AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139

Јужно Корејската компанија Samsung Electronics Co останува на врвот на светскиот пазар според продажбата на LCD монитори - ова го изјавија од DisplaySearch (the global display research institute), минатата Среда.
Според DisplaySearch, продажбата на Samsung-овите LCD монитори достигнала 1.8 милјарди долари во Јуни, или тоа е 26.2% од вкупниот број на продадени LCD монитори во цел свет. Тоа би значело дека секој четврти продаден монитор е Samsung LCD.
Исто така потврдено е дека Samsung веќе 38 последователни месеци цврсто стои на врвот според продажбата.
LG Display Inc исто така Јужно Корејска компанија, се наоѓа на второто место со продажба во вредност од 1.34 милјарди долари. На трето место се наоѓа AU Optronics Corp, компанија од Тајван со продажба од 1.19 мијарди долари.
Според податоците на DisplaySearch, во месец Јуни биле продадени 37 милиони LCD монитори во цел свет, што е за 13% повеќе од истиот период лани.
Од Samsung Electronics ги потврдија добрите перформанси и заложбите за врвни производи кои ќе се разликуваат од другите (by wider panels and higher definition).
Извор: Xinhua