Реставрирање / Проверка / Чистење стар ТВ/Електроника

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од toshex, 13 Март 2018.

  1. toshex

    toshex
    Unstoppable

    2,874
    2,380
    18 Септември 2013
    Машко
    Резервирав еден ЦРТ ТВ на старо (знаете дека барав) ама ми изгледа дека ќе треба да се подзачисти или пак е исфлекана пластиката па таков е. Тоа е со бела електронска пластика. Ќе видам штом го подигнам со сигурност ама ме заинтересира таа помисла на тема реставрација/чистење на електронски уреди.

    Е сеа пошо не се разбирам од ова а убаво ќе е да се види како и шо, да дадете совети како и ако некој нуди сервис за чистење / реставрирање вакви ствари. Може да се најде сето тоа инфо и како материјал да се направи за едно видео ако странките се заинтересирани.

    Има многу DIY за тастатури и безопасни ствари, ама ЦРТ телевизор е сепак високонапонска електроника.

    Имаше еден будала го пере телевизорот на еден блог, шо да ви кажам - така шо пуштајте солидни совети :D

    Линк - будалата шо го пере телевизорот:
    SCART Hunter: How to clean a 14 inch CRT, inside and out
     
  2. Astro

    Astro
    Guru

    5,313
    6,742
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Фати му со шмркот :)
     
  3. toshex

    toshex
    Unstoppable

    2,874
    2,380
    18 Септември 2013
    Машко
  4. Misko6000

    Misko6000
    On your way to fame

    623
    637
    5 Април 2015
    Машко
    WD-40 за замастени површини на пластиките, па потоа со средство за стакла или чист алкохол.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  5. toshex

    toshex
    Unstoppable

    2,874
    2,380
    18 Септември 2013
    Машко
    Еј WD-40 звучи ко добра идеја! А ако е фарбано со сребрена боја пример ќе ја избрише? (лично ја мразам таа боја така шо ќе биде топ ако ја избрише, читав демек средства за одмастување на рерни пенести биле добри за разградување боја од пластика - нинтендо едно планирам да го правам бело од сребрено со такво коа ќе стигне).
     
  6. Pane24

    Pane24
    Practice makes perfect

    3,189
    1,966
    31 oктомври 2012
    Машко
    Невработен
    Таа ( будала ) е попаметна од нас , не кажува дека пере со дестилирана вода и дека машината миење садови има пумпа да црпе дестилирана вода од некое буренце и има повратен систем со филтри за прочистување на водата. Фактички истата вода ја користе повеќе пати.
     
    На farkizz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    1,984
    2,531
    2 Септември 2012
    Машко
    Земи таму со влажни марамчиња има да го светнеш ко нов. :)
     
    На Draynor му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ARMac

    ARMac
    Unbeatable

    4,695
    4,781
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Компресиран воздух ако неможеш да најдеш компресор.

    Само опрезно, кратки рафали и никако навалување, само исправена боцата зошто може вода да создаде.

    Anhoch PC Market Online - Air Duster Gembird CK-CAD4 600ml
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  9. xristijanGTI

    xristijanGTI
    Gaining Experience

    210
    218
    7 Март 2011
    Машко
    Студенат
    Колку можеш да исчистиш со една боца?
    претпоставувам не многу значи за тв ти требаат мин 4-5
     
  10. ARMac

    ARMac
    Unbeatable

    4,695
    4,781
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Можеш цел телевизор да исчистиш со една.
     
  11. toshex

    toshex
    Unstoppable

    2,874
    2,380
    18 Септември 2013
    Машко
    Читав совети као демек воздухот ко воздух можело да направи нешто штета или статички електрицитет со прашината шо се трља и да има нешто кабум... макар гледав и видео со leaf blower како го чисти телевизорот еден без мака.

    Исто сите запнале да го де-електризираат самиот CRT ама еден кажа дека веќе подолго време се произведувале со некој отпорник или нешто у тоа капата горе на екранот (таа со дебелата жица) шо правело да се празин побрзо и одма при гасење од штекер...

    Е сеа шо од ова држи вода и е применливо за телевизор од 2000та негде?

    Исто така место воздух од конзерва добра идеја е да се стави цевка од правосмукалка на излезот од правосмукалка (ако е кружен - а имам таква за печка една) и да се издува со тоа хахах.
     
  12. Ile bocev

    Ile bocev
    Gaining Experience

    205
    144
    15 ноември 2015
    Машко
    Дa ти дoнесaт луѓевo oд нaдвoр. Имa средствa штo цигaри вaдaт oд плaстикa и ги светнувaaт кaкo нoви. Кaј нaс тешкo
     
  13. bxxxn

    bxxxn
    On your way to fame

    748
    868
    11 Март 2011
    За избелување на пластика можеш сам да пробаш со Retr0bright рецептот. Едноставна формула и ниска цена на чинење

    Retr0bright - Wikipedia
     
  14. Misko6000

    Misko6000
    On your way to fame

    623
    637
    5 Април 2015
    Машко
    пробај малку на крпче, ќе видиш чудесно дејство на ВД или отстранување на останат лепак од скинати налепници.
     
  15. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,555
    6,146
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Нема да се тргне миризбата од WD40. Тошка, не си играј со ВН трафото и кабелот, има посебна процедура за празнење. И штом се извади мрежата/плочата од тв-то, треба скоро па цела да се прелеми. Мењај високонапонски електролити со мал капацитет, сигурно се суви, обично околу ВН трафото ги има, пример 10uF 250V и слично.
    За избелување disassembly на цел тв, вадење и екран и све, и перење на пластиките со arf или арис деграс. Мрежата можам јас да ти ја средам ако ми ја донесеш извадена, за другово неам време нити па чепкам црт гованца веќе, и ледовите ги баталив, уште тоа ми фали.
    Или купи леткум, калај, пумпица, плетенка и електролити и учи се бе, шо ќе ти фали, од знаење глава не боли :)
     
    На krema и HardCorec им се допаѓа ова.
  16. toshex

    toshex
    Unstoppable

    2,874
    2,380
    18 Септември 2013
    Машко
    Абе ќе се учам секако нарачав солиден леткум (се надевам) веќе ама брат не чачкам CRT пошо тоа сепак е поопасна територија.

    Тоа стварите шо ги спомна за менење дефинитивно треба некој шо се разбира да ги смени пошо ко шо гледав телевизориве напојување и се е напикано као лего, и лесно можеш да пипнеш кај шо не треба а има мал простор.

    Ради катоднава цевка не ми се ни расклапа пошо задниот дел излага лесно и тој би го извадил за чистење да кажеме - ама за предната маска да ја извадиш треба се друго да се расклопи а ме плаши катодната цевка хахах.

    Да има кој да го расклопи и да ги среди електрониките јас сиве пластики ќе си ги исчистам и ќе им отстранам и боја дури, сакам такви DIY работи... Тоа ми е сеа проблемот да најдам мајстор за CRT шо ќе го расклопи и нема да ми наплати тон пари и да ме излаже.

    Пошо не вреди да давам пари колку шо сум го купил некому за ништо (да ми каже сменив ова она а ништо не сменил).
     
  17. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    813
    1,082
    6 ноември 2007
    А што е уствари финтата со чистењето на телевизорот? :)
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  18. toshex

    toshex
    Unstoppable

    2,874
    2,380
    18 Септември 2013
    Машко
    OCD сум сакам да го исчистам секое парче електроника шо ми влага дома најарно шо можам... затоа и сакав ново првично ако има негде заостаната роба...
     
  19. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    813
    1,082
    6 ноември 2007
    Вака, cool тоа OCD и све. (Ок не баш cool :p)
    И јас кога имам нешто во свој посед сакам да е во што можно подобра физичка состојба.
    Меѓутоа форсираш некои банални ствари како чистота и сочуваност пред квалитет на самиот производ.
    Ако сакаш да земеш CRT ТВ кој ќе го користиш за retro играње тогаш претпоставувам сакаш што е можно подобар приказ на слика а тоа со барање на читави/нови/smoking free FUEGO и QUART телевизори тешко дека ќе го постигнеш.

    Потруди се да најдеш солидно сочуван Sony Trinitron модел. Не за џабе се тие телевизори нашироко познати по својот квалитет. Технологијата на снопот светлина кој се пушта, квалитетот на фосфорот кој се користи и еден куп патенти што ги содржат тие модели ги прават да бидат "Top of the line" кога е во прашање приказ на SD содржина.
    И ако веќе целиш на понов модел гледај да не е од тие со рамен екран. Самата репродукција на сигналот кој се испукува од катодата е правена за приказ на заоблен екран. Flat screen само ќе ти ја изобличи сликата пример при играње на side-scroller игри. движењето на flat line површина нема да ти се гледа како рамна површина туку како талас кој иде горе долу.

    Тоа сo RGB 99% од SCART приклучоците подржуваат тој стандард. Впрочем SCART e PAL Европски стандард за тоа што е Component во NTSC регионите.
    Само бајги ретро конзоли не ни подржуваат тој формат па сигналот што го исфрлаат е стандардниот каде сите бои за приказ на слика иде низ една жица. Има hard-mode модификации па ако сакаш да се дупиш со тоа... go ahead....

    И на крај се разбира квалитетни кабли. Што и да врзуваш NES, SNES, NGC, PS 1/2. ти требаат квалитетни кабли кој не се од оние по 2$ на Ebay со 3 жици внатре од влакно потенки. без никаков shielding па после имало треперење и испрани бои.

    Toa e тоа...
     
    На Lokvan и Draynor им се допаѓа ова.
  20. toshex

    toshex
    Unstoppable

    2,874
    2,380
    18 Септември 2013
    Машко
    Фала на долгото објаснување хаха. Веќе најдов тринитрон, 14 инчи, со еден скарт ама поддржува и RGB и Composite шо е топ, и има 2 пина напред (видео и моно аудио).

    Арно ама на сликите изгледа доста шарена пластиката, во смисла не знам дали е нечистотија или пак дисколорација се уште. Однапред делува ептен чист. Треба да го подигнам утре, и човекот „гарантира“ дека сликата и состојбата се топ и дека е малце користен у детска на девојчињата негови и дека е прв газда (шо беше друг фактор ради тоа шо го резервирав пошо нели у детска обично зачувани ќе се стварите).

    Е сега... пошо ОЦД и не можам да седам мирен сакав да испланирам одма да го исчистам и се тоа пошо и од кај знаеш каква нечистотија ти влага дома. Затоа пишав тука за совети.

    Исто ме интересираше од кај знам а и тој шо продава ако нема отварано каква состојба се кондензатори и остали работи внатре... И така.

    Гледам се разбираш и секое дополнително парче помош е добредојдено брат :)
     
  21. toshex

    toshex
    Unstoppable

    2,874
    2,380
    18 Септември 2013
    Машко
    Океј, го земав телевизорот, сликата е квалитетна ама некако премногу „зрачат“ пикселите. Не знам дали едноставно не паметам како беше CRT ама сакам тоа да намалам ако може.

    Поврзав GameCube и сликата е ептен sharp, ама коа ќе пуштиш без сигнал трепери тоа бројката за каналот од самиот телевизор, и коа ќе отвориш мени самото мени има треперење. Овие се благи треперења ама сепак валјда може да се потсреди.

    И мислам дека малку ко да е изместена границата на телевизорот (фул скрин слика е неколку милиметри исечена од една или 2 страни).

    И секако сакам да се расклопи за да го исчистам. Ако има уште некој шо ја прати темава, дали имате добра препорака за мајстор за CRT шо може, за пристапна цена го расклопи и издува телевизорот внатре, исчисти сета таа прашина со тоа шо може да и штета на катодната цевка и сликата, направи брзи подесувања и евентуално само неопходни хардверски замени на електроники и не го преплати се тоа?

    Целото ТВ ме кошташе 2К неќам да потрошам повеќе од 1К на сиве работи, идеално не би сакал ич повеќе да потрошам па ко алтернатива ако некој се разбира од CRT и сака да дојде само да го „ѕирне“ да види дали треба да му се прави нешто и да донесе компресорче да го издуваме, јас частам кафе, пиво и пица.
     
  22. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,289
    3,031
    11 Декември 2008
    Машко
    Тоа чудно зрачење и треперење е кај 50 херцните телевизори, пред некој ден сретнав таков и неможев да гледам у него, очи неможат да издржат.

    Кај 100 херцните каков што имав последен црт нема никакво треперење и замор на очи.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,555
    6,146
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Подобро спремај леткумот и пали јутјуб :oh:
     
    DennyMK, Lokvan и на toshex им се допаѓа ова.
  24. toshex

    toshex
    Unstoppable

    2,874
    2,380
    18 Септември 2013
    Машко
    Аааа! Е да 50 Hz е... сме се разгалиле значи.

    Испратено од [device_name] преку IT.mk форум апликација
     
  25. kolesk

    kolesk
    Gaining Experience

    79
    53
    6 Февруари 2016
    Машко
    Што и да правиш, пробај позади или доле најпрвин, и остај еден ден.Така ќе видиш дали нешто се случило.(извадило/сменило боја, нагризало... итн)
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...