• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Рецензија: Browser Wars

  • Ја почнал/а темата
  • #1

HijackHacker

Gaining Experience
21 февруари 2008
5,108
297
www.gorjan.info
Крајно време беше да направам и ваква рецензија...
Од првиот популарен прелистувач Мозаик, до денешната конкуренција, на сцената се имаат искачено повеќе нови прелистувачи. Како што има се гледа во темата „Кој интернет прелистувач го користиш?„ , повеќето од нас го преферираат Мозила отколку останатите прелистувачи бидејќи велиме дека е најдобар.
Дали е тоа навистина така...? Проследете ја рецензијата и дознате :)

Натпреварувачи:
Google Chrome 0.3.154.9 , Mozilla Firefox 3.0.3, IE 7, Opera 9.62 и Safari 3.1.2

Тест број 1: ACID тестови (кликнете на прелистувачот за соодветна слика)
Со најновите верзии на прелистувачите (не бета верзии), ги испробав сите 3 ACID (што на англиски значи киселина) тестови. Еве ги резултатите (од најдобар кон најлош):

ACID 1

Сите прелистувачи успешно го поминаа тестот.

-----------------------
ACID 2

1. Google Chrome, Opera, Safari - 100%
2. Firefox
3. IE7

-----------------------
ACID 3

1. Opera - 85%
2. Google Chrome - 79%
3. Safari - 75%
4. Firefox - 69%
5. IE 7 - 11%

------------------------------------------------------------

Според перформанси, сега за сега, Опера се дрзи највисоко, со Safari и Chrome зад пети.
Но како се одразуваат на перформансите на вашиот систем?
Да видиме...
Со само 1 таб отворен на страната на Гугл, вака завземаа ресурси процесите на прелистувачите (најмалку ресурси прво):

1. Opera - 21.064 K
2. Firefox - 29.632K
3. IE7 - 31.452 K
4. Chrome - 32.744 K
5. Safari - 42.476

Ова е пресметано без никакви додатоци (add-ons) на самите прелистувачи. Firefox со само 5 додатоци паѓа на последното место со +60,000 К.

Значи Opera си останува на врвот, но Chrome и Safari паднаа доле, правејќи им место на Firefox и IE.
Продолжуваме понатаму....

Безбедност:
Деновиве, со соодветен АВ софтвер инсталирано на Вашиот компјутер, нема да имате проблеми со "Drive by Downloads" - вируси или малциозни програми кои се симнуваат на вашиот компјутер во позадина додека прелистувате некоја страна заразена со вирус.
И без АВ, посетив една страна која веќе искористува пропуст во IE6, и ги испробав прелистувачите на неа.
Компјутерот беше стабилен, а после со скенирање со АВ програма, не беа пронајдени зарази.

Брзина на подигање.
Тестирано на компјутер Interl Celeron D 3.2 GHz и 1ГБ РАМ, вака се покажаа прелистувачите:

1. Google Chrome, Safari, IE7 и Opera - < 1s
2. Firefox < 3s

Не е голема разликата, затоа Огнената лисица не паѓа многу надоле.

Додатоци (add-ons):
Кога се збори за додатоци, дефинитивно се мисли на Firefox. Секој чул за илјадниците додатоци за овој прелистувач, и нивната огромна корист, како на пример, AdBlock Plus или NoScript.
Овде Firefox води, и тоа со многу.
По неа се IE и Opera, со нивните додатоци т.е. widgets.
За Safari и Chrome сеуште нема официално излезено додатоци.

Симнувања:
Кога се збори за симнувања, се мисли за брзината, снаодливоста и прегледноста. Убавото нешто е сите освен еден прелистувач доаѓаат со вграден "Download Manager". Дали тоа е малиот прозорец кај Firefox и Safari, или вградениот таб кај Chrome и Opera, сите се доста прегледни и корисни.
За разлика од нив, IE 5/6/7 немаат никаков вграден "Download Manager", што навистина станува иритирачко ако корисникот симнува повеќе фајлови наеднаш, taskbar-от станува натрупан и непрегледлив, а од многуте прозорци, неможе да се снајдете.

-------------------------------------------

Заклучок:

Според многуте тестирања, забелешки и критики, еве ја финалната листа на прелистувачи.
На прво место мораме да ја ставиме Opera. Си го заслужи! Најдобро се покажа на ACID тестовите, најмалку ресурси користи, а има и убав кориснички интерфејс. Честитки!
На второ место доаѓа...
По долго размислување, второто место припаѓа на Firefox и Google Chrome. Chrome иако е нов на пазарот, и користи малку повеќе ресурси од другите прелистувачи, неговата прегледност, и брзина се неспоредливи. Firefox иако падна на 2от ACID и поспоро се отвараше од другите, таа е многу блиску до Chrome, и практично се буткаат за 2то место. Но ACID тестот е задолжителен. Таа свети во нејзината сигурност и се разбира, илјадниците додатоци.
На третото место доаѓа Safari. Иако е добар во ACID тестовите, недостатокот на додатоци и големата „потрошувачка„ го бутнаа на 3то место.
И како за крај доаѓа ИЕ.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #2

HijackHacker

Gaining Experience
21 февруари 2008
5,108
297
www.gorjan.info
Би ве замолил да не ставате постови од видот „Firefox е најбољи„ или слично. Ако сакате тоа да го кажете, дадете разлог зошто.
И ако ви се допадна рецензијата, лупнете еден репутициски поен :)
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
507
www.ibiz.mk
Би се сложил за опера најдобра е
јас конкретно сум и на опера и на firefox

али не се сложувам за тоа да е на 3то место

Chrome е тазе и има доста доста багови и сл работи
не може никако да е пред firefox и ако троши помалку од неа
треба уште да работи

за ИЕ да ептен се само ги користам кога треба да проверувам страни дали се ок прикажува таму
 

TheWizzz

Intern
1 ноември 2007
123
3
И јас си користам Opera, засеа ме служи, некако се навикнав на него, а иначе пред тоа Firefox користев...а и ова рецензијава логично ми излгеда...па сеа...
 

CyberSpic

Intern
14 април 2007
823
26
howtoformatacomputer.com
Има многу за дискутирање на оваа тема, само една работа којашто ми падна во очи - пред неколку години со спори интернет конекции, немаше потреба од "превземачки менаџер" но со сегашниве брзини, нема потреба од спуштање на одредена локација за да се зачува инсталациониот фајл за подоцна. Поради оваа причина преферирам ИЕ7 после формат на компјутерот или кога набрзина треба да инсталирам повеќе програми без непотребно замарање локација на зачувување и слично едноставно ја користам RUN опцијата.

Иначе јас користам Фајрфокс поради прегледноста при работење со повеќе табови, и боокмаркс
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
хммз... Делумно се сложувам со анализата.
Лично, последниве неколку месеци сум на Safari.
Потрошувачките не ни треба да се кажуваат. Реално огромни се.

Но, разликата ми е, при отварање на 10+ јазичиња со mozila буквално се кочи и самиот прелистувач, и воочливо го кочи и компјутерот.
Додека со Safari, и со 15 отворени јазичиња, слободно можам да го отворам секое од нив, и + да отворам уште некое без никаков проблем, а каде што со мозила тоа не ми е возможно.

Зборувам за постара машина Celeron 2,2, со 512 Mb RAM.
Додека кај машини со подобра конфигурација, логички овој проблем го нема.

Опера имам доста време користено. Само.. Најмалку ресурси троши - Точно, брз е - точно, прегледлив е - точно.
Но, незнам што е тоа што не успеа да ме задржи. Некако сафариво ми остана во навика, и кога тестирам некои непознати страни, користам Mozila заради заштитните адони.

IE од никогаш не сум го сакал. Го користам многу многу ретко, единствено на страни каде што тој е задолжителен ( ex. online virus scan).
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
Chrome не е само едноставен прелистувач. Користи нов javascript engine (V8 compiled) кој е најбрзиот засега па секоја страна што се потпира главно на javascript ќе е има бенефиции кога користиш chrome а исто е најбрз во препуштање/ослободување на ресурси назад откако ќе затвориш,или неупотребуваш таб/процес(garbage cleaning). Овoј engine беше дизајниран со веб аппликации/сервиси како центарот на вниманието а не само за обични веб страници. Значи, сите услуги/апликации што ги нуди google(google docs,books,calendar) и што ќе нуди во иднина(next generation) ќе летаат на chrome. Можете да си направите desktop shortcuts од овие аппликации и се третираат како OS функции пр: google docs може да се користи off-line преку google gears.



Исто така, секој tab e изолиран во chrome и е третиран како посебен процес; ако некоја страна/апликација е нестабилна можете да ја исклучете без да мора да го исклучите chrome.



Значи, неколку сличности со оперативен систем(а можеби и 'мала' закана за windows и office). Ова е посебно добро за мобилни направи и 'netbooks' (не notebooks) бидејки може да се достават веб аппликации/услуги преку chrome(допрва ќе излегуваат верзии за mac,linux) без потреба за креирање и развој на посебни аппликации за секој ос поединeчно.

Google го прави ова затоа што ја гледа иднината во 'cloud computing' и води пред microsoft во ова(bill gates и компанија ја сфатија нивната грешка(за, фактички, игнорирање на интернетот) и со сите сили инвестираат во 'cloud computing' - MS windows azure)

Ова е само почеток :)

извори:

http://www.google.com/googlebooks/chrome/

google напиша:
Under the hood, we were able to build the foundation of a browser that runs today's complex web applications much better. By keeping each tab in an isolated "sandbox", we were able to prevent one tab from crashing another and provide improved protection from rogue sites. We improved speed and responsiveness across the board. We also built a more powerful JavaScript engine, V8, to power the next generation of web applications that aren't even possible in today's browsers.

This is just the beginning -- Google Chrome is far from done. We're releasing this beta for Windows to start the broader discussion and hear from you as quickly as possible. We're hard at work building versions for Mac and Linux too, and will continue to make it even faster and more robust.
========
pcauthority весник - декемвриско издание
 

ivanus

Intern
28 јуни 2008
118
3
Одлична анализа :bravo:
Резултатите се како што очекував
Јас од сите овие прелистувачи најзадоволен сум од опера и затоа тој и го користам.
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
43,498
Мислења
821,869
Членови
28,042
Најнов член
Puffy
На врв Дно