1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Регистрација на фирма

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од pece_naumoski, 16 oктомври 2019.

  1. pece_naumoski

    pece_naumoski
    Intern

    3
    1
    26 Февруари 2019
    Машко
    Здраво, сакам да отворам фирма но ми треба помош, не знам кој назив да го има дали ТД или нешто друго.
    Дејност на фирмата е увоз на "се и сешто" воедно и интернет продажба. Дел од производите ќе бидат од увоз дел од државава.
    Воедно јас сум вработен во фирма но сакам и да имам фирма без да давам отказ.
    Ве молам за повеќе детали ако има некој искуство.

    Испратено од SM-A750FN преку IT.mk форум апликација
     
    На gamer-eddie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,318
    967
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    За типот на фирмата, најдобро е да биде со ограничена одговорност - тоа значи дека фирмата одговара за обврските само со тоа што влегува како нејзин капитал, а не со капиталот на основачот/управителот и слично....
    Активна фирма без вработени, мислам дека е невозможно, баш ме интересира и мене тоа.

    Секако ќе ти треба и сметководител, можеш од старт да си најдеш некој и да ти објасни што се ќе ти треба за да отвориш фирма - документација, основачи, вработени, месечни фиксни трошоци и слично....

    ОСНОВАЊЕ НА ФИРМА
     
    Последна промена: 16 oктомври 2019
    Costigan_Jr, kolesk, farkizz и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,015
    12,383
    23 Јануари 2008
    Манга
    Мора да има само управител, немора да има вработени.
     
    На damil, olikomerc, GGTT1 и уште 5 други им се допаѓа ова.
  4. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,318
    967
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    @gOJDO ама управителот треба да е вработен во фирмата, треба да поминува плата/придонеси за него, така?
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  5. gokica

    gokica
    Модератор

    8,397
    10,188
    13 Јуни 2009
    Не мора да е пријавен како вработен во фирмата.
     
    На Taurus и gOJDO им се допаѓа ова.
  6. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,015
    12,383
    23 Јануари 2008
    Манга
    не
     
    damil, GGTT1 и на Taurus им се допаѓа ова.
  7. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,318
    967
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    @gokica @gOJDO да резимираме, значи фирмата (дооел), може да функционира без вработени.
    Имаме управител, кој е вработен во некоја друга фирма.
    Фирмата може да издава фактури/профактури, да прима пари, да плаќа обврски без ниеден вработен во неа.
    Фирмата има месечни трошоци само за сметководител, фирмарина....

    Реално, има многу услуги, виртуелни продукти, па и реални продукти, кои може да се работат од дома (навечер, после враќање од фирмата каде што си редовно вработен). И добро е за почеток, додека не добиеш редовни приходи со сопствената фирма, за да можеш да си дозволиш напуштање на постоечкото вработување и целосно разработување и проширување на својата фирма.
     
    На gOJDO и GGTT1 им се допаѓа ова.
  8. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,409
    2,014
    12 Август 2009
    Машко
    а да не знаете дали управителот може да се одјави како единствен вработен.. и повторно да нема вработени во фирмата?
     
  9. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    516
    560
    15 Септември 2012
    Машко
    Имаш регистрациони агенти на Централниот регистар, кои најчесто се адвокати и прилично добро ја знаат материјата. За да не добиваш шарени одговори, побарај струна помош. Во овој момент (припремање), таа помош најчесто е бесплатна.
     
    На Маша и smole им се допаѓа ова.
  10. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,015
    12,383
    23 Јануари 2008
    Манга
    Убаво срочено, ќе додадам само во трошоци радиодифузна такса и трошок за правење на годишна сметка.

    Исто така можеш да си управител на фирма на која не си сопственик, и секако, не си вработен.
     
    На Taurus му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Potop

    Potop
    Gaining Experience

    200
    220
    26 Декември 2013
    Машко
    Најпрво нека е со среќа :)
    Најдобро е да е друштво со ограничена одговорност, односно да основачот одговара во висина на основачкиот влог. Во спротивно ако е тп (трговец поединец) се одговара со целиот движен и недвижен имот.
    Основачкиот влог е минимум 5000 евра.
    Постојат два вида основачки влог, паричен и непаричен.
    Напаричниот е се она што може да ти се најде - биро, компјутер, принтер... само наоѓаш овластен проценител прави проценка и истата се доставува во Централен Регистер на РМ.
    Паричниот не мора да го внесеш веднаш, односно постои можност истиот да се уплати во рок од едн година.
    Од потребни документи ти треба акт за основање, неколку одлуки и зп (заверен потпис) образец кој ќе го искористиш за активирање на сметка во банка после регистрирањето на фирмата.
    Сите документи мора да одат преку адвокат како овластен регистрационен агент.
    Називот на друштвото може да биде по твоја желба само совет крсти го Друштво за трговија и услуги...... и провери дали е името зафатено.
    Точно е дека управителот не мора да е пријавен во друштвото ама мора да е некаде пријавен, односно некој за него да плаќа придонеси кон државата. Невработено лице не може да биде управител, а вработено може да биде и на десет друштва :)
    Трошоци се само фирмарина и сметководство, радиодифузна повеќе не се плаќа.



    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
    На farkizz, artweb, CBB_6 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,318
    967
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Уште едно битно прашање.
    Дали седиштето на фирмата може да биде иста адреса со основачот или управителот на фирмата?
    И дали тоа подразбира плаќање на индустриска струја на местото каде што е седиштето на фирмата?
     
  13. Potop

    Potop
    Gaining Experience

    200
    220
    26 Декември 2013
    Машко
    Може да биде регистрирано друштвото на домашна адреса на основачот.
    Нема да плаќаш индустриска не се замарај :)


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
    farkizz, Taurus и на bxxxn им се допаѓа ова.
  14. Benedicta

    Benedicta
    Intern

    50
    18
    7 Декември 2017
    Женско
    Здраво дечки. Имам идеја за бизнис, и сакам да пробам. Инаку сум студент.. Дали можам да отворам фирма? Дали имам право да земам неповратен кредит? [​IMG] Дали некој има искуство веќе со ова?
    Бизнис идејата ми е скоро 100% работа од компјутер, дома, како фирма-посредник на некој начин.
     
  15. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    912
    453
    5 Јуни 2007
    Машко
    За неповратен кредит до 5000 евра мислам дека треба да си невработен, пријавен на биро до 29 год.
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  16. it_boy

    it_boy
    Gaining Experience

    195
    202
    9 Јули 2018
    Машко
    Да не отворам нова тема,планирам да отворам онлајн продавница а може и да речеме фб страница со производи за почеток е сега дали може да се регистрирам како Теговец-Поединец и доколку плаќам данок дали ќе е се регуларно?
     
  17. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,173
    513
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Зошто Трговец-Поединец?
    Најдобро е ДООЕЛ, прочитај погоре што е пишувано.
     
  18. it_boy

    it_boy
    Gaining Experience

    195
    202
    9 Јули 2018
    Машко
    Заради влогот од 5000 евра бидејќи за ТП не треба влог
     
  19. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    728
    767
    9 Декември 2015
    Машко
    Влогот не мора да е во пари, може и канцелариска опрема. Тоа е само проформа.
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  20. it_boy

    it_boy
    Gaining Experience

    195
    202
    9 Јули 2018
    Машко
    Дали со ТП можам да земам производи од друга држава и да ги продавам тука и да си плаќам регуларно данок?
     
  21. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,173
    513
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Хипотетички, ако си регистиран како ТП и заглавиш со фирмата може да останеш без целиот твој имот (куќа, стан, покуќнина итн).
     
  22. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    728
    767
    9 Декември 2015
    Машко
    Не знам. Како и да е, ако отвараш фирма треба да се консултираш и ангажираш сметководител или адвокат. Ако имаш таков пријател со него направи муабет. Од тоа што го знам ТП има предности ама мислам дека има повеќе потенцијално негативни работи. Затоа речиси сите избираат ДООЕЛ или ДОО.
     
Слични теми
  1. Blagojce
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    890
  2. DekoRoker
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    1,097
  3. goran222
    Одговори:
    30
    Прегледи:
    20,492
  4. JasSum
    Одговори:
    25
    Прегледи:
    2,925
  5. Fatal1ty_
    Одговори:
    26
    Прегледи:
    8,961
Вчитување...

Сподели

Вчитување...