1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

RaspberryPi како UniFi Controller

Дискусија во форумот 'LAN // WAN // MAN // PAN // CAN' започната од HardCorec, 12 Јуни 2017.

Тагови:
  1. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,025
    4,175
    4 ноември 2013
    Машко
    Пред некое време се подновив со UniFi AP AC Pro па често ми се јавуваше желба да си поиграм со него, но ретко сум дома па немав баш можност да си играм со UniFi-от. За да си го пружам тоа задоволство и да имам пристап од надворешна мрежа ми беше потребен UniFi Controller којшто немав сила да си го пружам (јавна адреса веке имам), но копајќи по гугл налетав на една тема каде што велат дека RaspberryPi имал можност да функционира како UniFi Controller, ја поминав темата неколку пати и се фатив за работа.

    Прво што треба да се направи е да се инсталира Raspbian Jessi, да се Enable-ува SSH и да се Update-ува Pi-то со следнава команда:
    • sudo apt-get update && sudo apt-get upgrade -y
    • sudo apt-get install rpi-update && echo Y | sudo rpi-update
    Потоа го download-ираме UniFi софтверот:
    • echo 'deb http://www.ubnt.com/downloads/unifi/debian stable ubiquiti' | sudo tee -a /etc/apt/sources.list.d/ubnt.list > /dev/null
    • sudo apt-key adv --keyserver keyserver.ubuntu.com --recv C0A52C50
    • sudo apt-get update
    Го инсталираме истиот:
    • sudo apt-get install unifi -y
    Маваме еден Disable на MongoDB со следнава команда:
    • echo 'ENABLE_MONGODB=no' | sudo tee -a /etc/mongodb.conf > /dev/null

    И следно што треба да направиме е да Update-уваме Java:
    Останува уште последната команда пред да добиеме пристап до Controller-от:
    • sudo reboot
    Откако ке се подигне Pi-то потребно е да видиме која адреса му ја има доделено DHCP Server-от па отвораме Web Browser и пишуваме:
    Ке не пречека вакво прозорче каде што ке треба да внесеме држава и временска зона, кликаме Next.
    [​IMG]

    Следно што ке ви се појави се уредите којшто се достапни преки Controller-от,
    [​IMG]
    (На сликава нема достапни уреди но доколку има истите ке се појават под Device Name)

    Откако ке ги селектираме достапните уреди ке ни се појави ново прозорче каде што ке треба да внесиме SSID и Password за мрежата
    [​IMG]

    Внесуваме User и Pass за пристап до Controller-от и кликаме Next
    [​IMG]

    Потврдуваме и кликаме Finish
    [​IMG]

    Отвараме Browser и пишуваме (во мојов случај е вака)
    https://192.168.5.69:8443
    [​IMG]

    Пишуваме User и Pass и влегуваме :), првично што ке видите се информации за вашата WiFi мрежа, односно колку уреди има преку конторлерот, колку корисници се закачени на радиото етц...
    Доколку сакаме да измениме одредени параметри на AP-то кликаме на WLAN, го селектираме уредот и кликаме на Configuration.
    [​IMG]

    Доколку сакаме да видиме видиме остварен сообрќај на мрежата (преку WiFi) кликаме на Statistics,
    [​IMG]

    Исто така имаме можност и да ги мапираме уреди и со тоа да утврдиме дали ни се потребни повеке уреди за да го озрачиме просторот (мапава е само пример, вие можете да си додадете мапа од вашиот стан или куќа)
    [​IMG]

    На последната икона ни се наоѓаат активните клиенти на нашата мрежа, истите имаме можност да ги блокираме, дисконектираме од мрежа, да видиме историја и ред други работи.
    [​IMG]
    (Одредени слики се земени од нет бидејќи заборавив да направам PrtSc)

    Сега за сега е тоа :), продолжувам да си играм со уредот па доколку налетам на нешто интересно ке го споделам со вас.
    Доколку имате прашања или сакате да го измачиме ѕверов (AP AC Pro) ви стојам на располагање.
     
    На gokica, shifty, skullmonkey и уште 19 други им се допаѓа ова.
  2. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,177
    8,818
    23 oктомври 2012
    Машко
    Браво, одличен туторијал и многу корисен. Пред година/две немаше пакет за разбери, па морав да инсталирам на линукс серверче, ама и тоа е добро затоа што пред 3 години имаше инсталација само за Виндовс!!!! Факинг Виндовс за вајрлес контролер кој практино беше јава пакет и веб сервер! Инаку одлично функционира, фалат некои работи а енкои се вишок, односно форсираат нивни производи, ама па бесплатен е како и Јунифај НВР. Браво за Убикјути, прекрасно предузеќе, дури и поубави се од микротик.
     
    На yasho и HardCorec им се допаѓа ова.
  3. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,025
    4,175
    4 ноември 2013
    Машко
    Фала фала друже :), потполно се сложувам со тебе за горенаведеното, страшни се Ubiquiti, испеглано софтверче, одличен хардвер, нема забелешки ОСВЕН за болдираното...ке се правам дека не го прочитав :D
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,177
    8,818
    23 oктомври 2012
    Машко
    Искрено, би пробал некое од нивните рутерчиња или гејтвеи или како и да ги викаат.
     
  5. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,025
    4,175
    4 ноември 2013
    Машко
    Имаш намерачено некое или?
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,177
    8,818
    23 oктомври 2012
    Машко
    Нопе, али пред година дена гледав, заборавив веќе и како беа моделите и се мислев дали да земам такво нешто место микротик, али се решив за проверена работа одколку за ентузијазам и тестирање. Ти имаш некое искуство? Препорака? Да дадеш некој на реверс? :D
     
    На HardCorec му/ѝ се допаѓа ова.
  7. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,025
    4,175
    4 ноември 2013
    Машко
    До сега немам остварено контакт со таква опрема :), се надевам во блиска иднина ке ми помини низ раце нешто такво па ке споделам со тебе и на реверс ке добиеш едно :)
     
    На Oktar и krema им се допаѓа ова.
  8. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,772
    2,902
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Нели контролерот кошта околу 100 евра,... а деловите за Распито ќе бидат околу 50-60?
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,177
    8,818
    23 oктомври 2012
    Машко
    Па повеќето од нас веќе имаат рпи по дома, па зошто да не се искористи. Јас имам и едно што така ми седи, 3ка. Арно ме потсети, денес ќе му пуштам струја малце.
     
  10. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,772
    2,902
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Единствено ако е вишок по дома :)
     
    На mdeni и Oktar им се допаѓа ова.
  11. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,772
    2,902
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Си успеал бекапот автоматски да го пратиш некаде? Mail, FTP, Dropbox?
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,177
    8,818
    23 oктомври 2012
    Машко
    Можеш и да бекапираш на некој шер фолдер од синолоџи маунтиран на рпи.
     
  13. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,772
    2,902
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Без додатоци. На пи-то да се инсталира нешто што ќе го праќа заштп UniFi овој фичр уште го немаат у продукција пуштено.
     

Сподели

Вчитување...