1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Саглам конфигурација со неограничен буџет

Дискусија во форумот 'Конфигурации' започната од mdeni, 20 Декември 2014.

  1. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,284
    2,970
    24 Септември 2012
    [​IMG]

    Потребна ми е саглам конфигурација за извршување на тешки задачи кои се многу захтевни во поглед на процесорско време, многу захтевни во графика и паралелно процесирање, многу захтевни во рам како и скоро се друго. Повеќе вакви треба да работат во канцеларии и во канцелариите да е тишина. Буџетот е неограничен, се додека има логика да се стави таа компонента.


    Досегашни засегања. Дали да се оди на 4790k процесор, или на 5930k или на 5960X. Страв ми е да не се намалат сингл кор перформансите со х процесорите. Сите ќе се благо клокнати за некој половина гигахерц над стандардната конфигурација.

    Ладење, кој е најдобар кулер Аут ов д бокс, веројатно водено ладење ќе е пожелно. За воздушно знаеме Ноктуата.

    Второ засегање. Графички. Голем проблем. Убаво е да се оди на една графичка карта за да се оптимизира компатибилноста со различните потреби, и програми. Но, која е избор за најсилна графичка картичка од АТИ а која од Нвидиа? Дали 295X2 или 980? Или Титан? Или Титан З?

    Конфигурацијата треба да е воркстејшн и да се стабилна за било каква работа барем 5 години и да не застари.

    Досегашни размислувања. Повелете сугерирајте корекции, топло се прифатени ако се логични. Деловите кои се видливи мора да се црни и тивки и пред се елегантни.

    5960X (види погоре размислувања)
    32гб рам 4 канална ако може.
    Ладење (види погоре)
    X99 чипсет
    500гб SSD
    4tb HDD
    28 инчи 4к монитор IPS
    куќиште?
    тастатура? (препорака е добредојдена)
    маус? (препорака е добредојдена)
    2.5" 500gb external SSD usb 3.0
    2.5" 2tb external hdd usb 3.0
    JBL LSR305 x2
    Sony MDR-1R
    SD card reader integrated
    DVDRW
    4 пински вентилатори најтивки
    Соодветен PSU со променлива брзина на вентилатор? (кое?)
    295х2, Титан Z?


    Што би додале за вас во конфигурацијата доколку си ја правите за себе? Дали некој дел од неа сум утнал? Недостасува нешто? Некоја битна компонента? Што да ви се даде за да сте задоволни со хардверот на вашето работно место?
     
  2. smole

    smole
    Unstoppable

    2,978
    3,321
    18 Април 2007
    Ако веќе се иде на пропер WS земи WS плоча која поддржува ECC рам, таков рам, и Xeon.

    Зашто 1 интерен ССД? Не би ти било подобро 2 250ки во раид 1?

    Другото ми изгледа ок.

    За кај мене на работа Core 2 Duo сега за сега ми врши работа, очигледно твојата работа бара мнооогу поголеми компјутерски ресурси.
     
    На P.Overdrive и mdeni им се допаѓа ова.
  3. ileste

    ileste
    Gaining Experience

    1,250
    306
    26 Јануари 2012
    I ako zeme WS ploca so Xeon tri duplo pojke ke cine, novite Xeoni ne mozat da se overklokuvaat i sekako vo single thread operacii ke bide poslab od i7.
    295X2 i Titan Z se 2 graficki na edna plocka, pocekaj za graficka da gi izbaca najakite cipovi so novite arhitekturi i AMD i nVidia.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  4. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,405
    2,002
    12 Август 2009
    Машко
    За графичките најважно е кој софтвер ќе го користиш.. негде AMD се баајги побрзи и поевтини, негде nVidia се баајги побрзи... ама не се поевтини.
    Разликите не се 5-10%.. него и над 400%... затоа внимателно.
    Процесор и 5920К може да влезе во игра... ако имаш по една графичка... а за сингл кор апликации.. не се секирај.. кој се тие апликации?
    WS серијата матични од Asus има можност и за Xeon и ECC.. па можда е и најдобар избор за во иднина..ако се планираат Xeon-и.
    Noktua-та може да прави проблем со простор.. висок рам, првиот слот за графичка може да го покрива...
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  5. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,762
    11,791
    23 Јануари 2008
    Манга
    5960X (види погоре размислувања)
    64GB RAM 4 канална задолжително
    Ладење - Водено разбира се
    Asus X99-Deluxe
    4xSamsung 850 Pro @RAID 10
    2x4TB WD Caviar Raid Edition @RAID1
    2x32" Dell U3214Q 4k precalibrated real 10bit IPS
    Cooler Master Cosmos 2
    Corsair Vengeance K90
    Corsair M95 black
    JBL LSR305 x2 + 10" subwoofer
    Sennheiser Momentum
    SD card reader integrated
    Bluray ?
    Каде што мора 120mm таму NF-F12PWM, на останатите места NF-A14PWM
    CORSAIR Professional Series Gold AX1500i 1.5KW
    Почекај 4x Radeon 390X и закачи ги сите 4 во x-fire, ако веќе инсистираш веднаш тогаш 4xGeForce GTX980 Quad-SLI

    Околку ладењето, секако водено, само не сум доволно упатен за да ти препорачам што е најдобро. Ако се одлучиш да земеш ваква конфигурација ќе одвојам време за да најдеме кое е најсоодветно.

    Инаку да имав јас пари сигурно сега ќе се лечев со ваква конфигурација.
     
    Последна промена: 20 Декември 2014
    Zlatko88, mdeni, vlavot и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,762
    11,791
    23 Јануари 2008
    Манга
    ^ Mала исправка во конфигурацијата, матичната плоча не таа X99-Deluxe за quadfire/quadSLI туку Rampage V Extreme.
     
    Последна промена: 20 Декември 2014
    Pane-G, dejan_str и на mdeni им се допаѓа ова.
  7. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,284
    2,970
    24 Септември 2012
    1. Навистина не гледам никаква потреба од Xeon, намалување на перформансите по јадро, како и вртоглаво фрлање пари во ветер, за реално послаби перформанси.
    2. ЕЦЦ е успорување на меморијата, а корекциите се непотребни и пак според мене фрлање пари во ветер.
    3. РАИД 1 е дуплицирање, веројатно мислеше на РАИД 0. Но шансите за пад се зголемуваат, а бенефициите не се страшни. Пре би одел на PCI решение ако треба брзина на дискот над ССД. Меѓутоа и PCI не нудат видливо ништо повеќе од моја гледна точка. Можеби грешам.
    4. 850 во раид 10. Си има сториџ за складирање и безбедност. Многу мали бенефити, а висока цена.
    5. 4тб во раид 1, си има сториџ и нема потреба реална од дуплицирање.
    6. Значи 980 во сли да оди треба. Би ставил 2, мислам дека се доста, 4 е веќе претерување. Иако пре би одел на една појака карта отколку 2 послаби, или 4 послаби. Ова пак проблем ќе излезе на крајот изгледа...
    7. Идејата за 32 инчи монитор е валидна, незнаев дека има. Треба да проверам да не има и поголеми, не ми текнало. Гледав телевизори, но не ми се сигурни, да не се тромави или недоволно остри па да болат очи.
     
  8. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,762
    11,791
    23 Јануари 2008
    Манга
    Raid 10 каде едно ссд е за парити и безбедност на податоци. Брзина на запис ко 3, а на читање ко 4 во RAID0. 1.5GB/s со 2GB/s секвенцијално. За хардовите не гледам поента да штедиш.
     
  9. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,397
    12,531
    2 Август 2012
    Машко
    За благо клокнат процесор не ти треба водено ладење. Особено не за конфигурација која ќе се најдува во офис опкружување.
    Всушност, оверклок и стабилност не треба да одат во иста реченица кога се бара исклучително стабилна работа.

    Noctua возушен кулер кој нема да биде цел сама на себе. NH-U14S е сосема доволен затоа што не се работи за систем на кој цел ден ќе се вртат бенчмарци и кој ќе служи за компаративно вагање на твоето его по разни форуми.
    Затоа што тишината е императив тогаш ќе мораш да бараш волуменозно куќиште од класата на Corsair Obsidian или Cooler Master Cosmos или Silencio затоа што имаат место за hot swap на дискови.
    Прилично практично кога ќе дојде ред да се прави бекап.

    Едно SSD и 2x2TB обични или еден од 4TB за сториџ. SSD во RAID е waste. Обичните дискови да бидат green или red за тишина. Сите останати дискови прават неподносливо мумлање кога ќе се стават во silent куќиште.

    Ако не е проблем цената тогаш 2x980 со напомена за добро внимавање каква матична ќе одбереш. Матичната ќе си ја диктира меморијата и на крај процесорот кој нема да биде Xeon.

    Напојување од 1000W и повеќе ќе мора да оди во таква конфигурација. Можеби 1200W е наддимензионирано но во обзир ја земам и намерата за трајност на компјутерот од 5+ години (во смисла напојување да не изгуби на карактеристики и сл.)
     
  10. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,284
    2,970
    24 Септември 2012
    Зачудувачки и на огромна жалост само Alienware го нуди она кое го барам. Другите производители се ограничени или на 16гб рам, или на ксеон, или на патетични графики. Кој друг производител би можел да направи нешто слично на ова што го барам?
    Еве го алиенот:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]


    По таа и таа цена, некоја си таму груба.

    Ако сакаш 32 гига рам од DELL имаш само воркстејшни, со ксеон, и со квадро графика. И цени дупло од оваа.
    [​IMG]

    Берндовиве многу слабо стојат со „гејмерски“ конфигурации, гледам така некако би се класифицирало ова кое го барам. Топ оф д лајн ASUS нудат GTX690
    http://www.asus.com/Desktops/ROG_CG8890/specifications/
    или
    GTX780
    http://www.asus.com/Desktops/G70AB/specifications/

    Чудно малце. Анхоч ги имаат скоро сите делови на лагер, а гледам и сет и ддком не се далеку.
     
  11. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,397
    12,531
    2 Август 2012
    Машко
    За 310.000 (триста десет илјади) денари се склопува „сан снова“ компјутер.
     
    На Стап му/ѝ се допаѓа ова.
  12. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,762
    11,791
    23 Јануари 2008
    Манга
    Дени, ти немаш друга работа па тролаш со темава или сериозно сакаш да склопуваш?

    Ако си сериозен зошто прашуваш за совет и понатаму даваш глуп предлог на глупа конфигурација?

    Сериозно, ќе дадеш над 5000 евра за конфигурација со едно глупо и споро SSD од 256GB и еден чкарт мејнстрим 28" монитор со TN панел?
    [​IMG]

    Ти ова сериозно или ти продале фејк трипови со друга хемикалија?
     
    На Necromancer му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,284
    2,970
    24 Септември 2012
    Не тролам туку истражувам. Ме зачуди што се нудат доста застарени работи кај готовите варијанти и дека единствено решение е да се склопи конфигурација. Тоа што сум го ставил погоре е најјакото нешто што го нуди ејлиенвер како готов продукт, затоа и е ставено.
     
    На borcep му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,762
    11,791
    23 Јануари 2008
    Манга
    Тогаш некој им ја сменил хемијата во триповите на Dell...

    Инаку не би туриле 28" монитор со TN панел на конфигурација од десетнаесет иљади долари...
     
  15. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,405
    2,002
    12 Август 2009
    Машко
    BOXX имаат некој варијанти.. и се 8 пати поскапи од сам да си склопиш.... не гледај вакви конфигурации по фирмиве.. само ако зимаш дуал xeon и рендер nodes.. иначе тоа што го плаќаш е тестирањето на апликациите со драјверите... затоа ги нема сите графички и сл.
    не се исплати во никој случај.
     
    На mdeni и FLEGMA им се допаѓа ова.
  16. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,284
    2,970
    24 Септември 2012
    Фала за препоракава за BOXX ќе ми се најде иако ќе биде склопена. Ми требаат производители такви.

    R9295x2 e паметен избор ако се стави во кросфаер? Или попаметно е да се оди на фаерпро графика?
     
  17. AndrejFerdzo

    AndrejFerdzo
    Gaining Experience

    830
    279
    18 ноември 2013
    Машко
    CPU: Intel i7 5960x
    RAM: 64 GB GSKILL cl16 8x8
    GPU: Кажи апликации ?
    SSD: x4 960gb SAMSUNG Pro raid0
    HDD:4x4TB raid1
    Ладење водено АiO или модуларно
    Куќиште најголемо шо посој за да имаш простор некое како ХАФ СТАКЕР
    MB: Asus ROG Rampage V x99
     
  18. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,405
    2,002
    12 Август 2009
    Машко
    И повторно.. зависи од софтверот... во принцип.. повеќе од 2 карти нема логика.. финансиска.. да се користат... со тие пари се склапа рендер машина и придобивките се баајги поголеми.
    И повторно за софтверот.. види дали се користат кеш фајлови.. најдобро и најбрзо би било ако за секој од нив да дедицираш мало SSD.
     
    На Nikola Sone и dejan_str им се допаѓа ова.
  19. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,864
    4,586
    8 Април 2011
    Машко
    Најдобро е сам да си склопиш него да купуваш некој бренд.Но пак некако за избор на графичка треба да с знае точно на кој апликации ке се работи инаку само ке нагаѓаме.А Брзината на синглтрид апликации не му ја мисли воопшто ако е во прашање Xeon.
    Без да се знае на какви апликации ке се работи може да нагаѓаме но еве нешто одприлика што е моќно а сепак да не се фрлаат премногу пари за некој екстра перформанси за кој гледам не ти се приоритет.
    CPU: Core i 7 5820K
    MB: ASUS X99 Deluxe
    Ram: 32gb DDR4 2133-2400mhz
    CPU cooler: Ако сакаш тишина Noctua NH D15, Ако тишината не ти е толку битна а сепак да не е премногу гласно некое поквалитетно водено ладење.
    Storage: 256-512gb M2 SSD Самсунг или слично,1 Тера Samsung 840/850 ЕВО ili PRO
    и 4TB WD green ili Слично, или пак 6-8ТБ ако се најде.
    VGA:2x GTX 970/980 највероватно ке се и повеке од доста за све.
    PSU: Coolermaster V1000 за да спие по 50% оптеретеност и да нема деградација во наредните 5 години.
    Куќиште некое стабилно и цврсто по можност Full power па мој предлог е Coolermaster Storm trooper.
    Монитор: Се согласувам дека доколку не се работи Прецизна фото и видео обработка да не се фрлаат пари џабе за екстра добри монитори но сепак да биде IPS панел.И ако не се работи тоа што поменав нема потреба од 4К да биде нели?Затоа добро е да се знае точно за што ке се работи па моја препорака би бил Dell U2713hm.
    Во случај апликациите шти ги користиш да работат подобро на АМД GPU тогаш две AMD 290 tri-X пошто ке те фатат поевтино од една 295X2 но ако се има пари зошто да не.
     
  20. xenon

    xenon
    Guru

    3,819
    9,526
    15 Јануари 2011
    Машко
    Мора да биде една машина? Ако е за 3Д и рендер напрај си мини фарма од повеќе машини. Ако веќе мора да е една а ѕверска тогаш 2 * 12 јадрени xeon-и половни ($3200), 64GB рам, 4 половни Titan графички и еден 4К LG 32" IPS ти се најдоброто што можеш да го земеш до кај 6-7000 еура во една конфигурација.
     
  21. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,284
    2,970
    24 Септември 2012
    За криптографија титанот е слаб, затоа прашувам или 295х2 или Фаерпро, или евентуално Максвел. Нажалост нема титан на максвел сеуште, инаку изборот беше јасен дека ќе е титан графиката.
    На машините ќе се работат различни програми, а рендер и криптографија главно. За рендер нема некоја преференца, ама за криптографија изборот е стеснет. Од таму произлегуваат и прашањата и проблемите.

    Плус може да се случи програмата да нема паралелизам на графиката или процесорот, затоа ми е важна и сингл кор јачината и на процесорот и на графиката. За процесор 99% ќе е 5960х тоа е јасно. Меѓутоа на дума ме става Фаерпро. Што бенефит има фаерпро во однос на р9 за криптографија и рендер?
     
  22. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,864
    4,586
    8 Април 2011
    Машко
    Зависи што бара таа криптографија, ако бара OpenCL перформанси тогаш батали нвидиа. A Fire Pro незнам дали ке понуди нешто плус во таква ситуација, треба да се испита тоа така да не сум упатен да ти пресложам графичка но ако се OpenCL перформанси во прашање тогаш 295x2 или 2x290/290X .
     
Слични теми
  1. MarkoHF
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,552
  2. genius
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,186
  3. undergrounde
    Одговори:
    34
    Прегледи:
    2,250
  4. Alucard
    Одговори:
    78
    Прегледи:
    7,100
  5. BrandNew
    Одговори:
    33
    Прегледи:
    1,775
Вчитување...

Сподели

Вчитување...