• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Разлика помеѓу Agp8x и Agp4x слот

Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,266
312
Секако дека ќе работи, нема да работи ако шибнеш агп4 на агп8. Али ако имаш агп8 графичка, слободно можеш да ја ставиш и во агп2 слот. :D
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,762
14,833
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Секако дека ќе работи
Не е точно. Ќе работи само ако AGP x8 картицата има потдржка за 1.5v. Повеќето картички се такви, но има многу AGP x8 картички кои не се такви, т.е. работат само на 0.8v.

нема да работи ако шибнеш агп4 на агп8.
Не е точно. AGP x4 кратичка работи на AGP x8 слот. Сите матични плочи со AGP x8 се компатибилни со AGP x4, т.е. работат и на 1.5v и на 0.8v.

Али ако имаш агп8 графичка, слободно можеш да ја ставиш и во агп2 слот. :D
Хаха, не само што не е точно туку и физички е невозможно да шибнеш AGP x8 картичка во AGP x2 слот и обратно.

Мислам ако тоа е целта, ќе успееш ама ќе ти треба многу сила и многу умешнбост да ја искршиш преградата на AGP слотот или ќе ти треба бонсек за да направиш жлеб на AGP x8 графичката картичка. Ако успееш во тоа, се разбира дека 4 пати повисокиот напон на слотот ќе ја направи пепел AGP x8 магистралата.

можи да ми ја објасните разликата помегу agp8x и agp4x слот ? пр. Сакам да ставам графичка 8x на пр. оваја http://www.anhoch.com/shopCart/vpasp/shopexd.asp?id=30646
на agp4x слот. Дали ке работи графичката na agp4x слотот ?
Да, таа кратичка треба да работи на AGP x4 слот.
 

PilGriM

Gaining Experience
18 октомври 2008
1,508
444
Skopje
WoW, FX5500....uste gi ima vo prodazba??? WTF - nasite bedni "kompjuterski" firmicki - sramota

Bez navreda, ama stvarno se nepotrebno frleni pari.
 

Fortran

Intern
22 октомври 2008
26
0
kakov ti e chipsetot na plocata? Nekoi postari ploci so nekoi VIA chipsetovi so AGPx4 slot ne rabotat so AGPx8 kartici ni pod razno. konkretno za dva modela sto imam probano, sakav i bios da im flashuvam ama ni vo update-ite na biosot ne bese koregirano toa. ana primer ploci so intel chipset postari, furaa bez problem. aj togas ne znaev za voltazata na slotovite pa ne se sekavam za tie vrednosti dali si odgovaraa,ama problemot go razgledaa i serviseri koi gi znam i se ceskaa za glava.
 

Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,266
312
@gOJDO, абе види вака, на агп2 слот може да се стави агп8 графичка, нема врска тоа преградата на агп слотот, бидејќи агп8 графичката можеш да ја ставиш на кој сакаш агп слот, ќе ја прими секаде, но ако ставиш агп2, 4 графичка на агп8 слот, нема да ја прими затоа што волтажата не е соодветна а и преградите на слотот ќе го спречат тоа. Агп8 слотовите имаат прегради за да не можат да се стават поспори графички, ако не веруваш најди некоја пентиум двојка/тројка и слободно стави му агп8 графичка ќе видиш дека ќе работи. Нема да работи единствено ако ставиш поспора графичка на побрз слот.

А во овој случај, ќе му ја прими агп8 графичката на агп4 слотот од матичната на Тони.
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,762
14,833
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows

Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,266
312


За ова викам бре алоо...

Имам ставено ваква графичка на агп2 слот лета без проблеми ако сакаш тестирај и види.!
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,762
14,833
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows


За ова викам бре алоо...

Имам ставено ваква графичка на агп2 слот лета без проблеми ако сакаш тестирај и види.!
Таа картица е backwards compatible со AGP x4, т.е. таа е AGP x4 и AGP x8. Како што реков, повеќето AGP x8 се такви. Затоа и ги има двете дупки. Плочата на која си ја ставил има AGP x4. Во спротивно ќе го изгориш слотот со гаранција. Ако сакаш, ќе ти го докажам тоа под услов ти да ја сносиш материјалната штета.
 

Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,266
312
Абре не ми кажувај мене ја имам ставено истата графичка, GeForce 5200FX на Ga-6BXC, работи без проблеми, кантер иде до коска. Види секаде таа е со слот агп2.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Wow, wow…..easy people. Не почнувајте flame war.
Навистина занимлива дискусија....како не ја загледав темава порано.....


Најнапред да расчистиме една работа.
Имаме AGP стандард (спецификација) и брзина. Тоа се две работи кои понеупатените честопати ги мешаат, а кои никако не може и не смее да се мешаат.

Постојат три AGP стандарди, кои помеѓу себе се разликуваат според поддржаните брзини и работните напони (најосновна и најбитна поделба).

AGP 1.0стандардот е првата AGP верзија која датира, ако не грешам, некаде од (во хардверски смисол) архаичната 1996 година. Тоа е 32 bit-ен канал со работен такт од 66 MHz и проток на податоци од 266 MB/s – двојно повеќе од PCI интерфејсот (133 MB/s, 32 bit, 33 MHz).
Поддржани брзини од овој стандард се 1х и 2х, при работен напон од 3.3V. При брзина од 2x протокот е 533 MB/s (2x266).

AGP 2.0 – втора генерација, 1998 година. Брзини 1х, 2х, 4х. Поддржани работни напони 3.3 V и 1.5 V. На располагање се три типа на AGP слотови – за 1.5 V напон, 3.3 V напон и УНИВЕРЗАЛНИ слотови кои поддржуваат и 1.5 V и 3.3 V напон. Проток при 4х брзина – 1066 MB/s.

AGP 3.0 – последниот AGP Мохиканец. Носи поддршка за графичките картички со работен напон од 0.8 V и 8х брзина, со максимален проток на податоци од 2133 МВ/ѕ. И тука разликуваме три типови на слотови – АGP 3.0 (0.8 V, дополнителен ID за заштита од 1.5 V), УНИВЕРЗАЛЕН AGP 3.0 1.5 V (0.8 и 1.5 V) и УНИВЕРЗАЛЕН AGP 3.0 (0.8, 1.5 и 3.3 V).

Како ќе знаеме кој слот за кој тип на графичка картичка е предвиден? Тоа е изведено, да речам, механички, со вградена преграда во самиот слот, која според спецификациите се нарекув KEY. Местополжбата на овој клуч одредува дали се работи за слот кој работи само со картички од 3.3 V, само со модели од 1.5 V, 0.8 V или комбинации на овие модели.
Како што слотовите согласно со AGP стандардите овозможуваат работење на различни типови на графички картички во нив, и графичките картички (но не сите!) можат да работат во различни слотови и напони.
Звучи малку чудно, но согласно со табелите во официјалните документи во кои детално се разглобени деталите за секој AGP стандард поединечно, така е. Постои и практичен пример, кој може да се види на линкот кој е подоле во текстов.
Значи, постојат графички картички чиј интерфејс овозможува работа на посебно дефинирани слотови или на т.н. УНИВЕРЗАЛНИ слотови. Постојат графички картички кои работат на сите слотови, и кои можат да работат на сите напони. Ова последното важи само за т.н. УНИВЕРЗАЛНИ графички картички. Последни модели на вакви картички беа од nVidia GeForce FX серијата и од ATi Radeon 9800/9700/9500 (со RV350 чипот, не и со RV360). Како и кај слотовите, и кај конекторите на графичките картички постојат клучеви (KEY), само тие се во вид на празно место.
Да не објаснувам надолго (макар што ова лесно може да биде километарски пост), изгледот на интерфејсите (конекторите) на картичките и слотовите се во сликата што следи.













Во следнава табела, исто така извадена од официјалниот документ за AGP 3.0 спецификацијата (само преведена на нашки), е прикажано кој тип на картичка каде може а каде не може да работи.



Значи, возможно е комбинирање на картички и слотови но под строго одредени околности. Последните типови на УНИВЕРЗАЛНИ графички картички МОЖАТ да работат и на постари (па и најстари) слотови.

Како своевиден доказ за тоа, проследете го овој линк.
http://www.tomshardware.com/reviews/benchmark-marathon,590.html

Тука ќе трпат брзината и протокот на податоци, со оглед дека AGP 8xспособна картичка ќе работи со AGP брзина која е наведена во табелите што следат. Но, никој и не ве тера да ставате таква картичка на плоча со слот од времето на Дедо Ное.







Сликите ги има и како attachment, во случај да се загубат.
 

Атачменти

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн администрација

Статистика

Теми
43,518
Мислења
822,433
Членови
28,050
Најнов член
mindifislytherin
На врв Дно