• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Samsung 226BW од Техномаркет?

  • Ја почнал/а темата
  • #1

mkd

Gaining Experience
5 јуни 2007
260
104
Дечки ме интересира ваше мислење околу овој модел што се продава во Техномаркет. Техничките карактеристики ги знам, па повеќе ми се потребни информации околу панелите и мониторите што ги продава Техномаркет.

Благодарам.
 

mac-ufs

Intern
23 април 2008
611
19
Дечки ме интересира ваше мислење околу овој модел што се продава во Техномаркет. Техничките карактеристики ги знам, па повеќе ми се потребни информации околу панелите и мониторите што ги продава Техномаркет.

Благодарам.
aj ako sakas ostavi link...poso baras mislenje :)
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
Ако бараш panel type "S" тогаш не се надевај залудно е. Samsung употребува панели од 2-3 фирм меѓу кои: Type "C" = CMO-Chi Mei optronics, Type "A" AU optronics itn.

Со малку подесување бои/контраст ќе си задоволен со мониторот. Имам самсунг 2232 22 инчи и беше катастрофа на прво палење. ја намалив контраст и светлина и се е супер сега.
 
Ако бараш panel type "S" тогаш не се надевај залудно е. Samsung употребува панели од 2-3 фирм меѓу кои: Type "C" = CMO-Chi Mei optronics, Type "A" AU optronics itn.

Со малку подесување бои/контраст ќе си задоволен со мониторот. Имам самсунг 2232 22 инчи и беше катастрофа на прво палење. ја намалив контраст и светлина и се е супер сега.
Тоа беше пред година-година ипол, кога Самсунг неможеа да постигнат со производство, па аутсорсираа по други фирми. Сега фрката со панелите веќе не постои. Слободно нека си го купи.
 

The Man

Gaining Experience
24 април 2008
173
52
Тоа беше пред година-година ипол, кога Самсунг неможеа да постигнат со производство, па аутсорсираа по други фирми. Сега фрката со панелите веќе не постои. Слободно нека си го купи.
Точно така. Ако одлучиш да го земеш, контактирај ме за да видиш каков панел имаш. Знам една финта што мислам дека не си ја прочитал некаде. Мониторот е одличен, јас го користам.
Дури и да е произведен пред 2 години, што не е баш веројатно - http://andrewswihart.net/blog/review-samsung-226bw-lcd-c-panel
Типот има направено профили кои работат супер. Ако можеш да си го дозволиш, земај.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

mkd

Gaining Experience
5 јуни 2007
260
104
Би било добро доколку имате некој предлог околу друг модел/друга марка за монитор кој што НЕ би се користел за игри (повеќе за интернет, Office, фото и аудио монтажа). Според матрицата TN скоро сите Samsung монитори како повеќе да се наменети за гејмери.

Благодарам за информациите.
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
Тоа беше пред година-година ипол, кога Самсунг неможеа да постигнат со производство, па аутсорсираа по други фирми. Сега фрката со панелите веќе не постои. Слободно нека си го купи.
Тоа се уште трае! Меѓутоа сега самсунг повеќе не ги идентификува панелите на бар кодот. Samsung дефинитивно користи панели од другу производители како што користат и другите брендови како LG, Phillips итн.
TN панелите се веќе нај-евтина LCD технологија.
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
Според матрицата TN скоро сите Samsung монитори како повеќе да се наменети за гејмери.
Можеш да го исклучиш забрзувањето. Brzinata od 2MS e GTG односно grey-to-grey - ова не е спомнато на рекламата од техномаркет.
 

The Man

Gaining Experience
24 април 2008
173
52
Би било добро доколку имате некој предлог околу друг модел/друга марка за монитор кој што НЕ би се користел за игри (повеќе за интернет, Office, фото и аудио монтажа). Според матрицата TN скоро сите Samsung монитори како повеќе да се наменети за гејмери.

Благодарам за информациите.
Монитор со ТN панел = ефтин монитор. Монитор кој нема ТN панел = скап монитор. Монитор со ТN панел =/= монитор за графичка обработка.
Ако не планираш да го користиш мониторот за графичка обработка т.е. ако не си тоа по струка, мониторот си е супер.
 
Тоа се уште трае! Меѓутоа сега самсунг повеќе не ги идентификува панелите на бар кодот. Samsung дефинитивно користи панели од другу производители како што користат и другите брендови како LG, Phillips итн.
TN панелите се веќе нај-евтина LCD технологија.
И The Man потврди дека веќе не е така. Е сеа ако им останало на Техномаркет некој од пред година ипол непродаден(мада не верувам), тогаш ке треба да се пази.

И LG, и Phillips сега си произведуваат исклучиво свои панели, само LG заеднички правеше панели, дали баш со Philips или друга компанија, не се сеќавам.
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
И The Man потврди дека веќе не е така.
Бате знам дека имаш патолошка потреба секогаш да си во право. Меѓутоа и овој пат морам да ти кажам дека праксата на ставање ефтини панели/компоненти од други фирми си е редовна. Нормално дека како фирма ќе си купам панели произведени од тајвански/кинески фирми наместо да купувам изгор панели од јапан/германија итн.

http://www.engadget.com/2007/03/26/is-your-samsung-lcd-made-by-samsung-not-always/

Признавам дека јас не ги пратам апсолутно сите фирми и модели на монитори, и не знам точно што панели имаат во нив:) ама не е голем ризик да се кладам дека панелата е направена од друга фирма.

За техномаркет 226BW мониторот шансите се големи панелата да не е самсунг(би се кладел за ова:D) тоа не значи дека мониторот не чини

PS: jас имам samsung syncmaster 2232BW. На него после фијаското кое изби, не пишува каква панела има(на бар кодот). Немам проверено преку "финтата" со дугмињата па да ја најдеш шифрата. И покрај ова апсолутно сум сигурен дека не е самсунг панела.производен е Ноември 2007
 

Angel

Intern
21 април 2007
314
28
јас користам ист ваков монитор и сум презадоволен од квалитетот на приказот. Го користам за фото и видео обработка и засега не сум искусил некакви проблеми. Е сега матрицата на екранот не е за професионална обработка на фото или видео, ама такви монитори кај нас тешко и да се најдат и се 2 пати поскапи од обичните. Јас го калибрирав хардверски и ако го земеш може да ти пратам профил кој е добар за фото обработка. Инаку колку што читав на интернет пред да го земам оваа серија на монитори од Samsung користи панели од сопствено производство. Затоа се со помал број од 2ххх сериите и обично се поскапи. Моја препорака: земај го веднаш, нема да се покаеш.
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
"The use of different panels is particularly disturbing because most of the reviews of the 226BW are based on the original, and by all accounts superior, "S" panel, which is made by Samsung. The respected monitor review site Behardware praised this "S" version, specifically for its exceptional color out of the box. Then, Samsung began silently shipping the same model with a panel made by AU Optronics, the "A" version. It was found to have bad color compared to the "S", and people who ended up with one felt victimized by Samsung's bait-and-switch."

http://andrewswihart.net/blog/review-samsung-226bw-lcd-c-panel

In-depth review : Samsmung "S" vs "A"

http://www.behardware.com/articles/667-5/samsung-226bw-a-and-s-series-the-verdict.html
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
Јас го калибрирав хардверски и ако го земеш може да ти пратам профил кој е добар за фото обработка. Инаку колку што читав на интернет пред да го земам оваа серија на монитори од Samsung користи панели од сопствено производство.
Aко мораше да гo калибрираш тогаш панелата не е "S"(samsung).

"The respected monitor review site Behardware praised this "S" version, specifically for its exceptional color out of the box."

така да ако беше приморан да калибрираш тогаш имаш tip "C" или "A" коишто мора да ги калибрираш за да дојдеш некако во близина на квалитетот на С панела(што нема потреба од калибрација)

Иначе разликата во квалитетот на боите беше потврдена од samsung :) Меѓутоа тие тврдеа дека може да калибрираш за да стигнеш до тој квалитет.
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
А сега самсунг ги тргна информациите за тип на панела од баркодот:



еве стар баркод тип "A" и "S":
 

Angel

Intern
21 април 2007
314
28
Kalibracija ne se vrsi za da dojdes do kvalitetot na panelot, tuku do realen prikaz. Mene mi bese potrebno da dobijam skoro ist prikaz na monitorot so ona sto izleguva od printerot. Znaci ne rekov deka monitorot imase losa slika na pocetokot. Samo color profilite od stariot monitor (CRT) ne davaa realen prikaz na noviot. A kvalitetot na panelot i pred i po kalibracijata ostana ist (perfekten).
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
Kalibracija ne se vrsi za da dojdes do kvalitetot na panelot, tuku do realen prikaz.
Кога реков "до квалитет на S панела" сигурно мислев на квалитетот на сликата. "S" панелите немале потреба од никакво калибрирање и си имале реалистични бои "out of the box".

Без разлика...ова(горе-долу) е субјективна работа:) Ако на око ти делува супер тогаш ништо друго не е важно:)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #19

mkd

Gaining Experience
5 јуни 2007
260
104
Не би сакал да останам должен за известување дека се одлучив да го земам Samsung 206BW. Мониторот е со панел со ознака "I", според информациите тоа треба да е фабрика на Samsung во Романија за изработка на панели за нивните монитори. Сликата што мониторот ја дава "out of the box" е одлична, дури и без потреба за некаква калибрација (барем за мојот вид). Единствена маана на мониторот е задниот капак што ги покрива каблите. Тој не се затвора перфектно од едната страна, но во ситуација кога сликата е одлична, а нема ниту еден мртов пиксел (барем засега не сум приметил иако еден пар очи потрошив барајќи такво нешто), ваквата маана воопшто не ме премислува да го заменам мониторот.

Благодарам за вашите мислења и помошта.
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
а нема ниту еден мртов пиксел (барем засега не сум приметил иако еден пар очи потрошив барајќи такво нешто), ваквата маана воопшто не ме премислува да го заменам мониторот.
Спушти некое програмче за наоѓање на мртви пиксели....за да не се мачиш од око.
 

kraljevski

Intern
4 ноември 2008
197
2
Ne znam za mojot Philps 220CW 22" LCD od AMC go kupiv,a koga proveruvam vo meni-information pisuva HUDSON!
A stvarno nemam pojima sto znaci toa!?
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Оф топик:

@kraljevski
Ќе те замолам во иднина да внимаваш малку на неколку работи:
- Внимавај на граматиката и правописот во постовите. Правиш многу грешки, одредени зборови немаат смисла, а постовите се неразбирливи. Затоа те молам внимавај малку повеќе на ова во иднина.
- На секој пост имаш опција "Измени"
и наместо да постираш ново мислење со исправка на претходното, користи ја опцијата "Измени" за да ги поправиш грешките.
- Пред да постираш на некоја тема ѕирни кога е отворена истата и за што се дискутирало претходно.
- Пред да отвориш нова тема размисли ЗА ШТО ја отвораш и за што треба да се дискутира во темата (проблем, мислење, предлог, помош за нешто и сл.) и така формулирај ја новата тема.

Најдобронамерно ти укажувам на грешките. Поздрав!

Се извинувам за ОТ. :ha:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,594
Мислења
824,196
Членови
28,086
Најнов член
martinivs
На врв Дно