1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проценка Samsung Galaxy S8

Дискусија во форумот 'Продавам' започната од fuzzjaw, 10 Април 2018.

  1. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,158
    1,781
    13 Јануари 2014
    Машко
    Како што гласи насловот, барам проценка на Samsung Galaxy S8 (SM-G950F, Exynos варијанта, Midnight Black).

    Телефонот е со пукнато стакло во горниот десен ќош (од пред 2-3 дена). Оштетено е само стаклото напред, дисплејот нема никаков проблем, ниту оштетени пиксели ниту ништо друго. Исто така, ако барометарот е за верување, телефонот е уште водоотпорен, иако јас не би ризикувал.

    Освен стаклото, телефонот нема ниту гребнатинка. Користен е со Dbrand скин назад и bumper, така да назад и по страните е беспрекорно сочуван.

    Купен е во Телеком на крај на Мај 2017та, и има гаранција до Мај 2019та, иако не знам дали таа гаранција би важела, дури и ако стаклото се смени во сервисот од Телеком. Во неовластен сервис, промената на стакло е од 8 до 12 илјади денари, во зависност од сервисот.

    Користен е помалку од година дена. Моментално е на официјален 8.0 Oreo софтвер и работи одлично.

    Телефонот доаѓа со целосната кутија (полнач, кабел, едвај користени слушалки, и двата USB адаптери) и сета документација. Исто така, давам и три маски, една силиконска, една пластична Samsung, и Rhinoshield CrashGuard (втората, подобрена верзија), како и два Dbrand скина, портокалев и црвен. Моментално на телефонот има Dbrand Red Dragon скин.

    Во неколку мобилари во кои што прашав, го проценија на 18 до 20 илјади денари во ваква состојба. Доколку и проценките овде не се разликуваат многу, ќе оди на продажба, чисто од причина што не сакам да користам оштетен телефон.

    Фотографии немам, ќе ставам во текот на денов.
     
  2. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,440
    3,162
    24 Септември 2012
    30000*70%= 21000, нов екран 15000.

    Проценка 6000 денари.
     
    На damil, Rikimaru, DaVoRkNe и уште 4 други им се допаѓа ова.
  3. Tomislav96

    Tomislav96
    On your way to fame

    784
    858
    7 Февруари 2013
    Машко
    Програмер
    250 - 300 еур
    стави некоја слика од пукнатината напред :)
     
  4. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,518
    14 Мај 2008
    Машко
    Праша по телефон и не им кажа дека е рокнат? Или трипаат мобилариве?
     
    На damil и mdeni им се допаѓа ова.
  5. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,158
    1,781
    13 Јануари 2014
    Машко
    Им го покажав, на лице место. Не по телефон.

    Sent from my SM-G950F using Tapatalk
     
  6. VerifiedUsers Overlay
    SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,595
    5,163
    20 Април 2007
    Машко
    Верувам дека проценките ке бидат нереални.
    За да можеш да го продадеш по разумна цена, прво би ти препорачал да си го однесеш во овластен сервис (за да си важи гаранцијата), да го средат екранот, мислам дека е околу 15К, па после да си го огласиш. Тие телефони што се стварно без точка одат по 450 евра, а оние арабатисанине по 400.
    Мене стварно не ми е јасно како наоѓате телефони за 300 евра. Еве ако некој има Ѕ8 за 300 евра или Ѕ8+ за 350 јас одма ке купам и од едниот и од другиот. Збориме за сочувани телефони, не пеплосани, гребени, стругани и останато.

    Ако не сакаш да го поправаш и да го продадеш во истиот момент, препорачана цена би се движела од 120 до максимум 150 евра и под услов телефонот да е неверлок и да си ја задржи гаранцијата.
     
    На DaVoRkNe, Jovan2389, mdeni и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. Speedster

    Speedster
    Gaining Experience

    390
    407
    1 Јануари 2016
    Машко
    И јас имам исто С8 со пукнат екранот и тоа точка буквално ама е пукнат . Бев низ цел град у сите мобилари нејкеа појше од 7000 ден да ми дадат дека со промена повеке ке ги костал од нов . Прашањето ми беше дали може да ми посочиш у кој мобилари ти дадоа такви проценки да видам дали ке најдам некоја приближна цена со твојата и башка ке дужам кафана :)
     
    На Torte Mobile, Zeddomazed, TylerMkD и уште 3 други им се допаѓа ова.
  8. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,440
    3,162
    24 Септември 2012
    Тутни им го за 16000-18000 во мобилара ако ти даваат. И онака не вреди повеќе од 6-8к на оглас.
     
    На Vodilija03, DaVoRkNe, Bravo и уште 3 други им се допаѓа ова.
  9. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,158
    1,781
    13 Јануари 2014
    Машко
    Фотографии од телефонот имате овде, ping @Tomislav96 . Со уклучен екран едвај се познава.

    @SaleSk , првичниот план ми беше баш тоа - да го поправам во сервисот од Телеком, и да го продадам така. Во Телеком во Охрид, каде што прашав, немаа појма дали ќе ми важи гаранцијата, дали ќе остане водоотпорен итн., и не беа баш пријателски настроени за да ги побараат тие информации.

    Мобиларите каде што прашав, не ги откупуваат. Да откупуваа, ќе им го оставев на лице место. Телефонот би го продал по цена пониска од таа што ми ја кажаа (18-20 илјади), ама не по секоја цена.
     
    На Jovan2389 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,101
    3,461
    7 ноември 2014
    Машко
    Јас би ти дал 800 евра за телефонов, ама во моментов не сакам да купам. Ама кога би купил, 800 евра без проблем ти давам...
     
    На DarthJe5us, DrMTR, DaVoRkNe и уште 2 други им се допаѓа ова.
  11. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,158
    1,781
    13 Јануари 2014
    Машко
    Јасен ми е муабетот, и јасна ми е проценката. Баш затоа пишав дека без проблем би го продал поефтино.
     
  12. VerifiedUsers Overlay
    SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,595
    5,163
    20 Април 2007
    Машко
    Telekom MK не е сервис на телефоните, туку во гарантниот лист пишува кој е, а мислам меѓу другото дека е MOBICO. Така да јас сум убеден 200 % дека гаранцијата ке си биде валидна. Плус телефонот го сервисира овластен сервис, а не јанко,петко,станко, и ако тој овластен сервис по промената не ти даде гаранција, тогаш можеш да го тужиш.
    Инаку за телефон на кој оригинален екран чини 300 евра, а нов телефон чини 550 евра, не можеш да му земеш повеќе, односно најмногу од онаа цена која ти ја кажав. Доколку во мобилара му монтираат неоргинален екран, тогаш телефонот вреди од тие 150+5о евра, зошто тој телефон не е повеќе Самсунг, него е реплика...
     
  13. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,101
    3,461
    7 ноември 2014
    Машко
    Не е решението да се смени екранот зашто прескапо доаѓа на овој начин. Едноставно треба да се најде купец кој сака попуст од 100/150 еур на S8 половен и нема да му е проблем да го користи со скршен екран.

    Реално, не е толку страшно скршен и јас би рекол ако некој се нафати за 250 еур да му го дадеш, и двајцата ќе бидете во ќар. Половен во моментот е околу 400...
     
    Tomislav96, Војвода, fuzzjaw и на уште 1 им се допаѓа ова.
  14. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,158
    1,781
    13 Јануари 2014
    Машко
    За 8,000 денари ќе го сменат само стаклото, машински. Дисплејот останува истиот. Дали стаклото ќе е пак Gorilla Glass 5 или не, не знам, ама дисплејот е истиот.
     
  15. VerifiedUsers Overlay
    Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,394
    3,724
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    A da dojdes ti so mene u salon i da si zemes nov xiaomi mi a1 i da mi go dades toj s8?
     
  16. mviktors

    mviktors
    Practice makes perfect

    940
    1,286
    25 oктомври 2012
    Машко
    Заебана ситуација за проценка, посебно за вакви телефони каде што самиот екран вреди скоро колку што може да се најде половен по огласи.
    Мислам дека имаш реално две опции. Или да продолжиш да го користиш вака телефонот со пукнатината ако не ти смета, или да го продадеш испод цена.

    Менување на ваков екран, заоблен и амолед никако во неовластени сервиси, барем моето искуство до сега кажува дека без разлика колку пари ќе им дадеш, телефонот никогаш нема да изгледа како оригиналот. Со Мобико имам скапо ама па добро искуство при менување на IPS екран. Ако се нафатат таму да ти го сменат само стаклото (што чисто се сомневам), однеси им го на нив. Гаранцијата ќе ти биде сигурно валидна и понатаму, си користат оригинални делови и се овластени сервисери.
     
    Nikola Sone, SaleSk и на fuzzjaw им се допаѓа ова.
  17. Jovan2389

    Jovan2389
    On your way to fame

    692
    674
    22 Април 2013
    Машко
    Стави слики пак да знаеме визуелно.
     
  18. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unstoppable

    3,809
    3,974
    1 Септември 2011
    Машко
    Со оглед на тоа што 500 евра се нови с8 со 24 мес гаранција,а твојот како што кажа користен скоро год паѓа 100-130 евра,плус пукнат екран не повеќе од 15к искрено.Во мобилариве низ Скопје стакло зачувани ги откупуваат 350 евра.
     
  19. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,158
    1,781
    13 Јануари 2014
    Машко
    Ви благодарам на сите за проценките. Засега телефонот НЕ ОДИ на продажба.
     
    На Arabian, DaVoRkNe, Speedster и уште 2 други им се допаѓа ова.
  20. Balanar

    Balanar
    Баниран/a

    1,066
    1,163
    6 Декември 2016
    Машко
    Oва не е никакво мерило за вредноста на половен S8. Не се нормални тие што им ги даваат за толку.
     
    На SaleSk и Jovan2389 им се допаѓа ова.
  21. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    845
    538
    20 Декември 2015
    Машко
    Лоша ситуација за проценка, телефонот вреди за повеќе, чувај го ќе најдеш чаре во блиската иднина.

    Испратено од SM-G950F преку IT.mk форум апликација
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  22. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unstoppable

    3,809
    3,974
    1 Септември 2011
    Машко
    Како бе не е мерило,па прво се гледаат цените на пазарот по кој иде продуктот,а тој што го дава за таа цена,сигурно не го дава од убавини него,него ли за кеш.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  23. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,440
    3,162
    24 Септември 2012
    Кога ќе се рашират S9ки? :)
     
    На Zeddomazed му/ѝ се допаѓа ова.
  24. stavrov69

    stavrov69
    Gaining Experience

    399
    198
    26 ноември 2008
    Машко
    Имаш доста намалување на цените во Ледиком за менување на стакло. Можеш да размислиш за да си го смениш.[​IMG]

    Sent from my SM-N950F using Tapatalk
     
  25. Balanar

    Balanar
    Баниран/a

    1,066
    1,163
    6 Декември 2016
    Машко
    Абе каков пазар, какви сини очи. Што се правиш како првпат да се среќаваш со мобилари? Сакаш да кажеш дека 350 евра е реална цена да продадеш зачуван С8? Па по толку ги откупуваат мобиларите за да ќарат на препродавање. Некоја ќе побара 200 евра и?

    Испод 430 евра не давам у кутија да ми погледне некој!
     
    На Arabian му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. Ficho

    Проценка Samsung Galaxy S7

    Одговори:
    9
    Прегледи:
    1,434
  2. BESKO

    Проценка SAMSUNG S8 +

    BESKO, 29 Март 2018, Во форумот: Продавам
    Одговори:
    10
    Прегледи:
    1,313
Вчитување...

Сподели

Вчитување...