1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Регистрација на .mk домен [FAQ]

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од Fatal1ty_, 18 Август 2013.

  1. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,413
    25,088
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Со цел еднаш засекогаш да ја објасниме постапката за регистрација на .mk домен. Што е потребно, колку чини и.т.н. Овој текс ќе служи како официјале потсетник за сите членови и читатели на форумово (бидејќи истиот е достапен само овде и негово прекопирање е дозволено само со дозвола).

    Што е домен?
    - Домен е назнака за идентификација која дефинира граници на административна автономија и авторитет или контрола во Интернетот, заснована на системот за именување на домени („DNS“).

    Што е хостинг?
    - Хостинг е процес на физички поставување на веб сајт на физички сервер, на безбедна локација, кај одреден хостинг провајдер.

    Што е .mk домен?
    - .mk домен е национален домен на Република Македонија.

    Кои се .mk поддомени?
    - Во .mk доменот може да се регистрираат 7 секундарни поддомени, а тоа се:
    1. gov.mk
    2. com.mk
    3. org.mk
    4. edu.mk
    5. net.mk
    6. name.mk
    7. inf.mk

    Дали секој може да регистриран било кој од овие домени?
    - НЕ! Секој од поддомените си има целна корисничка група.

    gov.mk: Може да регистрираат сите органи на РМ, установи утвредени со Уставот на Република Македонија, како и ситер јавни и државни установи.

    com.mk: Може да регистрира секое трговско друштво на домачна или странска фирма во Македонија.

    org.mk: Може да регистрираат само непрофитни организации и здруженија, политички партии, фондации, синдикати, јавни здравствени установи, фондови и сл.

    edu.mk: Може да регистрираат образовни и научноистражувачки установи.

    net.mk: Организациите регистрирани во РМ кои даваат мрежни услуги на трети лица.

    name.mk: Можат да регистрираат сите физички лица државјани на РМ.

    inf.mk: Е специјален домен за презентирање информации од предметното подрачје за кое доменот е регистриран, а право на регистрација имаат само субјектите кои имаат право да регистрираат и gov.mk домен.

    Што ми е потребно за да регистрирам .mk домен?
    - За да се регистрира .mk домен треба да сте полнолетни и да сте државјанин на РМ. Во зависност од домен кој сакате да го регистриранте потребно е да сте правно, физичко лице или носител на јавна функција задолжен за таа сфера.

    Колку домени може да регистрира едно лице?
    - Бројот на домени регистрирани на едно име е неограничен.

    Што ми е потребо за да регистрирам домен?
    - За да се регистрира .mk домен на правно лице потребно е:
    • Назив или скратен назив на регистрираната дејност,
    • Име и презиме на управителот,
    • Името на доменот кое сакате да го регистирирате (мора да биде на латиница и може да користи и бројки),
    • Податоци за администратор и техничка подршка и
    • Најмалки два Именски обслужувачи (име и IP адреса на хосингот каде ќе биде регистриран доменот).

    - За да се регистрира .mk домен на физичко лице потребно е:
    • Полно име и презиме на регистрантот,
    • Пмето на доменот кое сакате да го регистирирате (мора да биде на латиница и може да користи и бројки),
    • Податоци за администратор и техничка подршка и
    • Најмалки два Именски обслужувачи (име и IP адреса на хосингот каде ќе биде регистриран доменот).

    Колку карактери(знаци) може да користам во доменот?
    - .mk домен може да се регистрира од најмалце 1 а најмногу 40 карактери, од кои првиот и последниот несмат да биде „-“.

    Постапка за регистрација на домен?
    - Постапката започнува со пополнување и поднесување барање за регистрација на домен, Правни лица: копија од Тековна состојба од Централен регистар, Физични лица: Документите се доставуваат лично, копија од уплатница со уплатени 620ден.

    Документација се поднесува во MARnet и се чека (од еден ден до две недели) за истата да биде обработена и одобрена/одбиена од страна на MARnet.

    Доколку доменот ви биде одобрен истиот ќе биде активиран и ќе ви биде доставено решение за регистрацијата.

    Колку трае еден домен?
    - Една уплата за домен е активна 1(една) година, доколку сакате да го продолжите доменот за наредната година се доплаќа 310ден (на уплатница).

    Дали можам да регистрирам домен со ист назив како веќе постоечки домен?
    - Не може да се поднесе барање за регистрација на домен со ист назив со називот на домен кој е веќе регистриран или за кој е во тек постапка за регистрација.

    Прашањата и одговорите се скратена и преработена форма од правилникот на MARnet.
    За дополнителни прашања кои не се опфатени во текстот погоре обратете се во темава.
     
    На gokica, tomi, 386ka и уште 6 други им се допаѓа ова.
  2. MarkoHF

    MarkoHF
    Practice makes perfect

    845
    1,107
    30 Септември 2008
    Машко
    Internet Marketing
    Еве едно прашање од мене. Изгледа дека наашиот професионален ИТ тим во Македонија блокирале да се регистрира gov.mk на продажните места скоро сегде освен:

    [​IMG]

    Според оваа страна каде што има било какви домени вика дека gov.mk (Само за .мк вика дека е gov слободно сите други држави заедно со се африканскине блокирани се за гов) е словодно така да јас да си го нарачам и да си направам сабдомен мвр и после два исти домени. Ова никогаш не сум го разбрал.
     
  3. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,413
    25,088
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Нема да можеш да го регистрираш, бидејќи за сите.mk домени е е одговрен МАРНЕТ и они секако нема да дозволеат регистрација на истиот
     
  4. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,978
    3,100
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Тоа што ти го кажа Fatal1ty_
     
  5. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,358
    3,049
    4 Септември 2008
    Незнам дали е во правилникот ама би го додал и ова.
    Доколку некој домен, пример "mojdomen.com.mk" е регистриран не е дозволено друго лице да го регистрира "mojdomen.mk" освен сопственикот на com.mk доменот. Односно дозволено е само под услов доколку се согласи сопственикот да дозволи на друго лице да го регистрира истото доменско име само со mk наставка.

    Не сум сигурен ама мислам дека истото правило важи и за другите наставки.
     
  6. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,413
    25,088
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Последниот прашање/одговор се од однесуваше токму на тоа, али ете можда нејасно напишано... :)
     
  7. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,358
    3,049
    4 Септември 2008
    Инаку со новите напредно-паметни измени на Марнет, документите за потполнување се направени во PDF формат без поставени форми за електронско потполнување и печатење. Значи сега доколку сакате да поднесете некое барање наједноставно ви е да го испечатите и со пенкало да го потполните, или ако сакате можете да го конвертирате и да се заебавате во некој формат што може да се обработување.

    Фала ви Марнет на едноставноста за потполнување на барање во 21-ви век и држава што се прокламира како електронска. Ако го прочитаат ова дечките или тетките од таму многу ги поздравувам.

    http://marnet.mk/?page_id=46
     
  8. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,146
    1,442
    5 oктомври 2007
    Машко
    Баш си има форми за пополнување. Барем кај мене се покажуваат. :)
     
  9. stefan_v

    stefan_v
    On your way to fame

    1,417
    598
    3 Мај 2010
    Машко
    Отвори го во вистински Reader, како на пример Adobe Reader, а на ридерот за пдф на бровсерот, така не го отвора за ти да го пополнуваш електронски. Одкога ќе го отворил имаш "Highlight Existing Fields" - ќе ти покаже кај да пишуваш. И после зачувај го и толку. Имаат PDF што се пополнува, само што пробав. :)
     
    На Кристијан Про му/ѝ се допаѓа ова.
  10. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,672
    331
    8 Мај 2007

    Треба да поднесам барање за изменување на DNS сервери деновиве, и кога го видов пдф-от си помислив да правам скриншот и да пишам во пејнт и така да им го пратам... чисто за да видат како е ... :D
     
  11. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,413
    25,088
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    DNS ке ти променат и преку email да им пуштиш барање само искуцано. Само со мејлот сто ти е регистриран на Администраотр.
     
  12. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,672
    331
    8 Мај 2007

    А може преку емаилот што е наведен како технички контакт? И под барање подразбираш обичен е-маил или да го пополнам пдф документот и да го прикачам?
     
  13. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,358
    3,049
    4 Септември 2008
    "Барање за промена на регистрант на домен" не им е направен со полиња. Баш вчера тој ми требаше и се изнервирав, го потполнив со пенкало.

    Мора да им пишеш од еден од мејловите што се наведени таму, значи не е битно административен/технички, важно од тој мејл што испраќаш треба да е регистриран кај нив.

    Не треба барањето да биде во пдф документ, доволно е само да наведеш во пораката од мејлот.

    Нели ти го кажав ова во твојата тема за промена на NS?
     
  14. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,672
    331
    8 Мај 2007

    Им имав пишано меил во четвртокот, дури денес ми вратија, па реков да се осигурам пред да пишам за да не чекам повторно доколку грешно сум сватил.
     
  15. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,413
    25,088
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Мене ми го сменија без форумулари курци... само им пратив маил им кажав за кој домен сакам да ми се смени NS, им ги пуштам новите NS и ми ги мењаат.
     
  16. FiC DoGG

    FiC DoGG
    On your way to fame

    828
    773
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Малку им е лошо напишано на страната, па ко може некој да ми потврди.
    За правни лица, треба пополнето барање и копија од Централниот регистар, и може по пошта да се прати, не треба да идам јас лично до Скопје?
    Без уплатница, тие ќе ми пуштат фактура претпоставувам?
     
  17. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    922
    463
    5 Јуни 2007
    Машко

    Gi pustas site dokumenti potrebni, baranje za registracija i izvodot od centralen registar. Posle ti go registriraat domenot i tek potoa ti pustaat faktura (mene mi pustaat random koga kako )
     
    На FiC DoGG му/ѝ се допаѓа ова.
  18. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,146
    1,442
    5 oктомври 2007
    Машко
    Faktura stiga na email naveden vo administrativen kontakt.
     
  19. bogoevski

    bogoevski
    Unstoppable

    1,668
    2,656
    29 ноември 2009
    Машко
    Сваштара
    Вистина? Мене уште ми праќаат по гулаб... Мамицата!
     
  20. Ile bocev

    Ile bocev
    Gaining Experience

    253
    190
    15 ноември 2015
    Машко
    Дали можам да регистрирам .com домен во Марнет ако сум физичко лице и дали тоа секој може да го види чиј е доменот.На пример одреден Петар од Гостивар или Петко од Скопје,може ли да види кој е креатор на доменот и да види дали зад доменот стои фирма или физичко лице
     
  21. Astro

    Astro
    Guru

    6,156
    8,483
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Може. Сопственоста на јавниот домен е јавно достапна.
     
  22. shooter

    shooter
    Gaining Experience

    537
    335
    2 Март 2010
    Машко
    Марнет веќе не регистрираат домени, тоа го прават други фирми (Ухост, МКХост, Телеком...).
    Видливоста на сопственикот на доменот може да се скрие со тоа што се доплаќа одредена сума за тоа (Кај нашите регистранти не знам дали ја има оваа опција, кај странските ја има).
     
    На Ile bocev и Oktar им се допаѓа ова.
  23. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,146
    1,442
    5 oктомври 2007
    Машко
    Ne. Na .mk domain zakonski whois recordot e javen, i mora da gi sodrzi vistinskite informacii za sopstvenikot. Nema opcija za privacy ko kaj nekoi od stranskite.

    Sent from my GT-S5830i using Tapatalk 2
     
    На Ile bocev и shooter им се допаѓа ова.
  24. Ile bocev

    Ile bocev
    Gaining Experience

    253
    190
    15 ноември 2015
    Машко
    Kако се гледа тоа на пример еве за automakedonija.com.mk.Moже ли да се види веднаш или ќе мора да се бара дозвола од институции.(не дека ми е битен сајтот на аутомакедонија,но тој прв ми падна на памет)

    и друго прашање
    Дали може да се регистрира com домен без mk и дали тој исто е видлив.
     
  25. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    432
    1,278
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    @Ile bocev за Македонски домени се гледа на: http://whois.marnet.mk, не ти треба никаква дозвола од институциите бидејќи има информации од јавен карактер и кога го регистрираш доменот се нагласува дека тие информации ќе бидат употребени.

    Секако дека може да се регистрира .com домен, и на .com домените може да си доплатиш некоја симболична сума зависи од провајдерот 2/3/5 евра за да ти бидат скриени тие информации кога некој ќе те пребара.
     
Слични теми
  1. Blagojce
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    894
  2. NERD.
    Одговори:
    7
    Прегледи:
    1,799
  3. DekoRoker
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    1,106
  4. goran222
    Одговори:
    30
    Прегледи:
    20,674
  5. JasSum
    Одговори:
    25
    Прегледи:
    2,931
Вчитување...

Сподели

Вчитување...