Роаминг на Телеком

Deksa

On your way to fame
9 февруари 2012
803
568
Се надевам ова е соодветно место за темава, доколку не е Ве молам префрлете ја, пробав да најдам слична, но не успеав.

Ми стигна сметката за мобилен за Август со фактуриран Роаминг за месец Јули. Интересно е што секогаш на граница гасам Интернет и Дата Роаминг.
Имав симнато Офлајн Гугл Мапс и по нив возев додека бев во Грција и користев Вифи нели нормално, 100% сум сигурен дека додека ги користев мапите и локациите интернетот беше исклучен.

После фактурава влегов во деталните сметки на Плеј стор Апликацијата на Тхоме и видов дека за тие денови имам сообракјај со некои 1-6кб со фактурирани 4,88 денари и еден запис од потрошени 9438кб кои се совпаѓаат со вредноста за која Тхоме фактурирал.

Можно ли е Офлајн Мапсот на Гугл да повлекле некако интернет или дата роаминг иако се исклучени или па се работи за некоја грешка во Тхоме? Некој со слично искуство?
Ако е така значи сепак Офлајн Мапите на Гугл не се офлајн (иако ми беа симнати на телефон и со исклучен интернет уште кај нас пробав дали/дека работат) :)

lista.jpg
 

ARMac

Guru
2 октомври 2010
8,145
9,797
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Офлајн се 100% не еднаш сум возел.

Приговор до телеком само тоа можеш.
 

borcep

Practice makes perfect
12 септември 2013
980
1,501
Скопје
Имав ваков проблем со патувања во Франција и Австрија, користен беше интернет по килобајти според деталната сметка. Гугл мапс практично за подобро лоцирање користи мали нет пингови кога е слаб гпс сигналот. И мене ми беше исклучен интернетот. Приговор до Телеком беше поднесен и не беше наплатено ништо.
 

Deksa

On your way to fame
9 февруари 2012
803
568
Ovoj setting bil selektiran, da ne e do toa? Mada ne bi trebalo. Internetot bese off 100%
2e361f5bd0123f9c430503933a43d87d.jpg


Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,411
1,509
Не е баш со Телеком со А1 е исто искуство во минатото, т.е. на исклучен роаминг на телефонот, повеќе пакети со по неколку КБ и солидно додадени на сметка.

Пишав приговор, ми се јавија на телефон и објаснувањето беше дека податоците им се автоматски од грчиот провајдер и дека „телефонот наоѓал начин да добие интернет“.

Како и да е на крајот вклучив пакет од А1, забрана за интернет во роаминг, а сообраќајот го толкувам како наплата на некој хендшејк протокол, на пр. базната станица го прашува телефононт дали треба интернет, телефонот вели не фала и се наплаќа :)
 

ARMac

Guru
2 октомври 2010
8,145
9,797
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Јас под исклучен мобилен интернет подразбирам авион мод + раќно уклучен вифи. Незнам за ова.
 

TexasUS

Gaining Experience
25 февруари 2017
429
314
Овие од килобајт-два можеби и би ти ги поништиле ама тоа 9МБ не верувам... Е сега од мое искуство и ја сум се возел исто така со мобајл дата оф и гугл мапс офјлајн симната мапа баш во Грција па не ми направило сообраќај регистриран на сметка. Ама и други исто се имаат жалено на ова, сообраќај од неколку кб на одредени моменти и на А1 и на Телеком. Поднеси приговор што да ти кажам види што ќе ти кажат они.

Искрено не верувам да е до мапс, пошо кога гасиш мобајл дата прави тотален cut на конекцијата па и било која апликација да сака да повлече нема да може.
 
Последна промена:

Oktar

Epic
23 октомври 2012
4,315
13,176
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i7-8700k + Noctua NH D14
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2s
Keyboard
Razer Blackwidow Lite
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 7 + MacOS
Шо телефон е ова? Тие Жаомие мислам дека имаат некои вакви глупости, гасиш интернет, ама свичот уствари незнае како да изгаси скроз. Иначе 100 пати досега сум бил во роамин и освен она кога сум уклучувал немам друго. И на А1 и на Вип и на Телеком.
 

Deksa

On your way to fame
9 февруари 2012
803
568
Шо телефон е ова? Тие Жаомие мислам дека имаат некои вакви глупости, гасиш интернет, ама свичот уствари незнае како да изгаси скроз. Иначе 100 пати досега сум бил во роамин и освен она кога сум уклучувал немам друго. И на А1 и на Вип и на Телеком.
Samsung Galaxy s9 plus

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 

Oktar

Epic
23 октомври 2012
4,315
13,176
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i7-8700k + Noctua NH D14
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2s
Keyboard
Razer Blackwidow Lite
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 7 + MacOS
Samsung Galaxy s9 plus

Sent from my SM-G965F using Tapatalk

Баш таков имам, ама па тој го користам баш за роаминг. Кога го користев како примарен, исто така немав проблем, ама ај сега да не тврдам, долго веќе не ми е примарен телефон.
 

Pilsator

Gaining Experience
15 мај 2012
487
138
Пиши приговор ќе видиш што ќе испадни. Мене ми имаа тарифирано појдовни повици во западен балкан и ми прифатија приговор.
 

DrMTR

Guru
27 март 2014
6,858
6,883
www.mikrotikmacedonia.net
Добро зошто не ставите Авионски режим додека патувате? Посигурно од тоа нема. Тоа исклучив интернет, може да биде малку сомнително понекогаш, бидејки некоја системска апликација знае да си вклучи интернет на момент самата и да ви наплатат во роаминг како овде.
 

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
3,115
3,560
Шо телефон е ова? Тие Жаомие мислам дека имаат некои вакви глупости, гасиш интернет, ама свичот уствари незнае како да изгаси скроз. Иначе 100 пати досега сум бил во роамин и освен она кога сум уклучувал немам друго. И на А1 и на Вип и на Телеком.
Нели имаше некое гугл подесување каде што се дозволува некој нивни сервис да може да користи интернет и кога е исклучен? Независно од марката на телефонот, можда зависно од верзијата на андроид.
Добро зошто не ставите Авионски режим додека патувате? Посигурно од тоа нема
Затоа што луѓето си имаат потреба да се достапни на телефон.
 

Ivicakmk

Gaining Experience
20 јуни 2008
195
103
Ivicakmk's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3600X + Deepcool Gammaxx 400 V2
Motherboard
MSI MAG X570 TOMAHAWK WIFI
Storage
Samsung 970 EVO 500GB + WD Red 2 TB
PSU
Gigabyte P750GM 750W
RAM
2x16 GB Kingston HyperX Fury DDR4 3600 MHz CL16
Video card
MSI GeForce RTX 2060 VENTUS 6G
Case
Sharkoon TG6
Mouse
Logitech G502 Proteus Spectrum
Keyboard
Gigabyte Aivia Osmium
Audio
Razer Blackshark V2 Pro | Corsair Gaming H2100 Wireless Dolby® 7.1 Gaming Headset
Monitor
BenQ BL3201PT
OS
Windows 10 Pro
Мене ми се има случено 2 пати со Vip. Изгасен интернетот во роаминг + изгасен data. Во сметката имаше сесии од повеќе часа а со ептен ситна големина (неколку бајти, килобајти, не ми текнува).
Првиот пат приговор телефонски, па демек услуга ми прават, во знак на добра соработка што ти знам, ќе ги тргнеле ама ако се повторело пак...
И пак се повтори :) Овој пат не сакаа со телефонски повик ништо да превземат, појдов во салон и направив писмен приговор. Ми се јавија на телефон и истиот разговор како погоре. Се надевав дека ќе ме одбијат па да ја тераме работата со АЕК.
Фатив да барам за проблемот и во суштина е bug во 4G.
Следен пат кога ќе одиш во странство стави го телефонот само на 3G мрежа и нема да се појави ваква ставка. Тестирано и со Србија и со Грција (со 4G во двете земји го имаше трошокот).
 

Daniel86

Guru
28 мај 2013
2,928
7,712
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i7 3770 & Cooler Master Hyper 612 V2
Motherboard
Asus P8Z77-V PRO
Storage
Samsung 860 EVO 250GB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Cooler Master-Silent Pro Gold 600W
RAM
Geil 2x8GB
Video card
Asus R7 250 2GDDR5 & Intel HD 4000
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
Logitech MX1000
Keyboard
Verbatim KU-0725
Audio
Realtek ALC887 & Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Philips 222EL
OS
Windows 7 Ultimate SP1 x64 И НЕ ГО МЕЊАМ!!!
Да не имаш волте вклучено можеби?
 

ekonomist

On your way to fame
17 јуни 2008
1,120
547
Мене ми се има случено истово пред три-четири години, ми го прифатија приговорот. Единствено што се разликува од твојот случај е што сите настани беа по неколку килобајти, немав 9 мегабајти.
 

hipo

Practice makes perfect
27 јануари 2011
1,724
1,549
sistrum.mk
Со Нокиа 3310 никогаш нема да иамте вакви проблеми.
Последните 5-6 години користам Шаоми и не сум имал вакви проблеми, сум користел Гугл мапс. Од оваа година користам МАПС.МЕ и се си е ОК.
А штом провајдерите ги признаваат жалбите можно е дека е нивен проблем кој не сакаат да го решат. Има многу кои нема да се жалат и ке си платат.
 

Pilsator

Gaining Experience
15 мај 2012
487
138
Чисто да нема забуни јас немам проблем со роамин нет. Имав проблем со појдовни повици во роаминг западен балкан со износ од 203 мкд. Денес добив одговор дека треба да минусирам 198мкд (а не 203). Тие 5 денари немаше одговор зошто треба да ги платам. Покрај ова имам паркинг услуги од 111мкд на кои се додадени 5 денари (исто не добив одговор зошто) и покрај тие 10 треба да платам 18% ддв за 111 + 203. Зошто да платам ддв за погрешно фактурурање од нивна страна добив одговор да почекам до понеделник тогаш се правело некоја корекција…телеком ловс макаронија и обратно
 

Pilsator

Gaining Experience
15 мај 2012
487
138
Thome mi odobrija korekcija na smetka, za celiot iznos vo roaming.
Nemase nekoe objasnuvanje sto kako I zosto, samo deka e odobreno.

Fala na site za sovetite I iskustvata.

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
Провери и дали ддв ти е одбиено на таа сума што претходно ти е пресметано
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
43,990
Мислења
869,718
Членови
30,321
Најнов член
vasei12
На врв Дно