1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Samsung паметни телефони - генерална дискусија

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од psyside, 30 Септември 2014.

  1. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,724
    27,397
    4 Септември 2008
    Да те прашам нешто само, зошто бараш да купиш Пиксел? само немој да ми кажеш дека боите на иП11 се лоши, или лицата дека ги прави пластелин, а ако се за спомен никаква разлика нема да напраи дали е Pixel, иП11 па дури и Moto G (има приородно процесирање нели)

    И ако ти е за процесирање и не процесирање, на горните слики е Pixel 4 и има далеку повеќе изоштрување и делува вештачки споредено со другиот телефон, а замисли Pixel е, и замисли другиот уред е Samsung, телефони кои се познати по хардкор процесирање.

    Затоа се кропови и затоа не постирам цели слики затоа што вака е збунувачки и потешко да се погоди од кого е сликата, плус EXIF нема, а неретко истиот се користи за да се прогласи побетник пристрасно. Имате во Xiaomi темата фул резолуција слики, ама замижавте на нив како да не постојат.

    Е сега мислам дека е доста на овој мал експеримент, не планирам да навлагам зошто дроп на експозиција е далеку помал проблем од недостаток на детали, на секого сем на вас на форумов му е тоа јасно. Од друга страна ќе признаам дека и самиот сум пристрасен спрема моите преференци, затоа што сметам дека едното е нерешливо, а друго е - па така тука се одјавувам од оваа дебата.
     
    На Happy и Sludge.Factory им се допаѓа ова.
  2. Иванчо

    Иванчо
    Gaining Experience

    335
    426
    22 Мај 2013
    Машко
    Веб-администратор,
    1. Втора слика
    2. Втора Слика
     
    На DarkoV и psyside им се допаѓа ова.
  3. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    Practice makes perfect

    736
    1,075
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    ипхонето има добра камера не можам да се пожалам воопшто, единствено предната не ми се допаѓа многу, особено во темно за видео повици.

    Би сменил на пиксел само поради тоа што не можам иос да го поднесам софтверски. Да камерата ми игра голема улога во избор на телефон, но и софтверот не е за замерување. Хуавеи отпаѓа поради шминкерското процесирање со предна камера и недостигот на гугл сервиси, шаоми има милијарда багови во софтвер, ситници да, но иритираат. Самсунг откако смени на ОнеУИ воопшто не ми се допаѓа и споредено со останатите најслабо држат батерија (незнам дали е до ексинос или некој позадински работи но споредено со хуавеи и останатите се шајзе- да знам имаат преагресивно одржување со гасење апликации но предност ми е сочувување на батерија) а и најскапи екрани имаат така да останува само пиксел.

    Пикселот не е совршен воопшто си има свои мани. Но знаејќи со какви никакви сензори вадат добри фотографии, процесингот им е на ниво.
    За разлика од останатите производители пиксел каде и каде подобро ја оптимизира камерата од година на година. Мислам дека има најдобар процесинг на предна камера, а за софтверот нема коментар, најдоброто од андроид. Овој мој муабет тотално пропаѓа во вода за мидрејнџ буџети и пониско каде цената е главен фактор и каде предност имаат останативе.
     
    Gumirano, DarkoV, Скоти и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,724
    27,397
    4 Септември 2008
    Еве што предизвикува блоатот на Samsung :S

    Им ги крадат функциите AMA кога користиш Pixel тие се блоат. Додека не ги добиеш that is, после тоа се best thing ever, Google се богови итн. Поголема трагедија од сток не постои.
     
    На Happy и DarkoV им се допаѓа ова.
  5. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,161
    3,518
    7 ноември 2014
    Машко
    Хахах добредојдовте во 2018-та...
     
    На Happy, ivan88, Goran. и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,442
    6,550
    27 Март 2014
    Со OneUI 2.0 конечно самсунг дојде на едно завидливо ниво. Одличен UI. TouchWiz беше канцерот за Самсунг.
     
    На DarkoV му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mkgunner

    mkgunner
    Gaining Experience

    243
    182
    29 oктомври 2008
    Машко
    ИТ сервисер
    На DarkoV му/ѝ се допаѓа ова.
  8. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,724
    27,397
    4 Септември 2008
    На DarkoV му/ѝ се допаѓа ова.
  9. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    796
    314
    9 Август 2018
    Машко
    Убаво си кажа Linus.
    Snapdragon > Exynos
    Сепак, имаат време со Note 20+/Ultra или како во опште ќе го крстат да направат промени и драстично да го подобрат нивниот Exynos процесор.
     
  10. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,724
    27,397
    4 Септември 2008
    Кој последен уред, од S серија си го користел со Exynos?
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  11. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    796
    314
    9 Август 2018
    Машко
    Не користам Flagship телефони, само ги осудувам гледајки други како ги усудуваат... (this explains a lot about me...)
    Не, озбилно не користам, имам објаснето зошто, затоа си земав Samsung Galaxy A50 и сум поприлично задоволен.
    Секогаш гледам ривјуери се бунат за тоа со Exynos, и мислам дека редно ќе им биде да се средат со следниот Galaxy уред, после толку притисок.
    Мене ако ме прашаш не ми е гајле за перформансите и за тоа што самиот уред загрева, веќе сум навикнат а и да би земал Flagship телефон од Samsung, нит Exynos, нит Snapdragon ќе ми прави некаква разлика во Перформанси, и во Камера, туку највеќе во издржливост на батерија.
    Смешно 6h SoT S20U на Exynos, а 8h SoT S20U на Snapdragon.
    Затоа сите ќе се бунат. Компанија која што има нејзини процесори, еј пази нивни процесори, нивни уреди и пак не успеваат да ги средат како што треба, а некој си Qualcomm процесор успева повеќе од самиот нивен процесор на самиот нивен уред. Ја да би бил шеф на Samsung ова не би го дозволил. Јас тука со овој rant кон Samsung ќе завршам, оти џабе јас, џабе Linus, џабе сите други ќе се буниме они пак по свое, единствено ако не се креира огромен притисок кон Samsung, па може ќе им текне барем малце да се средат со идниот Galaxy Flagship Smartphone.
    Fingers crossed.
     
  12. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,724
    27,397
    4 Септември 2008
    Вака сега ова сум го објаснил многу пати до сега, ќе пробам за еден последен пат. Значи, додека Linus го прави своето ривју, 1/2 од работите за кои се жалеше се средени. Исто така графите кои ги искористи за своето видео кои доаѓаат од Anandtech, се првичните прелиминарни резултати, а не новите во кои заклучокот беше ДАЛЕКУ поинаков од тоа што го кажа Linus како извадок од Anandtech, и сега што? затоа мора кога бараш проблем за да направиш рецезнија да ја гледаш датата, ова му е перфектно јасно на Linus, но за жал стана меме и популарно да се хејта Exynos без разлика дали е тоа така или не, само да бидам јасен свесен сум дека S865 е подобар чип, но имам проблем со работи кои се наведени а не се точни, да видиме што кажа Andrei за 2-те верзии на Exynos пред некој ден,


    Значи проблемот за кој Linus се жалеше, не е ексклузивен за Exynos, него и за Snapdragon, а Linus во своето видео кажа дека тоа било само кај Exynos моделот???

    Друго, како Linus не го виде ова на пример,

    Хмм, или кога сме кај игрите, и трокирањето, што е со ова видео?



    Затоа немојте да повторувате што рекле ако не сте испитале добро. Друго зошто Linus не спомна ништо дека камерата кај Exynos е подобра? него со 3-4 слики ја заврши цела рецензија, ако веќе го спомнуваш Exynos, кажи ги сите предности и слабости, не само лошите страни. Фан сум на Linus, ама некад се истрчува за рецензии на телефони, пример направи видео дека згрешил за иПхоне 11, зошто? затоа што го тестираше без deep fusion, исто како сега што го тестира својот уред на стар фирмвер, и одбира дата која веќе не е валидна.

    Што по ѓаволите се случува со цените на S20-те во мобиларите? цената рипнала за цели 4к???
     
    Изменето од модератор: 8 Април 2020
  13. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,591
    3,337
    24 Септември 2012
    Заради 5г.
     
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,724
    27,397
    4 Септември 2008
    ?

    Mind blowing DEX

     
    Последна промена: 8 Април 2020
  15. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,442
    6,550
    27 Март 2014
    Имаше накаде дека цените на S20 скокнале поради проблемите при производството ради Короната.
     
  16. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,161
    3,518
    7 ноември 2014
    Машко
    По четири години, Samsung Galaxy S7 и S7 edge нема да добиваат нов update!

    S10 и Note 10 серии кои беа претставени минатата година само што го добија новиот One UI 2.1 update. Но, претходните модели, Note 9 и S9 кои беа претставени во 2018-та не го добија и покрај тоа што беа најавени пред помалку од две години.
    ===========

    Кога Samsung директор ќе го прашаш за телефон постар од година и пол...
    "Note 9? Тоа наш телефон беше? Првпат слушам, се мислев од Xiaomi е“
     
    k3b, Goran. и на mdeni им се допаѓа ова.
  17. boriseto

    boriseto
    Gaining Experience

    383
    335
    7 Јули 2013
    Машко
    Псај со ексинос звучиш како активаксерите, од 100 примери, има 2 кај шо е подобар и точка.

    Земи на 2 идентични компјутери, не мора различен хардвер. Стај uncapped да биде фрејмовите, за да видиш разликата.

    Е сега се нека е исто, само на едниот исклучи 3 опции на графика (bloom, water effects и уште нешто) и спореди ги. Тогаш ќе имаш идентична споредба како во видеово што го постираше. :)
     
    Изменето од модератор: 8 Април 2020
    На NikolovskiM, marv, Скоти и уште 2 други им се допаѓа ова.
  18. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    627
    806
    25 Февруари 2016
    Машко
    Ја читам темава константно и неможам да се начудам какви ликови има, може ли некој да ми објасни (имам Ноте 8) зошто ми е потребен апдејт на софтверот на телефонот!?
    Телефонот е стар 2,5 години паѓан е милион пати предното стакло е ''партал'' но е функционално единствено с-пенот ги забележува нерамнините кога поминувам со него врз екранот.
    Батеријата е веќе на граница, се полни на полнач каков ќе се најде во моментот, се користи нон стоп за нормална употреба(ало-ало, вибер, пораки, јутуб, меилови, ворд, ексел, по некоја игрица во слободен од) батеријата после 10-12 часа на работа има над 60%.
    Потоа дома му следи малтретирање до крајни граници (јутуб, фортнајт) отприлика уште едно 4-6 часа(помалиот син 8 год. нема милост према него). Го игра дома на комбинирано некогаш на полнач некогаш без. По тортурата, телефонот оди на полнач до сабјле кога го зимам за на работа.
    Досега автоматски прима надградби и реално освен плацебо ефект друго нешто не сум приметил на телефонот.
    Не ми е јасно со вакво темпо телефонов да издржи 4 години не верувам, и ако до тогаш сигурносните закрпи стигнуваат редовно каква друга надградба му треба на софтверот?!
    Апликации на плеј стор има милион, игрици се симнуваат и бришат константно, досега еднаш по рецептот на псајд еднаш е “чистен'' софтверот.
    Ако вака Самсунг ги прави уредите и имаат ваква издржливост, квалитет, за софтверот немам коментар за 2,5 години мана не му најдов ама баш никаква, наредниот Ноте 20 или како и да го крстат ми е разумен избор.
     
    Happy, Gumirano и на Sly25 им се допаѓа ова.
  19. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,591
    3,337
    24 Септември 2012
    На крај на видеото вика дека ексинос е со послаби графики. Што е воопшто поентата да се гледа видеово? Дека ексинос поарен ќе испадне? Аха, ок.

    Кај е на послаби сетинзи. Ама ај еве ќе го скокнеме тоа.


    Коооојзнае колку температура има кренато ексиносот во споредба со снапдрагонот и башка колку батерија има изедено вишак.
     
  20. Иванчо

    Иванчо
    Gaining Experience

    335
    426
    22 Мај 2013
    Машко
    Веб-администратор,
    Mi Note 10 обичниот ледиком го крена од 24.800 на 25.800 :)
     
  21. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,724
    27,397
    4 Септември 2008
    Sig mu se stopil u raka, ama krie...go mestat snap.

    Aaaa toa li bilo, a na drugite igri, gi ima li tija opcii ili samo na ovaa nema? Za dr prasuvam

    Ne dadov primeri sto Linus ocigledno gi utnal, se iznatrese gluposti, ama istite se bitni samo ako uredot koj se testira ne go hejtate, ako da ne vi e gajle za faktite, nego samo 1+ si praite, hate on. Znaci samite citati sto gi postirase Linus se outdated, nema sto da se pravi muabet ponataka, samo nekako sega ne vi se baraat detali kako ova za videoto? ili za nekoj drug aspekt koj ne spaga vo nesto sto go hejtate.
    Moze da pises koi telefoni na Apple imaat night mode?
    za dr prasuvam isto
     
    Последна промена: 8 Април 2020
  22. mkgunner

    mkgunner
    Gaining Experience

    243
    182
    29 oктомври 2008
    Машко
    ИТ сервисер
    Види го бе постира видео на рандом кинез со цирка 2к прегледи од канал со 1.6к претплатници и со цел ум се обидува да го наметне како релевантен тест наспроти сите можни бенчмарци и рецензии.
    Значи SD буквално во поим го убива Exynos ама не, нема вие што да им верувате на 99.9% од ривјуата има да слушате што има да ви каже факинг псајсајд со видео на рандом кинез од 2к прегледи.
    Цизс

    Испратено од JSN-L21 преку IT.mk форум апликација
     
    На Sludge.Factory и NikolovskiM им се допаѓа ова.
  23. boriseto

    boriseto
    Gaining Experience

    383
    335
    7 Јули 2013
    Машко
    Не, глупата графичка шо е у паралела со Exynos ги нема тие инструкции што се потребни. Биди циничен колку сакаш, ти ја кажувам реалноста. Кога ќе го извадат чипсетот у партнерство со амд ќе биде друга приказна.
     
  24. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,724
    27,397
    4 Септември 2008
    Дали се согласуваш со Linus или признаваш дека истресе глупости?
     
  25. boriseto

    boriseto
    Gaining Experience

    383
    335
    7 Јули 2013
    Машко
    Линус искрено го сакав порано се дур не стана отворен кликбејтер. :)

    Резултатите му беа biased, не викам не, ама имаше една многу убава точна реченица: Најефтиниот s20U е 1400$, а најскапиот ајфон про макс им е 1450$.
    Дали работите што ги има ултрата вредат толку повеќе од s20+, кој моментално е најдобар уред според мене земен од 2та табори?

    А за SD vs Самсунг чипсетот, имаше период кога Самсунг беше стварно понапред од СД. Сега повеќе од операциите на оперативните паѓаат на графичката, па џабе имаш појако CPU кога bottleneck ти е GPU-то во доста од работите.

    Edit:
    Screenshot_20200408_162909.png
    Еве плусот е Ексинос, ултрата е СД, за таа тема.
     

Сподели

Вчитување...