1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Samsung паметни телефони - генерална дискусија

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од psyside, 30 Септември 2014.

  1. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,609
    3,355
    24 Септември 2012
    Не е само гпу, во се е полош. А највеќе во греење и во батерија - а истовремено е поспор.
     
  2. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,751
    27,431
    4 Септември 2008
    Епа мојата замерка е за тие коментари, а видеото кое го постирав не беше као у стилу еве debunk им правам на сите, јасно е дека Snapdragon е подобар процесор, особоено од аспект на графичка, тука нема дискусија, она што сакам да го истакнам е дека видеото од типот е со последна верзија на фирмвер, во која најверојатно се апдејтувани драјверите за графичката, како и оптимизирана работата на големите јадра, па така резултатите не се веќе со толку голема разлика.

    Linus е познат како хардкор гик, и за него да постира стари графи, во ситуација кога рецензијата со нови му е буквално пред очи (најгоре на Anandtech) за мене е луда работа + додаде на хистеријата за наводната голема разлика помеѓу двата модели од аспект на батерија иако и 2-та модела го имаат истиот проблем @120hz, исто како и 95% од уредите кои имаат поддршка за 120hz.

    Јас имам Exynos S20 plus, и вадам во просек 7H SOT, @120hz.

    Kaj нас во моментов никако не вреди да се купи Ultra, разликите помеѓу тие 2 модела не смеаат да бидат над 200е, а моментално е 500.

    GPU-то не е bottleneck се додека не играш захтевни игри во континуитет паралелно со други операции. Просечна разлика во брзина помеѓу 9820 и 990 е 25%, во некои сегменти е многу повеќе, и телефонот е нереално брз.

    Оваа година најверојатно OP8P или Mi 10 ќе бидат all rounder-и, S865 + сериозни сензори, особено OP8p треба да има одлична поддршка за GCAM, а и ќе биде супер балансиран, ако тој е скап тука е Mi 10, па дури и Honor 30/Pro. Има голем избор оваа година, само се чека што ќе се случи со апдејтите, моментално сите нови уреди се далеку под она што можат да го постигнат, како од оптимизации на кернели/чипсети, батерии, па и капак со камерите.

    Не брзајте со заклучоци, ќе ви се удрат од глава.
     
  3. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,163
    3,519
    7 ноември 2014
    Машко
    Подобро оди и прашај ги Google што се замараат уопште секоја година нова верзија на Android, Samsung секоја година нова верзија на One UI...све будали очигледно. :D
     
  4. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,751
    27,431
    4 Септември 2008
    Верзијата на UI-то, без малце нема никаква врска со верзијата на андроид. Тој апдејт е може да се пушти посебно. Иначе Google нека бидат среќни што постои Samsung, LG, One Plus, иначе апдејтите ќе станат како кај IOS, помести некоја икона, стави опција за гасење на нешто и прогласи го за major update :oh:
     
  5. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,488
    1,806
    5 oктомври 2007
    Машко
    "Another factor to consider is that our tests push the hardware to the maximum. Since the Snapdragon 865-toting S20 Plus delivers better performance, it won’t have to work as hard in general use and you can expect battery life to match up to the Exynos version.
    All said and done, it looks like Samsung has finally managed to tune the Exynos 990 for better longevity, but you pay for it in performance. The Snapdragon 865 version of the Galaxy S20 Plus might deliver slightly worse battery life, but the significant performance boost evens out the equation." - рекоа од Анандтеч и му појаснија на Псај, дека сепак има зашто им испаднал Ексинос послаб потрошач минорно.

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
  6. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,751
    27,431
    4 Септември 2008
    Ти читаш параграфи, а јас заклучок. Тука е разликата, плус јас веќе поминав долго време со S20 plus, и знам што може а што не, телефонот е видно побрз од уреди со S855, кои нагло сега ќе станат спори, а до пред само некоја недела се величаа како побрзи од Exynos 990, и уште еднаш за да нема забуни, S865 е подобар чипсет, од повеќе аспекти, но во реалноста таа разлика сем гејмери никој нема да ја примети. Од следна година Samsung исто така се враќа на ARM јадра, па така ова е последна година кога ќе имаме послаб продукт.
     
    На Happy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,488
    1,806
    5 oктомври 2007
    Машко
    Ти читаш сФе ама ставаш тоа што ти паше у муабетот. Моите параграфи беа продолжение на твојот заклучок, пошто спаѓаат во него па да го ставиме цел, а не черипикуван.
    Ќе видиме за догодина. Муабетот е сега и овде. И BTW ене и ја 980ката со комплет АРМ јадра, па не дека го јаде 855ката.
    А наспроти тоа дека разликата ќе ја приметат само гејмери, јас ќе кажам дека разликата у субјективно подобра камера ќе ја приметат дали 10% корисници, и тоа фото ентузијасти, на 32" монитор у јак кроп.
    Еве да ти кажам уште еден реал лајф случај што лично сум го приметил на Е а не на СД, од по самсунг иста генерација. Ремоте десктоп конекш, каде графиката и процесорска моќ играат исто улога. Бог и батина разлика у мазност што би рекол ти. Баш имаше пред некој ден на редит и други узери со С20киве исто го приметиле. Значи сме збореле и порано, чипот е целина, и користи за се и сешто, и незнаеш кој за што ќе го користи. Ако ти не гејмаш, некој да, некој користи комбинирано. Не е се Камера, дај олабави со камерите.

    Samsung's statement on Exynos 990 vs Snapdragon 865 is unconvincing - SamMobile
    Значи ги пеналеле дури и на Управен одбор, и немале овие егзекјутивс саглам одговор. Дури и кај анандеч рекоа ако го турат 990 на хај перформанс, почиње да дтка.

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
    1s3ct0wN, Sludge.Factory и на mkgunner им се допаѓа ова.
  8. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,751
    27,431
    4 Септември 2008

    Прво заклучокот кој си го цитирал не е од Anandtech. Човекот (Andrei) си кажа дека двата уредата се НАЈБРЗИТЕ на пазарот, и тоа дена не се ни блиску другите - S865 е побрз од 990, кој е релативно вториот најбрз, и како сега наеднаш од хејтери на снобови кои сакаат скапи телефони, и замерки за пребирање, дојдовме на ниво да бираме чипсет, кој не бил најбрз на светот, ама замисли бил втор на таа листа? е сега во гејминг после долго гејмање на максимални сетинзи, успорувал, да успорува тоа никој не го спори, ама да направиш паралела од гејмање, до спори DEX перформанси е смешно, DEX не прави 100% load на GPU, нити го прави тоа константо - јас сум користел DEX на S10, и иако не беше некое супер мазно искуство, телефонот се однесуваше сосема добро и брзо. S20-та е значајно побрза, пробав со 3 програми во позадина уклучени и не осетив никаков статер, има можеби некој мал инпут лаг, ама тоа е во доменот на конектор/конекција/телевизор/инпут лаг.

    Преводот на линкот горе од одборот на Samsung, нема допирна точка со она што е зборено, Andrei имаше постирано правилен превод, и тој гласеше дека Exynos се користи сеуште заради потенцијалниот монопол на QC, и заради проблемот со преголема побарувачка која пред неколку години доведе до тоа Samsung да ги собере грото од Snapdragon чипови, згора на тоа ако QC види дека нема веќе Exynos, цената према Samsung ќе се зголеми значајно, па така Samsung е приморан од неколку разни причини да користи различни чипсети, исто како што користат различни сензори кои се со идентични спецификации на оние од Sony.

    980-та е висока класа на чипсет, но не е хај енд. Не можеш да го споредиш со 855, има послаб ISP, GPU, трансфер на меморија, кеш, GPS модул, модем и што уште не.
     
  9. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,609
    3,355
    24 Септември 2012
    Иста цена се. Затоа и сите гледаат дека е проблем ексинос. По иста цена добиваш инфериорен уред.

    С20у - 1000еур снапдрагон
    Е20у - 800еур ексинос

    Да си беше вака СИТЕ ќе мислеа како тебе и ќе викаа дека е супер ексинос итн. Меѓутоа случајот не е таков. Иста цена се, и кога сите производители ќе отидат на 865 твојот ќе е најспор телефон од флегшипите. Не се навредувај те молам.
     
    NiceNaumoski, mkgunner, Скоти и на уште 1 им се допаѓа ова.
  10. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,488
    1,806
    5 oктомври 2007
    Машко
    А каде реков дека е ? Тоа беше само продолжение на одтаму каде ти го извади заклучокот. Толку.
    Епа ВТОР на листа неможе да има иста цена со ПРВ на листа. Тоа е плачката цело време на луѓето, како неможе да разбереш. Кога купуваш кола таа со 1.8л мотор и таа со 1.9л мотор не се иста цена.
    А кој уопште збореше за DEX??? Од каде сега ова во причава? DEX e RDP/RDC/RDS програм/сценарио ??? Дај плиз...
    Има има, што би рекол ти тоа беше прераскажано накратко. Долгото е твоето погоре (И пак не го постираш целиот муабет - Го има на нет кој сака нека побара) + дека Акционерите не беа задоволни со овој одговор, бидејки иако се тоа погоре и да го земеме како можно сценарио, и е во ред да имаш бекјап план, не се дообјасни како може послаб чипсет, или послаби останати некои делови, кои реално имаат пониска инпут цена, да прават телефонот кон купувачите да биде иста. Тоа доведува до нефер поголема продажна маргина и ќар, нешто на што купувачите им смета и не се глупи да го приметат и купуваат.

    980-та е висока класа на чипсет, но не е хај енд. Не можеш да го споредиш со 855, има послаб ISP, GPU, трансфер на меморија, кеш, GPS модул, модем и што уште не.[/QUOTE]
     
    На mkgunner му/ѝ се допаѓа ова.
  11. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    797
    315
    9 Август 2018
    Машко
  12. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,751
    27,431
    4 Септември 2008
    Зошто да се навредувам? јас го купив S20 plus по цена од 800 евра, кога во USA беше 1200, ете ти ја разликата. Цените како и секогаш ги гледам по мобилара, не по провајдери. Споредбата е и вс ланската година на телефони, кои НАВОДНО беа побрзи од 990, а не се, а воедно разликата не можеш да ја приметиш ако не играш игри, сега не бидете лицемери, мене порано ми забележувавте кога тврдев нешто за телефон кој не сум го користел, тука сем неколку корисници скоро никој немате S20, кога би си поиграле ќе сфатите дека одамна веќе се е сведено на pissing contest, не се битни процесориве, најголемите gains сега ќе бидат за DEX и слична употреба како и Ai/игри, за секојдневна употреба нема да можеш да осетиш разлика, дури и сега е тешко да се осети.

    За крај јас не реков нити еднаш дека Exynos е супер, S865 е супериорен чип, проблем е што одамна веќе таа супериорност не се пресликува во секојдневието.
     
    gremlin, GGTT1 и на Иванчо им се допаѓа ова.
  13. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    920
    631
    11 ноември 2015
    Машко
    NiceNaumoski, The Geek Boy и на psyside им се допаѓа ова.
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,751
    27,431
    4 Септември 2008
    И еве, се потврдува моето искуство,

    System Performance,

    [​IMG]



    UI Performance,


     
  15. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,488
    1,806
    5 oктомври 2007
    Машко
    Да беше дечково фер, ќе го пуштеше тестот на сите можни сценарија, па после ако сака нека вади геометриски, логаритамски, квадратни средини. Да видам јас податоци, а он нека си толкува. И чек нели овие синтетичкиве меѓу кој и ПЦМарк не чинеа? Хмммм.... Нели Спид тест Г беше меродавниот само.
    Нејсе, пак муабетот е истиот, па и по неговиот заклучок, како и многумина погоре кажавме. Едноставно неможе Е и СД варијантата да коштаат исто кога не се исто. Како Мерцедес да ти продава 1.9 и 2.0 мотор за истите пари. Никој не вика дека не чини Е, него дека неможе да чини исто. Тоа го јадат го**а и сите ривјуери што не те бендисуваат по нетов.

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
    Sludge.Factory, mkgunner и на mdeni им се допаѓа ова.
  16. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,751
    27,431
    4 Септември 2008
    Samsung Announces Galaxy A51 5G & A71 5G Mid-Range Smartphones

    Screenshot_36.jpg

    Најголемиот скок во историјата на мид рејнџ уред од Samsung во перформанси, неверојатен апгрејд ќе биде ова од аспект на брзина. Се работи за буквално двојно, ако не и ТРОЈНО побрзи чипсети, кога ќе паднат у цена ќе бидат best bay (3-4) месеци од сега.
     
    На gremlin и The Geek Boy им се допаѓа ова.
  17. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,414
    1,874
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    A71 5G е во чудно место моментално, стартна цена на уредот е 600 евра, поскап е и од S10 lite ... ми се допаѓа овој SoC со тие две А77-ки е над остатокот мидрејнџ чипсети но огромен скок е за A51 vs A51 5G , додека за А71 е само појак цпу но за 50% повисока цена.

    А51 5G кога ќе падне малце во цена ќе биде бест бај за евтин но "all round" 5г уред, слично што А50 нудеше на времето.
     
    The Geek Boy, Krk198 и на psyside им се допаѓа ова.
  18. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,488
    1,806
    5 oктомври 2007
    Машко
    Во однос на кој Самсунг мидрејнџи е споредбава двојно ако не и ТРОЈНО? И за кои чипсетИ станува збор кога ова е само еден чипсет, Е 980.

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
  19. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,751
    27,431
    4 Септември 2008
    1 Samsung A5x сериите
    2. Exynos 9611, и слични, бројката од 2 до 3x не важи за 765/730/720

    Чипсети се мислеше како за на 2 уреди, не се возбудувај, полека, знам дека уште сте навредени од директните искуства со 990 за разлика на вашите хипотези, ок е.
     
  20. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,488
    1,806
    5 oктомври 2007
    Машко
    Човек неможе да те пофати со мењањево на постовите.
    1. Аха, Значи само А5х сериите. И тоа се сите мидрејнџи Епа оти бе така не напиша одма. Оти со спектакуларни изјави генерализирани. Оти си Псај.
    2. Ахааа, погледни под 1.
    3. Еден геек, уствари како викаш ти ентузијаст, да изедначи чипсет со уред. Ај ОК, знам појако звучи.
    4. Навреден за 990. ROFL. Се што се "навредивме" е сеуште навредливо од страна на Самсунг и ниедно директно искуство кое досега го стави во твоја одбрана, НЕ го направи да не е навредливо.

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
    На mkgunner му/ѝ се допаѓа ова.
  21. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,751
    27,431
    4 Септември 2008
    Најкористените чипсети на Samsung во мидрејнџи се базирани на A53/A73 комбинација, додека сите други брендови преминаа на A75/A76 + A55 комбинација, само ти и другите батхрт ликови може да најдете контроверза во горниот пост и никој друг, спомнав во историјата на Samsung, и постирав артикл во кој се зборува за Samsung уреди и апгрејд на истата серија, што објаснува дека се мисли на нив, а кога спомнав Axx уреди мислев на директниот апгрејд, останува да се види дали најдобрите M серии можеби ќе го добијат истиот чипсет со намалени клокови и без 5G модем во иднина.

    Наведи каде е менувањето на постови, ако не сум имал можност детален опис да дадам во мислење тоа не значи дека сум го сменил, пак фантазираш за тоа што ти мислиш дека сум мислел, и го наведуваш како аргумент?
     
  22. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,488
    1,806
    5 oктомври 2007
    Машко
    Абе ај важи. Да не треба скриншотови да ти праам, па ти многу си се умислил. Па да може да се извади некоја статистика од база мислам најбољи па 10 ѓеста празни ќе бидеш по "пост модифајд" критериум
    И јас не фантазирав него убаво прашав и констатирав каде имаш грешки во хајпот и брзањето да напишеш нешто. Тоа ти што си мислел кажи го за да не изгледа дека јас фантазирам. Другпут немој да брзаш, сконцентрирај се, осмисли фино што сакаш да кажеш, убаво прецизно изрази се, за да не го јадеш како и обично и да мора да тепаме уште минимум 5-10 поста за да дојдеме до тоа што си сакал да кажеш, и да мора да се вадиш. Ете види сега што убаво на крај си се објасни. Тоа не можеше во почетниот пост да направиш?

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
  23. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    797
    315
    9 Август 2018
    Машко
    Му стигна на некој Android 10 на A50?
    Чекам со месеци ама ништо...
     
  24. Deksa

    Deksa
    Gaining Experience

    518
    378
    9 Февруари 2012
    Машко
    Da kaj zena mi stigna pred 1 mesec, telefonot e kupen od Telekom.
    Za mojot S9+ seuste nema :(

    Da se nadovrzam so prasanje, dobil nekoj update za S9+?

    Sent from my SM-G965F using Tapatalk
     
  25. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,445
    6,560
    27 Март 2014
    Да уште пред еден месец на S9+.
     
    На Deksa му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...