AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139

Само годинава романските хакери оштетиле странски компании со над 150 милиони долари, соопшти романската полиција.
Претставници на романските тајни служби коментираа дека оваа сума претставува само половина од сите причинети штети. Според нив романските хакери во моментов се едни од најопасните во светот. Статистиката покажува дека во првите шсет месеци од оваа година романските хакери извршиле 436 криминални дела во Интернетот.
Зо моментов за вакви активности се води истрага против 365 лица. Бидејќи овој вид криминал премногу се зголемил во последните години, во романската полиција се формирани четири специјални оддели само за овие дела. Романските полицајци се во постојан контакт со американските и европските колеги.
Извор: Сител