• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Рецензија за Asus Eee РС 1000

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Tomshardware го тестираше најјакиот модел од Asus Eee латопите, РС 1000 со 10" LCD екран, со Intel Atom процесор и со поголема тастатура.



Asus Eee PC1000 е најјакиот претставник на Asus од Еее фамилијата, кој со појакиот процесор, поголемата тастатура, издржаливата батерија, битно поголемиот екран, како и 40 GB SSD (Linux) или 80 GB класичен диск (Windows XP) претставува доста "сериозно компјутерче". :)
Со овие работи се одстранети претходните недостатоци на првата генерација на Еее серијата, но сега е малку поголем и малку потежок. И малку поскап. :)




Еве што велат од Tomshardware:

If you want a machine that gives you a good balance between portability and usability, and the budget matters more than the specifications, there’s very little to match this machine until more Atom-based models come to the market."
:D
Линкови за полесна навигација низ рецензијата:
1. Introducing Asus' Wider Load
2. Keyboard, Trackpad and Screen
3. Ports, Components and Specs
4. The Atom Advantage: Performance
5. Balancing Portability and Performance

Повеќе слики од Asus Eee PC1000 можете да погледнете тука.

Извор: Tomsguide
 

gese

Intern
27 јули 2008
13
0
Убаво лаптопче. Си има предности лесно, мало, лично.... Но ако си цел ден пред компјутерот очите ке ти истечат. Многу е мал екранот.:ermm:

Инаку и јас имам asus f5n 15.4 инчен и сум прилично задоволен од асус.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Неисплатливо. За тие пари се набавува далеку подобар full-size лаптоп.
Единствена предност на овие играчки е малата потрошувачка и малите димензии.
Имав можност да го испробам првиот ваков модел, и искрено не ми остави впечаток. Вторава генерација повеќе ветува, но и цената е опасно блиску на стандардните лаптопови. Поентата на овие минијатури е и ниската цена, во комбинција со портабилноста.
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
Неисплатливо. За тие пари се набавува далеку подобар full-size лаптоп.
Тоа не е поентата :). Овие cе се ultra portables....ако под full size лаптоп подразбираме 15инчи LCD i 2-2,5 кила тежина тогаш е јасно што функција имаат Ултра портабилниве(9-10 инчи LCD, 1- 1,5 кила).

Имам 15.4 лаптоп(околу 2,7 кила) и дефинитивно не е подвижен:))
 

zlochko

Intern
23 мај 2008
140
7
www.linkedin.com
Според мене најмногу ветуваше MSI Wind, но од таму веќе неколку пати го одложија промотивниот датум. Не сум запознаен дали конечно го има во продажба.

Што се однесува до цените, се согласувам со еден од погорните коментари, тежината не е доволен фактор за цената да биде толку слична со нормален лаптоп.
Од програмерска гледна точка... прво се зема обичен лаптоп, па после ваков за чалам... или за да не те гњави девојката/сопругата додека работиш. :p
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
Според мене најмногу ветуваше MSI Wind, но од таму веќе неколку пати го одложија промотивниот датум. Не сум запознаен дали конечно го има во продажба.
Веќе е во продажба. Имало огромен пожар во една главна фабрика за литиумски батерии во Кина па така да има(ше) недостиг на батерии со 6 ќелии(првите тури на wind/eee 1000 беа само со 3).
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,565
Мислења
823,438
Членови
28,072
Најнов член
josimovskii
На врв Дно