• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Разговор со техничка поддршка на Он.Нет

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

drown

Master
8 март 2007
1,453
199
Куманово
iwmnetwork.com
До вчера имав проблем со конекцијата на wadsl - се дисконектира сама и несака да се конектира се додека не ја исклучам/уклучам антената од струја. Проблемот е решен - сега сум на Соло пакет! :muahaha:

Пред некои 4 дена зборев со "техничарите" за проблемот со дисконектирање и ми кажаа дека ќе разгледаат во што е проблемот. Немаше никаква промена во наредните денови, и им се "закачив" пак. Дел од разговорот со техничка поддршка на Он.Нет - втор пат:

Моментално разговарате со On.net Live Support (Tech Support L1)
Support: Добродојдовте на Он.нет техничка поддршка, повелете?

starter: povelete?


: zdravo

: Pred nekoj den zborev so vas za problemot koj go imam... konekcijata se diskonektira sama od sebe i ne mi dava pak da se konektiram dodeka ne go isklucam-uklucam kanopito od struja, Mi kazavte deka kje proverite dali problemot e lokalno kaj vas, a dokolku ne e, deka kje bide ispratena ekipa kaj mene doma da ja proveri antenata. Me interesira do kade ste so reshavanje na problemov zatoa shto stana krajno iritirachki - prvite denovi (problemov se pojavi pred okolu nedela dena) se diskonektirashe na otprilika eden chas, a poslednive denovi na 5-10 minuti... utrovo kako sum stanat, morav petnaeset(!) pati da se pikam pod masa!

: ?

: dali ste seuste tuka ili moram pak da go isklucam-uklucam kanopito?

: Bi ve zamolil za pobrza interakcija, zatoa kako shto primetivte i sami, konekcijata se diskonektira kontiunirano

Support: ne znam dali me prochitavte

Support: pravevme detalna analiza na antenata i ne gledame nekakov problem so nea


Support: nie mozeme da Vi pratime ekipa i da proveri, no ako se utvrdi deka e nekoj lokalen problem od Vasha strana ke treba da Vi bide naplateno

: aham

: dali ovoj problem go imaat prijaveno i drugi korisnici na wadsl?

Support: so takva chesta potreba za restartiranje na antenata ne

: gi prasav za istiov problem vo vasiot prodazen salon vo kumanovo, mi kazaa, parafraziram: "svesni sme za ovoj problem... od MT NET ni gi napadjaat antenite, go napadjaat "OPERATIOVNIT SISTEM" koj go imaat antenite vgraden vo sebe"

: dali postoi istiot problem i kaj korisnicite na adsl uslugata koja ja nudite?

Support: adsl uslugata se smeta za postabilna bidejki se ide preku kabel

Support: no normalno nemoze da nema nikakvi problemi neli?


: svesen sum za toa, no me interesira dali i korisnicite na adsl imaat prijaveno vakov problem koj go imaat korisnicite na wadsl

Support: adsl uslugata se smeta za postabilna bidejki se ide preku kabel
Инаку чекав помеѓу 5 и 10 минути за секој одговор + конекцијата се дисконектира некои 7-8 пати додека чекав одговори од техничката поддршка. Поздрав до нив - keep up the good work. :yawn:
 

vetarvomagla

Intern
22 јуни 2007
55
1
I mene istiot problem. Jas mislev deka mi e do vistata nesto,zosto imam 64bitna. Skroz istiot problem,ako ne se isklucam od struja so kanopito nema sansa da se konektiram.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

drown

Master
8 март 2007
1,453
199
Куманово
iwmnetwork.com
Скоро сите што ги знам го имаат истиот проблем, а техничарите во оннет никако да преземат нешто и да го решат. Поооминаааа недееелааа цеееелааа, теееешка.... :ua:
 

D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
D

DimitarMK

Гостин
@drown

истиот проблем го имам, највише се нервирам станувам на сабајле, неќе да се конектира а тогаш највише ми треба :muahaha:
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Јас го немам овој проблем, но имам мал милион други. OnNet - never more!!!
 

DaRkSlidE

Intern
14 мај 2007
152
2
Off-Topic: drown kolku vreme chekashe za Solo paketot od on net? Stabilen e ili slichno kako wadsl ?

Btw, go imam istiot problem so Wadsl, samo ne tolku chesto kako drown..
 
  • Ја почнал/а темата
  • #13

drown

Master
8 март 2007
1,453
199
Куманово
iwmnetwork.com
@DaRkSlidE

Анексот го потпишав некаде околу 10ти овој месец, а ми се јавија на 27ми да идам да си го земам модемот :rolleyes:

Сега за сега е во ред (овие два дена), брзината е ок (иако и за тоа се жалев во техничка подршка, имав само 1мбит, но во текот на истиот ден средија), не паѓа...
 
M

Mr.Alien

Гостин
Сличен проблем имав минатиот викенд. Сама од себе се дисконектираше и не можев повторно дасе конектирам. По рестартирање на Windows-от, можев, но пак иста приказна.
Искенирав и со антивирус (NOD32), и со Ad-Aware SE Professional, и со Spyware Doctor - ништо, "чисто како суза".
Се јавив кај "врвно професионалниот и искусен, технички совршен и образован" support во НО НЕТ и по неколку минутно спамирање од нивна страна секогаш да гледам на светлата страна од животот, се јави полупоспаниот мор...оваајј, оператер.

- Добар ден, НО НЕТ ли е тоа?
- Да....како рековте?
- Реков НО НЕТ, бидејќи да бев на нет ќе бевте ОН НЕТ, но бидејќи благодарение на вас немам пристап на интернет, јас сум НО НЕТ, а и вие како провајдер.

Со оглед дека немаше смисол за хумор, праша како може да помогне. По деталното образложение, ми рече дека ќе се јават за 5 до 10 минути.
После повеќе од два саати, во кои не ми се јавија ниту на мобилен, ниту на домашен (не ни очекував дека ќе се јават, btw), пак ги побарав. Објаснението беше дека не приметиле ништо необично во конекцијата кон мене. Но рече дека пак ќе проверат, и ќе се јават. Не, јас ќе се јавам за 10 минути, предложив.
По 10 минути, се јавив. Ми одговори дека ја "пингале" антената и дека се е во ред. И, ако продолжел да се јавува истиот проблем, ќе дошле на лице место да проверат.
Приквечерта заминавме на гости, касно се вративме, не се ни обидов да се закачам на нет. Утредента околу пладне - се беше во ред (и оттогаш до денеска немам проблеми). Им се јавив, но не им кажав дека проблемот е решен, туку дека сеуште постои. Одговор - ќе провериме, па ќе се јавиме.
Што мислите, дали се јавија?
 

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Глава ме заболе само што ги читав коментариве. Не па да сум во ваша кожа. Тоа е кога немаме доволно добра конкуренција. Другпат гледајте каков интернет ставате.
 

Stane

Gaining Experience
4 октомври 2007
2,497
77
Resen Problem

Moze ke vi zvuci cudno i :LOL:smesnmo:LOL: ama na mene mi uspeea.Pred malce ne mozev da se konektiram na On.Net.
Go islkuciv kompjuterot,pa posle i od steker.I posle go pustiv PC-to i mi se konektirase.
Probajte pa kazete dali vi uspealo!1
Pozdrav
 

filipvselena

Gaining Experience
7 април 2007
2,799
76
zatoa ne sakam wadsl i mojot internet ne e sovrsen ali barem ne mi pravi nonstop diskonekt i samo koga vremeto e loso mi snemuva.
 

angjeleski

Intern
23 април 2007
202
11
Абе НО НЕТ се крај на програмата.... само да ги слушаш и да си се смееш :LOL: Јави им се у поддршка и ќе си слушаш музиче Always look.... и така цел ден.. и ако имаш среќа ќе ти јави бате што ќе ти рече : Ќе провериме и ќе ви кажеме :LOL: хихихи .... Или ќе ти рече исклучи антената, рестартирај компјутер, уклучи антената.. И ? Има??? хахахаха НЕМАААА .. Абре така ли се гради успешна фирма ееееј??? ц ц ц . Пред некој ден му местев опрема на вујкоми сакал интернет.. од МТ НЕТ и му дале модем и одам местам и се јавувам во службата да ми дадат username i pass и ме изненадија со нивната експедитивност.. за 2 минути се средија и си работи беспрекорно.... ете тоа е провајдер за пример.... ај да не тупам.. само за Он нет оставам коментари :p
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,584
Мислења
824,007
Членови
28,082
Најнов член
Welendar
На врв Дно