Андреј
Gaining Experience
Неодамна ги купив Samsung Buds за некои 90 евра преку оглас од некој што ги добил со телефонот. Неотворени, по добра цена (нови се 120), па реков ајде да пробам.
Она што најмногу ме интересираше беше всушност апликацијата која работи само на Андроид. Со неа покрај фабричниот тјунинг, добивате уште 5 дополнителни пресети. Значи вкупно 6 различни слушалки во една. На уво лежат комотно и немав проблеми при носење ниту пак менував нешто на нив.
Звукот е неверојатно детален, може да се чујат сите инструменти и главно звучната сцена (soundstage) е поширока од евтините слушалки кои сум ги пробал. Buds се направени од AKG за Samsung и го следат звучниот таргет на Харман, една од неколкуте референци за тоа како треба да звучи in-ear слушалка.
Samsung Buds се комотни и можеби не изолираат колку би сакал, но сепак се употребливи надвор. Со сите профили во апликацијата, Soft ми одговараше најмногу. За во движење најдобри пресети се Dynamic и Bass boost, кои за нијанса ги потенцираат ниските фрекфенции во градската бука.
Она што во Харман го дефинирале како таргет не значи дека на сите ќе им одговара. За мене лично тој таргет има за нијанса повеќе требл, па најчесто ги слушав на Soft опција во апликацијата. Добрата работа е што Samsung работат на активно поправање на слушалките, и тоа може да се види по фирмвер апдејтите кои ги праќаат за Buds.
Сепак, ништо не се смени во звукот од последното ажурирање. Ова би биле одлични слушалки доколку не беа изразените вокали во средните фрекфенции. Во споредба со Shanling MTW100 со динамичен драјвер кои ми стигнаа во исто време, Buds се многу подобри и нема да трошам зборови да ги споредувам.
Она што е deal breaker за мене кај Samsung Buds: Frank Ocean — Channel е една од песните која е пријатна на многу слушалки, но на Samsung Buds неговиот глас е видно нагласен и доминира. На моменти звучи и тенко — Buds дефинтивно имаат такви својства. Ист е случајот и со женските вокали во песни од Florence + The Machine. Тие пикови ги прават непријатни при подолги аудио сесии. Ако ги слушате во погласни соби или на улица, во песните ќе чуете главно вокали и требл — во таква околина ќе звучат тенко.
Нема да пишувам ѕвездички или оценки, моите постови главно сакам да ги направам доволно јасни за да ви објаснам како слушалките звучат за мене. Samsung (или да речам AKG) направиле нешто ново со Buds, нешто што досега немав видено за оваа цена кај TWS слушалките. А тоа е: користење на софтвер за подобрување и персонализирање на звукот.
Следен чекор би било воведување на parametric EQ во апликациите, каде сите ние ќе можеме да си го подесиме звукот како што сакаме. Тоа најверојатно не е далеку од нас и ќе се случи во 2020.

Последна промена: