Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

РАЗЛАДУВАЧИ НА ВОЗДУХ

Starr

Gaining Experience
30 декември 2017
142
76
Здраво, сакам да купам разладувач на воздух т.е. модерен вентилатор, но би сакала да слушнам искуство до прва рака, дали ладат простории поголеми и колке се ефикасни, клима не можам да ставам, не препорачувајте. Се двоумам помеќу овие 3. Ве молам искуства и мислења. Исто така забележав дека онлајн е се доста поевтини, со со 1000 ден поевтини на Технополис и eKupi.mk - Вашата интернет-продавница | Вашата интернет-продавница | Насловна. Дали овие страноци се сигурни за испорака и купување.

VIVAX Техномаркет - VIVAX AC6511R РАЗЛАДУВАЧ НА ВОЗДУХ

Gree AIR COOLER GREE KSWK-0603D - Грее еПродавница

Iskra Техномаркет - ISKRA ML301DL РАЗЛАДУВАЧ НА ВОЗДУХ

Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.415
13.314
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Батали, овие се обични вентилатори кои дуваат преку навлажнет сунѓер или преку мраз (што треба ти да го ставаш). Наменети се за пустинска (сува) клима, кај нас во најтоплите денови најчесто не фали влажност. Веројатно може да те олади ако дува директно во тебе, но тоа не е баш пријатно и здраво.

Клима си е клима (топлотна пумпа), таа може стварно да олади. И јас мислев дека немам услови, па се најде решение и се препородив. Во најлош случај, преносна клима со цревото за издув низ прозор (а околните процепи затворени со, на пример, ќебиња). Многу е полошо од сплит систем, но сепак ќе работи.
 
Клима не е опција. Што друго би можело да се користи за разладување
 
Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
6.377
7.315
Скопје
www.facebook.com
Клима не е опција. Што друго би можело да се користи за разладување
Вентилатори со метални перки, на некои од нив има опција и да се додаде прскач за вода.
Не зборам за тие вентилатори со пластични перки и ефтина пластикарија.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.506
12.933
Од технополис и е-купи јас лично не сум нарачал. Но би требало да се легитимни сајтови кои нема да ти украдат пари од картичка.

Јас прв пат слушам за овие уреди и баш ме заинтересира. Но она кое ме плаши е баш влагата/водата. Ако станува збор за затворен простор / дом не знам дали таква дополнителна влага нема да наштети на домот/уредите во него или евентуално да не се појави мувла.

Едит: на кратко прочитав дека имаат сензор за влага па пуштаат вода до одреден степен. Ако во просторијата има поголема влага практично работи само вентилаторот.

Можеби има потреба од одржување што е посебно важно во Скопје со оглед на тоа колку бигор има водата. Да се чисти, суши филтер итн.

Знам дека има и на форумов корисници за навлажнувачи на воздух. Но како се задоволни и дали е ист принципот не знам.
 
Chiller

Gaining Experience
8 март 2012
893
481
Скопје Аеродром
Од 60W до 80W, не очекувај ништо ладно. Има најобичен вентилатор што е максимум 1000 ден а ова е сместено во куќиште за да изгледа како клима. Ако веќе сакаш ладно - подвижна клима, ама и таа има мани одводното црево за топол воздух до некој дел седи во просторијата и така е многу неефикасна. Барај нешто со потрошувачка околу 1000 W.
 
Последна промена:

Трајче Дрварчето

Practice makes perfect
3 ноември 2012
862
1.881
Area 51
Трајче Дрварчето's setup  
Processor & Cooler
Intel 8088, 4.77MHz
Storage
dual 160KB 5.25-inch disk drives and 10 MB HDD
RAM
16K on-board RAM
Video card
Monochrome Display Adapter
Audio
1-channel PWM
Monitor
IBM 3270
OS
PC-DOS v1.0
Овие вентилатори воопшто не се ефикасни во простории за живеење, освен можеби ако има тапети по ѕидојте за одлепување, од влагата што ја ствараат ќе се одлепат :)
Во затворена просторија ствараат доста влага во воздухот, на моменти се ствара контара ефект, тропска клима, станува спарно :)
Поголемите вакви уреди имаат некој „освежителен“ефект за на летни тераси по кафичите, нешто слично како оние распрскувачите на вода.
Подобро обичен вентилатор отколку овие квази вентилатори, модерни.
 
moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.906
4.728
Јас прв пат слушам за овие уреди и баш ме заинтересира. Но она кое ме плаши е баш влагата/водата. Ако станува збор за затворен простор / дом не знам дали таква дополнителна влага нема да наштети на домот/уредите во него или евентуално да не се појави мувла.

Едит: на кратко прочитав дека имаат сензор за влага па пуштаат вода до одреден степен. Ако во просторијата има поголема влага практично работи само вентилаторот.

Овие уреди распрснуваат вода во ситни капки и наменети се за тераса, двор или други отворени простории, каде што влагата има каде да се апсорбира. Ист принцип како вентилаторите со прскалки по кафаните.
Не се за затворен простор, затоа што многу брзо ќе го заситат со влага. Треба да отвориш врата кон надвор за да излезе влагата :)
А кога ќе го исклучат навлажнувањето, остануваат само вентилатори.
 
pipelin

*ੈ✩‧₊˚༺☆༻*ੈ✩‧₊˚
8 мај 2010
2.078
1.995
aleksandar.mk
pipelin's setup  
OS
macOS
Вентилатори со метални перки
Техномаркет - VIVAX FF100M ВЕНТИЛАТОР ПОДЕН во теретана кај што одам во едниот агол имаат ставено ваков вентилатор и буквално си ја врши својата работа, на линкот не е достапен ама ако најдеш нешто слично ќе ти брка работа верувам... @Starr
 
Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
6.377
7.315
Скопје
www.facebook.com
Техномаркет - VIVAX FF100M ВЕНТИЛАТОР ПОДЕН во теретана кај што одам во едниот агол имаат ставено ваков вентилатор и буквално си ја врши својата работа, на линкот не е достапен ама ако најдеш нешто слично ќе ти брка работа верувам... @Starr
Istive na plasticarska se 2000 den. Gi imam vekje 2 god, vrtat bez prestan po 3-4 meseca godisni.
 
Starr

Gaining Experience
30 декември 2017
142
76
Istive na plasticarska se 2000 den. Gi imam vekje 2 god, vrtat bez prestan po 3-4 meseca godisni.А ладат или само вртат? :)
Мислењето е автоматски споено:

Овие уреди распрснуваат вода во ситни капки и наменети се за тераса, двор или други отворени простории, каде што влагата има каде да се апсорбира. Ист принцип како вентилаторите со прскалки по кафаните.
Не се за затворен простор, затоа што многу брзо ќе го заситат со влага. Треба да отвориш врата кон надвор за да излезе влагата :)
А кога ќе го исклучат навлажнувањето, остануваат само вентилатори.
Не се наменети за на тераса овие, за дома се, и на рекламите се така. не прскаат вода мислам
View: https://www.youtube.com/watch?v=Cg9z6RcrjWA
 
Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.415
13.314
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
А ладат или само вртат? :)

Можат да ладат само ако ги победат законите на физиката (за зачувување на енергија). Климите го прават тоа со разменување топлина со надворешната единица и нејзино исфрлање.

Друг начин на ладење е при испарување (така се ладиш природно со потење), што вентилаторите го поспешуваат со циркулирање на воздухот (го носат навлажнетиот воздух од твојата кожа далеку од тебе, па има „место“ за друг. Но температурата во собата останува иста. „Водените“ вентилатори го забрзуваат ова со додавање вода. Значи, субјективно е, ти си се оладила кога дувал во тебе, но ако се тргнеш од него температурата е иста. Но ни тие нема да те оладат ако температурата на воздухот е над онаа на твоето тело + голема влажност (мислам 100%), тогаш нема што да испарува.

Не се наменети за на тераса овие, за дома се, и на рекламите се така. не прскаат вода мислам

Не им верувај многу на реклами, особено не на кинески.
 
Starr

Gaining Experience
30 декември 2017
142
76

Атачменти

  • Screenshot_20240706-103056_Brave.jpg
    Screenshot_20240706-103056_Brave.jpg
    75,5 KB · Прегледи: 25

Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.280
4.255
Скопје
hackitfree.github.io
Ги гледам и јас ба ФБ само незнам колку ладат.
Јас купив ваков вчера ама многу јак се пред него носи, и на најмалата брзина, не размислив за тоа, на кутијата пишуваше 150w а другиве се по 50w просек.
Не дека ова што го постирав е нешто - само како принцип на работа - со мраз , како идеја нешто - а не знам каде може да се најдат слични.
 
stefan_mkd

On your way to fame
18 март 2015
779
596
Не дека ова што го постирав е нешто - само како принцип на работа - со мраз , како идеја нешто - а не знам каде може да се најдат слични.
Абе гејмери, никој не се ладеше во маалската компјутерница на вентилатор и замрзнати шишиња? Сите во Ентер пораснавте? хаха

Не измислувајте топла вода :) Клима или вентилатор со мраз. Нема друго решение
 
Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.280
4.255
Скопје
hackitfree.github.io
Абе гејмери, никој не се ладеше во маалската компјутерница на вентилатор и замрзнати шишиња? Сите во Ентер пораснавте? хаха

Не измислувајте топла вода :) Клима или вентилатор со мраз. Нема друго решение
Па добро де - дека членот кажа - клима не доаѓа во предвид - значи само вентилатор со мраз останува. Работата е каде да купи таков ..
 
Starr

Gaining Experience
30 декември 2017
142
76
Не дека ова што го постирав е нешто - само како принцип на работа - со мраз , како идеја нешто - а не знам каде може да се најдат слични.
Такви има да се порачаат 699 ден. Иначе за принципот има такви големи со вода и мраз но не ми се ризикуваа 5-6,000 во случај да не лади, а имаше такви коментари, затоа купив вентилатор 1400 ден, ене го во салон од таму дува, пошто премногу силно дува за во соба
Мислењето е автоматски споено:

Абе гејмери, никој не се ладеше во маалската компјутерница на вентилатор и замрзнати шишиња? Сите во Ентер пораснавте? хаха

Не измислувајте топла вода :) Клима или вентилатор со мраз. Нема друго решение
Вентилатор со мраз ме испишманивте :p ете погоре читај, а и не се евтини за да пробам само и да не брка работа
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.506
12.933
Такви има да се порачаат 699 ден. Иначе за принципот има такви големи со вода и мраз но не ми се ризикуваа 5-6,000 во случај да не лади, а имаше такви коментари, затоа купив вентилатор 1400 ден, ене го во салон од таму дува, пошто премногу силно дува за во соба
Мислењето е автоматски споено:

Вентилатор со мраз ме испишманивте :p ете погоре читај, а и не се евтини за да пробам само и да не брка работа

Хаха, некој силен овој вентилатор. Изгледа е за поголем простор. Па смени го за помал ако има.
 
Starr

Gaining Experience
30 декември 2017
142
76
Хаха, некој силен овој вентилатор. Изгледа е за поголем простор. Па смени го за помал ако има.
Во продавница рекоа 150 W а просек се вентилаторите по 50W. Нема смена сега ќе си дува од салон :D
 
Chiller

Gaining Experience
8 март 2012
893
481
Скопје Аеродром
Ги гледам и јас ба ФБ само незнам колку ладат.
Јас купив ваков вчера ама многу јак се пред него носи, и на најмалата брзина, не размислив за тоа, на кутијата пишуваше 150w а другиве се по 50w просек.
Од каде го зема овој вентилатор, изгледа е одличен за ладење на компјутерска опрема? :)
Инаку доколу е прејако и на 1-ва брзина, можеш да земеш регулатор од пазар за 100-150 денари, како продолжен кабел и дополнително да му ја намалиш брзината на вртење.
Нешто како ова Hochwertiger Dimmersc halter einstellbarer Regler knopf 220V Lampe Dimmer kabelsc halter Stecker in Tisch Boden leuchte Dimmen ein aus - AliExpress 39
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.255
Мислења
977.492
Членови
35.563
Најнов член
Vezilka5
На врв Дно