дека е створена за толкави температури, ама во куќиште 100 степена од гпу е премногу
     
  10. xenon

    xenon
    Guru

    3,791
    9,443
    15 Јануари 2011
    Машко
    Одлично ривју, поздрав за трудот, времето одвоено и посветениот ангажман околу истата. Благодарност и до Анхоч за соработката.

    Картава е ѕвер, ќе се смири ситуацијата со нереферентните ладилници во однос бука и температура.

    Сепак приметувам дека ниедна картичка неможе да ја работи Crysis 3 сама по себе на 2560х1440 резолуција, сите се под 30 fps...
     
  11. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,639
    12,996
    2 Август 2012
    Машко
    Во какво/кое куќиште е извршен тестов?
     
  12. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,154
    4,861
    8 Април 2011
    Машко
    Bravo!одлична рецензија,картава е супер.Најдобра Хајенд карта цена-перформанси моментално. Е сега тоа што троши,грее и е бучна нема на секого да му ОК но за тој што нема проблем за тоа картава за парите е екстра.Одлично
     
  13. Borsa

    Borsa
    On your way to fame

    962
    698
    10 oктомври 2011
    Машко
    Машински дизајн
    ЛУДИЛО.Само нема некоја голема разлика помеѓу 290 и 290х.!
     
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,726
    27,400
    4 Септември 2008

    Па тоа и е поентата :D
     
  15. theMAD

    theMAD
    Practice makes perfect

    1,078
    1,433
    6 Декември 2012
    Машко
    Студент
    Браво шефе, одлична рецензија!!!

    иначе 290 клокната колку 290х па и подобра е ? nice :D
     
  16. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,827
    26,018
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Со новите драјвери што ги чекам ќе го биде ептен подобра
     
    vukasin, koki и на theMAD им се допаѓа ова.
  17. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,639
    12,996
    2 Август 2012
    Машко
    Сметам дека треба да добијам одговор на прашањето во кое/какво куќиште е тестирана картава затоа што тоа не е ирелевантно!

    Фала.
     
  18. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,827
    26,018
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Не сум те прочитал извини
    haf 932
     
    vukasin, koki и на FLEGMA им се допаѓа ова.
  19. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,678
    14,239
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Од каде најде 290Х? :eek:
     
    На ileste му/ѝ се допаѓа ова.
  20. theMAD

    theMAD
    Practice makes perfect

    1,078
    1,433
    6 Декември 2012
    Машко
    Студент
    Fatal1ty_ Главниот

    :D
     
  21. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,599
    3,535
    11 Декември 2008
    Машко
    Одлична рецензија како и секогаш Калчо и пофални зборови за Анхоч :)
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  22. vane44

    vane44
    Баниран/a

    1,417
    775
    26 ноември 2010
    Еве ако некој го интересира како изгледа тоа проблематичното ладење
     

    Прикачени датотеки:

    На Molec му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,361
    2,171
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима

    Обожавам дисекции, браво vane44![​IMG]
     
  24. vukasin

    vukasin
    Gaining Experience

    149
    75
    31 Јануари 2011
    Дисекции обожаваме сите само, сигурен сум дека не било дозволено да се отвара картата, иначе ќе ја отвореле...

    иначе ептен добро срсботено.Фала за тебе и фала за Анхоч.

    Поздрав
     
  25. ileste

    ileste
    Gaining Experience

    1,241
    304
    26 Јануари 2012
    dali site graficki gi imase da gi testiras vklucuvajki gi i 290X i 780GTX i ne e bas deka nema razlika pomegu 290 i 290X
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...