1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Сакам да купам лаптоп до кај 35.000ден.

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од AndrejGagale, 22 ноември 2009.

  1. AndrejGagale

    AndrejGagale
    Gaining Experience

    525
    64
    12 Април 2009
    Машко
    Ај ќе ве молам да ми дадете некои понуди на лаптопи од некои компании. Сум во план да земам нешто до кај 35.000ден.
     
  2. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,395
    25,038
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    За што најчесто ќе го користиш?....
     
  3. AndrejGagale

    AndrejGagale
    Gaining Experience

    525
    64
    12 Април 2009
    Машко
    Па онака филмчиња, игрици може по некоја ама нема претежно за игри да го користам, значи онака да биди што поголем во инчи за фимчиња најчесто.

    Имам едно друго прашање во процеосриве на Core2Duo има серии P,T...и други...што значат тие?
     
  4. username

    username
    Gaining Experience

    526
    66
    4 Јули 2009
    Машко
    Модел на компјутер:
    HP ProBook 4510s - NX621EA

    Тип на чипсет и процесор:
    Intel Core 2 Duo T5870 2,0 GHz, 2 MB L2 cache, 800 MHz FSB
    РАМ Меморија:
    3 GB RAM DDR2 800Mhz up to 8GB
    Хард диск:
    320 GB - Serial SATA - 5400 rpm
    Оптички уред:
    DVD+/-RW SuperMulti LightScribe DL Drive
    Монитор:
    15,6" LED HD BrightView (1366 x 768 resolution)
    Графичка картичка:
    ATI Mobility Radeon HD4330 512MB (HyperMemory 1GB)
    Мрежни уреди:
    NIC 10/100/1000, 802.11b/g/n wireless lan, Bluetooth, Cart reader
    4 USB, стерео микрофон, HDMI, Modem
    Батерија:
    6-cell (47 WHr) Li-Ion battery
    Тежина на лаптопот:
    2,59 кг
    Оперативен систем:
    Нема
    Вградена камера 2MP
    Гаранција на производот:
    1 годинa / Производот е на лагер / Цена: 34.900 денари

    Подобар од овој за тие пари нема да најдеш. Имаш добра графичка со 512 меморија значи за игрици топ. Има 15.6" што за филмови е таман.
    Ја користам сличен веќе месец дена и ептен сум задоволен.
    Линк
     
    1 person likes this.
  5. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,395
    25,038
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
  6. eldiablo

    eldiablo
    Баниран/a

    820
    48
    21 oктомври 2008
    @fatal1ty_ во таа понуда, лаптопот има интегрирана графичка, така што нема да му врши работа.

    Јас мислам дека може за некој денар повеќе да стави 4GB RAM и 500GB хард диск (еднаш се купува, не се исплати после да надоградуваш).
     
  7. smole

    smole
    Unstoppable

    2,997
    3,386
    18 Април 2007
    Земи си Тошиба и фурај. У тнт има добри.
     
  8. AndrejGagale

    AndrejGagale
    Gaining Experience

    525
    64
    12 Април 2009
    Машко
    Добар е тој од username.
    За хард и рам се менува лесно бидува за нив...мене конфигурацијата ми е поважна. Нешто друго?
     
  9. NIKIHACK

    NIKIHACK
    Intern

    438
    27
    10 Февруари 2008
    Машко
    Информатичар со стил :)
    јас пред некој месец земав ACER 5737z и сум презадоволен

    Intel Pentium dual-core T4200(2.0 GHz,800MHz FSB,1 MB L2 cache
    Nvidia GeForce 9400M G
    4 GB DDR3 RAM
    15,6" HD Acer CineCrystal LCD
    500 GB HDD
    DVD-Super Multi DL
    802.11b/g WLAN
    +cam+mic
    -------------------------------
    на рамно мислам 35 000 ми излезе :D
     
  10. AndrejGagale

    AndrejGagale
    Gaining Experience

    525
    64
    12 Април 2009
    Машко
  11. Password

    Password
    Intern

    393
    8
    10 Април 2007
    Znaci covekot bara screen za filmcinja da gleda, vie mu davate ponudi od 15". LOL
     
    1 person likes this.
  12. gokica

    gokica
    Модератор

    8,397
    10,188
    13 Јуни 2009
    T сериите имаат 677-800MHz FSB и се изработени во 65 нанометарска технологија. P има 1066MHz и е во 45 нанометарска технологија. Р трошат 10 вати помалку струја од Т. Но разликите во перформанси не се големи освен во случаите кога Р серијата има многу повеќе кеш меморија или двојно повисок FSB. Ако се со слична цена тогаш Р е подобар избор.
     
  13. username

    username
    Gaining Experience

    526
    66
    4 Јули 2009
    Машко
    Епа ај кажи ти колкав скрин треба за филмови, 17.3" или 12.1" . Поголем или помал. 15ка е таман за филмови, 17.3 е претежок а 12.1 или 13.3 или 14.1 се премали
     
  14. gokica

    gokica
    Модератор

    8,397
    10,188
    13 Јуни 2009
    Toshiba Satellite Pro L350-24X 17" T4200:

    - Процесор: Intel Dual Core T4200 2.0GHz 1MB
    - Екран: 17" TruBrite 1440x900p
    - Чипсет: Mobile Intel GM45 Express
    - Меморија: 4GB DDR2 667MHz
    - Диск: HDD 250GB SATA, DVD-Writer (DVD-RAM/±R/±RW)
    - Графичка карта: Intel® GMA 4500M up to 1340mb
    - Приклучни порти: Fast Ethernet,Intel Wi-Fi
    - 3 x USB 2.0 ports, VGA, stereo microphone in
    - Stereo headphone/line out, Webcam, Modem
    - Батерија: 6-cell 2.6 часа работа

    цена: 33,440

    http://www.revolution.com.mk/info.php?productID=2709

    Фуџитсу сименс имаат добри понуди со 17 екрани и АМД процесори па побарај и од нив.

    Сега видов:

    Ова е добро исто така.
     
  15. AndrejGagale

    AndrejGagale
    Gaining Experience

    525
    64
    12 Април 2009
    Машко
    Фала многу овај е добар...фала!
     
  16. Password

    Password
    Intern

    393
    8
    10 Април 2007
    16" ili 17". Ili vo kraen slucaj 15" no da ima golema rezolucija. Vidi razgledaj prijatele na kupilaptop.com, nevada.com.mk... Tamu imas golem izbor
     
  17. AndrejGagale

    AndrejGagale
    Gaining Experience

    525
    64
    12 Април 2009
    Машко
    Дада, има добри разгледувам....
     
  18. AndrejGagale

    AndrejGagale
    Gaining Experience

    525
    64
    12 Април 2009
    Машко
  19. username

    username
    Gaining Experience

    526
    66
    4 Јули 2009
    Машко
    Од овие според перформанси вака:
    1. Asus
    2. HP
    3. Sony Vaio

    Според квалитет истиов редослед само обратно
     
  20. AndrejGagale

    AndrejGagale
    Gaining Experience

    525
    64
    12 Април 2009
    Машко
    Хехехе....и сега ко најубав ХП а? :p
     
  21. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,017
    12,389
    23 Јануари 2008
    Манга
    За процесор, Sony-то има најбоље. За графика HP-то има најбоља. Asus-от има нешто измеѓу процесор(иако се работи за нијанси од 5%) и некоја графика измеѓу.

    Јас кога би бирал, дефинитивно би одел на Sony-то. Едно е квалитетот, друго е тоа што на ниту еден од тие ноутбуци неможеш да играш игри, така да ирелевантни се графичките перформанси.
     
  22. AndrejGagale

    AndrejGagale
    Gaining Experience

    525
    64
    12 Април 2009
    Машко
    Зошто да неможам да играм игри?:))
    Сакам да прашам тоа графичките во што се разликуваат?
     
  23. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,017
    12,389
    23 Јануари 2008
    Манга
    Ќе можеш да играш некои игри, но со слаби детали и ниски резолуции, без разлика која опција и да ја одбереш. Тие ноутбуци не се за играње.

    Што се однесува до интегрираните графики, едната е ATI, другата nVida, третата е Intel. Sony-то има Intel-ова GMА4500 графика, која е послаба од останатите. HP-то има ATI Radeon 4330, таа е најбрза од трите и технолошки нај-напредна графика. Ако планираш да возиш Windows 7, тогаш Aero-то најдобро ќе ти оди со неа.
     
  24. AndrejGagale

    AndrejGagale
    Gaining Experience

    525
    64
    12 Април 2009
    Машко
    Па ако има HP-то најдобра графичка, и е поефтин зошто него не?
    Како што гледам си кажал дека Сонито има најдобар квалитет вистина е тоа?
    И уште нешто, сакам да прашам кој од маркиве се со добар квалитет HP, Asus, Sony, Dell, Toshiba, Simens Fujitsu, Acer?
     
  25. gokica

    gokica
    Модератор

    8,397
    10,188
    13 Јуни 2009
    Според мене Sony и Lenovo (ThinkPad) се најизвикани брендови со генерално највисоки цени. Не случајно е така зашто квалитетот е на завидно ниво (но не далеку пред останатите). Acer и Fujitsu-Siemens се можеби најдоле на ранг листата за популарност.

    Доколку јас се прашувам горе доле сите лаптопи се исто сра*е. Со лаптопи се дружам од 2000 година и можам да ти кажам дека во минатото (2003-2007) година имаше огромни разлики од бренд до бренд. Денес ситуацијата е значајно променета. Има многу малку РМА и генерално сите ставаат исти компоненти (малку + -). И пред се зависи како ќе ти се погоди. Имав ХП па имав проблеми, имав Тошиба и работеше одлично ама батеријата (добро оформена) цркна за 6 месеци. Сега имам ACER и кога ги споредував со HP и Lenovo N100 на пример забележав дека HP има поквалитетен дисплеј (екран) со поизразен контраст и бои ама кој се расипа по 8 месеци употреба па го мењав. HP имаше малку подобар кулер на процесорот и подобра тастатура од ACER на пример но имаше понеквалитетен DVD ром (кој исто се расипа) и понеквалитетен Wireless хардвер од ACER-oт. Kaj Lenovo секоја чест за ThinkPad кои имаат топ компоненти до максимум но послабите серии се исти со другите (не најдов некои компоненти кои се истакнуваа со ненормален квалеитет) иако дисплејот е за нијанса односно незначително подобар од ACER но пак звучниците се неспоредливо полоши од оние кај мојот ACER. Е има и фингерпринт ридер и најдобра тастатура во споредба со сите останати. Според мене подобра и од повеќето модели на SONY кои сум ги видел. Батериите се горе доле исти кај сите од одредена ценовна категорија. ACER, Lenovo и HP имаа минимални разлики.

    SONY не сум отворал лично но сервисерот со кој соработував ми кажа дека и кај нив се случуваат глупости како на пример цркнат рам на графичка кај човек кој го купил лаптопот за деловни активности. Не знам што направи со РМА на тој производ.

    Значи се на се зависи како ќе ти се погоди. Пак јас би рекол дека е колку пари толку музика ама може да се случи поефтиното да те вози многу подобро и да си супер задоволен а поскапото да те зеза и обратно се разбира. Јас воопшто немам намера да ги фалам ACER ама многу сум пријатно изненаден од тоа како работи и имам една замерка а тоа е тастатурата, која одлично ме служи ама се гледа дека е од ниска разина.

    И на крај, и јас ќе кажам, лаптопот има своја намена. Тој не е гејминг машина (освен оние ѕверови од Alienware на пример кои имаат логика само за купувачи со длабок џеп) а не е ни перфектен за видео (независно од големината на дисплејот) ако го споредиш со вискоквалитетен монитор или пред се квалитетен ТВ приемник. Значи мобилност и релиабилност пред се.
     

Сподели

Вчитување...