1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Разлика во фајлови преку послаба опрема

Дискусија во форумот 'Видео и аудио продукција' започната од Mr.Jack, 25 Април 2014.

  1. Mr.Jack

    Mr.Jack
    Gaining Experience

    621
    352
    9 Февруари 2008
    Ме интересира дали се забележува разлика помеѓу, пример .flac фајлови и 320kb/s mp3 фајлови за музика на нормална звучка карта со слаби (од ~300денари) слушалки?
    Исто, дали се приметува разлка помеѓу 1080p Bluray со 10 000kb/s Video Bitrate и 1080p Bluray со 14 000kb/s Video Bitrate на просечен монитор со просечна графичка...
    Еве јас имам просечна графичка на лаптопов со просечна звучна карта и слушалки од 300 денари. Се приметува очигледна разлика помеѓу мп3ки од 128кб/с и 320кб/с, но не и помеѓу .flac и 320кб/с
    Голема разлика има помеѓу 720п филмови и 1080п филмови. Но не можам да приметам разлика помеѓу 1080п со 10 000 битрејт и 14 000 битрејт, иако знам дека зависи од енкодерот и изворот, a и големината на мониторот.


    Anyway, тие што се поупатени...Дали мора да имаш добра опрема за да се приметуваат разликите помеѓу поквалитетните (lossless compression) и нормалните подобри фајлови? Или па за да го добиеш „вистинското“ од фајлот.
    Не знам дали се објаснив убаво, не ми е прашањево дали има разлика, зашто очигледно има. И не ми е дали има разлика помеѓу 1080п и обичен ДВДРип или некои подистанцирани споредби. Не разлика помеѓу мп3ка со 128кб/с и .флак. Туку дали се приметува разликата помеѓу lossless компресија и подобра (320кб/с or whatever) компресија.
     
  2. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,924
    27,634
    4 Септември 2008
    1. Не! за да приметиш разлика од 320 до FLAC треба слушалки околу 100 евра и звучна од 50+ и тоа од 10 пати 2/3 да погодиш, многу тешко. За да биде полесно слушалки од ~ 200 евра, и звучна од 200, но пак е доста тешко.

    2. Зависи од резолуцијата, на просечен монитор тешко, дури и на квалитетен не е баш лесно. На статична слика да, движечка тешко.

    3. Да мора да имаш добра опрема, истренирано уво, и песната да биде со добра динамика, најчесто се приметува во ниските тонови - басот, или пак вокалот (средни генерално) едноставно повеќе сепарација има помеѓу инструментите во FLAC формат, доколку песната е со добар мастеринг - и добар рип.
     
    На Mr.Jack му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,516
    14 Мај 2008
    Машко
    1. Имам звучна од 60 евра и слушалки од 35 евра (AKG, не се компјутерски) и на одредени песни можам да приметам разлика меѓу 320 и FLAC. Многу зависи од увото на слушателот и од типот на песната, кај класична музика и музика што има многу инструменти (рок, метал, џез) се приметува разлика 8 од 10 пати.

    2. Неможам да приметам разлика помеѓу видеа со различен битрејт, освен ако битрејтот не е пренизок, па да гледам коцкици. Ама затоа можам и те како да приметам (10 од 10) дали видео материјалот вози со 24, 30 или 60 фрејма. Исто така поквалитетните монитори имаат повисок контраст, па мрачните сцени во филмовите се почисти и имаат повеќе детали.
    Игри се веќе друга приказна, таму секоја состојба на пикселот и негова промена ја забележувам и секој монитор ми е различен. Ама гејмам од 4 годишна возраст, односно 24 години.

    3. Треба да се има добра опрема за убаво мултимедијално искуство, но не мора да се претерува. Графичка од 150 евра + убав монитор од 200 евра е сосема доволно за пријатно видео и игри, звучна од 60-70 евра, (некомпјутерски) слушалки од 50-60 евра и убави Hi-Fi звучки од 200-250 евра се сосема доволно за добар звук.
     
    dramallama, shifty и на Mr.Jack им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...