1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Sandy/Ivy Bridge или Ryzen (F1, F1)

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од Perata, 22 Јануари 2020.

  1. Perata

    Perata
    Intern

    8
    17
    31 oктомври 2017
    Машко
    Поздрав друштво.
    Моментално сум на следната конфигурација
    cpu: i5 2300
    mb: gigabyte z68-ds3
    gpu: gt 440
    ram: 4 GB DDR3 1333Mhz (едната плочка не издржа)
    psu: no name aka 300 den (моето ме напушти)
    hdd: 500 GB
    ssd: последното нешто што откажа и ја прели чашата

    Сакав да преминам во тимот на црвените со Р5 2600, за што би требло да одвојам 22-25.000, но деновиве се премислувам и повеќе сум за остaнување на истата платформа ,а тоа задоволството би ме чинело 12000-15000 (gpu rx580-4000, 8gb ram-2000, ssd-2000, psu:2-3000).Сега следува делот кај што ми треба двојна помош(види наслов ;))

    1.Избор на процесор
    (i5 2300 << rx 580 aka bottleneck)
    i5 2500k(2500den), i5 3570k(3300d), i7 2600k (3700d), i7 3770k nope (многу пари) ????


    2.Дали да дадам 10.000 ден повеќе за Рајзен конфигурација?
    Компјутерот 90% од времето ќе се користи за сурфање, 10% light gaming (PS4 za AAA games) но не е лошо да може да се изигра некоја од нив без да се купи.

    Thanks in advance за сите контруктивни предлози ;)
     
  2. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,385
    11,583
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Види мене што ми кажаа (ама мене ми е оверклокуван).
     
    На stefan_off и Perata им се допаѓа ова.
  3. zipi123

    zipi123
    Gaining Experience

    486
    441
    14 Јануари 2016
    Машко
    Ako imas pari, jas bi idel na ryzen, konfiguracijata sto ja imas e veke stara
     
    На Perata му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Perata

    Perata
    Intern

    8
    17
    31 oктомври 2017
    Машко
    @Metuzalem ја прочитав цела тема и многу ме бендиса, мислам дека копчето за лајкови не ми работи повеќе (го убив од штракање)

    @zipi123 yup, но ќе ја задржам само матичната и со и7-2600к за 3700 ден. би поминал поевтино отколку Р5 2600+МВ, а вишокот пари да се потроши на зензки со зизки - одлична препорака од гојдо мора да признаам
     
    igor_igor, stefan_off, Metuzalem и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,263
    1,712
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    Тоа што викаш дека рам ти откажал и ссд ми е многу сомнително не ги знам условите под кои се десило тоа нои во двата случаја коа прочитав дека си користел 300 денари напојување се наежив :) ... ако сакаш компјутерот и деловите долго време да те служат многу битно е квалитетно напојување па макар и користено тука од форум за нешто поевтино ...

    Инаку и јас би ти рекол да си останеш на таа платформа ќе те служи за сурфање и кежуал гејминг уште година минимум. Ако приметиш нешто проблем сецкање во игри и слично а имаш солидна графичка пример 580-ка тогаш клокни го сенди-то на 4~4.2Ghz и нема да имаш такви проблеми.
     
    На Perata му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,394
    13,460
    23 Јануари 2008
    Манга
    А каде има i7 2600K за 3700 денари?
     
    Perata, zipi123 и на Arabian им се допаѓа ова.
  7. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,055
    3,127
    2 Септември 2012
    Машко
    Последна промена: 23 Јануари 2020
    На mkgunner и Perata им се допаѓа ова.
  8. zipi123

    zipi123
    Gaining Experience

    486
    441
    14 Јануари 2016
    Машко
    Od tamu dur da doe ke go zaboravam :))
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  9. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,055
    3,127
    2 Септември 2012
    Машко
    Од втората продавница линк со AliExpress Standard Shipping ми имаат стигнато околу 20 тина разни цпу-а и секогаш пристигале за 14-15 дена, освен еднаш 20-тина дена. :)
     
    На goce03 и Perata им се допаѓа ова.
  10. Vlad944

    Vlad944
    Gaining Experience

    216
    444
    3 Март 2015
    Машко
    PC-то ти е 90% за менвање.Невреди да вложваш 12-15к денари и пак да седиш на старо.Мое мислење,најдобро земи Ryzen процесор,матична,рам,ссд ново а графичка од форумов РХ 580 и едно напојување од Гојдо,барем ќе си бидеш раат.
     
    На zirkach и dejan_str им се допаѓа ова.
  11. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,394
    13,460
    23 Јануари 2008
    Манга
    Дефинитивно купи си 2600K од Алија, еден половен масивен кулер за оверклок, уште 3 плочки по 4GB DDR3 и ново SSD од 240GB.

    Ова ќе те чини 3700+1000+2100+1900 = 8700 денари. Со овој апгрејд ќе имаш драматично подобра и побрза машина во однос на она кое го имаш сега. Разликата ќе биде народски кажано ден и ноќ.
     
    На dejan_str, zipi123, Perata и уште 3 други им се допаѓа ова.
  12. Anungunrama

    Anungunrama
    Intern

    55
    48
    5 Февруари 2019
    Машко
    И ја би идел на 2600, моментално сум на слична конфигурација ко таа што сакаш да ја направиш со разлика DDR4 RAM и солидно напојување. Со SSD ко што кажа gOJDO ептен разлика ќе има. И да, R2600+RX580 е топ комбинација за солиден 1080p гејминг.
     
    На dejan_str и Perata им се допаѓа ова.
  13. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,394
    13,460
    23 Јануари 2008
    Манга
    Со клокнат i7 2600K ќе има подеднакво добри, ако не подобри, перформанси за играње од клокнат Ryzen 5 2600.
     
    На Anungunrama и Perata им се допаѓа ова.
  14. Anungunrama

    Anungunrama
    Intern

    55
    48
    5 Февруари 2019
    Машко
    AMD фан овде + немам клокано никад освен малце FX 6300 :) Ти верувам на проценка :)
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  15. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,970
    26,670
    4 Септември 2008


    Губи од сток 2600
     
    На CBB_6, Perata, dejan_str и уште 2 други им се допаѓа ова.
  16. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,394
    13,460
    23 Јануари 2008
    Манга
    I stand corrected...Ги помешав брзините меѓу Sandy Bridge и Haswell. :D
    Во секој случај за вложените пари од комбото кое му го предложив погоре ќе добие далеку многу повеќе отколку да вложи во комплетно нова платформа.
     
    DaVoRkNe, Perata, gremlin и на уште 1 им се допаѓа ова.
  17. StefAngel

    StefAngel
    Practice makes perfect

    1,644
    1,075
    28 ноември 2015
    Машко
    Just for your amd fx fans.

    View: https://youtu.be/6IzdM2uMD04
     
    На Anungunrama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Perata

    Perata
    Intern

    8
    17
    31 oктомври 2017
    Машко
    Екипа мучос грацијас на конструктивните коментари , одлуката е донесена.

    Идам со и7-2600к,ссд,рам и кулер од пештерата на алибаба, па откако ке стигнат зимам rx580 (100% ќе има пане растурено некој риг до тогаш :)) и psu локално .

    Рајзенот ќе почека до крајот на годинава или следната година зависно од финанскиската состојба. Ако земам р5-2600 и ве прашам која матична да ја земам коментарите би биле следни: земи си евтина В-450ка за 3500ден, ма подобро му е да додаде 3000ден и да земе томахавк futureproof е, ќе може да оверклокува, немој томахавк биосот на мси ќе ти ги спржи деловите подобро додади уште 3000 и земи си х-470...Башка не личи нов компјутер во страо куќаре, па ај купи куќиште, па ај земи 4-5 ргб вентилаторчиња, па жално е да имаш плоча која подржува енвими а да не ставиш едно за да ти завидуваат комшиите....Ако соберам до крајот на годинава нешто вишок на кој нема да знам што да му правам ги продавам матичната и процесорот и се гледаме во тимот на црвените.

    Друштво тенкс уанс агеин и ви посакувам се најдобро , ќе пишам кога ќе стигнат деловите ;)
     
    На Lokvan, gOJDO, borcep и уште 3 други им се допаѓа ова.
  19. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,394
    13,460
    23 Јануари 2008
    Манга
    @Perata

    Разунмен компромис помеѓу буџетот и желбите. :) Пиши ако ти треба RAM и SSD локално: 4x Hynix DDR3-1600 половни + А-Data SU650 240GB нов за 4000 денари + твојата една плочка 4GB DDR3-1333 (да не стрчи ќе ти ја прифатам ко замена ;) ).
     
    Necromancer, Perata, Costigan_Jr и на уште 1 им се допаѓа ова.
  20. DelphiUser

    DelphiUser
    Practice makes perfect

    1,036
    1,061
    2 Март 2011
    Машко
    Taмам догодина 3600 ќе стане колку што е сега 2600.
    3600 е бог и батина.
     
    На Perata и smole им се допаѓа ова.
  21. Perata

    Perata
    Intern

    8
    17
    31 oктомври 2017
    Машко
    Пиши цена тука или во ПП за ССД-то и некое напојување ако ти се наоѓа при рака (половно 80+ би било поволно :) , па уште ако е модуларно или полумодуларно ау ау ау, немој не ме радуј ќе ти кажам).
    Денеска нарачав и5-3570к и рам локално, би требало утре да бидат стигнати во Карго, така што по се изгледа целата надоградба ќе биде локална. Нарачката е направена преку реклама 5, така да не знам дали дечкото е од нашите или не. Ако е наш и ја чита темава го очекувам да одговори, сигурно ќе се препознае по деловите :)
    ПС. Деловите ќе ги задржам, и со една евтина 1155 матична ќе имам добар back up
     
  22. Perata

    Perata
    Intern

    8
    17
    31 oктомври 2017
    Машко
    Не можам да оставам коментари во купувам/продавам, но си имам јас свое катче :innocent:

    Позитивно искуство со @edin.ademovic ;), со здравје да се служи и му посакувам успех во работата и што поскоро да се префрли на нешто побесно.

    Земените средства се веќе дадени за Рам плочка. Надоградбава ќе го надмине првичнно предвидениот буџет, така да ништо од бекап планот. Е сега кога веќе сме кај средствата следува главното прашање: Кај се парите?
    1. да стапам во контакт со @efto и да ги извадам парите од paypal
    2. да продолжам со продажба и да се збогувам со мојот ПС4 (оваа опција ме влече повеќе, па со ефто да се видам кога ќе имам поголема сума за вадење)

    Матична(z-68), процесор(i5-3570k) и рам(16 GB) - checked
    PSU, cooler, GPU и SSD (куќаре - ако остане нешто вишок) - unchecked

    Откако ќе завршам со авантурава, ќе останат нонејм напојување, сток кулер и ГТ 440 (резултат на 10 годишно невложување :( ). Доколку @Astro успее да ги искомбинира супер, доколку не ќе бидат понудени на форумов. Се надевам дека нема да чекам толку долго до следната надоградба и ќе има поквалитетни делови за добротворни цели.

    Друштво тоа е тоа за сега, се надевам следниот пост ќе ми биде со сликички по што би можело да се стави клуч на темава. ;););)
     
    edin.ademovic, efto и на Astro им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...