gokica
Модератор
- 13 јуни 2009
- 9.682
- 13.289
Практично јас сум од стар ков и многу помалку следам новости. Иако се имав сретнато со поимот RCS немав посветено внимание до сега.
SMS знаеме сите е систем кој функционира на секој телефон кој има сим картичка од оператор. Ограничен е на 160 карактери во една порака. Може да испраќа само текст. И за тоа операторот наплатува.
Наредна опција е MMS која е пофлексибилна но и поскапа. Но повторно не зависи од поврзаност со интернет.
За разлика од овие две сега Андроид телефоните имаат RCS. Додека ајфон има iMessage. И двете се базираат на иста технологија. Односно телефонот мора да е врзан за 2Г/3Г/4Г/5Г мрежа или пак на Wifi за пораките да бидат испратени. Многу слично како вибер, месинџер, вацап и сл. Но за разлика од овие апликации, RCS не бара никаква друга апликација освен онаа основна на телефонот за праќање на СМС пораки. Таа апликација може да биде од Гугл но и од производители како што е Самсунг. При прв старт на нов телефон обично Андроид ќе праша која од апликациите на располагање сакате да ја користите за SMS/RCS.
Apple уредите т.е. iPhone до сега користи своја апликација iMessage. Но на крај на ноември минатата година поради измени во законска легислатива во ЕУ Епл се приморани да почнат да интегрираат RCS. Па така во иднина се очекува сите уреди да може меѓусебно да испраќаат RCS. SMS ќе остане како опција само доколку телефонот не е поврзан на интернет.
Толку прочитав попладнево. Ако има некој нешто да додава слободно па ќе читаме.
BTW еве од телеком информација: