• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Русија и Бугарија бараат кириличен домен?

  • Ја почнал/а темата D
  • Време на почнување
  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,275
1,923
www.iwmnetwork.com
"Започна дебатата за користење на кирилична скрипта наместо латинична за интернет домените откако Димитри Медведев, претседателот на Русија рече дека кириличните домени се важни за зачувување на рускиот јазик. Сега и Бугарија официјално поднесе барање дo Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN) за добивање на кириличен домен .бг. Со влегување на Бугарија во ЕУ, кирилицата стана трета официјална азбука по латинската и грчката."

Повеќе тука: http://it.com.mk/index.php/Vesti/Svet/I-Bugarija-pobara-kirilichen-internet-domen

Дали воведување на кирилични домени само ќе ги комплицира работите или пак ќе ги олесни?
 
maximilian

Gaining Experience
26 март 2008
1,064
74
Јас мислам дека само се комплицираат работите вака. За Русите не знам, но Бугарите си имаат официјална транскрипција за кириличните букви, и секоја кирилична буква која ја нема во латиницата си има свој соодветен псевдоним. Сигурно и русите се така, де. Како и да е, таа нивна гордост што ја имаат е глупава и смешна според мене. ОК е да си го сакаш своето и да си го цениш, но според мене ова не е ништо друго, а обичен претеризам. Во интернет пространството треба да владеат глобални правила според мене, со тоа само се поедноставува пристапот до информацијата, а вака се усложнува и отежнува.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Го поддржувам твоето мислење, но постојат луѓе кои на него ќе се спротистават со изјавите:
- значи сите содржини на интернет треба да бидат на англиски и на латиница?
- ако може нешто да се напише на латиница, зошто не и на кирилица?
и слични ставови кои можат да вклучат и поголем национализам.
 
Banzai

Intern
3 март 2008
637
8
Мислам дека со кирилични домени само ќе се закомплицира работата повеќе.
Јас сум за домените да си останат на латиница, а содржината да си биде на кирилица. И јапонците како и други азиски земји, а и грците имаат различно писмо од латиницата, а сепак домените им се со латинично писмо...
 
maximilian

Gaining Experience
26 март 2008
1,064
74
Го поддржувам твоето мислење, но постојат луѓе кои на него ќе се спротистават со изјавите:
- значи сите содржини на интернет треба да бидат на англиски и на латиница?
- ако може нешто да се напише на латиница, зошто не и на кирилица?
и слични ставови кои можат да вклучат и поголем национализам.
A бе да, ќе има такви луѓе што ќе зборуваат така. За нив вака би одговорил:

-не мора содржините да се на англиски или латиница, можат да си бидат било какви, само да не се прави доменот на кирилица
-затоа што се усложнува процесот на барање и користење на информации

:D
 
WhizKid

Intern
23 јуни 2008
27
0
Ако за хемиските елементи има универзални симболи на латиница, и имињата на живите суштетства си имаат двојно име на латиница, тогаш и интернет домените нека си останат латиница.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,762
Мислења
831,952
Членови
28,736
Најнов член
Nova rabota
На врв Дно