Не верувам дека некој многу купува во Риверсофт, ама ајде гледам уште за оваа продавница нема тема 
Гледајќи механичка тастатура, откога рикна Genesis Thor 300 TKL, разгледав Redragon тастатури по препорака на другар. Едино место каде што успеав да најдам голема количина беше Риверсофт.
Ја бендисав Redragon K596 Vishnu 2.4G Wireless/Wired RGB прво бидеќи можеш да си ја користиш и на Type-C кабел, и бежично (2 часа со пуштено RGB, 8 - 9 без).
Ја нарачав онлајн некаде на 20 јуни, ми стигна дома на 23 јуни. Човекот фино ми ја достави пред порта.
Си ја земав дома, и гледам од едната страна на кутијата, лепенката направена партали. Ајде викам ништо страшно, може била на излог па ја пакувале.
Ја отварам тастатурата, ја местам, пуштам wireless и гледам тастатурата не свети. Ајде викам празна е, нема врска. Ставам Type-C кабелот, тастатурата светнува, работи перфектно, ама сијаличката за батерија свети плаво место црвено, што значи е полна.
Ја оставив така 4 - 5 саати, го вадам кабелот, инстантно изгаси.
Оттука пишувам на фб страната на Риверсофт, го кажувам проблемот, ми викаат врати ја, ќе видиме што и е. Ја носам во сабота, 23ти во Кавадарци, ми викаат дечкото од ИТ не е тука, ќе биде проверена во понеделник.
Понеделник сабајле самите ми пишуваат дека тастатурата е во ред на кабел, но на батерија не работи никако (најверојатно стоена тастатура, батеријата рикната скрос). Ми викаат ваква нема, ќе треба да нарачуваме. Побарав да си одберам друга (Redragon Ratri K595), ми дадоа без проблем.
Ми викаат во Кавадарци ја немаме оваа тука, ќе ја нарачаме да стигне во понеделник (3ти јули). До 3ти јули уште 2 пати ми пишаа самите на фб дали средивме работа.
Се нарача тастатурата, стигна понеделник, им пишувам јас, ми рекоа дека немале комбе за дистрибуција, односно се расипало при носење роба и дека тастатурата ќе стигне во среда (денес).
Денес самите во 13:05 ми пишаа дека тастатурата стигна и да си ја подигнам во Кавадарци. Бидејќи беше 300 денари поскапа, прашав дали да доплатам во салонот, ми рекоа дека нема никаква потреба од доплата, дека ќе ми ја дадат по иста цена како претходната што сум ја купил.
Си отидов денес во Кавадарци, ја земав, и продавачот ми рече друг пат за лоши работи веќе да не се гледаме
Генерално интересно и убаво искуство со Риверсофт. Првпат нарачав/купив нешто од кај нив и постапија супер.
Дали некој друг нешто купил од таму и има некое можеби поинакво искуство?