• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Raspberry Pi - Google Assistant (Проект по практична настава)

  • Ја почнал/а темата
  • #1

The Geek Boy

Gaining Experience
9 август 2018
1,124
458
Епаа како што кажува насловот, се одлучив да правам проект кој што ни беше зададен од професорката по практична настава.
4 - та година сум, и сите што се електротехничари во 4 - та година го прават истото. Се бира кој што сака, и колку по сложено и подобро проектче се одбере, толку поголема оценка.
Е сега, бидејки минатиот вторник бил deadline јас прогуглав и се одлучив од многуте проекти да правам Google Assistant во звучна кутија, звучник и појачало за самиот звучник.
Можев да бирам и Ardruino но некако тоа не ме привлече, а и доста одбраа со тоа да прават. И да, Ardruino има во школото, ама веќе еден мој соученик пријави дека ќе прави проект со Ardruino, за RC контролиран џип.
И да, неможе повеќе ученици едно исто да прават.
Епа океј. Него проблемот е што професорката кажа да направиме нешто ние, не да земеме све готови плочки, залемено и да го составиме (не дека не може, туку треба ние да се потрудиме повеќе), но 90% од проектите кои што ги има за Raspberry Pi се со готови делови и плочки.
Другарите кажаа океј све убаво, ама ова ќе ме коштало доста. Околу 200 евра се на се.
А и да, планирам да земам Raspberry Pi 3B+ од Loging бидејки од AliExpress ако нарачувам ќе треба да чекам месец дена и повеќе, а проектот мора да биде готов до декември претпоследна недела.
Е сега, доброто е што професорката кажа дека ако некој се премисли може до овој вторник да каже, и тогаш е крајниот рок.
Од една страна убаво. Јас ова можам да го направам ама ќе треба појачало да нарачам, и микрофони со поширок рејнџ. За кутијата ќе најдам некој да ја состави и да оформи а другото јас ќе го средам.
Е сега, од една страна пишав да се консултирам со вас дали би било добро да земам ваков проект, или да гледам нешто друго.
Предложете и пишете што мислите.
Ако го земам овој проект какви микрофони и звучници би биле соодветни?

Еве и видео отприлика како би го направил:
Немора да е оволку големо, може и поевтина варијанта на Raspberry Pi да искористам, и најверојатно само 1 звучник, неколку микрофони и вакво појачало:
US $0.97 8%OFF | TZT 5PCS PAM8403 Mini Digital Amplifier Board 2 * 3W Class D Digital 2.5V To 5V Power Amplifier Board
 

-={K-O-R-U-N}=-

Practice makes perfect
6 ноември 2012
1,779
1,795
Скопје
-={K-O-R-U-N}=-'s setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3700X / AMD Wraith Prism Cooler
Motherboard
ASUS ROG STRIXX B450-F
Storage
Kingston KC2000 NVMe PCIe SSD
PSU
Corsair HX1000 (full modular)
RAM
2 x 8gb G-SKILL Trident Z RGB
Video card
Gigabyte GTX 1080 ti Aorus Extreme
Case
NZXT S340 Elite
Mouse
Razer Deathadder Chroma
Keyboard
Asus Echelon Mechanical
Audio
Asus Delta Core \ HyperX USB Amp
Monitor
BenQ PD3200Q 32" \ LG 24"
OS
Windows 10 Pro
Прај го проектот.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

The Geek Boy

Gaining Experience
9 август 2018
1,124
458
Па до вторник треба да се одлучам финално.
Ќе ме кошта доста ова, а и ќе треба да нарачувам појачало од AliExpress, а мене не ми се чека месец дена, а и повише (во најлош случај може и да не стигне, и што тогаш?)
од AliExpress можам и самиот Raspberry Pi да го нарачам ама од горенаведената причина нема.

Е сега, ако викате да го правам овој проект:
Има ли поевтина варијанта на Raspberry Pi ?
Може ли тоа појачало или некое кое што ќе работи да се најде овде во Македонија, и каде?
Како да направам да биде повеќе дека јас сум го правел, а не дека само делови сум нарачувал? (е за ова планирам да го снимам целиот процес како доказ).
Какви микрофони ќе треба да одберам, и каде ги има кои што ќе имаат добар ренџ?


А, ако викате не за овој проект, тогаш има ли нешто по Advanced ама полесно, односно нешто што ќе можам со повеќе делови да го направам, а не да биде се готови плочки, итн... ?
Крај крајева немора да биде Raspberry Pi. Може да биде и Ardroino.
Другарче ќе прави систем за наводнување на цвеќиња, друго другарче ќе прави RC контролиран џип играчка, а друго ќе прави блутут спикер.
Ајде предложете и пишете што мислите.
 

ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,942
9,460
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Аман бе другар, 4-та година електро ќе нарачуваш појачало. Иди во логин земи еден LM386 и плочка 6х10 и направи го за 20 минути. Имаш многу шеми онлајн за појачало со LM386 ова е само пример. Ако сакаш и со потенциометар има.

lm386-audio-amplifier-schematic.gif

Земи еден бредборд од овие исто ги има во логинг/бт електроникс (во зависност дали сакаш да лемиш или не).

breadboard_short-e1532116106284.jpg
51-fgNfPfGL._SX425_.jpg

Ако го направиш како треба имаш од мене звучник.
IMG_20191116_122503.jpg

Дури иди и чекор плус за 5+ да добиеш, стави и LED VU Метар во колото со ЛМ3915

simple-vu-meter.png
 
Последна промена:

G4M3R

On your way to fame
26 јуни 2012
804
974
Како да направам да биде повеќе дека јас сум го правел, а не дека само делови сум нарачувал? (е за ова планирам да го снимам целиот процес како доказ).

А, ако викате не за овој проект, тогаш има ли нешто по Advanced ама полесно, односно нешто што ќе можам со повеќе делови да го направам, а не да биде се готови плочки, итн... ?
За горе наведените цитати. За да не биде и не личи дека е направено „на готово“ тогаш треба да не го правиш „на готово“ со склопени модули и само да ги поврзеш. Сакаш да е advanced ама да е полесно, е тоа нема.

ARMac ти даде добра идеја за засилувач заедно со VU метар, исто можеш да направиш LED коцка ете со готово ардуино. Не мора да е 8х8х8 можеш да ја направиш 5х5х5.
Милион проекти имаш на нет, избери нешто со средна тежина. Направи некој баланс за проектот, немора да е ужасно комплицирано и да чини 100евра+. Запомни дека не е натпревар и во ниту еден случај нема да значи дека тој што фрлил повеќе пари е по јак од тебе.

Со протоборд само за тест никако одење таму со тоа, со купус жици на сите страни. Запали леткумот и потруди се ТИ да направиш нешто.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

The Geek Boy

Gaining Experience
9 август 2018
1,124
458
Океј ке размислам па ќе видам.

Иначе за тоа со LED коцката мора тоа наведеното Ardruino Mega, или може со Ardruino UNO? Прашувам пошто во моето школо веќе има Ardruino Uno, па ако може тоа да се искористи.

Не ми замерувајте ама никад немам работено со овакви ствари, но за се има прв пат.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,678
Мислења
862,123
Членови
30,037
Најнов член
miki11
На врв Дно