1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

[решено] Gnome (3.20) Weather на Ubuntu 16.04 не работи

Дискусија во форумот 'GNU/Linux' започната од bokiscout, 24 Септември 2017.

  1. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,706
    2,001
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Денес правев апдејт на Gnome Desktop Environment (Ubuntu Gnome 16.04 LTS) од 3.18 на 3.20 преку gnome staging ppa и све тоа само заради една тема/скин (Adapta eta која што работи на Gnome 3.20 или понова верзија :rolleyes:).

    Нејсе изгледаше дека апдејтот помина добро ама приметив дека Gnome Weather не покажува температура и пријавува грешка:
    Код:
    GWeather-WARNING **: Failed to get METAR data: 404 Not Found.
    или со други зборови изворот на податоци за температурата не постои или е недосатпен, a пред апдејтот работеше.

    По мало гуглање сватив дека libgweather библиотеката треба да биде пачувања за да црпи податоци од нов извор пошто старив стварно не постои.

    Во ваква ситуација решението е уште еден update, или па downgrade (старата верзија работеше). Битно да се донесе библиотеката на верзија која работи. Решив downgrade затоа што тоа ми изгледаше како побрзо решение.

    Еве како тоа се прави:
    1. Ја бришеме библиотеката ама без да ги бришеме нејзините dependencies (пакети што неможат да функционираат без неа, зависат од неа):
    Код:
    sudo dpkg -r --force-depends libgweather-3-6
    Код:
    sudo dpkg -r --force-depends libgweather-common
    2. Инсталираме постара верзија од библиотеката:
    2.1 Бараме пакет останат во cache-от ( /var/cache/apt/archives ) или симнуваме бајат .deb од интернет (1libgweather-common и libgweather-3-6)
    Код:
    sudo apt install -f <патека_до_соодветниот.deb_фајл>
    Исто и за друггиот пакет.

    3. Многу е битно да ги маркираме бајативе пакети дека не сакаме да се апдејтираат!!!:
    Код:
    sudo apt-mark hold libgweather-3-6
    Код:
    sudo apt-mark hold libgweather-common

    Толку, библиотеката е вратена на стара верзија, спречивме нејзин апдејт и најбитното Gnome Weather повторно прикажува температура.
     
    Koen, Psycore, krema и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...