• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Сајбер-криминалците со празни раце

  • Ја почнал/а темата
  • #1
17 февруари 2008
193
2
Случајно откриена грешка на интернет можела да им даде непречен влез на хакерите да завладеат со глобалната мрежа на податоци.По шест месеци работа во најголема тајност, експертите од големите компании за производство на компјутерска опрема и софтвер направиле апликација што ја отстранила опасноста. Грешката случајно ја забележал експертот за мрежна безбедност Ден Кармински од компанијата „Иоктив“. Наместо него, ако дупката во системот ја пронашле хакери, тие би добиле пристап до електронската пошта на корисниците и доверливите податоци. Кармински стапил во контакт со софтверските гиганти „Мајкрософт“ и „Сан“ и најголемиот производител на мрежи и мрежни системи „Циско“. Сфаќајќи ја сериозноста на проблемот, во најголема тајност бил составен тим од 16 научници од целиот свет. Апликацијата е инсталирана во минатиот вторник, а корисниците не би требало да забележат измени во работата на своите персонални компјутери. Таа автоматски се инсталира како апдејт на постојните антивирусни програми - истакна Камински.

Грешката што ја откри Кармински беше во Домејн нејм системот (DNS) кој видливите домејни, као на пример адресата www.google.com ја поврзува со електронските страници што се кријат зад неа. Односно, на домејните им доделува бројчана шифра (IP adresa). Истото се случува и при испраќањето на електронската пошта. DNS претставува еден вид телефонски именик за интернет, ако хакерите знаеја за ова ќе се уфрлеа во овој софтвер, ќе ги изменеа шифрите за домејните и така ќе ја презедоа контролата врз интернетот. Ако ова сценарио се случеше, сите корисници што своите сметки ги плаќаат онлајн или пак, купуваат производи преку електронски пат, парите би им ги испраќале на сметки на хакерите без воопшто да знаат дека се ограбени - објаснуваат компјутерските експерти.На истиот начин сајбер-криминалците би добиле пристап и до електронската пошта, податоци за банкарските сметки и шифрите за паричните трансакции што се вршат преку интернет.Иако ваквите упади и сега се случуваат, експертите велат дека дупката во глобалната мрежа многу би им ја олеснила кражбата и додаваат оти прва цел на нападите би биле големите банки, корпорациите, државните структури и безбедносните служби.

izvor:http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=88076B33D89AF84EA2250ED20599F5AE
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
хммз.. Интересен податок..

И.. повторно погрешно тумачење на поимот „хакер„..
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Мање више за зборот хакер. Но загрижува оваа дупка која за среќа не е најдена од некој кој би ја злоупотребил. Додуше ја не ни имам ставено вистинска адреса на e-mail-от но сепак...
 

Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,266
312
Јас немам никакви ствари на нет на пример за плаќање купување и слично. Така да јас си немам гајле. А и ова не се хакери, туку кракери. :)
 

Kuzma

Баниран/a
18 јуни 2008
52
0
gamingmk.org
Јас немам никакви ствари на нет на пример за плаќање купување и слично. Така да јас си немам гајле. А и ова не се хакери, туку кракери. :)
Е тоа ти се македонските новинари. За нив сите се хакери, не постои ни кракер ни script kiddie за нив. Све е хакеришта.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,548
Мислења
823,103
Членови
28,060
Најнов член
DamjanTaso
На врв Дно