• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Рипување на стази и 3Д модели од игри

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

darecarcemb

Intern
8 април 2008
236
21
Здраво на сите. Излегувам на форумот со темава бидејки имав неколку прашања упатени за тоа како можат да се преземат или импортираат модели комплетно текстурирани од некои игри во Мауа. За игрите кои се работени на DirectX платформа може да се искористи една многу мала но многу мокна програма 3DRipperDX, која може да се најде на следниов линк: http://www.deep-shadows.com/hax/3DRipperDX.htm. Со помош на оваа програма можeте да рипувате буквално се што ќе видите во погледот на играта (се мисли на тоа што се гледате низ виртуалната камера во тој момент).

Како работи оваа програма:

Најпрво кога jа отворите едноставен интерфејс ви се појавува каде што треба да изберете:
Најгоре на местото каде што пишува „ Select aplication to analize“ кликнете на папката веднаш до линијата и изберете од која игра сакате да рипувате модели. (напомена изберете ја оригиналната ехе. икона каде што е инсталирана играта, не шорткатот на десктопот).
Потоа каде што сакате да ви бидат сметени моделите (пример во Му Computer > 3D riper фолдер и во него направете три празни фолдери: за моделите (крстете го модели или како сакате вие), потоа уште еден за текстурите, и на крај еден за Sheder - ите.
Сега повторно назад во 3DRipperDX подолу во местото каде што пишува „ Frames (*.3DR) Output Directory“ кликнете на жолтиот фолдер од страната и изберете го фолдер за моделите што го направивте предходно.
Истото сторете го и за текстурите и Sheder - ите во подолните линии.
Откако ке бидете готови со тоа кликнете го малото квадратче каде што пишува Allso Capture to Wavefront. OBJ.. Со тоа кога ќе завршите со рипувањето на моделите ќе можете моделите да ѓи импортирате во Мауа. Откако ке бидете готови со подесувањето на сите параметри како на пример дали сакате сите текстри да ги рипувате и другите опции, кликнете на Lunch.
Ќе ви се отвори играта која сте ја избрале и ќе забележите на левиот горен агол од мониторот ќе ви се појави натпис Redy to Capture кој ви кажува дека сте подготвени да ги рипувате фрејмовите. За да рипувате некоја сцена притиснете F12 на тастатурата, ова може да биде подесено на кое копче сакате во опциите на програмата.

Друга програма која може да послужи за преземање на модели од игри е MilkShape 3D. Тријал верзијата можете да ја најдете на:http://www.download.com/MilkShape-3D/3000-2121_4-10050779.html . Доколку на неој му треба лиценца за Full Package, нека пише приватна порака или на [email protected] и ке му ја пратам.
Со оваа програма можете да преземете модели од игри како што се Counter Strike, Max Pane, Half Life, и многу други.
На пример за да преземете модели од Counter Strike, се што треба да направите е да идете во Tools > Half Life Tools> Decompile Normal HL MDL File, и пронајдете ѓи моделте во фолдерот на Counter Strike. Потоа кликнете на File>Import>Half-Life SMD, и во истиот фолдер пронајдете го екстрактираниот модел. Наредно ќе ви се појави прозорец кој ќе ве праша кои од компонентите сакате да бидат имнпортирани. Откако ке изберете кликнете на ок и моделот ќе ви се појави во панелот на MilkShape 3D. За да го донеете моделот во Мауа селектирајте го моделот и изберете File> Export>Wavefront. OBJ. Потоа идете во фолдертот во кој ги екстрактиравте моделите и ќе ги видите и текстурите на моделот. Копирајте ги текстурите на моделот кој го експортиравте каде што сакате да во стојат и импортирајте го ОВЈ. моделот во Мауа. Поставете му ги текстурите и го имате комплениот модел како во Counter Strike.

Па тоа беше се што имав да кажам за и околу импортот на моделите од некои игри во Мауа. Веќе насетувате какви се луди работи можете да правите со овие алатки. На пример ги рипувате колите од Need For Spead и импортирате во Мауа , потоа го импортирате и терористот, од Counter Strike, и го поставете во колата од Need For Spead, и правите разни анимации и интересни 3Д слики и монтажи. Се надевам дека ова ви се допадна и дека ќе ви се најде како корисно, па ги очекувам вашите критики.
Дарко.
 

The Shadow

Intern
30 март 2008
576
5
WOW batka,neznaev deka ova mozelo da se pravi,znam dekai mase eden program za od klipcinja da zemas 3D modeli,ama od igri,lele ova odma go siminjam.
 

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
На пример ги рипувате колите од Need For Spead и импортирате во Мауа , потоа го импортирате и терористот, од Counter Strike, и го поставете во колата од Need For Spead, и правите разни анимации и интересни 3Д слики и монтажи. Се надевам дека ова ви се допадна и дека ќе ви се најде како корисно, па ги очекувам вашите критики.
Дарко.
Е ова е веќе интересно. Да имав време, со задоволство би го учел програмчево. Здравје во иднина (до тогаш линков во bookmark :D)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

darecarcemb

Intern
8 април 2008
236
21
epa jas imam vreme,i ako napravam nesto ludo,odma postiram na temava.:D
Zdravo na site programcinjava se tolku lesni so nema da vi trebaat poveke od 1 - 2 casa da gi naucite kakao rabotat. Ako napravite nsto interesno bi mi bilo zadovolstvo da vidam.
Btw. koja programa ja znaes za vadenje na modeli od klipcinja, imase nekoi so jas znaev ama ne mi rabotea najdobro.
Pozdrav
 

reaktor

Intern
13 јуни 2008
8
1
Go koristev ova programce za ripuvanje na stazite od HL2 top e + sose texturi gi dava. Raboti i so STALKER, samo ima mal problem so view angle, nekako gi iskrivuva modelite.

Inace raboti zamo na DX9 igri a OpenGL ne moze da ripuva.

Za od CS i HL2, simnete go SMD Importer, go ima i za Max i za Maya
 

The Shadow

Intern
30 март 2008
576
5
Zdravo na site programcinjava se tolku lesni so nema da vi trebaat poveke od 1 - 2 casa da gi naucite kakao rabotat. Ako napravite nsto interesno bi mi bilo zadovolstvo da vidam.
Btw. koja programa ja znaes za vadenje na modeli od klipcinja, imase nekoi so jas znaev ama ne mi rabotea najdobro.
Pozdrav
да лесни и интересни,од Devil May Cry го извадив типот и мечот(Катана),и си го ставив мечот на друг тип што го правев.:D
а за тоа за клипчињата,незнам како се вика,ке ја побарам по CD-њата,ако ја најдам ке ти кажам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
43,506
Мислења
822,118
Членови
28,046
Најнов член
hittrajkovski
На врв Дно