Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Проблем RTX 4070 Super Coil Whine

100JKO

On your way to fame
27 јуни 2018
357
945
Скопје
Како што кажува насловот, се појави coil whine на нова Asus Strix RTX 4070 Super по 2 месеци користење.
Читав по интернет, главно reddit дека оваа појава е нормална кај графички и после некое време се решава проблемот сам.
Ама до сега немам слушнато звук и затоа снимив. Секое мислење е добредојдено.

EDIT: Звукот главно се појавува кога ќе пуштам нешто GPU intensive да работи на компјутерот. До сега приметено со понови игри или неоптимизирани главно.

 

no_retreat

On your way to fame
22 јануари 2011
493
980
Одредени комбинации на PSU со GPU знаат да зголемат или намалчат coil whine, едино да пробаш со друго PSU дали ќе ти се посреќи.

и со предходните 3090ки што ги користев и со новата 4080ка со сите сум имал coil whine, искрен да бидам заради овој проблем почнав се почесто да размислувам за ново куќиште со добра звучна изолација и да го фукнам под биро.
 

Foldalot

Gaining Experience
19 март 2014
93
71
Јас слаб coil whine знам да приметам кога ќе пуштам нова игра која е uncapped и FPS-то ќе отиде над 300. Тоа го средувам со FPS cap или v-sync. Пробај види при coil whine како на видеото да ставиш FPS cap и дали ќе исчезне звукот.
 

100JKO

On your way to fame
27 јуни 2018
357
945
Скопје
Нормална појава да пробаш со undervolt ако се реши проблемот инаку ќе си остани.
Графичката е нова и уште под гаранција, не би пробувал undervolt во моментов.

Одредени комбинации на PSU со GPU знаат да зголемат или намалчат coil whine, едино да пробаш со друго PSU дали ќе ти се посреќи.

и со предходните 3090ки што ги користев и со новата 4080ка со сите сум имал coil whine, искрен да бидам заради овој проблем почнав се почесто да размислувам за ново куќиште со добра звучна изолација и да го фукнам под биро.
Ако успеам да најдам некое друго PSU ќе пробам така дали ќе го среди проблемот. Мене не ми смета звукот само зошто да го има кога може да биде тивко се.

Јас слаб coil whine знам да приметам кога ќе пуштам нова игра која е uncapped и FPS-то ќе отиде над 300. Тоа го средувам со FPS cap или v-sync. Пробај види при coil whine како на видеото да ставиш FPS cap и дали ќе исчезне звукот.
Правам cap на игрите на 144 или 165 fps бидејќи имам 165 hz монитор и нема потреба да оди повеќе од тоа освен во компететивни игри. На било која игра што бара интензивно да се користи графичката, се слуша овој звук.
 

Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.154
1.926
Скопје
Кај мене го средив прилично со cap и со undervolt (станува збор за RX6800 XT).
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.472
12.840
Се извинувам вака упаѓам без везе во дискусија. Нели заменуваат графичка за коил вајн под гаранција? Најверојатно не.

Сум имал среќа. Коил вајн ми се има јавено само еднаш кај кулер мастер напојување. Беше под гаранција и ми го заменија со ново. Ова е пред повеќе од 5-6 години.

Инаку јас лично не би можел да го поднесам макар и да се јавува повремено.
 

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
11.031
17.994
@100JKO
Дали се појавува кога скролаш текст или веб страна? Пробај копи/пејст рандом карактери во notepad (наполни го, што би се рекло) и јави.

Со undervolt не губиш ништо и само си на добивка. Многу намалени температури без губење на перформанси. Има туторијали, лесно е ко грав.

Друга работа е да го исклучиш осветлувањето и да видиш повторно. Трето, ако го имаш тој ретардиран софтвер од Асус за регулација на осветлувањето да го деинсталираш (со нивниот анинсталер!)

И, како што спомнаа, најди друго напојување и пробај затоа што најчесто се работи за несреќна комбинација на напојување и графичка. А пошто графичката зема и од PCIE слотот мора да се исклучи ова комбо.


Иначе џабе ќе праќаш, само ќе се нервираш. Тие во сервис ќе пробаат на друго напојување и најверојатно нема да се појави па ќе ти ја вратат. Ако се појави и со друго напојување тогаш имаш аргументи за замена и слично.


И последно, слушај паталец, пробај тестирај ги сите оние методи ама овој пат исклучи го мрежниот кабел.

Сум ги среќавал сите овие комбинации посебно а некаде и заедно се (напојување+мрежен кабел итн.)
 

100JKO

On your way to fame
27 јуни 2018
357
945
Скопје
Не гледам поврзаност помеѓу гаранција и undervolt.
Сакав да кажам дека графичката уште ми е под гаранција и не би пробувал вакви методи моментално. Last resort можеби.
Дали се појавува кога скролаш текст или веб страна? Пробај копи/пејст рандом карактери во notepad (наполни го, што би се рекло) и јави.
100 милиони карактери и ништо. Имам приметено дека има нешто проблем кога ќе скролам страница и на рандом ќе се закочи или ќе има некој чуден ефект кај што нема да се рендерира страницата. Но тоа го побарав на интернет и испадна дека Chromium based browsers го имаат овој проблем со нови Nvidia графички.
1717369894371.png
Со undervolt не губиш ништо и само си на добивка. Многу намалени температури без губење на перформанси. Има туторијали, лесно е ко грав.
Не би експериментирал моментално со тоа, нова графичка е и уште трае гаранцијата.
Друга работа е да го исклучиш осветлувањето и да видиш повторно. Трето, ако го имаш тој ретардиран софтвер од Асус за регулација на осветлувањето да го деинсталираш (со нивниот анинсталер!)
Ќе пробам да го исклучам осветлувањето и така да видам. Не инсталирам софтвери за осветлување или слично од компании за нивните производи. Bloatware до крај. Само од Logitech го имам бидејќи мора тој софтвер за G923 да работи и плус маус имам G502.
И последно, слушај паталец, пробај тестирај ги сите оние методи ама овој пат исклучи го мрежниот кабел.
Ајде ќе пробам... Иако е малце чудно тоа да биде проблемот.
 
И

Избришан член 42370

Гостин
Не би експериментирал моментално со тоа, нова графичка е и уште трае гаранцијата.

Зошто спомнуваш гаранција кога станува збор за undervolt? Сето тоа го правиш софтверски (јас лично правам со MSI Afterburner). Подесуваш curve (обично по -50 или -100 mv и тестираш). Едино нешто што може да се јави е нестабилност, да крашне драјвер али не прави штета. После ресет си се враќа на default.
Тоа ти е исто како fan-curve да подесуваш, не се губи гаранција. Не ја отштрафуваш графичката...
 
И

Избришан член 42370

Гостин
Па и overclock, ако крева фреквенција без да прави overvolt, не гледам зошто би се изгубила гаранција. Ако се нестабилни клоковите, пак, краш драјвер.
 

100JKO

On your way to fame
27 јуни 2018
357
945
Скопје
Зошто спомнуваш гаранција кога станува збор за undervolt? Сето тоа го правиш софтверски (јас лично правам со MSI Afterburner). Подесуваш curve (обично по -50 или -100 mv и тестираш). Едино нешто што може да се јави е нестабилност, да крашне драјвер али не прави штета. После ресет си се враќа на default.
Тоа ти е исто како fan-curve да подесуваш, не се губи гаранција. Не ја отштрафуваш графичката...
Затоа што не знае што збори и мисли дека му зборуваме за overclock.
Знам за што зборувате и знам дека undervolt не е исто што и overclock. Може не сум се изразил добро ама немам правено undervolt никогаш и не знам што да очекувам доколку го направам тоа. Не сум читал околу тоа и не сум експериментирал. Не знам кои се последиците доколку се зезне нешто (да се расипе или void warranty) и затоа нејќев да идам на undervolt одма.
Штом толку членови викаат дека не е проблем или фрка да се направи тоа тогаш ќе пробам денес да го направам.
 

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
11.031
17.994
Штом толку членови викаат дека не е проблем или фрка да се направи тоа тогаш ќе пробам денес да го направам
Ама најпрво изгледај туторијали како се прави (а се прави едниставно)
Немој на првиот што ќе наидеш.

Најлошо што може да се деси, ако премногу намалиш, е нестабилност и креш.
Ама нема да се деси.

Ете, сам направи бенчмарк со Unigine Heaven пред и потоа и ќе видиш.

Само храбро
 

100JKO

On your way to fame
27 јуни 2018
357
945
Скопје
Ама најпрво изгледај туторијали како се прави (а се прави едниставно)
Немој на првиот што ќе наидеш.

Најлошо што може да се деси, ако премногу намалиш, е нестабилност и креш.
Ама нема да се деси.

Ете, сам направи бенчмарк со Unigine Heaven пред и потоа и ќе видиш.

Само храбро

Секако дека ќе гледам многу туторијали пред да го направам тоа.
Освен ова Unigine Heaven има некоја друга алатка за стрес тест на графичка?
Сакам максимално што можам да избегнам крешови и нестабилност.
 

gremlin

Octogenarian/2
18 октомври 2009
2.872
2.424
Скопје
gremlin's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 5800X - CM ML240L V2
Motherboard
Asus TUF B550 Plus
Storage
Samsung 990 Pro 1TB
PSU
1000W Corsair RM1000i
RAM
16GB DDR4 Kingston Renegade 3600Mhz
Video card
Zotac Geforce RTX 3070Ti 8GB AMP Holo Extreeme
Case
CM H500 ARGB
Mouse
Logitech G703
Keyboard
SteelSeries TKL
Audio
Realtek
Monitor
27" Mi 2K 165Hz
OS
Windows 11 Pro 64Bit
Секако дека ќе гледам многу туторијали пред да го направам тоа.
Освен ова Unigine Heaven има некоја друга алатка за стрес тест на графичка?
Сакам максимално што можам да избегнам крешови и нестабилност.

Unigine Superposition пример ја го користам. Пробај прво намали многу малку пошто тебе ти е поентата coil whine да одстраниш ако и со многу мало намалување успееш тогаш тоа е тоа.
 

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
11.031
17.994
Освен ова Unigine Heaven има некоја друга алатка за стрес тест на графичка?
Сакам максимално што можам да избегнам крешови и нестабилност.
Unigine тестовите ќе ги откријаат сите мани на графичката.

И Фурмарк постои ама јас не би ја горел каратата безвеза освен во случај да постои сомнеж за дефект на меморија, гпу процесор и сл.


Значи, Strix карта која е (наводно) подобар bin од останатите + која е и фабрички оверклокната само ќе има бенефит.
Во најлошо сценарио ако намалиш премногу ќе има нестабилност (плав екран) или артефакти.


Јас лично би одел најпрво со тестирање со друго напојување, па ако сеуште има, андерволт.
Толку нова карта не би ја дрндал по сервиси. Едноставно не вреди ни времето ни живците кога ќе треба да се објаснуваш со неписмени.

LAN кабелот кој го спомнав, контра сета интуиција и наука, во еден случај беше виновник за coil whine. Го откривме случајно, буквално пред да се носи на сервис цела конфигурација.
Другарот ја откачуваше периферијата и кога го исклучи LAN кабелот ова престана. Long story short во прашање беше заземјувањето.
Coil Whine-от во исто време беше присутен и на графичка и на напојување.

Ела биди паметен
 

acko123-4

Intern
19 декември 2021
50
46
Ако генерираш премногу фрејмови секогаш има coil whine на било која графичка
 
  • Тажно
Реакции: thrw

thrw

Gaining Experience
3 декември 2021
618
489
Секако дека ќе гледам многу туторијали пред да го направам тоа.
Освен ова Unigine Heaven има некоја друга алатка за стрес тест на графичка?
Сакам максимално што можам да избегнам крешови и нестабилност.
Имаш и „3dMark“. Ако ти треба, пиши ми на порака.
 

The_Witch_Hunter

Unstoppable
23 мај 2012
1.323
3.051
The_Witch_Hunter's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 9 7950X3D | ROG Ryuo III 360 ARGB
Motherboard
ROG Crosshair X670E Hero
Storage
Kingston FURY™ Renegade 2TB | Samsung 970 EVO 1TB | WD Purple™ WD20PURX 2x2TB
PSU
Corsair HXi Series™ HX1000i
RAM
Kingston FURY™ Renegade DDR5 32GB 6400MT/s
Video card
ASUS TUF Gaming GeForce RTX® 4090 OC Edition 24GB GDDR6X
Case
be quiet! Dark Base Pro 901
Mouse
Razer Basilisk V3 Pro
Keyboard
ASUS ROG Claymore
Audio
Creative A250 | ROG Strix GO Core
Monitor
Dell AW3821DW
OS
Windows 11 Pro
Зависи кој 3DMark тест, некои се multi-platform. Time Spy Extreme, Port Royal и Speed Way ќе ти ја опретерат до максимум графичката. Не пуштај ти benchmark туку stress test. Прави loop 10-15 минути и целта таму е да извадиш скор што поблиску до 100%.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: thrw

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
11.031
17.994
Ти пишаа неколку поискусни членови меѓу кои, ваљда, сум и јас што е исправно и како треба да постапиш со оглед на тоа што овој проблем ќе има позитивен или негативен исход.

Два месеца стара карта не се праќа на сервис.
Со 90% сигурност ти кажувам дека ќе чекаш минимум 30 дена и ќе ти ја вратат назад со изговор дека не откриле ништо.

Уште еднаш моите 2 денари..

1. (наједноставно)
Направи андерволт

2. (Голема гњаважа)
Позајми друго напојување

3. (Малку поголема гњаважа ама дијагностички најефективно)
Пробај ја картата на друг компјутер. Сигурен сум дека ќе се најде член од форумот кој со задоволство ќе ти излезе во пресрет.

Со бенчмарк ништо нема да постигнеш и докажеш освен што непотребно го скратуваш векот на падовите кои пак нема да можеш да ги смениш до истекот на гаранцијата.

Или пак чекај некаде до половина на гаранцијата и тогаш рекламирај.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.093
Мислења
974.362
Членови
35.398
Најнов член
MartinG
На врв Дно