1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Сакам Да Купам Samsung S8?

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од spiritfly, 11 Јули 2017.

Тагови:
  1. spiritfly

    spiritfly
    Gaining Experience

    61
    80
    19 Август 2011
    По повод нашата годишнина, сакам жена ми да ја изненадам со S8-ца (да, пукнете бивши :oh: ..сите две :blush: ).
    Бидејки често патуваме до Грција(лето) и Бугарија(зима) и користиме бугарска картичка за 4Г во тие земји. Бај д веј, со укинувањето на роумингот во ЕУ, бугарската картичка супер си работи во Грција и добиваме ефтин 4Г интернет за 6 лева т.е. 3 евра 2 гига.

    Така да претпочитам телефонот да биде со две сим карти, Dual Sim. Моментално сум така и ми е супер што не морам да менувам картици нон-стоп.

    Во моментот налетав на две понуди:

    1. Samsung S8 Dual Sim Gold од Ледиком за 36.990 ден.
    2. Samsung S8 Single Sim Black од iButik за 36.890 ден.

    ЕДИТ: Многу ми е важно да биде со двојна сим карта, но да беше барем црна боја од Ледиком. Знам дека бојата нема премногу да ѝ се допадне, но сепак дуал сим си е дуал сим и функционалноста ја ставам пред се, па повеќе ме влече накај Ледиком.

    Дали можеби некој од вас може да предложи сличен модел со дуал сим од друго место, или барем подобра цена за сингл сим?

    @krale можеби? :)
     
    Последна промена: 11 Јули 2017
    На Јас сум желка му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,214
    3,572
    26 oктомври 2012
    Машко
    Нешто грешка имаш, 600 евра си е S8 нов, секаде кај нас.
    Половен можеби има за таа цена, но нов, отклучен сигурно нема.
     
  3. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,241
    3,240
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Galaxy S8 + (black, 64gb, novi) =699€
    Galaxy S8 (black, 64gb, novi) = 599€
     
  4. spiritfly

    spiritfly
    Gaining Experience

    61
    80
    19 Август 2011
    Се извинувам, моја грешка прi конверзијата од евра во денари. Ќе изменам сега во постот.
     
  5. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,171
    735
    8 Мај 2010
    Машко
    Наслушнав дека овие дуал сим имаат проблем (поготово с7 еџ) со губење на мрежа на броевите и многу често дисконектирање-конектирање на вифи мрежата. Ова е кажано од газда од Мобилара така да незнам дали истиот проблем го имаат с8 ама подобро е да се по срча.
     
  6. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,249
    6,382
    27 Март 2014
    Јас користам S7 Dual SIM немам никаков проблем. Пред се зависи од операторот.
     
    goran_oh, Oktar и на DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  7. goran_oh

    goran_oh
    Practice makes perfect

    1,302
    1,077
    26 Април 2013
    Машко
    Нема никаков проблем на S8 се си работи ок проверено.

    Sent from my LG-H815 using Tapatalk
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  8. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,725
    3,070
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    кај мене не сум имал досега ама баш никакви проблеми со губење мрежа, кај мене е дуос верзијата, досеа не сум имал никаков проблем. исто и за вифи мрежата-си стои нормално и не се дисконектира. за С8 не би знаел да ти кажам, се извинувам на офтопик мал.
     
  9. spiritfly

    spiritfly
    Gaining Experience

    61
    80
    19 Август 2011
    И јас користам s7 edge dual sim веќе година ипол и не сум видел такви проблеми.

    Sent from my SM-G935F using Tapatalk
     

Сподели

Вчитување...